ВЛАДА

Fabric

Митева: Од 12 објекти со лиценца, до сега кај три е утврдено дека не исполнуваат услови да работат

„Дозволете ми да ви се заблагодарам на сите што сте присутни тука. Денеска одлучивме да имаме заедничка прес-конференција со директорот на Фондот за здравствено осигурување, господинот Сашо Клековски и директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р Синиша Стојановски“, рече портпаролката на Владата, Марија Митева и додава:Ќе ја започнам оваа прес-конференција со информации коишто се актуелни и има промени од претходната вчерашна изјава којашто е дадена за извршените контроли од Државниот пазарен инспекторат.Во моменти како овие, зборови не се доволни - но постапките мора да бидат.Како што ветивме продолжуваме на дневна основа да ве информираме сите вас за констатираните состојби од теренската контрола на Државниот пазарен инспекторат во однос на лиценците на објектите.Новите сознанија коишто ги имаме до овој момент се следни:Последните инспекции потврдија сериозни регулаторни прекршувања. Доказите се јасни: од вчера направената контрола на 12 објекти со активна, важечка лиценца, до овој момент е утврдено дека 3 од нив не исполнуваат услови, односно минимум технички услови, а сепак имаат активна лиценца за вршење на дејност. За останатите 9 ве информирам дека сѐ уште е во тек проверката на документацијата и во текот на денот ќе излеземе со дополнителни информации. Во однос на ваквата состојба, веднаш до Министерството за економија ќе биде испратено барање за одземање на лиценцата, забрана за вршење на дејност и сите казнени одредби коишто се возможни согласно закон ќе бидат преземени. На терен во секој момент овие денови се над 10 тима кои вршат контрола и во текот на денешниот и ќе продолжат и во текот на утрешниот ден. Ќе се проверат сите, до детал. Сакам да ја информирам и јавноста дека е направен и план и за проверка на оние кои немаат важечка лиценца, а работеле во минатото.Она што се случи во Кочани не е само изолирана трагедија - тоа е симптом на расипан систем наследен од долгогодишна корупција. Ниту ќе замижуваме, ниту ќе заштитуваме. Сакам да истакнам дека ја разбираме фрустрацијата. Луѓето бараат правда и ќе ја добијат.

Македонија | пред 10 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-16-981-1

Владата повика да не се шират дезинформации: Бројот на жртви во пожарот во Кочани е 59, шпекулации допринесуваат за вознемирување

„Во овие тешки и тажни моменти за сите македонски граѓани, и во знак на почит на загинатите жртви, повредените и нивните семејства ги замолуваме медиумите да се воздржат од објавување на шпекулации и дезинформации, се со цел да не создаваме дополнителна болка и стрес на јавноста“, велат од Владата и додаваат:Бројот на жртви во пожарот во Кочани е 59, за жал млади луѓе кои на трагичен начин ги изгубија своите животи. Но, одредени медиуми повикувајќи се на разноразни непроверени извори шпекулираат со бројот на починати и дополнително придонесуваат за вознемирување на јавноста.Во овие моменти на тага, Ве замолуваме сите да се однесуваме одговорно, ова е трагедија за цела држава и да сочувствуваме со болката на најблиските.Сѐ што има во интерес на истрагата, Владата, Министерството за внатрешни работи и сите други органи транспарентно и навремено преку прес-конференции и преку соопштенија известуваат за најновите информации. Никој нема да биде поштеден од одговорност, без разлика колкава и да биде вината на кој било инволвиран во овој случај, соодветно ќе одговара.Повторуваме дека ништо нема да биде скриено и стоиме на располагање за дополнителни прашања од интерес на јавноста.Исто така, Владата донесе одлука за целосно покривање на трошоците за сместување и превоз на семејствата на повредените лица кои се лекуваат во странство. За побрза и поефикасна комуникација во таа насока е отворена и телефонска линија, а бројот е 070270370.Ова е најмалку што можеме да направиме во овие тешки и болни моменти.Воедно, информираме дека Владата и Министерството за надворешни работи и трговија се во постојана комуникација со семејствата на повредените кои во моментот се лекуваат во други земји, но и оние кои тековно се испраќаат.Во прилог Ви ги испраќаме броевите      Министерство за надворешни работи и надворешна трговија:      075/273-732      075/268-736      Турција-Анкара      +90 5316579200      +90 5335725684      Турција-Истанбул      +90 542 810 99 78      +90 552 561 80 09      Грција-Атина      +30 6944190134      +30 6947736602      Грција-Солун      +30 694 525 8536      Бугарија      +359 876123768      +359 876112993      +359 889210005      Србија      +381 601382942      +381 601427455      Унгарија      +363 03037377      Литванија-Полска      +48 608141191      Австрија      +436644680520      +436767069209      Словенија      +386 41 353 198      +386 40 800 747      Хрватска      +385 99 524 4741      +385 91 608 2944      Норвешка      +47 406 31 613      +47 922 34 630      Италија      +39 3384079247      +39 3518504187      Полска      +48 608 141191      Шведска      +46 701844605      +46 768792019

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-16-at-18.24.09

Се пласираат шпекулации во врска со бројот на загинатите, замолуваме да не се шират дезинформации, вели Владата

„Во врска со трагедијата во Кочани, Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените. Ова се моменти на тага и солидарност, кога сите мора да покажеме одговорност и почит кон жртвите“, велат од Владата и додаваат:Во јавноста се пласираат шпекулации и дезинформации во врска со бројот на загинатите. Владата со целосна одговорност потврдува дека бројот на жртви е 59. Сите други тврдења за 100 или 120 загинати се неточни и неосновани. Ваквите лажни информации само ја зголемуваат вознемиреноста во јавноста и нанесуваат дополнителна болка на семејствата на жртвите.Бројките ги утврдуваат официјалните медицински и истражни служби кои работат на терен. Владата инсистира на целосна транспарентност и јавноста ќе биде редовно информирана за сите нови детали поврзани со истрагата.Апелираме до медиумите и граѓаните да не наседнуваат на непроверени информации и да не шират шпекулации. Ова не е време за манипулации, туку за заедништво, почит и одговорност.Владата останува посветена на расчистување на сите аспекти од оваа трагедија и преземање на сите неопходни мерки за да обезбеди правда и поддршка за семејствата на жртвите.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-16-at-18.24.09

Мицкоски е спремен за морална одговорност, но не поднесува оставка и ќе го поразува корумпираниот систем

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека не планира да поднесе оставка, иако најави морална одговорност. Тој рече дека прво ќе се бори со корумпираноста на системот, па ќе оди на избори.„Прво ќе ги поразам сите кои го доведоа овој систем да биде корумпиран, и нивните слуги, а потоа, ќе излеземе на избори пред граѓаните и тие се најголемата морална потврда“, рече Мицкоски и додава:„Моралната страна кај мене постои. Осум месеци работам за да го поразам корумпираниот систем. Прво ќе го поразам овој систем, односно сето ова што денеска го започнуваме ќе вроди со плод, па народот на избори ќе каже кој треба да понесе морална одговорност.

Македонија | пред 10 месеци

vlada-2024-mickoski

Владата по трагедијата во Кочани донесе неколку важни одлуки

Владата ја започна денешната седница со едно минутно молчење со цел да им се оддаде почит на трагично загинатите лица во трагедијата во Кочани.На денешната вонредна владина седница по трагичниот настан во Општина Кочани каде во несреќен случај при пожар на дискотека животот го загубија 59 млади лица, а над 100 луѓе се хоспитализирани и им се укажува лекарска грижа, Владата донесе одлука за прогласување на 7 дневна жалост на територија на целата држава. Секој да се придржува до одлуката, бидејќи казните за непочитување ќе бидат ригорозни. Во овие денови Министерството за надворешни работи ќе отвори книга на жалост во рамки на министерството за огромната несреќа која се случи.Исто така, на владината седница се донесе одлука со која се задолжува Државниот пазарен инспекторат во наредните три дена да изврши вонреден инспекциски надзор врз угостителски објекти (кабаре, ноќен клуб, дискотека и дискотека на отворен простор), на територијата на Република Северна Македонија и за наодите од надзорот веднаш да ја известат Владата, за да се утврди фактичката состојба дали истите работат според стандардите ги исполнуваат условите согласно законите и прописите на државата.Влада донесе заклучок за активирање на механизмот за барање на меѓународна помош.Воедно, Владата ја информира јавноста дека во соработка со Министерството за внатрешни органи и другите институции надлежни за целосно расчистување на случајот се прибираат материјални докази и дека секој еден којшто е инволвиран во овој трагичен настан и свесно придонел за загрозување на човечките животи ќе биде изнесен пред органите на правдата и соодветно ќе одговара.Никој не е над законот.Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите, во овој трагичен настан не постои збор кој може да ја ублажи болката за ненадомесливата загуба.Целиот здравствен и медицински тим во сите здравствени установи е на располагање и пружи здравствена нега и помош за брзо закрепнување на повредените.Водно, во овие исклучително тешки и тажни моменти за целиот македонски народ, замолуваме да не се политизира случајот, за институциите да можат навремено и соодветно да го расветлат случајот.Ниту една информација нема да биде скриена од очите на јавноста.

Македонија | пред 10 месеци

slaveski1

Славески: Најголем проблем за брз автобуски превоз е трасата по Партизанска со што се доведува во опасност водоснабдувањето

„Никогаш од ниту еден советник, не е изречено или не е кажана констатација дека соодветната институција Европската банка за обнова и развој била сомнителна институција. Никогаш, никој не кажал такво нешто од говорницата на Советот на Град Скопје“, истакна претседателот на Совет на Град Скопје, Трајко Славески во реплика кон советникот Александар Трајановски на денешната седница на Советот на Град Скопје говорејќи за воведување на брз автобуски превоз.Славески посочи дека многу добро знае како се движи соработката на Република Македонија со Европската банка за обнова и развој.„Јас сум засегнат од ваквата неточна констатација на советникот Трајановски затоа што како министер за финансии по функција сум бил и гувернер, односно претставник на Република Македонија во Европската банка за обнова и развој и многу добро знам како се движела соработката со банката“, рече Славески.Славески потенцираше дека советниците не ги изнесуваат своите аргументи по 20-ти пат затоа што веќе го имаат кажано своето мислење.„Второ советниците најверојатно не ги изнесуваат своите аргументи по 20-ти пат затоа што го кажале своето, дека најголем проблем е трасата по Булеварот „Партизански одреди“ каде се доведува во опасност водоснабдувањето со вода за пиење со жителите на Град Скопје. Имаше и други предлози за промена на траса, тоа не е направено и оттука мислам дека отпорот на советниците е да дадат поддршка на таков проект кој го сметаат за неиздржан без соодветните корекции што беа предложени“, заклучи Славески.

Македонија | пред 10 месеци

13032025-Mickoski-1

Мицкоски: Последниот браник и штит на криминалот на поранешната Влада на СДСМ и ДУИ се дел од сегашните судии и обвинители

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарското прашање поврзано со интерпелација на Судскиот совет и барањето на оставка на Љупчо Коцевски посочи дека партиски луѓе не треба да има во судството.„Последниот браник и цврст штит во моментот на поранешната влада на СДСМ и ДУИ се дел од судиите и дел од обвинителите меѓу кои е именуваното лице за коешто вие сега зборувате. Најголемиот дел би рекол 95% од обвинителите и судиите се луѓе коишто чесно си ја работат својата работа, коишто обвинуваат и судат според закон и Устав. Но, за жал има и такви коишто останаа да бидат партиски измеќари и коишто ценат дека кога ќе ја облечат тогата наместо да заборават на партиските привилегии и оние коишто ги предложиле таму, тие се уште се верни слуги на истите коишто на времето ете бидејќи такви се законите и процедурите ги предложиле да бидат таму каде што се“, одговори Мицкоски.Премиерот Мицкоски го потенцираше однесувањето на еден обвинител којшто наместо да биде заштитник на владеењето на правото, одбрал да биде верен слуга и измеќар на една партија којашто беше долги години на власт и дел од коалицијата во поранешната влада.„Посебно би го потенцирал однесувањето на еден обвинител од пред неколку дена којшто одлучи наместо да биде обвинител и заштитник на владеењето на правото и правдата да биде верен слуга и измеќар на една партија којашто беше долги години на власт и дел од коалицијата во поранешната влада“, објасни Мицкоски.

Македонија | пред 10 месеци

13032025-Mickoski-4

Мицкоски: Сертификацијата на Центарот за обуки значи потврда за напорната работа и остварување на визијата за полицискиот и образовниот систем

„Навистина исклучително значаен настан за Министерството за внатрешни работи, најголемиот дел од спецификите поврзани со овој објект веќе ги слушнавте и од Нејзината екселенција амбасадорката и од министерот за внатрешни работи, мене само ми останува да посакам успешна обука и успешно користење на овој објект на генерациите коишто ќе го користат“, вели премиерот Мицкоски и додава:Да се заблагодарам лично на Нејзината екселенција амбасадорката Анџела Агелер за нејзината лична поддршка и помош при реализацијата на овој проект, да му се заблагодарам на министерот Панче Тошковски којшто заедно со својот тим и соработниците се вложија несебично да овој објект изгледа како што изгледа. Владеењето на правото, безбедноста на граѓаните е темелна уставна вредност и Владата има за задача, обврска, но и цел да ја почитува оваа темелна вредност и сето она коешто се случуваше, но и она што ќе се случува во периодот којшто следи подразбира бескомпромисна борба против криминал и корупцијата, нешто коешто го очекуваат граѓаните од нас и од оваа Влада, а нешто коешто за жал не беше случај во минатото кога најголемиот дел од нашите сограѓани се чувствуваа како граѓани од втор ред, а една мала група којашто беше тесно поврзана со коалицијата на власт, СДСМ-ДУИ беа граѓани од прв ред.Сега нема привилегирање борбата против криминалот и корупцијата е безмилосна и така и ќе продолжи. Мораме да покажеме дека е не исплатливо да се занимавате со криминал и корупција во оваа држава.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-13-at-10.52.34

За нови возила државата потрошила 8,5 милиони евра - две фирми највеќе ќаруваат, најскапото го земале во Шутка

Државните институции во 2023 и 2024 година потрошиле вкупно 8,5 милиони евра за набавка на нови патнички возила, дел купени, а дел земени на лизинг, покажува најновата анализа за јавните набавки на на Центарот за граѓански комуникации.Според податоците, Владата на лизинг набавила 45 возила за сегашните функционери, како и за поранешните премиери и претседатели, при што секое од нив чинело по 50.000 евра. Најскапото возило е набавено од Општина Шуто Оризари за 55.000 евра, додека Општина Прилеп најпрво купила возило за 63.000 евра, но потоа го раскинала договорот.Просечната вредност на сите набавени возила во последните две години е 31.760 евра.Поединечно по институции, најмногу возила набавиле Електрани на Македонија – 82 возила за вкупна вредност од 2,2 милиони евра. Исто толку пари, но за речиси двојно помалку возила, има потрошено и Владата, преку Службата за општи и заеднички работи, за набавката на лизинг на 45 возила, секое по 50 илјади евра. Следно на листата е Министерството за внатрешни работи, кое набавило вкупно 28 возила за 900 илјади евра. По повеќе од половина милион евра за нови возила потрошиле Агенцијата за национална безбедност, за набавени 23 возила, и Водостопанство, за набавени 15 возила.Просечниот број понуди од фирмите на тендерите за набавка на нови возила изнесувал 1,4 понуди. На дури 70% од овие набавки имало само по една понуда. Највисок број на добиени понуди на еден тендер бил три, но такви имало само во четири постапки.– Кога станува збор за фирмите коишто ги добиваат овие тендери, дури 78% од 8,5 милиони евра одат само кај три фирми. Меѓу нив, најголема вкупна вредност на склучените договори за јавна набавка на возила имаат две фирми. И двете оствариле по околу 2,8 милиони евра вкупна вредност на договорите за анализираните две години. Станува збор за Порше лизинг со 2.853.911 евра и Аутомотив груп со 2.744.380 евра. Трета, со 1.062.920 евра е Еуроимпекс. Во оваа група на фирми коишто се издвојуваат според вредноста на договорите за јавни набавки за возила спаѓаат уште и Јосифов со 653.203 евра и Делукс-ауто со 620.985 евра. Сите други фирми што продаваат возила или нудат возила на лизинг имаат значително помали износи на склучени договори за јавни набавки за возила – покажува истражувањето.Најголемите добитници на договори за набавка на возила се Порше Лизинг и Аутомотив Груп, секоја со договори вредни околу 2,8 милиони евра во последните две години.

Македонија | пред 10 месеци

Kapusevski-Jahoski-Kovacevski

Мицкоски: Ги труеле граѓаните со канцероген мазут за да се стекнат со богатство од над стотици милиони евра, секој кој се огрешил пред законот ќе одговара

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос акцијата на МВР за случајот канцероген мазут и мерките издадени од судот, изјави:„Па видете, јас не би ги коментирал одлуките на судот. Тоа сум го кажал многу пати во минатото. Но можам да кажам дека овие луѓе коишто правеле стотици милиони евра бизнис на грбот на граѓаните, практично се богателе на грбот на македонските граѓани со тоа што користеле, ете такви недозволиви, би рекол, средства и согорувале таков тип на недозволиви материи со што го загрозувале животот и го уништувале единственото право на живот коешто е уставно гарантирано за сите граѓани.Довербата во судството е таква каква што е. Јас тука немам што да додадам. Секој оној којшто се огрешил пред законот ќе одговара, јас тоа сум го кажал многу пати во минатото, без разлика за кого станува збор.Но, исто така дозволете ми да се заблагодарам и на Министерството за внатрешни работи, на Бирото за јавна безбедност и останатите припадници на МВР коишто беа вклучени во акциите. Затоа што мора еднаш засекогаш да владее правото, правната држава и таа да биде подеднаква држава за сите граѓани, а не само за едни да биде мајка, а за други маќеа.Така што еве ги охрабрувам овие акции коишто се во насока на борба против организираниот криминал, како што е овој случај за којшто вие зборувате.“А во однос на тоа дека станува збор за набавка на сомнителен мазут, со сомнително потекло и квалитет, премиерот Мицкоски додаде:„Да почекаме истрагата да заврши и дури откако ќе заврши истрагата можеме да коментираме кои се сите основани сомневања за коишто овие лица ќе бидат обвинети. До тогаш ќе се држиме до она до коешто Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност го соопштија на јавноста.“

Македонија | пред 10 месеци

vlada-2024-mickoski

Влада: Се донесе предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми со цел да се зајакне конкурентноста во медиумскиот простор

Владата на денешната 57-ма седница го донесе предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми. Со оглед на фактот дека резултатите од последните истражувања покажуваат дека над 70% од јавноста се информира на интернет, со што онлајн медиумите стануваат важен чинител во медиумскиот простор, се наметна потребата од нивно воведување во Законот за медиуми, што ќе придонесе и за поинтензивно поттикнување на саморегулацијата како битен сегмент за професионалното новинарско работење и зајакната конкурентност во медиумскиот простор.Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми има за цел да ја зајакне конкурентноста во медиумскиот простор и да ги реши постојните проблеми со интернет порталите, преку поставување на правна рамка која ги препознава како такви, односно јасни правила за нивно основање и регистрација.

Македонија | пред 10 месеци

11032025_Mickoski_2

Мицкоски: Владата донесе одлука да додели премија на ракометарите во висина од 3 милиони денари

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со министерот за спорт Борко Ристовски ги прими македонските ракометни репрезентативци кои настапија на Светското првенство во ракомет што се одржа во Република Хрватска. Премиерот Мицкоски им честита за борбеноста, пожртвуваноста и претставувањето на Македонија на ова престижно натпреварување.„Во име на Владата и во мое лично име, сакам од срце да им честитам на нашите ракометари за одличниот настап и за гордоста што ни ја донесоа со своите храбри игри во Хрватска! Вие повторно покажавте дека со борбен дух, посветеност и заедништво можеме да ги поместиме границите на можностите и да ја претставиме Македонија во најдобро светло.За таа цел Владата донесе одлука да додели премија на ракометарите во висина од 3 милиони денари, како резултат на достоинственото претставување и пожртвуваноста на македонските спортисти во Хрватска.„Секој ваш натпревар беше доказ за силата на македонскиот спортски дух. Борбата на теренот, срцето што го оставивте за нашиот дрес и поддршката што ја добивте од македонските навивачи се вистински пример за тоа што значи љубов кон татковината“, истакна пред ракометарите премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 10 месеци

03012025-Mickoski-9

Мицкоски: Ова не е само ден на тага и сеќавање на страдањето на македонските Евреи, туку и ден на предупредување во кој ние потврдуваме дека никогаш нема да дозволиме историјата да се повтори

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше и се обрати на настан по повод 82 години од депортацијата на македонските Евреи, каде беше оддадена почит на една од најголемите трагедии во историјата на нашата земја.Тој во своето обраќање рече дека ова не е само ден на тага и сеќавање на страдањето на македонските Евреи, туку и ден на предупредување, ден во кој ние, како народ и човештво, потврдуваме дека никогаш нема да дозволиме историјата да се повтори.„Пред Втората светска војна, во Македонија живееше динамична, просперитетна и богата еврејска заедница. Евреите беа не само граѓани, туку и значаен дел од културниот, економскиот и социјалниот живот. Нивното присуство беше дел од нашата историја со векови. Таа година во март, тогашната фашистичка бугарска окупациска власт, во координација со нацистичките власти, наредија апсење и депортација на сите Евреи од тогашната Вардарска Македонија. 7.144 мажи, жени и деца беа присилно собрани и одведени во привремениот логор во Скопје, во објектот на тогашниот „Монопол“. Цела една заедница, цели семејства, цели генерации беа загубени“, истакна Мицкоски.Премиерот Мицкоски подвлече дека кога злото се шири, кога неправдата се врши, кога насилството станува правило, ако луѓето молчат тогаш злото победува и затоа според него, наша обврска денес, како и секој ден, е да зборуваме, да не дозволиме нови генерации да пораснат без да ја знаат вистината, да не дозволиме омразата да најде ново тло за да никне, да се бориме против секоја форма на антисемитизам, дискриминација и омраза, да ги учиме нашите деца дека толеранцијата, хуманоста и солидарноста се темелите на едно праведно општество и да не молчиме пред неправда.„Македонија е земја на различности, земја која отсекогаш била дом за многу култури, религии и народи. Тоа е нашето богатство, нашата сила. Еврејската заедница, иако речиси уништена за време на Холокаустот, останува дел од нашата историја, нашето секојдневие, нашата иднина, нашето културно наследство и нашата совест. Затоа, денес, додека стоиме овде, нека нашето сеќавање не биде само минато, туку и повик за иднината. Нека нивната трагедија ни биде лекција, нека нивните животи ни бидат потсетник, нека нивната болка ни биде опомена“, истакна премиерот Мицкоски во своето обраќање и повтори: „Никогаш да не се заборави! Никогаш повеќе!“

Македонија | пред 10 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-51-5060PM

Владата не донела одлука за „Ѓока констракшн“ од Албанија да го добие паркингот на Клинички, вели Мицкоски и најавиј анализа

Владата нема донесено таква одлука и не знам од каде е таа информација, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање по објавите за избор на фирмата „Ѓока констракшн“ преку јавно-приватно партнерство да гради и управува со паркингот во Клинички центар во Скопје. Мицкоски посочи дека при изборот ќе се земат во предвид бонитетот и кредибилитетот на компанијата.– А што ќе земеме предвид? Во предвид ја земаме тендерската спецификација и се разбира, фирма што нема кредибилитет, нема бонитет, ниту технички карактеристики, нема да биде избрана и тука сето тоа завршува. Бидете сигурни. Јас разбирам дека има потреба од сензација, напад кон Владата, но оваа влада работи поинаку од досегашниот принцип, односно одлуките кои оваа Влада ги носи се исклучиво во интерес на граѓаните и нема да биде поинаку. Така што, бидете сигурни секоја одлука којашто ја носи оваа влада е исклучиво во интерес на граѓаните, рече Мицкоски, при денешната посета на населбата Драчево во општина Кисела Вода, во одговори поврзани со компанијата,Според него, оваа информација е измислена за да се напаѓа владата и нејзината работа.– Ако ние бараме начин како да ја напаѓаме владата за нешто што не се случило, тогаш можеме и да измислуваме работи. Но јас ви кажувам дека таква одлука нема донесено владата, подвлече премиерот.Во врска со прашањето за јавно-приватно партнерство за паркингот на Клиничкиот центар Мајка Тереза, министерот за здравство Арбен Таравари претпладнево изјави дека договорот ќе биде потпишан доколку по првичната помината процедура помине уште неколку филтри.– Не е потпишан. Паркингот на Клиничкиот центар секогаш прави многу нервоза. Ако за понудата, еве слушам, секогаш многу ми значи јавноста што ќе каже, ако ми кажат дека нешто не е во ред, пуштено е и во Влада, ако и таму ми кажат дека има одредени пропусти, нема да имаме ништо. Ќе го поништиме, ќе објавиме нов, но само ќе изгубиме една година, рече Таравари, на новинарско прашање при посетата на Клиниката за инфективни болести.Таравари појасни дека рокот за стопанисување со паркингот не е 20 години, како што е предвидено со физибилити студијата и нема да биде повеќе од седум до 10 години.Рокот за изградба на монтажните катни гаражи доколку биде потпишан договорот, како што рече, најверојатно е шест месеци до една година. Владата на седница на 20 август минатата година донесе одлука да се градат монтажни катни гаражи на Клинички центар со јавно-приватно партнерство и формираше Комисија за спроведување на постапката. Со паркингот на Клиничкиот центар моментно стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

Македонија | пред 10 месеци

15022025_MICKOSKI-3

Мицкоски: Светот се менува и ние мора да го фатиме чекорот

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на седницата на Собранието посветена на пратенички прашања ги коментираше своите посети на Вашингтон и Минхенската конференција. Тој истакна дека во периодот се остварени низа контакти и тие контакти ќе се продлабочуваат, а Македонија мора да го фати чекорот со промените кои се случуваат во светот. Тој посебно се осврна на Минхенската безбедносна конференција и говорот на американскиот потпретседател Венс, за кој оцени дека е историски.„Според мене, говорот на потпретседателот Џеј Ди Венс беше инспиративен историски говор. Сакале ние да признаеме или не, тој говор, а и настаните кои следат, ќе го сменат светот. Дали на некој тоа му се допаѓа или не му се допаѓа, дали тие промени ќе бидат по теркот на очекувањата на поединци или не, не знам, но останува фактот дека светот менува. Новата американска администрација е предводник на тие промени. Наеднаш немаме офанзивна реторика во светот, без разлика дали станува збор за Украина, Израел, Газа, Блискиот Исток, други конфликти, гледаме дека реториката која сите сега ја прифаќаат и која е предвесник на тие промени, е мир. Така не беше до пред неколку месеци“, рече Мицкоски и посочи дека предолго време светот е заложник на двојни стандарди и на правилото големите прават што можат, а малите што мораат бидејќи долго време поединци беа безгласни и молчеливи, чекајќи милост.Мицкоски истакна дека потпретседателот Венс на Минхенската конференција на многу едноставен начин кажа дека не можеме да зборуваме за заеднички споделени вредности кога има двојни стандарди.„Нас ни е потребно еднаш за секогаш да се соочиме за вистината и со реалноста, да најдеме решение и да одиме напред. Тоа беше главната порака која ја кажа и според мене, оваа година Минхенската конференција беше токму таква. Понатаму да зборуваме отворено, следниот ден присуствував на обраќањето на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој многу точно и прецизно рече, “да формираме заеднички безбедносни воени сили кои што ќе ја штитат границата на источното крило на Европа“. Не слушнав некој од публиката да рече ние даваме 10 илјадни војници. Никој не рече, ниту пак тие што претходниот ден негодуваа на реториката на потпретседателот Венс. Ниту пак кога зборувавме за обединување на Европа, не слушнав некој да рече во ред Европа ги отвора вратите. Не мора ние Македонија, еве ние имаме билатерални проблеми, еве на Украина да ѝ речеа повелете дојдете ве примаме сега во моментот“, рече Мицкоски и дополни: „светот се менува и ние мора да го фатиме чекорот со тоа како малку броен народ“.

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања