ВЛАДА

mickoski4

Мицкоски: Ова не е коалиција што се бори за стабилност, а опозицијата наместо да обвинува, да биде конструктивна

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во обраќањето по повод 100 дена Влада нагласи дека владината коалиција е стабилна и дека и покрај различните мислења за одредени прашања, сепак сите коалициони партнери се обединети околу стратешките прашања.„Коалицијата има двотретинско мнозинство, ова не е коалиција што се бори за својата стабилност. Хармонијата и колегијалниот дух владее во коалицијата, на моменти нормално е да постојат и различни мислења, но тоа не значи дека не се согласуваме за стратешките прашања“, кажа Мицкоски.Премиерот и порача на опозицијата да биде конструктивна и силна и наместо да обвинува, да се натпреварува со политики кои ќе донесат подобар стандард на граѓаните.„Има такви кои велат дека ВМРО-ДПМНЕ направило премногу отстапки на коалиционите партнери и такви кои велат дека ВМРО-ДПМНЕ ги поништи своите коалициони партнери. Ги слушам сите тие гласови кои доаѓаат од опозицијата од кои едната се обидува да опстане на политичката сцена, а другата преку националистичка реторика се труди да се врати на политичката сцена. Тие мислат дека ако испраќаат такви пораки ќе внесат раздор и недоверба во таа коалиција. Можам да ги разочарам и да им кажам дека не само што не се успешни, туку таквото нивно однесување го зајакнува заеднички дух. Не смееме да се вратиме кон овие политичари кои поминаа децении во македонската политика, а ќе останат запаметени по корупција и многу предавства на сметка на личните интереси.Нема да навлегувам зошто ДУИ во изминатите 21 година не успеа да ги постигне стратешки цели, зошто СДСМ на лага се обидуваше да ја задржи својата власт. Имам да им порачам на двете партии дека имаме потреба од силна и конструктивна опозиција со која ќе се напреваруваме за политики кои ќе донесат подобар стандард на граѓаните“, рече премиерот.Во однос на забелешките дека процесот на именување на кадри оди бавно, премиерот рече дека не треба да се избрзува и дека понекогаш е подобро да се направи еден вистински чекор, отколку да се направат три чекори па потоа да се враќаме пет чекори назад.„Не можеме да зборуваме за брзина на именување на кадри затоа што многупати во минатото во јавноста имаше критика дека многу брзо се партизирале институциите, многу брзо се именувале партиски кадри, се менувале професионалци. Апсолутно се сложувам со тоа затоа што не секогаш треба да реагирате многу бргу за да покажете некаква силина и дека се што било претходно, не чинело. Покажавме како Влада дека се што било добро од претходната влада, сме го продолжиле како што беше и случајот со странските инвестиции“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

MICKOSKI-SREDBA-05082024-3

Влада: Над 330.000 пензионери од денеска го земаат покачувањето од 2500 денари, од март следната година следува уште едно

„Од денеска започна исплатата на септемвриската пензија со покачување од 2500 денари. Иако ветувањето беше дека во првата година од мандатот ќе се покачат пензиите, Владата во првите 100 дена го реализира ова ветување“, велат од Владата.„Над 330.000 пензионери од денеска го земаат покачувањето од 2500 денари, а од март следната година следува уште едно покачување за 2500 денари, со што пензионерите конечно го добиваат она кое што го заслужуваат, достоинствени пензии и поквалитетен животен стандард.Линеарното покачување на пензиите за вкупно 5000 денари е уште едно ветување реализирано од страна на Владата и премиерот Христијан Мицкоски.За Владата недозволиво е пензионерите наместо да уживаат во своите пензионерски денови, да протестираат и да молат за повисоки пензии.Владата останува 100% посветено да работи за пензионерите и за сите граѓани“, соопшти Владата.

Македонија | пред 1 година

vlada-2024-mickoski

Влада: Се укинуваат лиценците за интернет игри на среќа

Денеска Владата на Република Северна Македонија ја одржа 22 седница.Поради неправилности во работењето, пропусти и основани сомнежи за незаконско работење и постапување Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои информацијата во врска со потребата за престанување на Друштвото за приредување на електронски игри на среќа, Нова Државна видео лотарија НОВО ВЛТ ДОО – Скопје и друштвата за приредување интернет игри на среќа, Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – МОЗЗАРТ ДОО Скопје, Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – 77 БИТС ДОО Скопје и Друштвото за приредување интернет игри на среќа Државна лотарија – ВЕЗУВ ДОО Скопје, во кои содружник е Акционерското друштво за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Република Северна Македонија и преземање активности за отстранување на платформата 2Win.mk за приредување интернет (онлајн) игри на среќа на Друштвото за приредување на игри на среќа, Државна видео лотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО – Скопје.Се задолжува Друштвото за приредување на игри на среќа, Државна видео лотарија на Република Македонија – КАСИНОС АУСТРИА ДОО – Скопје да ги преземе потребните активности за отстранување на платформата 2Win.mk за приредување интернет (онлајн) игри на среќа од глобалната интернет мрежа, согласно Автентичното толкување на членот 7 ставови (2), (3) и (4) од Законот за игрите на среќа и забавните игри.

Македонија | пред 1 година

mickoski-vlada-2

Мицкоски денот ќе го помине во Кавадарци, Владата ги објави активностите

Ве известуваме дека денеска 21.09.2024 (сабота) претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе ја посети Општина Кавадарци.Во 13:00 часот, претседателот на Владата Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на објект – Дом на култура со спортска сала во село Дреново, проект во вредност од 25.000.000 денари.Во 13:40 часот ќе изврши увид на градежни активности на објектот „Дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост“.Во 14:15 часот ќе го посета ОВР Кавадарци и презентација на проектот Safe city.Safe city е инвестиција на општината со меморандум со Министерството за внатрешни работи со кои ќе се овозможи на МВР да ги гледаат вкупно 220 камери на општината.Проектот е почнат од 2019 година, направен со општински средства, а до сега се вложени 13.000.000 денари. Секоја година Safe city се дополнува со камери и софтвер.Предвидено е изјава за медиуми да даде претседателот на Владата Мицкоски по презентација на проектот Safe city.

Македонија | пред 1 година

image_123650291-1-1

Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови, вети премиерот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, во врска со реконструкцијата на државниот студентскиот дом „Стив Наумов“ изјави:„Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови, но не само во Скопје туку и во другите градови, каде што имаме универзитетски кампуси и центри. 18 милиони евра ќе бидат вложени за двата студентски дома во Скопје, тоа се „Кузман Јосифовски- Питу“ и „Стив Наумов“.Премиерот информираше дека ќе следи реконструкција и на другите студентски домови во државата како еден од главните приоритети на Владата. Реконструкцијата на државните студентски домови „Кузман Јосифовски- Питу“ и „Стив Наумов“ е во тек, истата се очекува да биде завршена следниот период.„Тие два студентски дома ќе бидат реконструирани и таму е почната реконструкцијата. Во периодот кој што следи очекуваме таа да биде завршена. Мислам дека во моментов се изведуваат електричните инсталации, но исто тоа ќе биде проектирано и во другите универзитетски центри во државата. Така што, тоа е и едно од оние ветувања кое што го ветивме за студентите и за младите“, истакна премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-vlada-2

Повеќе нови одлуки на Владата: Основан Совет за финансии, поминаа два закони, именувани нови директори

Владата ја одржа својата 20 редовна седница на Влада при што беа донесени повеќе одлуки и решенија.Владата донесе одлука за формирање на Совет за управување со јавни финансии, како највисоко координативно тело на Владата за следење на спроведувањето на реформите на управувањето со јавни финансии предвидени со Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии 2024 - 2027 година.Советот ќе го сочинуваат претседател и девет члена, и тоа:- министерот за финансии - претседател;- министерот за европски прашања - член;- министерот за енергетика, рударство и минерални суровини - член;- министерот за јавна администрација - член;- министерот за дигитална трансформација - член;- директорот на Царинската управа - член;- директорот на Управата за јавни приходи - член;- директорот на Бирото за јавни набавки - член;- претседателот на Државната комисија за жалби по јавни набавки - член и- главниот државен ревизор – член.Основни работи на Советот се да ги презема потребните активности при остварување на реформските цели на Програмата, да го разгледува и одобрува Предлог-Годишниот Акциски план за спроведување на Програмата, пред негово усвојување од страна на Владата, да го следи спроведувањето на Програмата и Годишниот акциски план за спроведување на Програмата во однос на утврдените резултати, показатели и таргети, да ги разгледува, дава мислења и препораки за полугодишниот и годишниот извештај за напредок во спроведувањето на Програмата и на Годишниот акциски план за спроведување на Програмата кои се доставуваат на усвојување до Владата, да предлага мерки што влијаат врз временската рамка за спроведување на активностите, да предлага мерки поврзани со финансирање на активностите во рамките на Програмата, да обезбедува тесна соработка помеѓу релевантните институции вклучени во реализација на активностите, да решава кои било прашања поврзани со координација помеѓу засегнатите страни, да води дијалог за политиките на високо ниво со донаторите и другите засегнати страни за спроведување, финансирање и опфат на реформата на управување со јавни финансии, да следи и дава насоки за обезбедување на широка општествена поддршка за планираните реформи на управувањето со јавните финансии, да го води процесот на среднорочна и конечна процена на целите и резултатите на Програмата и предлага промени на мерките и активностите утврдени во Програмата и заеднички да ги разгледува критичните точки или тесни грла во понатамошното спроведување на Програмата, и предлага и презема корективни активности за решавање на идентификуваните проблеми (во поглед на процесот на управување со ризици).Владата усвои информација за реализација на проекти од Програмата за изградба и реконструкција на спортски објекти за 2024 година од страна на Министерството за спорт.Со информацијата се опфатени следниве проекти:• Проект „Изградба на спортска сала во Воена академија - Скопје“. Спортската сала ќе се гради во комплексот на касарната во општина Аеродром. Истата ќе биде наменета за питомците на Воената Академија. Реализацијата на истата ќе се одвива 2024 и 2025 година.• Проект „Санација на спортска сала Расадник, Општина Кисела Вода“. Во соработка со општина Кисела Вода ќе се изврши реконструкција на постоечкиот објект. Од страна на општината е подготвен Проект за реконструкција на мултифункционалната спортската сала Расадник со капацитет од 1000 – 1500 гледачи.• Проект „Санација на спортска сала во УКИМ“. Салата е оштетена од причина што по завршување на градежните активности истата не беше приклучена на водоводната и канализационата мрежа, што претставуваше обврска на Универзитетот. Потребни се низа на санации, како поправање на фасада, менување на прозори, машинство обезбедување на опрема и сл.• Проект „Санација на спортска сала во Општина Радовиш“. СРЦ „25 Мај“ Радовиш располага со вкупна површина од 3.968 м². Самиот комплекс располага со голема сала со површина од 1.126 м² и капацитет од фиксни трибини од 1300 гледачи, но со помош на подвижни седишта гледачкиот капацитет се движи од 1300 до 2600 во услови на боксерски и слични натпревари и мала сала со површина од 400.80 м² со капацитет од 160 гледачи.• Проект „Санација на спортска сала во Општина Ново Село“• Проект „Санација на фудбалско игралиште на ФК Тетекс, Тетово“• Проект „Санација на маалски мултинаменски игралишта“• Проект „Санација на детски игралишта со поставување на спортска опрема во градинките“• Проект „Поставување на пристапни рампи во објектите за спорт за лица со попреченост“• Проект „Изградба на атлетска патека во Општина Гевгелија“Министерство за спорт ќе спроведе постапки за јавни набавки со цел избор на најповолен понудувач/изведувач и надзорен орган при реализација на проектите.Оваа година средства во висина од 35.039.500,00 денари ќе бидат наменети за инвестиции за овие објекти.Владата ја разгледа и усвои информација за преземените активности за раскинување на Договорот за закуп на административно – деловен простор склучен помеѓу ХЕЈ ДООЕЛ Скопје и Акционерското друштво за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Република Северна Македонија. Овој договор кој е склучен за време на минатата влада предизвика силни контроверзни и нереални високи суми при што се споменуваа и одредени лукративни интереси. Договорот е во износ од 2.26 милиони евра во период од неколку години.На денешната седница на Владата, на предлог на Службата за заеднички и општи работи, беше формирана комисија со цел да започне постапка за измена и дополнување на два важни закона за промоција на транспарентноста и владеењето на правото.• Законот за користење и располагање со стварите во државна и стварите во општинска сопственост и• Законот за возилаСо овие измени ќе се воспостави регистар на сите државни патнички моторни возила кои ќе бидат обележани со регистарски таблици во посебна боја за полесно идентификување.Владата донесе повеќе кадровски одлуки при што:1. Абаз Селмани, го именува за Национален координатор за интеркултурализам, развој на културата и меѓуресорска соработка2. Даниела Јовчевска - Михајловска, ја именува за вршител на должноста директор на Државен испитен центар, на предлог на министерот за образование и наука3. Али Абдула, го именува за вршител на должноста заменик-директор на Државен испитен центар, на предлог на министерот за образование и наука4. Роберт Аџипетров, го именува за вршител на должноста директор на Педагошка служба, орган во состав на Министерство за образование и наука.

Македонија | пред 1 година

w_56736105

Универзитетите може да добијат и клуч на врата - Мицкоски е спремен да го реформира високото образование

Не е исклучено затворање на универзитети кои работеле спротивно на законите, како дел од реформата во високото образование. Ваков е ставот на премиерот Христијан Мицкоски, кој потенцираше дека компаниите сакаат компентени кадри. Според него, не е важно дали се државни или приватни универзтите, туку ќе бидат опфатени сите кои не работат согласно законите.„Сакам да зборувам за озбилни реформи во високото образование, кога некои универзитети кои работеле спротивно на законот, да одговараат тие личности како што се ректорите кои ги злоупотребуваат средствата на граѓаните. И се поставува прашањето дали ни се потребни реформи во високото образование, со тоа што тие универзитети кои не ги исполнуваат критериумите, треба да се затворат“, вели Мицкоски.Тој додаде: „Ни требаат стручни кадри, компентентни. Таму нема Албанци или Македонци, туку дали зборуваш македонски, шпански.. Ако не те бива, ене ти ја вратата, ајде, 'раус'“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_6293

Влада: Четири нови странски инвестиции и нови над 1500 вработувања

,,Владата за само два месеци донесе 4 странски инвестиции и нови над 1500 вработувања.Првата инвестиција Претседателот на Владата Мицкоски ја промовираше само еден ден по формирање на Владата. Станува збор за изградба на ветерници во државата со капацитет до 400MW на „Aлказар Енерџи“ во вредност од 500 милиони долари. Оваа инвестиција ќе се реализира во општините Радовиш, Штип и Карбинци, а ќе бидат инсталирани 55 ветерници и 630 нови вработувања, со што 100.000 граѓани ќе се снабдат со електрична енергија.Германско-белгиска на „Епсотех Аим“ е втората инвестиција за изградба на развојно истражувачки центар, алерти центар во индустриско-технолошките зони на територијата на Општина Петровец. Вредноста на инвестицијата е 20 милиони евра и нови 110 вработувања.Третата странска инвестиција е за производство на сопирачки за шински возила на американскиот „Вебтек“ во вредност од 35 милиони евра. Со оваа инвестиција ќе се отворат нови над 100 вработувања, а истата ќе се реализира во Технолошко индустриско развојната зона Скопје.И четврта инвестиција која ја донесе Владата е производство на литиум јонски батерии во Технолошко индустриско развојната зона Скопје. Инвестицијата на германската компанија „BMZ Group“ е во вредност од 65 милиони евра и отвора нови 700 вработувања.Уште во првите два месеци се гледаат позитивните ефекти од владеењето на Владата и Претседателот Христијан Мицкоски.Приоритет на Владата е силен економски развој и целосна трансформација на државата, се со цел поквалитетен и подобар животен стандард на граѓаните.Владата и во иднина ќе продолжи да работи на носење на нови странски инвестиции и отворање на нови работни места.”, велат од Владата.

Македонија | пред 1 година

vlada-2024-mickoski

Владата преку МОН за прв пат по 7 години обезбеди навремена испорака на бесплатни учебници во сите основни училишта, велат оттаму

„Суштинска определба на Владата е образованието да биде достапно за секого. Една од заложбите беше по повеќе години да се обезбеди навремено печатење и дистрибуција на бесплатни учебници за сите основци. Оваа година се става крај на учењето од скрипти и други помагала“, велат од Владата и додаваат:Прв пат по седум години учебната година почнува со навремено испорачани учебници во сите основни училишта во државата.Притоа обезбедени се 10-тина нови наслови во основното и над 100 во средното образование, кои досега не биле отпечатени. За сите ученици Министерството за образование и наука испорача 360 илјади примероци од одобрените учебници и наставни материјали. За само два месеци се постигна тоа што не беше направено 7 години.Она што останува да се надополни е во основното образование каде ќе недостигаат петта година по ред учебници за странски јазици од прво до деветто одделение поради тоа што претходното раководство во Министерството за образование и наука ја поништило постапката за јавна набавка и таа одлука е во жалбена фаза која сé уште трае.Учебниците за секого е доказ дека на овој начин државата и Владата создава за секој еден поединец.

Македонија | пред 1 година

21082024-Mickoski-1

Пајазити има многу пресуди кои што се дискутабилни, оставам на Судскиот совет да одлучи за неговата кариера, вели Мицкоски

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за улогата на Блерим Рамадани во Македонија и дали судијата Пајазити треба да одговора, рече дека тој е омилен судија на СДСМ и ДУИ.„Па тој е омилен судија на СДСМ и ДУИ и тој се има покажано со своите одлуки во минатото. Пајазит Пајазити е судија кој што во минатото има направено многу ваков тип на пресуди кои што се дискутабилни. И јас еве оставам на Судскиот совет да одлучи што понатаму со судската кариера на судијата Пајазит Пајазити“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-1

„Најдобро е да не се гледаме“, вели Мицкоски по средбата со Дамева од Судски, додавајќи дека тие барале да се сретнат

Премиерот Христијан Мицкоски не сака да дозволи да се прават реформи во правосудството каде што судиите кои ги бирале Бихачќа и Речица, сега да ги бира оваа Влада. Тој посочува дека тие не сакаат да влијаат на било кој сегмент од бирањето на судии, па спремен е да се обезбеди автономен буџет, каде независно тело ќе ја прави контролата како тој се троши.„Им кажав на двете госпоѓи дека можеби емитуваат убава енергија. Но, тоа што политичари и судии се гледаат, испраќа друга порака. Не треба да се гледаме. Најдобро е да не се отвора дискусија“, рече Мицкоски.Тој кажа дека се што е во негова моќ ќе направи за да има правда, бидејќи ниската доверба во правосудните органи е безбедносна закана.„Довербата која граѓаните ја имаат е катастрофална ниска. Ако немате обвинители и судии кои обвинуваат по закон и Устав тогаш ќе немате ниту економска безбедност, ќе немате ни економска активност, а кога нема тоа, тогаш буџетот ќе нема приходи кои се потребни за развој. Тоа е суштината на системот. Ние се ќе направиме за да ја донесеме правдата. Нема граѓани од прв и втор ред. Тоа беше средба на нивно барање“, објасни Мицкоски.Тој кажа дека Владата стои зад своите ставови, но ако има подобри предлози, ќе ги применат.Според него, несериозно е да се каже како ќе се стигне до реформи по 40 минути. Сепак, посочи дека предлозите на Дамева ќе бидат разгледани.„Тоа беше повеќе нарација... Како би требало да функционира сето ова во најдобра околина, ќе треба денови и денови да се разговара и да се создаде концепт кој ќе биде идеален“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

fasdfasd

Дамева давала предлози кај Мицкоски како да ја вратат довербата во судството

Претседателката на Судски совет, Весна Дамева, по средбата со премиерот Христијан Мицкоски, која траеше помалку од час, кажа дека дала конструктивни предлози за враќање на довербата на судството. Иако новинарите инсиситираа да каже кои се тие предлози, Дамева не даде одговор. Според неа, тие прашања ќе ги одговара кога ќе биде во Судскиот совет.„Средбата беше иницирана од Судскиот совет, з дадеме конструктивни предлози за враќање на довербата во судството. Судската и извршната власт сметам дека не треба да се гледаат како соперници, туку како соработници, бидејќи таа институционална соработка е важна за наредните резултати. Граѓаните заслужуваат, а ние треба да обезбедиме правна држава. А тоа може да се стори со меѓуинституционална соработка и преземање дејствија во рамки на својата надлежност“, вели претседателката Весна Дамева.Според нејзе, странците, кажале што треба да се прави со Судскиот совет.„Целосната имплементација дадени во извештајот на оценската мисија зависи од сите нас. Судскиот совет ги имплементира тие препораки. Главен патоказ ни се толку препораките од оценската мисија“, додава Дамева.

Македонија | пред 1 година

mickoski-vlada-2

Нов сет владини директори

Во однос на кадровските решенија Владата на Република Северна Македонија донесе заклучок и му предложи на Собранието на ЕВН Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија, Скопје, од должноста член на Надзорниот одбор на ЕВН Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија, Скопје претставник на Владата да го отповика Златко Лазиќ, а за член на Надзорниот одбор да го избере Бојан Николовски.На позицијата в.д директор на Управата за финансиска полиција се именува Слободан Ивановски. Ивановски е магистер по правни науки со положен правосуден испит. Има долгогодишно работно искуство во Управата за јавни приходи, а во моментот е претседател за Комисија за прекршоци на УЈП - Регионална дирекција Прилеп.Џеват Селами, е именуван за вршител на должноста директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Селами е дипломиран правник, членувал во повеќе работни група, бил професор во СУГС „Арсени Јовков“, а од 2013 до 2020 година бил раководител на одделение за управување со човечки ресурси, а во моментот е раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување.Владата го разгледа Предлогот на Комисијата за разгледување на пријави од кандидати по објавениот Јавен оглас бр.07/2024 за именување на 1 (еден) член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад на Република Северна Македонија и согласно член 18 од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/2019, 236/2022, 134/2024 и 147/2024), заклучи да му предложи на Собранието на Република Северна Македонија за член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад на Република Северна Македонија да ја именува Елена Маркова Велинова.

Македонија | пред 1 година

Sequence-09.00_04_12_27.Still002

(Видео) Владата уште позагрижена за Скопје по средбата со Арсовска

Владата е уште позагрижена за Градот Скопје по средбата со градоначалничката Данела Арсовска. Министерот за локална самоуправа Златко Пирински, посочи дека Владата можела да стои на страна и да не прави ништо, но посочија дека сакаат да му помогнат на Градот.„Сега сме уште позагрижени од пред состанокот. Сметавме дека од страна на Градот ќе чуеме за некакви реални потреби за планот да се реализира. Не чувме ништо конструктивно. Очајна е состојбата во Градот и јавните претпријатија. Заклучокот е дека препреките се тоа што нема никаква комуникација помеѓу советничките групи. Градоначалничката кажа до крајот на неделава да состави некаков план. Нашите очекувања не се големи. Тој план ќе го покаже на советниците. Ќе видиме какви потреби има“, рече Пирински.Тој додаде дека Владата сакала да помогне и во ЈСП зошто за десетина дена ќе има голем проблем. Но од ова ништо. Посочи дека спремни се да помогнат согласно законските ингеренции.„Очекувавме план и ние. Не добивме. Освен критика кон советот, која е неоснована според мене. Камен на сопнување беше зошто не се гласаат одлуките. Но тие не кочат ништо. Комунална собира смет зошто законска надлежност им е тоа. Нема потреба од јавен оперативен план“, рече Перински.

Скопје | пред 1 година

15082024_MICKOSKI

Мицкоски: Позитивната листа на лекови ќе биде проширена со осум нови лекови, набавките нема да се преку привилегирани семејни веледрогерии

„Првото прашање поврзано со позитивната листа на лекови коишто Фондот за здравствено осигурување ја објавува можам да кажам со задоволство дека бев информиран од страна на директорот дека таа ќе биде проширена со осум нови лекови, коишто досега не беа на пазарот и со која ќе им се заштеди на осигурениците до два милиона евра.Лекови коишто тие ги плаќаа, ценам дека ова е после долго време освежување на онаа листа по насока на додадена вредност на здравствените осигуреници“, објасни претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали ќе има надополнување на позитивната листа на лекови.Премиерот Мицкоски очекува дека во иднина уште повеќе ќе се проширува позитивната листа на лекови и дека истите нема да се набавуваат преку привилегирани семејни веледрогерии.„Ја поздравувам, честитам и очекувам и во иднина уште повеќе да се проширува, со што ќе се стави фокус на објективноста, а не на привилегирани семејни веледрогерии коишто изминативе децении го исцицаа здравствениот систем и практично го доведоа здравствениот систем ваков како што е триплирани вредности на медицински апарати, лекови итн. И сега сакаат огромни суми на камати на грбот на граѓаните да спечалат па блокираат здравствени установи итн.“, изјави премиерот.Владата како што рече премиерот нема друг интерес освен интересот на граѓаните и пациентите.„Сѐ ќе испитаме, сѐ ќе истражиме но, ја поздравувам одлуката на директорот на Фондот, само така треба да се продолжи да се работи за еден интерес е тоа, интересот на граѓаните и пациентите, немаме друг интерес.“, подвлече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања