ВЛАДА

28112024_Miteva

(Видео) Митева: Постигнат е договор со банките и условите за користење на кредитната линија се утврдени

„Дозволете во името на Владата да ја информирам јавноста дека е постигнат договор со банките и средствата од унгарскиот кредит ќе го придвижат стопанството. Во однос на истото ве информирам дека на седница на Влада одржана на 26.11. се донесе заклучок во врска со предлогот на Министерството за финансии за условите за кредитна линија од унгарскиот кредит, а во однос на користење на средствата од кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва“, рече Марија Митева, портпаролка на Владата.„Врз основа на истото Владата го задолжи Министерството за финансии во соработка со Развојната банка да преземат активности околу операционализација на средствата од кредитната линија под следните услови:- максимален износ по корисник до 10 милиони евра;- рок на отплата од страна на крајниот корисник до 15 години со вклучен грејс период до 3 години и квартална отплата по завршување на грејс периодот;- фиксна каматна стапка од 1,95% без надомест за одобрување и управување;- сопствено учество на крајниот корисник од минимум 20% од вкупната вредност на инвестицијата.Дополнително, средствата од кредитната линија за финансирање на инвестициите и развојот на приватните трговски друштва ќе бидат наменети за финансирање на дејност производство и истите ќе можат да се користат за следните намени:- инвестиции во опрема, како што се машини и останата опрема;- недвижности (погони, фабрики , деловни објекти за сопствена употреба);- транспортни средства поврзани со производствениот процес;- обновливи извори на енергија наменети за производство на енергија и- нематеријални средства како што се инвестиции во развојот и софтвери.Исплатата ќе биде извршена врз основа на доставени фактури од страна на крајниот корисник со цел обезбедување на соодветна контрола на искористувањето на средствата.Имајќи предвид дека бруто-домашниот производ е проектиран на 16 милијарди, станува збор за 5 проценти од бруто домашниот производ, средства коишто очекуваме да бидат инвестирани оваа и следната година. Тоа е алатка со која што ќе се бориме против евентуалната економска криза и со која ќе ја придвижиме економијата во целост“, изјави Марија Митева, портпаролка на Владата.

Македонија | пред 1 година

VenkoFilipceSDSM

Мицкоски: Само Филипче критикува за банкарските кредити, имам чувство дека некој го мести

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на критиките од страна на претседателот на опозицијата Венко Филипче за банкарските кредити за стопанството, изјави:„Па јас понекогаш се чудам на изјавите од опозицијата и имам чувство како некој намерно да го мести, тешко на новоизбраниот претседател на СДСМ, бидејќи од сите комори, од стопанствениците, од компаниите стигаат навистина позитивни вести, воодушевување и благодарности.Само од него успеавме да слушнеме критика, немам што да коментирам, можам да го посоветувам дека што побргу расчисти кај него во неговите советнички тимови, толку подобро ќе биде, и ќе биде и за државата подобро, бидејќи ќе имаме навистина конструктивна опозиција.Затоа што ваков тип на пораки, сега ние мораме да ги коментираме бидејќи сепак станува збор за најголема опозициска партија, но навистина се чудни. Еве во најмала смисла се чудни.“

Македонија | пред 1 година

26112024_Miteva

(Видео) Митева: Целта на Влада е да го трансформира македонското општество во дигитално општество, буџетот на МДТ за 2025 година е зголемен за 200%

„Денешната прес-конференција е посветена на развојната компонента на предлог буџетот во делот на дигитализацијата. Нашата цел како Влада е да го трансформираме македонското општество во дигитално општество. Ако се спореди вкупниот проектен буџет на Министерството за информациски и комуникациски проекти тогаш со оние од минатото може да се заклучи дека истиот е поголем за 200% - односно од 154 милиони денари во 2023 година, 182 во 2024 година, на 365 милиони денари во 2025 година“, рече портпаролката на Владата, Марија Митева.„Во делот на поединечните проекти за 2025 година е предвидено изградба на - Современ примарен податочен центар (ДАТА ЦЕНТАР) во Скопје што претставува капитална инвестиција која се најавува со години. Во овој момент сите државни системи физички се во своите надлежни институции, голем дел од нив во несоодветни услови кои предизвикуваат пократок век на траење на опремата, неажурирани софтверски верзии и со голем степен на ризик од сајбер напади. Проектот предвидува изградба на примарен податочен владин центар, каде сите органи на државната управа ќе ја колоцираат својата опрема. Со ова државата од една страна ќе оствари значителни заштеди за колокациски услуги. Тоа значи вклучување на ладење, безбедносни системи, противпожарни системи, надзор и одржување на просториите, а од друга страна ќе овозможи забрзана дигитална трансформација. Ова е повеќегодишен проект, но во почетокот на 2025 година планирана е изработка на физибилити студија која ќе ги дефинира техничките стандарди за изградба на центарот, локацијата и начинот на обезбедување на одржливост.Очекувана вкупна сума на проектот е до 40 милиони евра, а за следната година со буџетот се обезбедени 2 милиони евра за физибилити студија и почеток на изградбата.Понатаму, обезбедени се 40 милиони денари во буџетот и преку останати проектни фондови ќе работиме на дигитализација на најупотребуваните јавни услуги од граѓаните и компаниите. Тоа ќе го оствариме по специјално утврдена методологија за дигитализација на јавните услуги. Електронското испраќање на барањата за сите достапни јавни услуги до институциите и електронско добивање на потребните документи, преку компјутер или паметен телефон. Институциите ќе имаат можност да користат свои идентификациски алатки за потпишување на овие потребни документи. Во прво време се дигитализира добивањето на државјанство од Министерството за внатрешни работи, услугите на Управата за водење на матични книги, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Катастарот. Тоа значи дека ќе обезбедиме повеќе од 200 нови услуги на порталот Uslugi.gov.mk, што ќе ја дуплира бројката на достапни услуги.Исто така, почитувани, преку проектот во вредност од 60 милиони денари ќе работиме на систем преку кој ќе се обезбеди поврзување на институциите со споделување на документи. Во овој момент само 22 институции користат заеднички систем за електронско работење, а преку овој проект ќе го зголемиме бројот на институции за најмалку 10. Ќе се зголеми и бројот на документи кои ќе се изработуваат и потпишуваат целосно дигитално, без користење на хартија и истите ќе можат да се споделуваат и зачувуваат во дигитален формат.Дигиталната трансформација значи посилна поврзаност и подобра иднина за сите нас, затоа за само неколку месеци по преземањето на власта предвидовме нови 80 електронски услуги, зголемена поврзаност на институциите и фокус на сајбер безбедноста. Преку овие проекти и вложувањето во дигитализацијата ја осигуруваме нашата позиција во дигиталниот свет“, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева.

Македонија | пред 1 година

mickoski-skopje-2

Мицкоски: Владата ги штити македонските државни интереси

Во организација на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски, одржа говор на настан по повод, 80 години од ослободувањето на Скопје. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу другото, се осврна и на проблемот со Бугарија. Мицкоски истакна дека сега Македонија има власт која ги штити македонските државни интереси.„Различни импулси на збунетост доаѓаат од опозицијата која еднаш вели дека прифаќаме француски предлог, а другиот пат викаат дека сме против европската иднина, а всушност тие ја гледаат ненаучената лекција дека денес има влада, која ги штити македонските државни интереси и со цела сила се обидувам да издејствувам фер и достоинствено решение и барам шанса Европа да ги слушне нашите аргументи“, истакна Мицкоски.Мицкоски појасни дека лагите кои што ги изнесуваше СДСМ за уставните измени, ниту се случија, ниту пак ќе се случат. „Додека беа на власт, секој ден лиферуваа информации дека само што не сме попуштиле и ете сега некои наши пратеници ќе гласале за францускиот предлог“. Мицкоски дополни дека вложува труд, да се стави македонското прашање и нашата европска иднина на маса и да се разговара за фер решение.Во однос на Бугарија, Мицкоски потенцираше дека нема да се прифаќаат секакви уцени и диктати, како што било пример изминативе години.„Даваме се од себе, имаме интензивна комуникација со нашите стратешки партнери, но сум сигурен, тоа да бидете и Вие сигурни, дека нема ништо да прифатиме поради кои ќе Ве засрамам Вас народот и пред и над се Македонија“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

08112024_SEDNICA-9

Прва седница на Советот за координација на активностите поврзани со членството на Македонија во НАТО

Денеска 8-ми ноември 2024 година, се одржа првата седница на Советот за координација на активностите поврзани со членството на Република Северна Македонија во НАТО, во новиот состав на Владата.Седницата ја водеше претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во својство на претседавач на Советот, на која присуствуваа сите членови на Советот, како и амбасадорите на земјите членки на НАТО во земјата на негова покана.Претседателот на Владата Мицкоски, ја истакна важноста од нашето членство во НАТО, како и блиската меѓуинституционална координација во рамките на Владата, по значајни прашања од агендата на НАТО и реализацијата на нашите обврски кои произлегуваат од членството во Алијансата.„Како кредибилен сојузник, нашата земја останува посветена кон својата определба за придонес за зачувување на колективната безбедност и регионалниот мир, стабилност и просперитет. Воедно, согласно нашите можности и капацитети, остануваме посветени за обезбедување на одржлива поддршката за Украина и нејзините стремежи за постигнување на мир. Импликациите од актуелните глобални безбедносни предизвици бараат обединет и силен одговор од сите членки на Алијансата.Во оваа прилика упатуваме благодарност до сојузниците со кои заеднички ги споделуваме Евро-атлантските вредности и одговорности за нашата заедничка безбедност и стабилност, како и за поддршката која ја даваат за зајакнување на националните капацитети и одржување на нивото на подготвеност како земја членка на НАТО.”, истакна Мицкоски.На седницата се обрати и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во својство на ко-претседавач со Советот.„Денешниот состанок на Советот, кој претставува платформа за сеопфатна размена на информации и дискусија за сите значајни теми и градење на национални позиции, како и предлагање на одлуки за нивна имплементација, е практичен доказ за нашите заложби за квалитетен придонес кон унапредување на регионалниот мир и стабилност, но и целокупната трансатлантска безбедност. Наша цел е да се фокусираме на воспоставување на целосно функционална, ефективна и одржлива структура, каков што е Советот, во насока на натамошно зајакнување на нашите институционални капацитети, креирање политики и дефинирање на ставови, подеднакво важни за земја и за Алијансата”, порача Муцунски.На седницата се обрати и министерот за одбрана Владо Мисајловски, во својство на ко-претседавач со Советот.„Денес, одржавме редовна седница во нов состав на Советот на кој дискутиравме за тековните прашања од значење на одбраната и безбедноста на државата за кои се побарува сеопфатен пристап, усогласени ставови и координиран настап во НАТО контекст. Согласно дневниот ред, разговаравме за модалитетите за понатамошната поддршка на Украина, го брифирав Советот за активностите на полето на одбраната, а поврзано со донесените одлуки содржани во Декларацијата донесена од страна на шефовите на влади и држави кои учествуваа на Самитот на НАТО во Вашингтон, како и за редовниот состанок на министрите за одбрана одржан 17-18.10.2024 година во Седиштето на НАТО во Брисел, К.Белгија”, порача Мисајловски.Во оваа прилика членовите на Советот, имаа можност да разменат мислења за актуелните безбедносни состојби, вклучително и реализацијата на одлуките донесени на Самитот на НАТО во Вашингтон, вклучително и за состојбите во Украина, нашите заложби за обезбедување долгорочна поддршка на Украина, како и за исполнувањето на нашите обврски за промовирање на безбедноста на регионално и глобално ниво заедно со другите сојузници во НАТО.Предвидено е Советот да се состанува редовно со цел одржување соодветна динамика на активно следење на состојбите и потребите на Алијансата, согласно обврските кои произлегуваат од нашето членство во НАТО.

Македонија | пред 1 година

461974913_10231424612494429_6275913557833391683_n

На министерот Фетаи му се заканиле со „куршум во глава“

Вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи, на службениот мејл, добил порака со закана по животот. Информацијата ја објави тој на својот Фејсбук профил посочувајќи дека пораката стигнала по неговата изјава за отстранување на дефиницијата „20 проценти“ за албанскиот јазик во Уставот.„Денес, од европската престолнина Брисел, се чувствувам принуден да одговорам на заканата по мојот живот што ја добив во мојата официјална електронска пошта. Оваа закана дојде по мојата вчерашна изјава за отстранување на дефиницијата ’20 проценти’ за албанскиот јазик. Мејлот е насловен ‘куршум во глава за тебе шипо Фетаи’ и ја содржи оваа порака: ‘Нема да се сменат 20-те проценти, туку се шиптарско ќе ве убиеме со куршуми во глава. Да цркнете, мртов шиптар, добар шиптар, смрт за шиптари’“, напиша Фетаи на Фејсбук.

Македонија | пред 1 година

miteva-pres-1

(Видео) Најавеното покачување во образованието се реализира, октомвриската плата е зголемена за 5%, продолжува растот на платите до минимум 46%, кажа Митева

„Со новата Влада, наставниците почнуваат да се чувствуваат сигурни и помотивирани продолжуваат да ја извршуваат својата работа. Тоа е особено важно за подигнување на квалитетот на наставата и за континуитет во создавање нови и добро подготвени генерации“, кажа Марија Митева, портпаролка на Владата.„Првото најавено покачување почнува да се реализира. Октомвриската плата, која се исплаќа овој месец, зголемена е за 5%. Расте нивната економска стабилност, како резултат на постигната спогодба помеѓу Владата и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, од минатиот месец, која предвидува кумулативно покачување на платите на наставниците помеѓу 46 и 60% во следните 4 години, а истото ќе зависи од степенот на инфлацијата.Од март следната година ќе има ново покачување за 7%, за што, во буџетот на Министерството за образование и наука за 2025 година се предвидени зголемени блок дотации кон општините за 1 милијарда и 500-тини милиони денари, споредбено со блок дотации од тековна година. Во апсолутен износ блок дотациите за 2025 година ќе изнесуваат речиси 24 милијарди денари.Дозволете да потсетам и дека годинава, со самиот ребаланс на Буџетот се обезбедија дополнителни 900 милиони денари за да може нормално да продолжи исплатата на платите во образованието. Претходното раководство целосно го имало потрошено буџетот за оваа намена. Но, тоа е зад нас. Состојбите се менуваат и постепено се враќа дигнитетот на наставникот и неговата вредност во општеството. Следува уште поголема грижа не само за економскиот стандард, туку и за подобри услови за работа и континуиран кариерен и професионален развој“, додаде портпаролката на Владата.

Македонија | пред 1 година

miteva1

(Видео) Митева: Значителен напредок во Царинската управа, за само 3 месеци пораст на наплатата на приходите за 3 милијарди денари

„Во текот на изминативе три месеци, видовме значителен напредок во нашите операции кои се клучни за економската стабилност и интегритет на нашата држава. Најпрво, сакам да потенцирам дека Царинската управа успеа да собере над 24 отсто повеќе приходи од увозни давачки и акцизи во однос на претходниот квартал. Ова зголемување е јасен показател за нашата посветеност да го подобриме создавањето приходи и да обезбедиме ефикасно спроведување на нашите економски политики“, кажа портпаролката на Владата, Марија Митева.„Второ и исто така многу важен податок е состојбата со наплатата која бележи раст. Имено, од 1 јули до 8 октомври има забележителен пораст на наплатата на приходите кои изнесуваат над 35 милијарди денари. Оваа бројка претставува зголемување од 3 милијарди денари, што бележи пораст од 9,2 отсто во однос на истиот период минатата година.Овој раст ги нагласува нашите ефективни стратегии за начинот на работата и создавањето приходи. Подобрувањата направени во оперативните процеси, не само што ја подобруваат усогласеноста, туку и ја зајакнуваат нашата фискална позиција.Дополнително, направени се значителни подобрувања во мерките за спроведување и регулатива. Заострените контроли доведоа до импресивно зголемување на изречените казни за 186 отсто. Ова пак, го покажува нашиот пристап на нулта толеранција кон прекршувањата и нашата посветеност на одржување на фер трговско опкружување.Овие достигнувања не се само бројки, тие ја претставуваат нашата посветеност на транспарентноста, отчетноста и заштитата на нашата економија“, рече Митева.

Македонија | пред 1 година

miteva-1

(Видео) Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46%, почнуваме веднаш со покачување од октомвриската плата, рече Митева

„Владата презема чекори за подобрување на животот на граѓаните во сите сфери и за таа цел, после опсежни преговори донесовме одлука да ги зголемиме платите на наставниците и професорите, и тоа: за 5% покачување почнувајќи од октомвриската плата којашто ќе биде исплатена во месец ноември оваа година, па се до февруарската плата којашто ќе биде исплатена во месец март 2025 година“, рече портпаролката на Владата, Марија Митева.„Она што е важно да се напомене е одлуката на Владата да продолжи со континуиран раст на платите на образовниот кадар, па затоа се зазема став веќе во месец март 2025 година да имаме покачување на платите од 7%. Во 2026 година во месец март во зависност од состојбата на Буџетот да има покачување на платите помеѓу 7 и пол и 10%. Дополнително, во 2027 година, и тоа повторно во зависност од состојбата на буџетот, да има покачување на платите помеѓу 7 и пол и 10%, додека пак во март 2028 година покачувањето да биде помеѓу 10 и 12 и пол %.Со овој пристап Владата се обврзува на континуиран раст на платите на образовниот кадар кој во 2028-та година би достигнал раст од минимум 46% повисока плата за сите во образовниот кадар за разлика од онаа којашто ја земаат денеска, во зависност од тоа која скала ќе биде применета, а тоа повторувам повторно ќе зависи од приходната страна на Буџетот.Владата и Министерството за образование и наука продолжуваат со креирање на партнерски дијалог со СОНК со кој се зазема став дека најдоцна до месец февруари идната година ќе биде донесен и Колективниот договор согласно горенаведената методологија и врз основа на истиот ќе се предвидат и овие, но и сите останати отворени прашања.Со оваа мерка како Влада уште еднаш потврдуваме дека остануваме силен партнер, дека преку градење на искрен но аргументиран дијалог, и најважно со правична алокација на средствата од буџетот граѓаните, работниците, работодавачите и сите останати ќе имаат подобар животен стандард, а македонската држава ќе има стабилна и силна економија која тоа ќе го овозможи“, изјави Митева.

Македонија | пред 1 година

Miteva

(Видео) 250 евра ваучер за таблети за сите студенти и финансиска помош до 30.000 евра за бизнис, најави Митева

„Младите мора да го добијат централното место во носењето на одлуки - ова е визијата на Владата при носењето на мерки и политики кои ќе придонесат за подобрување на животниот стандард. За таа цел, Владата предвиде мерки и тоа 250 евра ваучери за студентите за електронски уред, но и финансиска поддршка до 30.000 евра за бизнис за млади“, рече портпаролката на Владата, Марија Митева.„Во однос на истото, сакам да најавам дека од страна на Владата е отпочната комуникација со компаниите во делокругот на информатичката технологија кои до крајот на оваа година треба да финализираат и истите да резултираат со утврдување на пристап кој е најповолен и преку кој ќе се изнајде најдобра методологија за распределба на обезбедените финансиски средства.Имено, целта е да се изнајде најповолно решение каде компаниите ќе ги обезбедат електронските уреди, а исплатата ќе биде извршена преку ваучерите кои ќе бидат наменети за сите студенти. Воведувањето на оваа мерка со која на сите студенти ќе им обезбедиме ваучер од 250 евра специјално за купување електронски уреди е дизајнирана да обезбеди сите студенти да имаат пристап до технологијата што им е потребна за да успеат во денешниот дигитален свет.Што значи ова за младите, за нашите студенти?Во сè повеќе дигитално доба, пристапот до електронски уреди како што се лаптопи, таблети и образовен софтвер е од клучно значење за ефективно учење. Овие ваучери ќе им овозможат на студентите да ги стекнат алатките што им се потребни за целосно да учествуваат во нивното образование.Оваа иницијатива не само што се однесува на намалување на дигиталниот јаз, туку и ја поддржува нашата посветеност за поттикнување на поправедна образовна средина. Разбираме дека многу семејства се соочуваат со финансиски предизвици кога станува збор за инвестирање во технологијата и сакаме да ублажиме дел од тој товар.Знаењата и вештините стекнати со користење на технологијата се од витално значење за нивните идни кариери и личен развој.Покрај индивидуалните придобивки, оваа иницијатива ќе ги зајакне нашите образовни институции.По финализирањето на преговорите со ИТ компаниите кон крајот на оваа година ќе обезбедиме повеќе детали за процесот, како и насоки за тоа како младите ќе можат да ги максимизираат придобивките од овие ваучери. Ги охрабруваме студентите и родителите целосно да ја искористат оваа можност.Заедно, да се погрижиме сите наши млади луѓе да ги имаат алатките што им се потребни за да напредуваат во светот кој постојано се менува“, соопшти Митева.

Македонија | пред 1 година

portparolki-vlada

Митева и Љатифи Азизи избрани за портпароли на Владата

Денеска се одржа 25-тата владина седница на која се избраа портпароли на Владата на Република Северна Македонија.За портпарол на Владата е избрана Марија Митева.М-р Марија Митева по професија е дипломиран правник на Универзитетот Св. Кирил и Методиј - правен факултет Јустинијан I, со магистратура по деловно право и положен правосуден испит.На професионален план, Марија поседува богато работно искуство во правната и политичката сфера, со повеќе од 10 години прогресивно работно искуство. Нејзината професионална историја вклучува позиции како советник за правни работи во Владата, како и советник за нормативни работи во Град Скопје. Во изминативе години активно се занимава со политика, што резултираше со нејзин избор за пратеник во Собранието каде беше вклучена во креирањето и разгледувањето на значајни закони и политички одлуки кои влијаат на иднината на државата.Во делот на неформалното образование, Марија има бројни доедукации, како што се обуки кои вклучуваат проектно планирање за ЕУ проекти, управување со квалитетот во јавните институции, родова еднаквост и медиумска писменост. Во 2022 година, Марија беше дел од програмата на Американски совет на млади политички лидери (ACYPL) организирана од Амбасадата на Соединетите Американски Држави, каде го збогати своето знаење во рамки на меѓународната политика. Исто така, таа од 2021 година е алумни и на Шведскиот институт преку успешно завршен модул на Академијата за млади професионалци на тема - миграција и интеграција во Западен Балкан. Во 2019 година учествуваше во обуки за вклучување на напредни методологии за креирање јавни политики водени од податоци организирана од Меѓународниот републикански институт (IRI), како и обука за управување со квалитет во јавни институции и работеше на зајакнување на отпорноста против дезинформации организирана од Националниот демократски институт (NDI). Како член на работната група за родова еднаквост во рамки на проектот Жените водат (NDI) таа придонесе за промовирање на инклузивно управување и ангажман во политиката.Митева е постојано ангажирана во политички дебати и форуми, со цел истражување иновативни решенија за клучните општествени проблеми, а нејзината посветеност кон континуираното учење и следење на политичките трендови е од огромно значење за нејзиното ефективно управување и служење на граѓаните, особено во областите на политиката и општествените науки, овозможувајќи подобро разбирање и пристап кон општествено одговорните прашања. Не ретко ги истакнува вредностите како интегритет и професионализам, кои ги смета за клучни во секојдневното работење и социјалниот ангажман. Со силна принципиелност, чесност и чувство за праведност, таа е целосно посветена на политиката и нејзино подобрување.За портпарол на Влада е назначена и Венера Љатифи Азизи.Венера Љатифи Азизи е поранешна уредничка и новинарка во Радио Слободна Европа во Прага, уредничка во новинската агенција МИА, уредничка и водителка во Алсат М Телевизија, уредничка во весникот КОХА, А1 Телевизија, и други медиуми во земјата. Актуелно вработена во кабинетот на градоначалникот на Општина Чаир како одговорно лице за односи со јавноста и за поддршка на градоначалникот. Дипломиран политиколог во Универзитетот на Југоисточна Европа. Актуелно магистрант по дипломатија и меѓународни односи на тема „Улогата на дипломатските претставништва и евроатланските интеграции на Северна Македонија“. Мажена, мајка на две деца.Наум Стоилковски е именуван за Советник за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли.Стоилковски е дипломиран новинар на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.Стоилковски има повеќедецениска долга и плодна медиумска и новинарска кариера во домашни и странски медиуми, каде што професионално се надоградува и извршува повеќе функции во медиумската сфера.Во неговата кариера работел во пишани медиуми, дневни весници, неделници, работел како ТВ новинар, уредник на вести, продусер, уредник и водител на ТВ и радио емисии, како и на современите интернет медиумски содржини. Оженет, татко на две деца.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-07-at-22.43.46

Столиците беа однесени, компјутери немаше, апокалипска беше кога влеговме во Владата, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски, тврди дека кога влегле во Владата ги немало дури ни столиците, а ни компјутерите. Според Мицкоски, било тотален хаос.„Кога влеговме прв ден во Владата, буквално пикавци имаше по патосите, немаше компјутери, столици беа дури однесени, тоа беше една би рекол апокалиптична сцена која ја наследивме таму, посебно по канцелариите. Без никаква дисциплина, тоа беше еден тотален хаос. Полека но сигурно влегуваме на шини, ги ставаме работите на шини, функционира системот. Се доекипираме и од утре ќе имаме портпарол на Владата и заменик-портпарол и мислам дека на тој начин, полека но сигурно прв круг на соработници околу мене се затовра“, вели Мицкоски.Именувањето на портпаролите ќе биде утре на владина седница.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-06-at-16.01.15

Меџити: Остваривме ветување кое никој не мислеше дека ќе го реализираме

Вицепремиерот на Владата Изет Меџити на прес-конференција за првите 100 од новата влада се фокусираше на борбата против коцкатањето како една од главните точки што ја ветија како предизборно ветување.Според него, коцкањето во последните години стана рак на општеството каде илјадници наши сограѓани претрпеле финансиски, семејни, морални и економски штети.„Илјадници наши луѓе заминаа и побегнаа во странство. Претходната власт го донесе коцкањето на секоја улица, секое маало, пред секое училиште и пред секое игралиште. На крајот, тие сакаа да го донесат на телефоните и компјутерите на нашите деца. Го прекинавме ова. Им ги укинавме незаконските лиценци на три интернет коцкарски компании. Ги отстранивме од веб-страниците кои легално или незаконски организираа коцкање. Исполнивме ветување кое никој не мислеше дека ќе го исполниме“, рече Меџити.--

Македонија | пред 1 година

aparat-magnetna-idadija-2

Влада: Подобрување на здравствениот систем за 100 дена, вработување 600 специјализанти, набавена апаратура и реновирано одделение на Дигестивна хирургија, нов апарат за Магнетна резонанца, проширена п...

„Подобрување на здравствениот систем, здравствената заштита и услуги за пациентите се приоритет на Владата и Претседателот Христијан Мицкоски. 100 дена нова Влада значи вработување на 600 специјализанти во дефицитарните области, укинување на економските директори, нова Магнетна резонанца во Поликлиника Идадија, реновирано одделение на Дигестивна хирургија и нова апаратура, проширување на позитивната листа за 9 генерици или 87 лекови“, велат од Владата.„За 100 дена Влада се укинаа постоењето 1000 економските директори и со тоа се става крај на дуализмот во здравствениот систем. Со ова прецизно ќе се лоцира одговорноста во менаџирањето на институциите, а ќе се заштедат и финансиски средства. Здравствените установи имаат само медицински директори кои ќе управуваат со здравствените установи.Вработување на 600 специјализанти во јавните здравствени установи во дефицитарните области ќе се одвива во две фази, и тоа вработување на 300 специјализанти до крајот на година, и 300 специјализанти следната година. Со ова им даваме шанса на младите доктори, а ги решаваме и проблемите со гужвите по здравствените установи и покажуваме дека водиме грижа за пациентите.Конечно после деценија, новата влада во првите 100 дена донесе одлука за проширување на позитивната листа со 9 генерици или 87 лекови , во различни имиња, форми, јачина и пакување и тоа за крвен притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и за деменција.Ова е значително олеснување за пациентите, со што вкупно еден милион евра ќе останат кај граѓаните.Понатаму, комплетно е реновирано одделение за дигестивна хирургија со нови кревети, плакари, врати и осветлување. А се набави и апаратура за лапароскопски столб и изведба на оперативен зафат со употреба на флуоресцентен контраст во вредност од 1.000.000 евра.Дополнително, во Поликлиника Идадија во ЈЗУ Здравствен Дом Скопје е пуштен во употреба новиот апарат за Магнетна резонанца во вредност о 1.300.000 евра, кој од медицински аспект претставува врв во дијагностиката кој дава најдобар приказ, визуелизација на дефинитивна и детална слика на внатрешни органи и меки ткива, неинвазивна, безболна метода, која употребува нејонизирачко зрачење и е предност во однос на сите други дијагностики во радиодијагностиката“, се наведува во соопштението на Владата.

Македонија | пред 1 година

gradinka-2

Влада: За 100 дена започнавме изградба на три детски градинки, а се пушти во употреба и доградбата во ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во Илинден

„Во првите 100 дена од мандатот на новата Влада започна изградба на три нови детски градинки, а пуштена е и доградбата во ЈОУДГ „Гоце Делчев“. Со ова покажуваме дека Владата се грижи и за најмалите. Беше поставен камен темелник на изградба на нова детска градинка во Општина Бутел за што се инвестирани 100.000.000 денари, а капацитетот на згрижување e за над 200 дечиња. Со ова Бутел 2 конечно ќе добие нова детска градинка“, велат од Владата.„Исто така, започна и изградба на нова детска градинка во Трубарево, Општина Гази Баба за што се инвестираат 19.000.000 денари, која ќе има опфат за сместување на над 60 дечиња.Започнаа градежни активности за доградба на објектот Изворче во детска градинка Срничка во Општина Аеродром за што се инвестираат 120.000.000 денари. И тука капацитетот на згрижување е околу 170 деца од 0 до 6 годишна возраст.Исто така во овие 100 дена се пушти во употреба доградба на градинката „Гоце Делчев“ во Општина Илинден во вредност од 15.000.000 денари за згрижување на 60 деца. Оваа доградба значи конечно затворање на листите на чекање во Општина Илинден.Владата и претседателот Христијан Мицкоски се обврзаа дека главен приоритет во мандатот ќе биде намалување на листите на чекање за прием во детските градинки.Продолжуваме и во следниот период да инвестираме, да градиме и создаваме за сите категории на граѓани. Листите на чекање мора целосно да се намалат. Дечињата мора да имаат соодветна грижа и услови за престој во детските градинки. Посветени сме и одговорно работиме на создавање на нова надеж и иднина за сите граѓани“, се наведува во соопштението на Владата.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања