ВЛАДА

28112024_Miteva

Митева: Донесена е владината програма за 2025 година, која ја одразува нашата континуирана посветеност за градење на посилна, потранспарентна и просперитетна Македонија

„Како што влегуваме во 2025 година, моја чест е денеска пред вас да ја презентирам Програмата за работа на Владата за 2025 година, која, имено, беше донесена на 45-та владина седница. Би сакала да ги споделам со вас клучните столбови на оваа Програма и како тие имаат за цел да го подигнат животниот стандард“, вели портпаролката на Владата, Марија Митева и додава:Програмата за 2025 година е во функција на остварување на стратешки приоритети за 2024 - 2028 година, секој дизајниран да одговори на итните предизвици: од обновување на довербата во институциите, ефикасната борба против криминалот и корупцијата, владеење на правото.Се разбира, економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, се разбира создавање на квалитетни работни места, модернизирање на образовниот систем и забрзување на дигиталната трансформација на јавните услуги.Содржината на оваа Програма е поделена по тематски подрачја и е поделена по динамика по месеци за секој приоритет, што уште еднаш ја потврдува нашата посветеност на транспарентност и на предвидливост којашто можат да ја имаат граѓаните, да знаат што можат да очекуваат. Се разбира во минатото, многу од проектите беа одложувани, што уште еднаш потврдува дека оваа Програма има за цел да даде навремена испорака и мерливи резултати.Дозволете ми да почнам малку подетално, во првиот дел од Програмата кој се однесува на акти и материјали по кои одлучува Собранието, ќе набројам само неколку од над 120 предлог-законски решенија коишто се предвидени во оваа Програма. Би ги издвоила Предлог-законот за управување со движење на предметите во судовите, ќе се работи на Предлог-закон за судска и јавна обвинителска служба, целта е да го подобриме стручниот кадар во овие служби. Би сакала да го споменам и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за спречување на корупција и судир на интереси.Во вториот дел пак, кој се однесува на работата на Владата и на акти и материјали коишто ги носи Владата, опфатот е поширок на сите сегменти, би го споменала делот на образованието како што се реконструкција на училишни објекти, годинашниот буџет е за 6 милијарди денари повисок од оној којшто беше во минатата година или вкупно е 38 милијарди денари. Зголемени се блок дотациите кон општините затоа што ќе се прави покачување на платите на вработените во образованието веќе од месец март за 7%.Повисоки плати од овој месец ќе добијат и вработените во високообразовните установи и тоа наставниот кадар за 14%, а ненаставниот кадар за 8%. Очекуваме дека ова јакнење на економската стабилност ќе биде стимул за дополнителна заложба кон поквалитетно образование.Сосема на крајот би сакала да потенцирам дека во Програмата за работа на Владата околу стотина активности се однесуваат на обврските од Реформската агенда за 2024-2027 година и Планот за раст на земјите од Западен Балкан, што уште еднаш ја потврдува сериозната заложба за реформи на оваа Влада коишто се однесуваат на препораките од Европската Унија.Продолжуваме со многу работа, нашата визија е јасна: држава во која системот функционира, просперитетна економија и влада која работи за граѓаните и на која граѓаните и веруваат“.

Македонија | пред 1 година

miteva-pres-3

Сомнежот е дека администрацијата излегла на протест од политички побуди, вели Митева и додава: Спремни сме да прифатиме предлози

Владата е партнер на сите. Спремни сме да ги прифатиме сите предлози и сугестии. Ова е во насока на висока подготвеност која ја имаме да разговараме за сите теми. Но дозволете ми да истакнам дека нè изненадува фактот што токму УПОЗ како прв чекор го презема штрајкот наместо дијалогот кој е прв демократски начин и метод за функционирање.Ова денес го истакна Марија Митева, портпарол на Владата на Република Македонија.„Сакам да ја потсетам јавноста дека за само 6 месеци постигнавме договор за зголемување на платите во здравството, образованието, а се зголемија и пензиите. Обезбедивме додаток на плата и К-15 за сите вработени, а подготвени сме да разговараме на секоја тема. Но, дозволете ми да истакнам дека секој штрајк треба да биде најавен согласно законот, да биде спроведена и постапката за помирување и да се определат можни работи кои би требало да се вршат. Поради тоа што ниту една од овие работи не е исполнета, тоа остава простор за силен сомнеж дека овој штрајк е политички мотивиран. Повторувам, Владата е отворена за секаков вид предлози и сугестии. Има бројни механизми преку кои можат да се отворат овие прашања. Интересно е тоа што изминатите години овој синдикат молчеше за ова прашање, па отворено се сомневаме дека зад ваквиот чекор стои политичка позадина. Дали на овој начин се злоупотребува синдикалното движење? И ние гледаме реално на работите и ние самите не сме задоволни од платите во администрацијата, меѓутоа дијалогот е вистинскиот начин за изнаоѓање решенија“, рече Митева.Владата не е задоволна од нивото на платата на администрацијата, но, тврдат дека дијалогот е вистинскиот начин за изнаоѓање на решение.

Македонија | пред 1 година

07012025-Mickoski

Мицкоски: Оваа година ќе биде година на напредок, како Влада работиме на тоа

„Би сакал да ја искористам оваа можност и на сите православни христијани да им го честитам Христовото раѓање“, рече премиерот Христијан Мицкоски по централната литургија по повод празникот Божиќ и додаде:Христос се роди, навистина се роди.Нешто што преставува голем ден за православните христијани, а на сите граѓани во нашата Македонија да им посакам пред сѐ здравје, затоа што здравјето е најважно, а потоа сите убавини на овој свет во нивните домови да им се случат. Очекувам година во којашто ќе имаме напредок, година на прогрес во секој план, тоа нормално го посакувам и за тоа како Влада во годината којашто следи ќе работиме. Уште еднаш дозволете ми на сите да им го честитам Божиќ и да им посакам убав и мирен ден.“

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-08-at-11.29.47

Ако сме богати како држава недела целосно да биде неработна, ако не - да се работи, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека мора да се отвори прашањето рече дека ќе се отвори дебата дали недела ќе остане секелтивно неработен ден.„Владиниот план е на следната седница на социо-економскиот совет да се отвори ова прашање. Јас имам лична дилема. И недела е работен ден, вие новинарите доаѓате кога имаме настани.. Значи не се сите еднакво вреднувани. Или никој нека не работи, се се затвора сабота навечер и се отвора и понеделник наутро. Ако сметаме дека сме толку богати како држава.. Или да се работи, ама работодавачите да даваат двојна-тројна дневница“, рече Мицкоски.Недела за неработен ден беше прогласен од Владата на СДСМ и ДУИ. Но сепак, можат да работат објекти зависно од квадратурата, трговски центри, бензиски, угостители.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-15-at-10.36.22

Почнува кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе - Се грижиме“ - Новогодишната потрошувачка кошничка по намалени цени од најмалку 10 проценти опфаќа над 800 производи

„Од денеска почнува кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе - Се грижиме“ која опфаќа над 800 прехранбени производи со намалени цени од најмалку 10 проценти“, вели Владата и додава:Во новогодишната потрошувачка кошничка листа спаѓаат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и друго.Кампањата ќе трае до 15 јануари 2025 година, а секој производ на рафтовите во маркетите ќе биде соодветно означен.Државниот пазарен инспекторат ќе врши контрола низ маркетите за да се утврди дека се почитува договорот постигнат помеѓу Владата и трговците.Во моментот вклучени се над 80 компании, а очекуваме и други компании и маркети да се приклучат со што листата во новогодишната потрошувачка кошничка би се проширила со над 1000 производи.Преку оваа мерка директно помагаме за подобрување на животниот стандард на граѓаните новогодишните празници да ги поминат во пристојни услови.Дадовме ветување пред граѓаните и се обврзавме на посветено, одговорно и домаќинско работење.Носиме мерки во интерес на граѓаните, ја враќаме надежта и градиме иднина за сите.

Македонија | пред 1 година

13122024_MICKOSKI-5

Осум странски инвестиции на Владата

Официјално започна изградбата на фабрика за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“. во ТИРЗ Кичево.Ова е осма странска инвестиција за само шест месеци од Владата на ВМРО-ДПМНЕ.Инвестицијата е во вредност од 40 милиони евра, која ќе отвори дури 600 нови работни места и истата ќе се одвива во повеќе инвестициски фази.Имајќи предвид дека изминатите шест месеци се реализираа 7 нови странски инвестиции на „Алказар Енерџи“ за изградба на ветерници во општините Радовиш, Штип и Карбинци, е во вредност од 500 милиони долари и 630 нови вработувања, инвестицијата на „Епсотех“ за изградба на развојно истражувачки центар, алерти центар во вредност од 20 милиони евра и нови 110 вработувања, инвестицијата за производство на сопирачки за шински возила на американскиот „Вебтек“ во вредност од 35 милиони евра и нови над 100 вработувања, инвестиција за производство на литиум јонски батерии на германската компанија „BMZ Group“ во вредност од 65 милиони евра и нови 700 вработувања, инвестиција на „Брејнчајд“ во вредност од 8,5 милиони евра и вработување на околу 200 лица, инвестиција на германската „Костал“ од 50 милиони евра и нови 250 вработувања, како и инвестицијата на „АД БАУ Интернационал“ во вредност 7 милиони евра и отвора 200 нови вработувања, и инвестицијата на „Avesta Battery and Energy Engineering“ во вредност од 40 милиони евра и 600 нови вработувања е осмата странска директна инвестиција, со што бројот на ново отворени работни места се зголеми за скоро 2800.Овие инвестиции директно придонесуваат за поттикнување на економскиот раст на Македонија, како и поттикнување на локалниот економски развој.Градиме политика која значи подобрување на животниот стандард на граѓаните.Ја трансформираме Македонија напред и создаваме подобра иднина и надеж за сите граѓани.Посветено работиме на економскиот напредок на државата и отворање на нови работни места.Владата продолжува да работи на реализација на проектите и исполнување на ветувањата дадени пред граѓаните, се со цел годината да ја завршиме со над 1 милијарда евра странски директни инвестиции.

Македонија | пред 1 година

market-pari

Од 15 декември започнува акцијата за новогодишната кошничка, која опфаќа повеќе од 800 производи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, од кога започнува акцијата за новогодишна кошница, којашто пред десетина дена беше најавена на прес-конференција во Владата, објасни дека акцијата започнува од 15 декември, а бројката на производи е зголемена за повеќе од 800.„Да, јас би сакал тука да кажам, дека на мое големо задоволство компаниите, трговците, производителите, дистрибутерите, бројката на производи ја зголемуваат и таа е повеќе од 800, веќе не е 600. Сите тие ќе бидат означени, а за тоа ќе се грижи Државниот пазарен инспекторат, којшто континуирано ќе ја следи работата на маркетите, и очекувам навистина да биде како да кажам, семејниот буџет да биде заштитен со намалувањето на цените на овие производи.Инаку што се однесува од кога почнува, од 15 декември, тоа е за два дена, денеска е 13. За два дена започнува оваа акција, очекувам позитивни ефекти и очекувам нормално, да биде што побогата за празниците потрошувачката кошничка на граѓаните, за помалку пари. И тоа е наша цел и наша задача како Влада, да го овозможиме“, изјави премиерот Мицкоски.

пред 1 година

vlada-2024-mickoski

Влада: Во Буџетот се обезбедени 250 евра за електронски уреди за студентите и финансиска поддршка до 30.000 евра за младите

„Фокус на оваа Влада е обезбедување на пристојни услови за живот и успешен образовен процес за студентите и младите. За таа цел, во Буџетот за 2025 година обезбедени се средства за ваучери од 250 евра за набавка на електронски уреди - телефон, компјутер или таблет за сите студенти, како и средства од 10 милиони евра кои ќе бидат наменети за млади до 29 години за отпочнување бизниси, односно финансиска поддршка до 30.000 евра за бизнис за млади“, соопшти Владата.„Ваучерот за студентите од 250 евра за купување на електронски уред ќе им овозможи на студентите да имаат пристап до технологијата што им е потребна за да успеат во денешниот дигитален свет.Додека пак, финансиската поддршка до 30.000 евра за младите за отпочнување на бизнис, значи дека младите ќе можат своите бизнис идеи да ги преточат во бизнис планови.Преку различна поддршка, мерки и проекти работиме за задржување на младите и студентите иднината да ја градат тука во сопствената држава.Токму затоа како Влада се обврзавме на вклучување на младите во носење на важни одлуки и слушање на нивните проблеми и барања.Владата е партнер на младите и студентите.Посветено и одговорно работиме и придонесуваме за подобар живот за сите, иднина и просперитет“, се наведува во соопштението на Владата.

Македонија | пред 1 година

vlada-2024-mickoski

Нема да растат платите на функционерите и обвинителите, ниту 13та плата во сите органи на државната управа

Премиерот Христијан Мицкоски објави нови владини одлуки.„Целосно свесен за времето во кое живееме и фактот дека се бориме со последиците од минатото, на денешната седница Владата донесе одлуки со кои:Нема да растат платите на именуваните и избраните лица, судиите, членовите на судскиот совет, јавните обвинители и членовите на советот на јавните обвинители и истите преку интервенција во коефициентите за пресметка на платите се замрзнуваат.Нема да има исплата на 13та плата во сите органи на државната управа и средствата ќе се пренасочат за развојни проекти.Започнува исплатата на К15 за сите вработени во целата администрација. Македонија ќе биде пристојно место за живеење“, напиша Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

12082024_MICKOSKI

Мицкоски: Македонија е на врвот според раст на БДП во третото тримесечје, годинава е 3% споредбено со земјите од ЕУ и Европа, продолжуваме да работиме посветено

„Во изминатите 6 месеци откако е избрана, оваа Влада е целосно насочена кон надминување на штетните последици од затекната девастирана и назадувана економија“, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава:Наследивме индустрија во опаѓање, неисплатени плати, јавни претпријатија и акционерски друштва во доминантна државна сопственост во банкрот.Овие 5 месеци работиме да се зацврси и зголеми бруто домашниот производ. Деноноќно се трудиме да помогнеме на бизнисот да создадеме услови за почесна трговија, без закани, уцени, притисоци и по принципот како до сега, да бидеме во чекор со барањата и потребите на економијата. И можам да кажам дека успеваме, а тоа го говорат и првите економски индикатори.Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ(БДП) во третото тримесечје од 2024 година тоа се месеците јули, август и септември, порасна за 3.0 %.Може тоа претставува бројка што е релативна и бројка која што може да се дебатира, но какви се фактите. Во услови на сложени гео-економски и политички случувања бројката од 3 проценти е една од најголемите во рамките на ЕУ.Само пет земји членки на ЕУ имаат повисока стапка на раст во третиот квартал, а што се однесува во регионот помала стапка на раст во третиот квартал има две земји членки на ЕУ, тоа се Грција и Бугарија 2,4 проценти. Потоа можам да кажам дека Романија е во негативно салдо -0,3 проценти, Словенија е 1 процент. Негативни се стапките на раст на Естонија, Австрија, Латвија, Германија итн.Ако се анализираат податоците ревидирани од првите три квартали оваа годона, тогаш може да кажеме дека македонската економија БДП порасна во просек повеќе од 2,6 проценти, што претставува повеќе од предвидувањата на некои од меѓународните институции, мислам дека тоа беше Светка Банка која предвидуваше раст од 1,8 проценти за 2024 година на БДП на македонската економија.Очекуваме раст сличен и повисок во четвртиот квартал со што би се доближиле на годишно ниво од 3 проценти, што е многу повеќе од предвидените 1,8 проценти.Тоа значи дека успеавме да ја консолидираме економијата и идикаторите со кои што денеска можеме да излеземе пред македонската јавност во ова тромесјечие се едни од најдобрите во Европа, и многу ретко пати до сега сме имале можност да се пофалиме со економски резултат кој што ќе биде еден од најдобрите во Европа.Во третото тримесечје од 2024 година, поголем пораст е забележан во секторите:-Трговија на големо и трговија на мало,- Транспорт и складирање,-Објекти за сместување и сервисни дејности со храна,-Стручни, научни и технички дејности,-Административни и помошни услужни дејности.Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2024 година, номинално растеше за 3.9 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 67.7 %.Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 2.0 %.Покрај историски најголемиот раст на странски инвестиции кое до крај на годината очекуваме да надмине една милијарда евра, еве успеавме после консолидирање на македонската економија првите индикатори да бидат едни од најдобрите во Европа, секако и најдобри во регионот.Дали можеме и треба да сме задоволни?Одговорот е дека тука не застануваме и ќе продолжиме да работиме и за кратко време да заклучам имаме плус 3 проценти на БДП и рекордно ниво на странски инвестиции за кои како што кажавме до крајот на годината очекуваме да биде повеќе од 1 милијарда евра.Можам да кажам дека опоравувањето е на задоволително ниво, секогаш може подобро и ние ќе се стремиме да биде подобро и ќе биде подобро.Што се однесува до личната оценка можам да кажам за краток период ја консолидиравме економијата, и можам да кажам дека сум задоволен.Продолжуваме да работиме посветено и одговорно, бидејќи она што е наша цел е да дојдеме до подобри времиња, и такви времиња се пред нас и такви времиња ќе дојдат, и веќе доаѓаат, времиња на поголем раст.И повторно да бидеме економија која што во овој дел на Европа ќе биде најдобра и една од водечките во Европа по растот на БДП.Нас ни требаат крупни економски чекори за да можеме да го надоместиме сето она кое што беше изгубено изминатите 7 години.“

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-05-at-12.24.23

Поефтини месо и риба, овошје и вино - 60 компании и ветиле на Владата дека имаат пониски цени за граѓаните

После повеќе од еден месец консултации со бизнисот денеска ја објавивме „Новогодишната кошничка“ која што ја најавивме за граѓаните за време на новогодишните празници. Оваа “Новогодишна кошница“ е нешто многу поразлично од досегашните мерки кои се носеле со цел заштита на стандардот на граѓаните. Различна е по тоа што наместо ние како Министерство за економија и труд и Влада да носиме одлуки за замрзнување и ограничување на цени и маржи, и други непазарни решенија за да влијаеме на намалување на цените на основните прехранбени производи, во соработка со Стопанските комори со производителите, дистрибутерите и трговците денеска имаме „Новогодишна кошница“ која што произлегува токму од бизнисот“ кажа министерот Бесар Дурмиши на денешната презентација на „Новогодишната кошница„ во Владата со претседателот на Владата Христијан Мицкоски.“Оваа иницијатива за “Новогодишната кошница“ беше покрената од производителите, дистрибутерите и трговците со прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни производи кои се понудија да достават листа на нивни најпродавани производи за време на новогодишните празници кои ќе се продаваат на акција по пониски цени од 10% и повеќе. Новогодишната потрошувачка кошница е акциско намалување на цените на одделни прехранбени производи, алкохолни и безалкохолни пијалаци која ќе важи еден месец, односно во периодот од 15 декември 2024 година до 15 јануари 2025 година, во време кога се вклопуваат повеќе празници. Со акциското намалување на цените се опфатени основните прехранбени производи од различни групи на производи (леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и др. Групите на производи се сублимира во Листа на прехранбени производи во опфат од над 675 производи, понудени од вкупно 60 компании и производители и дистрибутери“ кажа министерот Дурмиши и потенцираше дека производите на листата кои ќе бидат понудени на полиците во трговските ланци ќе бидат обележани со налепница и лого „Помалку трошоци, повеќе за тебе“.“Со цел широка промоција на инцијативата ,,Новогодишна кошница,, за граѓаните да можат да се запознаат со производите кои се понудени во Листата од страна на производителите и дистрибутерите ќе постои посебна веб-страна „mojakosnica.mk,,. Листата на прехранбени производи не е конечна, таа може постојано да се надополнува со нови производи и нови компании пред да започне акцијата на ,,Новогодишна кошница,,, како и за време на траење на акцијата“ кажа министерот и додаде дека ова е една акција која произлегува токму од компаниите кои за време на новогодишните празници ја покажуваат својата општествена одговорност и на граѓаните ќе им понудат пониски производи.“Со оглед на тоа што ова е акција која што произлегува од компаниите и не е владина одлука, не се предвидени казни, односно контролата дали се намалени цените како што самите производители и дистрибутери понудиле или не ќе ја вршат директно граѓаните. Државниот пазарен инспекторат ќе биде на терен да утврди дали се обележани сите производи кои се на листата со намалени цени согласно Законот за потрошувачи. Министерството за економија и труд континуирано работи на носење на мерки кои ќе значат помали трошоци на граѓаните и заштита на животниот стандард. Чест и задоволство ми е што за оваа акција имавме голем интерес од страна на голем број на производители и дистрибутери секако со поддршка на трговците. Се надевам дека во наредниот период бројот на производи на листата ќе се зголемува и сите заеднички ќе им излеземе во пресрет на граѓаните за време на новогодишните празници и ќе бидеме сите заедно и општествено одговорни кон граѓаните“.

Македонија | пред 1 година

kriptovaluti

Мицкоски најави регулатива за криптовалутите, дигитален денар

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека Македонија ќе биде прва во регионот што ќе има дигитална банка и дигитален денар. Рече дека се работи на законска регулатива со криптовалутите.„Јас ако се сеќавате уште кога бевме во опозиција зборував за технологии за тргување со криптовалути, дигитални банки, менувачници. Дојдовме до идеја да има дигитален македонски денар, работиме на ова. Не стоиме. Работиме сериозно. Бидејќи полу-легално се тргува од тука. Сакаме да го канализирале во рамките на законот. Но има премногу работи кои треба да се усогласат, за да дојдеме до конечниот производ“, рече Мицкоски.Според него, иднината за развој е токму во дигиталните техонологии.

Македонија | пред 1 година

20112024-Mickoski-15

Мицкоски: Изминатите 6 месеци како Влада покажавме дека може да се функционира поинаку, транспарентноста и отчетноста се наш приоритет

„Тука сме да покажеме дека како Влада отчетноста и транспарентноста се наш приоритет, и така ќе продолжиме да функционираме“, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава:Нормално веќе шести месец како Влада функционираме секогаш се трудиме да бидеме што е можно повеќе транспарентни. Јас секогаш се трудам да одговорам на сите прашања, нема прашања посакувани или непосакувани, туку секогаш кога сум бил прашан не сум избегнал ниту една тема. Се разбира дека постои простор за подобрување, секогаш постои простор да бидеме подобри. Но, ценам дека до сега покажавме еден поинаков квалитет, дека за нас нема вакви или такви прашања, вакви или такви медиуми, туку буквално како Влада се трудиме да дадеме одговор на секое прашање и на секој медиум кој што ќе допре до нас.Така што уште еднаш да повторам, со ова наше присуство само го подржуваме сето ова за кое што и заменик Амбасадорот го говореше, но и за тоа кое што го кажав јас.

Македонија | пред 1 година

viber_image_2024-12-02_11-01-55-637

Владата за остсавката на Дамева: Негативните поени ги имаме од непостапувањето на правосудството

Во одговор на прашање портпаролката на Владата, Марија Митева, посочи дека вчерашната оставка на претседателката на Судскиот совет Весна Дамева и она што го изнесе во јавноста го ценат како најсоодветно нешто што можеше да се случи после сите скандали.-Негативните поени кои ги имавме како држава доаѓаа од непостапувањето на правосудството во целина и од огромниот број на скандали кои се случуваат таму. Она што значи информација за состојбите онакви какви што се, е информација за тоа дека ќе имаме навистина робусна борба против состојбите кои ги има во делот на правосудството и не го цениме како притисок, рече Митева.

Македонија | пред 1 година

vlada-2024-mickoski

Влада: Оставката на Дамева е единствената исправна одлука

По оставката на Весна Дамева од функцијата претседател на Судскиот совет со реакција се огласи и Владата.Ова е единствена исправна одлука по завелешките за работата на Дамева, смета Владата.,,Разбираме дека од ваквата одлука ќе има многу засегнати и загрижени поради нивното сомнително работење, огромните сомнежи за криминал, како и фалсификување на записници, но правдата мора да профункционира”, е ставот на Владата.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања