ВЛАДА

28112024_Miteva

Митева: Нема интенција за навреда во одговорот на министерката Димитриеска-Кочоска

На вечерашната емисија „24 анализа“ на телевизија 24, гостуваше портпаролката на Влада и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. Таа ги изнесе своите ставови во однос на денешната седница за пратенички прашања во Собранието и нагласи дека одредени политички сили имаат за цел да го одвлечат вниманието на јавноста од клучните прашања преку создавање илузија за лична навреда во ситуација која, според неа, не содржи таква намера. Митева направи разлика помеѓу искрената политичка дебата и обидите за манипулација, нагласувајќи дека, како жена, ќе се залага за заштита на правата на жените. Таа ја опиша ситуацијата како одговор на провокативно поставеното прашање, а не како напад, изразувајќи сомнеж дека оваа конфузија е искористена со цел да се дефокусира јавноста од важни политички прашања.„Мислам дека треба малку пошироко да ги погледнеме работите. Јас во принцип ги следам пратеничките прашања, односно седницата за пратенички прашања од Собранието и сум присутна на тие седници, се разбира во делот кој што е определен, не внатре во седницата. Меѓутоа, сум таму и ги следам сите состојби од почеток до крај. Можам да кажам дека интенцијата на прашањето и одговорот беше со бурни прашања и бурен одговор, но не можам да се согласам дека, или барем јас не ја видов интенцијата за навреда во одговорот кој што го даде министерката за финансии. Зошто? Од причина што немаше начин на кој истото се однесуваше на она што подоцна СДСМ го искористи и спинуваше, за што многу добро знаеме и се потврди дека навистина се можеби, да кажам, мајстори за креирање на лажни вести“, вели Митева.Митева нагласи дека вчера беше направен обид за ширење неточни информации од страна на СДСМ, кои брзо беа исправени поради свеста дека не е можно да се создаваат соопштенија врз основа на поенти собрани преку социјални мрежи.„Знаете дека и вчера имаа еден обид да пуштат една таква лажна вест, за што веднаш потоа се корегираа затоа што сфатија дека преку поенти кои што ги собираат од социјалната мрежа Икс не може да се создаваат соопштенија“, истакна Митева.Митева увери дека кабинетот на министерката Димитриеска-Кочоска функционира професионално и дека денешниот одговор не бил насочен кон лична навреда или штета кон пратеничката Славјанка Петровска.„Сакам да потенцирам дека во рамки на функционирањето на министерката, во нејзиниот кабинет работат 25 луѓе, од кои 21 се жени, а 4 мажи. Никогаш досега не сум имала впечаток дека функционира на лична навреда, особено не кон жена, и ниту сметам и ценам дека денешниот одговор беше во насока на навреда и штета и лична навреда кон пратеничката Славјанка“, изјави Митева.Митева истакна дека реакцијата на навредата од страна на СДСМ не била непосредна, туку дојде со задоцнување од час и половина, што, според неа, укажува на тоа дека по кратката координација помеѓу пратениците на СДСМ, била формулирана и јавна реакција на изјавата на министерката Димитриеска-Кочоска.„Што беше многу интересно за мене? Кога ќе слушнете навреда кон вас, барем природно на секој еден од нас ни доаѓа да реагираме во истиот момент или можеби веднаш потоа. Реакција стигната после час и половина од одговорот кој што го имаше министерката за финансии, односно по паузата за ручек на кој што имаме информации дека доле следеле кратка координација помеѓу пратениците на СДСМ. И веднаш потоа се извади веста дека начинот на кој што тоа е кажано, тоа би значело“, кажа Митева.Митева истакна дека е свесна за реалноста на пазарот, како жена која веќе долги години се бори против политичките навреди, никогаш не би дозволила да се изрекува таква навреда. Таа ја оправда изјавата на Димитриеска-Кочоска како одговор на прашањето поставено од пратеничката Петровска, потенцирајќи дека ако се сака да се гледа како навреда, тогаш изјавата на Петровска може да се смета за првата таква навреда, бидејќи нејзиното значење за жените е исто така неважно.„Јас немам исто така деца, јадам грашок и точно и јас знам како се движат цените во маркетите. Верувајте ми дека никогаш не би си дозволила да како една жена која што секогаш во политиката ги критикувала навредите кои што се случувале а сме ги имале многу, да не искритикувам доколку станува збор за лична навреда со интенција. Во овој случај, одговорно тврдам дека, бидејќи бев таму, немаше интенција на навреда, туку имаше интенција на одговор на тоа зошто вие велите дека мене лично како жена не ми е важно колку време ќе поминам на шпоретот додека го правам грашокот, затоа што тоа беше дел од прашањето на пратеничката Славјанка Петровска. Можеби вас тоа не ви е важно, што ако сакаме да го гледаме како навреда, можеме да кажеме тука започна првата навреда, дека мене не ми е важно јас колку време поминувам за децата“, додаде Митева.Митева изрази сомневање дека постои тенденција за манипулирање со јавноста, со цел да се одвлече вниманието од клучните политички прашања, при што се создава илузија за жртва на навреда, иако во конкретниот случај не можела да препознае никаква интенција за такво нешто. Таа нагласи дека како жена, секогаш ќе се залага за заштита на правата на жените од навреди, но во оваа ситуација, според неа, не станувало збор за навреда.„Имам чувство дека се цели кон дефокус на јавноста од клучни прашања и постојано претставување како жртва на навреда во нешто во што немаше интенција. Доколку било кој навреди некого, особено жена како жена, секогаш ќе застанам во одбрана. Во овој случај јас не ја видов интенцијата за навреда, туку ја видов интенцијата на одговор на така поставено бурно прашање“, заклучи Митева.

Македонија | пред 11 месец

mickoski-9-vlada

Владата за документите на СДСМ за Меџити: Шпекулации и неточни наводи

„Владата ги провери и затоа ги отфрла шпекулациите и неточните наводи изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата на Министерството за животна средина и просторно планирање“, велат од Владата и додаваат:Инспекцискиот надзор спроведен од Управниот инспекторат се однесува на аспекти на архивското работење и не утврдил незаконско постапување.Оваа административна пракса на работа е воспоставена уште во 2017 година и континуирано се применувала под раководство на министри од СДСМ и ДУИ во претходните влади.Ако по логиката на Кузевска тоа е прекшување на законите, тогаш значи дека законот бил прекршен од Владата на СДСМ и ДУИ.Владата останува посветена на транспарентноста и ги повикува сите заинтересирани страни на увид во документацијата за целосно и точно информирање на јавноста како и што повика Министерството за животна средина и просторно планирање.Oстануваме посветени на законито и професионално работење во интерес на граѓаните

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-25-at-11.23.00

Меџити: Не може архивска работа да се прикаже како голем скандал, СДСМ оди по паметот на ДУИ

Вицепремиерот и минситер Изет Меџити рече дека не направил ништо противзаконски, а за СДСМ кои пред Влада доставуваат документи до премиерот Христијан Мицкоски за незаконско работење вели: „сакаат да ја продолжат приказнава. Не може архивска работа да се прикаже како голем скандал. Ако сакаме да зборуваме за скандали, ги имаше доста до сега“.„СДСМ оди по паметот на ДУИ, се гледа се синхронизирани во нападите. Прво се зборуваше за одземање на ингеренции од Министерството за животна средина, па кога видоа дека инспекторатот кој бил автономен, сега е сектор во рамките на Министерството отидоа на второто обвинување дека има простор за злоупотреба и тоа тоа го констатирал административниот инспекторат. Но тука сакам да се расчистиме, се работи за редовна контрола која е во програмата на Државниот административен инспекторат. Тие имаат забелешка, опомена за воспоставена пракса а не за ингеренции. Во однос на пракса, за волја на вистината, воспоставена од ДУИ и СДСМ, од 2016 година“, рече Меџити.Меџити рече дека опомената е обжалена.„Не се работи за ингеренции, ниту ништо друго“, рече Меџити.Опозициската СДСМ вчера со документи добиени од свиркачи тврдеше дека поради злоупотреба, Државниот управен инспекторат со Решение Бр. 11-1653/2024 од 17.01.2025 година официјално ги одзел ингеренциите на вицепремиерот Изет Меџити во делот на потпишувањето на административни документи.„Документите кои до нас ги доставија свиркачи, а кои ги презентираме денес, покажуваат дека Меџити ги пречекорувал своите законски овластувања, лично потпишувајќи ги сите предмети, без законска основа и без почитување на процедурата за административно постапување. Со тоа, Изет Меџити не само што вршел злоупотреба на позицијата, туку се отвора и сериозно сомневање дали на овој начин сакал да воспостави контрола и да има простор за уцени кон фирмите и граѓаните. Поради тоа Државниот управен инспекторат ги одзел ингеренциите на Меџити во делот на потпишувањето на административни документи. Костовски додаде дека ова не бил прв скандал во кој Меџити е вмешан и ги наведе најавите за 3.000 партиски вработувања до крајот на годинава. Јавно го прашуваме Христијан Мицкоски: до кога ќе го штити Изет Меџити?“, рече организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски, на прес-конференција.

Македонија | пред 11 месец

2402025_Mickoski_pres_2

(Видео) Мицкоски најави реконструкции на Воената болница 8 Септември и аеродромот во Охрид, објекти од витално значење за граѓаните

„Грижата на една влада за своите граѓани се гледа во капацитетите кои ќе ги изгради и ресурсите кои ќе ги стави на располагање“, рече премиерот Христијан Мицкоски и додаде:Со оваа прес-конференција сакаме да го одбележиме и најавиме почетокот на реконструкцијата на два витални капацитета, за коишто веќе претходните говорници зборуваа во детали, тоа е Градската болница 8 Септември и аеродромот во Охрид Св. Апостол Павле.Здравството, морам да напоменам, беше една од најзапоставените области каде континуираната негрижа од минатата влада доведе до распаѓање и на така дотраените болници и капацитети. Тука морам да оддадам почит на голем дел од посветениот здравствен кадар, кој и во едни такви услови продолжи да работи посветено и во едни супстандардни услови го дава својот максимум.Нема да се повторувам од тоа коешто го кажаа претходните говорници, за техничките карактеристики на овие два проекта, за сето она што ќе биде реновирано итн. Само на крај би сакал да изразам благодарност до потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, до министерот за здравство Арбен Таравари, како и до директорот на болницата 8 Септември д-р Синиша Стојаноски за нивната посветеност и ангажираност во реализацијата на овие проекти.Сѐ на сѐ, ова се крупни инвестиции и зафати за објекти кои се од суштинско значење за нашата држава. Посветено продолжуваме да решаваме проблеми, да создаваме додадена вредност и да се бориме за подобар живот на граѓаните. Важно е да се знае дека мора да одиме напред и Македонија повторно да биде ваша“.

Македонија | пред 11 месец

480604994_1178362884296679_3547417140927990935_n

Министерката за финансии: Ако постои 'картелско' здружување на маркетите, цените ќе беа тука некаде, не е така!

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, изјави дека Владата водела долга дискусија за цените на производите и заклучила дека се потребни долгорочни решенија, а не краткорочни мерки како замрзнување на цените.„Ако постои 'картелско' здружување на маркетите, цените ќе беа тука некаде, но и сами знаеме дека не е така. Секој има можност и опција да пазари каде сака“, рече денеска министерката Димитриеска-Кочоска.Таа нагласи дека одлуките се носат врз основа на податоците од Државниот завод за статистика и повика на поширок пристап при анализите. Според неа, базичната инфлација е ниска, а најголем придонес за растот на цените имаат угостителските услуги.Претседателот на ССК, Трајан Ангелоски, истакна дека ограничувањата во цените можат да имаат негативни последици и дека е потребно да се поттикне домашното производство и конкуренцијата за да се стабилизира пазарот.

Македонија | пред 11 месец

kocevski-1

Коцевски не се повлекува, Владата не се откажува: ќе се разгледува предлогот за разрешување

Владата денеска на седница ќе го разгледа предлогот за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски.Од владината прес-служба соопштија дека на седницата ќе биде разгледано мислењето доставено од Министерството за правда, по што согласно законските обврски, истото ќе се достави до Советот на јавни обвинители.„Како влада ќе продолжиме да преземаме активности кои се во насока на подобрување на функционирањето на правосудниот систем“, информираа од прес службата на владата.Министерството за правда вели дека Коцевски треба да биде разрешен заради како што наведуваат, низа скандали, нарушена функционалност, корупција и нарушени меѓучовечки односи во Јавното обвинителството. Имало и сомнежи за пристрасно постапување и судир на интереси во предмети за кои тој не се изземал.По ставот на Владата Советот пред себе ќе ги има образложени причините поради кои Владата сака да го разреши Коцевски и 15 дена да заземе став кој не е задолжителен за Собранието. Со 61 позитивен глас и покрај евентуално негативно мислење од Советот, Коцевски заминува од функцијата по само една година од изборот.Претходно, Владата му посочи на Коцевски сам да се повлече од функцијата, за да не ја одолговлекува постапката, изразувајќи решителоност дека секако ќе го разрешат.

Македонија | пред 11 месец

kocevski1111

Предлогот за разрешување на Коцевски утре пред Мицкоски

Владата на утрешната седница ќе го разгледа доставеното мислење од Министерството за правда за разрешувањето на државниот обвинител Љупчо Коцевски, а потоа иницијатива ќе патува кај членовите на Советот на јавни обвинители.“На утрешната владина седница ќе се разгледа мислењето доставено од Министерството за правда, по што согласно законските обврски истото ќе се достави до Советот на јавни обвинители. Како Влада ќе продолжиме да преземаме активности кои се во насока на подобрување на функционирањето на правосудниот систем, довербата на граѓаните е сериозно нарушена и затоа сме силно посветени конечно да владее правото и да имаме правна држава”, велат од Владата.Владата утре ќе го разгледа мислењето од правда за Коцевски, а во кое е наведено дека Коцевски постапувал по случаи во кои постоело судир на интереси, како и дека тој требало да биде однапред свесен за тоа и да се изземе од таквите предмети.Советот ќе има рок од 15 дена да одговори, а независно од тоа какво ќе биде мислењето последниот збор за смена на Коцевски ќе го има Собранието. За смена на државен јавен обвинител потребни се 61 пратенички глас.

Македонија | пред 11 месец

dimitrievska-sovet-12

Советот на обвинителите контра Владата, претседателката без одговор дали Коцевски може да се разреши и ако дадат негативно мислење

Душица Димитриеска, претседател на Советот на обвинители,  се спротивстави на Владата, која беше децидна дека назначувањето на обвинител кој ќе го заменува Мустафа Хајрулахи во скопското Јавно обвинителство е незаконска. Според Димитриевска, одлуката е законска.„Беше донесена одлука, следејќи ги состојбите во Вишото јавно обвинителство каде вишиот јавен обвинител е оддалечен од функцијата, советот утврди дека е потребно во ова јавно обвинителство да се назначи обвинител кој ќе раководи со Обвинителството. Таа одлука е едногласна“, рече Димитриевска.Прашана дали имало законска основа за ваква одлука, таа рече: „Да има, мора да има потписник, мора да има јавен обвинител кој ќе го раководи“.„Јас не можам да дадам одговор на тоа прашање, јас тврдам дека нашата одлука е законита. Тоа Обвинителство мора да има јавен обвинител кој ќе раководи. Уште еднаш да напоменам, се работи за јавен обвинител кој ќе раководи додека трае оддалечувањето на јавниот обвинител“, додаде Димитриевска.Прашана да ја објасни процедурата за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски, таа им порача на новинарите да си видат во законот, оти таму ја имало. Немаше ни конкретен одговор, дали процедурата продолжува во Собрание и покрај евентуално дадено негативно мислење од Советот на јавни обвинители за разрешување на Коцевски.„Во однос на тоа прашање, сакам да изјавам дека до сега, немаме до Советот никаков предлог добиено. Кога ќе има предлог, ќе се произнесеме. Советот ќе ги испочитува роковите и процедурата“, рече Димитриевска.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-11-at-16.30.45

Владата со одлука како да се намалат цените низ маркетите

Портпаролката Марија Митева кажа дека Владата расправала за високите цени во маркетите. Наскоро ќе има нова маржа, со која, треба да се намалат цените кај голем дел од производите.„Одлука за 10 процентно ограничување на маржата за трговија на мало и големо на основните прехрамбени производи, на истите 73 групи на производи кои беа во претходните кошници. Но истата да се дополни со средствата за хигиена како што се детергентите, но и со бебешка храна и други непрехрамбени производи кај кои има голема маржа. Очекуваме да бидат вклучени над 100 групи на производи. Оваа мерка се очекува да трае од нејзино донесување, што ќе биде бргу од денеска, се до 30.04“, рече Митева.Задолжено е и Министерството за економија да одржи состанок со инспекторатите кои ќе предложат решенија за да трајно се реши овој проблем.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-06-at-03.33.24

Поткуп, проневера, фалсификување - што стои во пријавата за Пеце Мирчевски, ексдиректор на СОЗР при Влада

Примање поткуп, фалсификување исправа, проневера и несовесно работење се делата за кои Финансиската полиција поднесе кривична пријава против поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчески од СДСМ. Тој се гони дека сторил повеќе кривични дела додека бил прв човек на Службата за општи и заеднички работи при Владата.„Во периодот од 09.06.2021 година заклучно со 13.06.2024 година, свесно и со умисла, извршил службени дејствија кои што не смеел да ги изврши и потпишал пет договори за јавни набавки со правен субјект од Скопје, во сопственост и управуван од страна на второпријавениот Г.П, a притоа не го пријавил постоењето на судир на интереси, не се изземал од истите постапки за јавни набавки и во текот на целиот тој период а и по престанувањето на функцијата директор,  остварувал директна материјална корист за себе и за свое блиско лице од правниот субјект во сопственост и управуван од страна на второпријавениот Г.П.“ наведува Финансиската полиција во кривичната пријава.„Во период од 01.01.2022 заклучно со 13.06.2024 година, во повеќе наврати, прикажувајќи невистинити податоци дека се работи за службени патувања за службени потреби и цели, потпишувал барања за резервација на хотелско сместување, барања за резервација на авио билети, решенија за упатување на службен пат во странство и налози за службен пат во странство и со тоа овозможил лично за себе и за други лица вработени во Службата да се стекнат со имотна корист во вид на хотелски сместувања, авио билети за реализирани патувања, изнајмување на рент а кар возила за приватни потреби и цели како и исплатени дневници за службени патувања во вкупен износ од 1.792.859 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на СОЗР“ стои во пријавата.

Македонија | пред 11 месец

475516384_1216189899862934_6900980275429949115_n

Поединечни трговци заработуваат преку енормни цени на производи, ќе се спротиставиме, најави Мицкоски

„Поединечни трговци и трговски ланци се однесуваат неодговорно заработувајќи преку енормни цени на производи кои ги плаќаат граѓаните. Ова меѓу другото го разбирам и како напад врз сопствената држава, граѓаните и заедничкиот интегритет“, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава:Растот на цените ја нагласува потребата за одлучна, одговорна и транспарентна акција.Како Влада, остануваме целосно посветени на борбата против неправедните трговски практики и злоупотребите кои директно влијаат на животниот стандард.Во духот на солидарноста, го разбирам повикот за бојкот на маркетите, како чин на граѓански отпор против монополското однесување и општествената неодговорност на поединечни трговци. Имам јасни сознанија дека одредени субјекти на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат огромни профити на грбот на граѓаните. Ова е неприфатливо и нема да биде толерирано!Ве уверувам дека преземаме конкретни мерки: Денес остварив средба со Комисијата за заштита на конкуренцијата, Министерот за економија, Заменик министерот за економија и Директорот на пазарната инспекција. Наложив засилени контроли и итна реакција на терен.Тие имаат јасна задача – да го проверат однесувањето на трговците и да спречат какви било злоупотреби. Ќе инсистирам на транспарентност и ригорозни казни за сите кои ќе се утврди дека го изигруваат законот и ги злоупотребуваат граѓаните и добавувачите. Заедно ќе се спротивставиме на сите кои мислат дека ќе се богатат на наша сметка.Ќе се справиме со овој проблем и ќе направиме сè што е во наша моќ за да го заштитиме животниот стандард на сите наши граѓани! Во исто време, ќе продолжиме и со субвенционирање на најпогодените категории на граѓани за дополнително да ги минимизираме негативните ефекти од растот на цените.Ги повикувам сите надлежни институции, но и трговците, да се однесуваат со максимална одговорност и почит кон народот. Ова се времиња на чесност, фер игра и солидарност! Заедно ќе изградиме систем кој ќе биде во корист на сите, наспроти интересите на неколкумина кои сакаат да се богатат на маката на граѓаните!

Македонија | пред 1 година

27122024-Mickoski

Мицкоски им најави одлука на домашните фирми која ќе значи поддршка од Владата

Премиерот Христијан Мицкоски најави кридити со ниски каматни стапки за домашните компании.„Денес очекувам Владата да донесе одлука на домашните компании да се стават на располагање 250 милиони евра евтини кредити, по супер евтина каматна стапка од 1.95 што претставува историски највисока поддршка за домашните компании. Ова значи посилна економија, нови инвестиции, нови работни места!Така Македонија станува повторно ваша!“, напиша тој на „Фејсбук“.

Македонија | пред 1 година

07012025-Mickoski

Празнувањето на Свети Сава 18 години во Македонија значи меѓусебно почитување и доверба, добра соработка и негување на односите помеѓу српскиот и македонскиот народ, вели Мицкоски

„Дозволете ми од мое лично име и од името на Владата на сите припадници од српската заедница кои живеат во државата да Ви го честитам празникот Свети Сава и Ви посакам многу здравје, среќа, бериќет и духовен мир“, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава:Празникот Свети Сава се празнува 18 години во Македонија, откако со измените на законот за празници на 8 февруари 2007 година е прогласен за национален празник на Србите во Македонија.И ова го покажува меѓусебното почитување и доверба, како и добрата соработка и негување на односите помеѓу српскиот и македонскиот народ.Вашиот придонес во општествениот и јавен живот покажува дека заедно, обединети, во заедништво и преку почитување на различностите, културите и традициите можеме да ја трансформираме Македонија напред, а за граѓаните обезбедиме подобра и посигурна иднина.Македонија мора да се гради и да има економски напредок, а тоа го можеме само доколку сме сплотени.Затоа цврсто сум убеден дека градењето на соживот, толеранција и пријателство ќе биде еден од вредностите кои ќе бидат нашата водилка за остварување на нашите цели.Почитувани пријатели од српскатa заедница, Ви посакувам убав празничен ден исполнет со радост.Нека е честит големиот празник Свети Сава!“Со почит,

Македонија | пред 1 година

272657594_468285018113800_489941184548056827_n

Го заживуваме комплексот „Македонско село“ каде скопјани и останатите туристи ќе можат да избегаат од градскиот метеж, тврди Томовски

Претпоставувам дека новата тогашна власт-Социјалдемократскиот сојуз одлучиле она што го направила претходната влада да не функционира, како селото така и многу други објекти и многу други проекти коишто биле изградени, вели Ивица Томовски, директорот на СОЗР и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на своето вчерашно гостување на ТВ Алфа, зборувајќи за комплексот „Македонско село“.Според него, заради таквото неработење Буџетот на државата е оштетен за некои 30 милиони денари за тој период, дел по основ на ненаплатена кирија, дел по основ на осигурување на објектот и обезбедување на целиот комплекс. Имено ваквиот објект носи загуби со самото негово нефункционирање, а истиот е направен да ги збогати содржините на Скопје кои им се нудат не само на туристите, туку и на домашните посетители.„На моја иницијатива, на иницијатива на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ние отпочнавме постапка за повторно да заживее селото, направивме проценка, од Бирото за процена самите тие направија проценка колку ќе изнесува таа закупнина месечно, го дадовме тоа на мислење во Секретаријат за законодавство, добивме од секаде позитивно мислење. Во моментов се припрема тендерската документација, очекувам дека во наредните пет, шест дена ќе биде објавена, објавата ќе биде во два весници еден на македонски еден на албански јазик, така да економските оператори кои се заинтересирани ќе можат да настапат“, јасен е Томовски.Тој појаснува дека за разлика од минатото, кога тоа не било случај сега клучот оди во рацете на економските оператори, притоа целиот комплекс е поделен на четири лотови за да има поголема конкуренција и да се има можност за различни комбинации на туризмот и угостителството во зависност од тоа со што се занимаваат и за што се заинтересирани повеќе операторите.„Во овие дванаесет автентични куќи коишто ја отсликуваат архитектурата на Република Македонија на мало, на едно место има капацитет од 120 до 150 сместувачки единици каде што може сериозни групи на туристи да се донесат. Има три ресторани, односно има еден автентичен ан, има еден ресторан „Антигона“ којшто е од модерен стил и има винотека односно кафе-бар каде што туристите ќе можат да одморат после ручекот“, презентира Томовски.Томовски во овој контекст, потсетува и на фактот дека со доаѓањето на новата власт 2017-2018 година, цената на паркингот била покачена од 30 на 100 денари, а после тоа е раскинат и договорот со тогашниот концесионер и оттогаш целиот објект е целосно затворен, без никаков повик и иницијатива за негово повторно заживување.„По предлог на претседателот на Владата, сите објекти коишто се останати, недовршени, а се од суштинско значење за граѓаните ќе ги преземе Службата за општи и заеднички работи да ги доврши, односно Владата да ги доврши за да бидат во функција. Исто за комплексот факултети односно за тие два објекти ние веќе имаме комуникација со министерката за образование, да направиме некаков пресек и стратегија како најбрзо да го отпочнеме и да го завршиме“, информира Томовски и за останатите паралелни проекти.

Македонија | пред 1 година

Tomovski-17.06.2022

Томовски: Тендерот за обезбедување е со олеснети услови за 50%, зголемена конкуренција со заштеда на државниот буџет од 500,000 евра

„Она што го зачекав внатре во СОЗР беше општ хаос ни помалку различен од сите институции во државата. Ние како тим уште веднаш отпочнавме со промена на неколку неправилности, омаловажувања во делот на работниците. Скратување тендерски набавки, сите јавни набавки условите ги симнавме најмалце за 50% за со тоа да ја зголемиме конкуренцијата и намалиме цената“, истакна членот на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ и директор на СОЗР Ивица Томовски во вчерашното гостување на телевизија Алфа.Томовски продолжи и додаде:„Јас бев свесен дека со таквиот мој чекор ќе паднам одма во очи на оние големи бизнисмени кои досега си ги добивале тендерите на максимална вредност, потплаќале некој во минатото што тоа нема да биде случај сега, ни во иднина додека раководам со таа институција“, вели Томовски.Томовски посочи дека како директор на СОЗР има за цел да го заштеди буџетот на државата.„Мојата цел како човек што е ставен на таа работна позиција е да го заштедам буџетот на државата. Со заштедување на буџетот на државата го заштедувам вашиот и мојот буџет и буџетот на граѓаните, а не на некоја приватна компанија“, укажа Томовски.Томовски во врска со тендерот за обезбедување истакна дека направил олеснување на условите за 50%.„Во врска со тендерот за обезбедување јас направив олеснување на условите за 50%, зголемена конкуренција и заштеда за државниот буџет од пола милион евра. Кога сме кај овој тендер во 2021 година имало само еден понудувач за обезбедување кој добил на максимална вредност“, дециден е Томовски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања