ВЛАДА

13082024-Mickoski-ZELS-10

Претседателот на Владата Мицкоски потпиша меморандум за соработка и разбирање со ЗЕЛС

Денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски потпиша меморандум за соработка и разбирање со ЗЕЛС (Здружение на општини Заедница на едниците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија). Овој меморандум за соработка се склучува како израз на соработка, претставува дефиниција на формите и начините на идната соработка, ги утврдува приоритетите и идните проекции на развојот на системот на локалната самоуправа во Републиката.Владата и ЗЕЛС заеднички декларираат дека се согласни да спроведат поголем обем на децентрализација на власта како политички процес кој правно ќе заврши со пренесување на голем опфат на надлежности од државните органи на управата во надлежност на единиците на локалната самоуправа. Заради остварување на целите на соработката, двете страни се согласни да изготвуваат годишна програма на приоритетни активности кои ќе бидат цел за реализација во тековната година.Реализацијата на целите и заложбите утврдени со овој меморандум ќе се спроведува преку формирање на работни тела или мешовити Комисии во кои покрај избрани претставници и функционери учество ќе земат и претставници од стручната администрација и надворешни експерти.Двете страни ќе го применат моделот на анализа и имплементирање на меѓународни позитивни пракси на докажано успешно функционирање на системот на локална самоуправа во дадената област. Двете страни се согласни дека процесот на децентрализација треба да биде приоритетно проследен со обезбедување на зголемен обем на директни дотации и изворни приходи на секоја единица на локалната самоуправа. Моделот на обезбедување на финансиски средства како приход за општините преку утврдениот процент од прибраните средства по основ на данокот на додадена вредност (ДДВ) и персоналниот данок на доход ќе биде предмет на взаемно усогласување во постојан нагорен тренд на утврдениот процент наменет за локалната самоуправа. Двете страни се согласуваат дека секоја година треба да се организираат буџетски преговори, помеѓу ЗЕЛС и министерство за финансии, каде ќе се усогласат ставовите, потребите и можностите на централната и локалната власт.Двете страни се согласни дека средствата наменети за капитални инвестиции треба да бидат изворни трансфери на средства со соодветна намена. И Владата и ЗЕЛС се согласни дека нити еден од прописите од областа на урбанистичкото планирање, градење или градежното земјиште нема да биде изменет и дополнет или изготвување на нов текст на предлог – закон или друг пропис без претходна консултација со ЗЕЛС.Двете страни го афирмираат ставот дека донесувањето на урбанистички планови и урбанистичко – планска документација е услов за остварување на проектираниот развој, заради што двете страни ќе го стават ова прашање како највисок приоритет. И Владата и ЗЕЛС се согласни да воспостават пракса на одржување на заеднички седници на Владата и Управниот одбор на ЗЕЛС на која ќе се изврши консултација за прогресот, тековните приоритетни прашања и анализа на проблемите со кои се соочуваат општините во Републиката.

Македонија | пред 1 година

13082024_AERODROM-1

Мицкоски од Аеродром: Наша задача како Влада е повеќе да нема листа на чекање за упис на дечињата во детските градинки, тоа што го ветивме го реализираме

„Добар ден и од мене. Денеска заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, заедно со членовите на владата на Муцунски, Лимани, граѓаните на Општина Аеродром, советниците, пратениците, луѓето коишто од минатото, пратениците сега сме на едно место, на коешто набргу од денеска, според информациите што ги добив, максимум за една година од денеска, ќе може дечињата да го поминуваат оној дел од својот живот, од таа предшколска возраст, каде што ќе можат да научат многу работи кои потоа ќе им бидат потребни во животот за совладување со животните предизвици.Како што кажа и градоначалникот, наша заедничка задача и цел е да многу скоро од денеска да нема повеќе листи за чекање, за упис во градинките во Општина Аеродром. Ова не е само задача на општината, туку и на владата, на политичките партии, и на коалицијата. Ветивме уште за време на кампањата дека секое дете заслужува свое место во градинките, доколку родителите одлучат да го запишат, и да нема повеќе листи на чекање, привилегии, итн.Се бориме за подобра демографија, се бориме младите да ги задржиме тука, да немаме емиграција, да немаме иселување, и мораме како Влада, заедно со општините, заедно со ресорното министерство, со Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и со останатите колеги во владата, да работиме на тоа да ги обезбедиме сите потребни услови, за младите брачни парови да останат тука, и со самото тоа, и дечињата да растат тука, да другаруваат, што за нас претставува особена важност.Како политика, ова е приоритет на новата Влада. Проектот сам по себе, со 2 милиони евра, можеби не значи многу како инвестиција, но функцијата на новиот проект значи многу. Бидете уверени, ќе се намалат листите за чекање за упис во градинките. Како што има уште многу вакви проекти, така ќе има уште многу функционални проекти кои ќе значат подобар живот за граѓаните насекаде во Македонија, па и овде.Ова беше наша цел, ова беше наша програма и така ќе продолжиме и во иднина да се однесуваме. Нека е со среќа, ова е почетокот на изградбата на овој објект, па за година дена од денеска, заедно да присуствуваме и на отворањето и приемот на првите дечиња коишто овде ќе го минуваат делот од своето детство.“ , вели Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

13082024-12

Продолжена кризната состојба, 52 милиони денари за ДЗС, укинато зголемувањето на нотарските тарифи

Владата денеска ја одржа редовна седница на која донесе повеќе одлуки. Владата ја продолжи кризната состојба на целата територија на државата заради состојбата со пожарите.Разгледувајќи ги извештаите од Центарот за управување со кризи, Владата обезбеди 52 милиони денари од државните резерви за 2024 година, за зголемување на буџетот на ДЗС за подмирување на трошоците за гаснење на пожарите. Од овие средства кои 41 милион денари за ДЗС, додека 10,5 милиони се за покривање на трошоците за сместување, храна и транспорт за персоналот при престојот во државава на странската помош за справување со пожарите.Владата ја разгледа и ја усвои Одлуката за престанување на важење на согласноста за зголемување на нотарската тарифа. Според информацијата, претходната Одлука на Владата од 06 јуни, со која се покачија нотарските тарифи беше оценето дека е избрзана и предизвика товар врз граѓаните.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-27-at-10.56.59

ДУИ ги приватизираат настаните, не прифаќаат дека се опозиција, ги викнавме на прославата од Владата за Рамковниот, рече Таравари

Министерот за здравство, Арбен Таравари, коментирајќи ја паралелната прослава на ДУИ за годишнината од Охридскиот рамковен договор, посочува дека тоа нивно право, но главната манифестација ќе ја прави Владата.„Некако ДУИ секогаш имале тенденција да ги приватизираат настаните, се уште не можат да прифатат дека се опозиција, ќе им треба време, ќе се навикнат. Приватни журки и забави може секој да организира. Ние ги повикавме на утрешната манифестација на Владата. Приватни журки може секој да организира“, рече Таравари.Според него, ДУИ ќе се навикнат да бидат опозиција.

Македонија | пред 1 година

vlada-2024-mickoski

Владата со итни мерки поради топлотниот бран

Министерството за здравство ја информираше владата дека, доби информација од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи за појава на топлотен бран во траење од 2 дена и тоа во периодот од 12.08.2024 до 13.08.2024 година (понеделник и вторник).Територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза и согласно Акциониот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението ќе се превземаат акции предвидени за ФАЗА 2 - ПОРТОКАЛОВО НИВО на топлотни бранови.Согласно ова, Владата донесе дополнителни мерки за превенција, и тоа:1. Oслободување од работни обврски за најралнивите групи на населениението: бремените жени и лица на возраст над 60 години во периодот од 12.08.2024 до 13.08.2024 година (понеделник и вторник). Во истиот период, работодавачите да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.2. Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.3. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.4. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

Македонија | пред 1 година

verzivoli-640x366-1

Верзиволи разрешена, именувани ревизори

Воедно Владата донесе кадровски одлуки:1. Афрона Верзиволи се разреши од должноста вршител на должноста главен резизор на Резизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош.2. Aрбен Рамадани се именува за в.д. главен ревизор на Резизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош. Тој е самостоен ревизор во Секторот за унапредување на ревизијата. Непосредно учествува во изработка на стратешки документи, краткорочни и долгорочни стратешки планови во однос на развој на Ревизорско тело и ревизијата и ја следи примената и врши следење на нивното спроведување. Работел и како виш ревизор во секторот за ревизија на ИПА областа.3. Иван Игњатов се именува за в.д. заменик на главниот ревизор на Резизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош. Тој е Доктор на економски науки на тема „Развој на систем за ревизија и контрола за ефикасно користење на фондовите на ЕУ“.

Македонија | пред 1 година

vlada-2024-mickoski

Владата потклекна под притисок на јавноста, Афрона Верзиволи утре ќе биде разрешена од местото ревизор на ИПА фондовите

Под силен притисок и револт на јавноста, Владата се огласи со соопштение и најави дека утре ќе ја разреши Афрона Верзиволи.Таа беше само десет дена Десет дена на функцијата главен ревизор за ИПА фондовите.Таа нема ревизорско искуство и соодветен ревизорски сертификат а на местото дојде како кандидат на ,,Вреди”.„Ја известуваме јавноста дека назначената Афрона Верзиволи во текот на утрешниот ден ќе биде разрешена од местото ревизор на ИПА фондовите. Воедно посочуваме дека е потребно и вниманието да се насочи кон отворените злоупотреби на парите од ЕУ и фондовите ставени на располагање кои беа присутни во изминатиот период, а за кој постои и пишан траг и нотификација од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ)“, стои во соопштението од Владата.Од „Вреди“ пак не се откажуваат од својот предлог и ќе чекаат таа да го добие сертификатот.Тие велат дека уште пред неколку дена го повлекле именувањето на Афрона Верзиволи како ревизор на ИПА фондовите. Коалицијата сега привремено ќе понуди замена на Верзиволи.,, Не е доволно разрешувањето на ревизорката, министрите да сносат одговорност, бара Алијанса за Албанците.

пред 1 година

mickoski

Ја стабилизираме државата за да почнеме да ја развиваме, пари завршувале во приватни џебови

Ја стабилизираме државата за да почнеме да ја развиваме како што граѓаните тоа го заслужуваат“, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава:„Има разлика.Кога ќе се затворат сите дупки каде што претходно се крадел народот со години, кога институциите ќе функционираат и кога криминалот ќе стане неисплатлив тогаш приходите во буџетот ќе пораснат.Директорот Boban Nikolovski - Бобан Николовски ме извести дека Месец јули, Царинската управа бележи рекорд и најдобар резултат од нејзиното постоење со наплатени речиси 12 милијарди денари приходи.За истиот месец, Управата за јавни приходи со која раководи Elena Petrova наплати 13.4 милијарди денари што исто така е своевиден рекорд. Овие пари значат повеќе инвестиции за градинки, училишта, пристојно здравство.Лесно може да се извлече заклучокот дека овие пари завршувале во нечии приватни џебови изминатите години. За брзо ќе дојде време да се даде одговор и на ова прашање.Со домаќинско и одговорно работење за повисок стандард и подобар живот“.

пред 1 година

IMG_4866

Децата учат јазици од серии, поентата е да зборуваат, а не да учат граматика, вели министерката Јаневска најавувајќи дека ќе нема учебници за странски јазици во септември

„Поентата децата да разбираат, а не да учат граматика на страниот јазик за нив“. Вака министерката за образование Весна Јанчева го правдаше тоа што во септември нема да има учебници за децата кои изучуваат странски јазици. Според неа, тоа нема да биде проблем бидејќи децата учат јазици од серии и поентата е да разбираат и да зборуваат, не да учат граматика на странскиот јазик.„Јазикот е жив, знаете децата почнуваат да го учат и од сериите. Поентата е да разбираат и да зборуваат, не да учат граматика на страниот за нив јазик, именки, заменки и така натаму, сметам дека тоа нема да биде никаков проблем, а следната година ќе го имаме и тоа“, кажа Јаневска.При посетата на Булачани, Јаневска кажа дека другите учебници ќе бидат навремено доставени до учениците.

Македонија | пред 1 година

granica-carina

Нова тура директори и заменици

Се донесоа повеќе кадровски одлуки.•Проф. д-р Сузана Јордановска на предлог на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ја именува за в.д. директор на Државна фитосанитарна лабораторија.•Ромео Тренов го именува за директор на Управата за водостопанство•Фикрет Хоџа го именува за вршител на должноста заменик на директорот на КПУ Затвор Битола.•Гарип Каба на предлог на министерот за финансии го именува за в.д. заменик на директорот на Царинска управа орган во состав на министерството за финансии.

Македонија | пред 1 година

MICKOSKI-SREDBA-05082024-3

Мицкоски: Нашата цел е да градиме добрососедски односи со сите наши соседи, на принципот на двонасочна улица, економската соработка со Косово продолжува и во иднина

„Со претседателот на Владата на Република Косово имавме конструктивна средба во пријателска атмосфера. Ги отворивме сите прашања коишто се важни за односите на двете држави, на двете влади, народите.Тоа е нешто кое е од суштинско значење за нас. Како нова влада, нашата цел е да градиме добрососедски односи со сите наши соседи, на принципот на двонасочна улица. Исто така, ја истакнавме потребата од зголемување на економската соработка помеѓу двете земји, нешто кое што е многу важно. Во овој момент, според последните податоци од Државниот завод за статистика, е дека размената за 2023 година е на ниво на половина милијарда евра.И не гледам причина зошто со напорите на двете влади таа размена да не е уште поголема. Со изградбата на инфраструктурните проекти, автопатот кој што ќе го поврзе граничниот премин со нашиот главен град, потенцијалниот патен правец кој што ќе ги поврзе Тетово и Призрен, и така натаму, приоритети кои што се многу важни.Истовремено, ги отворивме и темите коишто за двете држави на политичко ниво се важни. Последното случување коешто се случи на 2 Август со претседателката на Косово и исто така од страна на присутните беше истакнато дека според информациите кои што го добивме од официјалните лица на аеродромот ТАВ е дека се следат јасни, прецизни меѓународни стандарди и процедури кога се користат комерцијални летови, и дека на ваков тип на процедури сум подложен и јас како македонски премиер, македонската претседателка и сите официјални лица коишто го поминуваат ВИП делот, иако морам да кажам дека јас не го користам туку го користам делот како и сите граѓани.Но, тоа за нас навистина предизвика едно чувство со кое што жалиме и не сакаме тоа да се повтори. Јас лично истакнав дека претседателката на Косово е добредојдена како и сите граѓани на Косово; и лично следниот пат доколку ја добијам навремено информацијата ќе ми биде задоволство да ја пречекам како домаќин на аеродромот, и заедно со мене, додека не отпатува од Скопје ја придружувам во времето во кое што таа ќе го помине на скопскиот аеродром, за да избегнеме ваков тип на инциденти. А посебно однесување на поединци, што е наш домашен проблем, кој што ние ќе си го решаваме.Така што уште еднаш би сакал да потенцирам дека добрососедските односи се двонасочна улица, сакаме со Косово да имаме дека имаме исклучително плодни и искрени добрососедски односи.Како Влада ќе стоиме позади овој принцип и не гледаме причина зошто тоа да не се случува во иднина.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-06-at-12.39.17

Мицкоски: Борбата не е завршена! Илинден е историска вистина, Илинден е нашиот најсилен повик за акција и единство денес

„Честит Илинден! Македонија денес го одбележува Денот на Републиката, празник со кој се прославуваат двата големи историски и државотворни настани, Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ“, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава:Илинден не е само историска приказна или историски сон, туку пред се историска вистина. Илинден е нашиот најсилен повик за акција и единство денес. Илинден е повик за сите нас – да продолжиме да се бориме за нашите права, за нашата култура, за нашата слобода. Забележете ги внимателно зборовите од Крушевскиот манифест кој освен тоа што ја слави слободарската идеја, неговата најголема порака е повикот за единство. Врз тоа единство се градеше Крушевската република, и во име на тоа единство сите го кренаа бајракот на слободата. Вистинското прашање и дилема денес е дали тоа единство постои во состојба кога борбата мора да трае, за да имаме победа.Борбата трае - потсетувајќи нѐ дека борбата за слобода, правда и за подобра иднина бара истрајност, храброст и единство. Од нив треба да научиме како се добиваат големите победи, бидејќи битка може да изгубите, но важно е да победите во својата конечна цел. Истрајност, внимателност и пред се добар план да се дојде до вистинската цел. Тоа е стратегијата што треба и ние да ја користиме, да бидеме гласни во нашите ставови, да имаме план и да бидеме истрајни. Борбата не е завршена! Борбата продолжува! Борбата ја водиме со секој наш изговорен збор, во секоја наша направена акција, со секоја наша мечта за подобра иднина. Борбата за иднина, борбата за Македонија во рацете на народот е нашата обврска. Ова е борбата на нашата генерација со која оставаме трага низ времето, цврсто верувајќи во нејзината исправност и големина. Нека е честит и вековит Илинден.

Македонија | пред 1 година

gordana

Министерката за финансии се закани: Ако се намалат функционерските плати јас заминувам

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарски прашања дали ќе се намалат функционерските плати, откако минатата година беа зголемени за цели 78% се закани дека ќе замине доколку се донесе таква одлука. Според неа решението не е во намалувањето на платите на избраните и именувани лица, бидејќи според неа додека министрите работат многу и напорно, други се одмараат на викенди и празници.„Не знам што ќе правиме, но ако планираат да ги намалат, јас заминувам. Еве, платата на министер е 115 000 денари. Јас приватно работев и повеќе заработував. јас и сабота и недела бев на работа. И немав платено прекувремено, вели министерката за финансии.

Македонија | пред 1 година

vlada-2024-mickoski

Владата ги „смести“ и Павле Трајанов и Солза Грчева

Владата на денешната седница донесе одлука за нови кадровски решенија, помеѓу кои и: Павле Трајанов од ДС кој досега многу пати менуваше партиски страни, исто и Солза Грчева од ЛДП, во СДСМ, за на крај да се спои со обвинетиот за убиството на 14 годишната Вања - Љупчо Палевски Палчо, па дури и на почетокот и да го брани и да изјавува дека не се откажуваат од Палчо бидејќи можеби го местеле.Еве ги новите кадровски решенија:1. Хасим Муртезани e именуван за заменик на Генералниот секретар на Владата на РСМ.2. Павле Трајанов e именуван за Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам.3. Блерант Рамадани е именуван за Национален координатор за примена на нови технологии.4. Солза Грчева е именувана за Национален координатор за реформи во високо образование.5. Фатон Фазлиу е именуван за в.д. директор на Управата за водење на матични книги, орган во состав на Министерството за правда.6. Африм Ќоку е именуван за в.д. директор на Државниот девизен инспекторат.7. Арсим Идризи е именуван за в.д. директор на Инспекторатот за употреба на јазиците.8. Бехар Емини е именуван за в.д. директор на Фонд за осигурување на депозити.9. Дејан Станков е именуван за в.д. директор на Државен завод за статистика.10. Афрона Вервизоли е именувана за в.д. главен ревизор на Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош.11. Неџмедин Садики на предлог на Министерот за енергетика, рударство и минерални суровини е именуван за в.д. директор на Агенција за задолжителни нафтени резерви.12. Маја Ковачева е именувана за в.д. заменик на директорот на Агенција за лекови и медицински средства.13. Бејтула Камбери е именуван за в.д директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, орган во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.14. Кујтим Ибиши е именуван за в.д. директор на Управата за финансиско разузнавање.15. Башким Бакиу е именуван за в.д. директор на ЈУ од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи универзитетски клиники, завод и ургентен центар – Скопје.16. Маре Богева-Мицовска на предлог на министерот за финансии, е именувана за в.д. директор на Биро за јавни набавки.17. Игор Лазаревски е именуван за директор на Управата за хидрометеоролошки работи.18. Наташа Котлар е именувана за в.д. директор на Државен архив на РСМ.19. Димитар Богески е именуван за в.д. заменик на директорот на Државен архив на РСМ.20. Наим Љамалари е именуван за в.д. заменик на директорот на КПУ Казнено поправен дом Идризово со отворено одделение во Велес21. Иво Николов на предлог на членовите на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој е именуван за претседател на Управниот одбор на Фонд за иновации и технолошки развој.22. Никола Додов на предлог на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој е избран за в.д. директор на Фонд за иновации и технолошки развој.23. Даниела Станковска Плачковска е именувана за в.д. директор на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.24. Владата му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” СКОПЈЕ од должноста директор на ЈП за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” СКОПЈЕ за в.д. директор да го избере-Ангеле Сотировски.25. Владата му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” СКОПЈЕ за в.д. заменик на директорот да го избере-Мевлан Марина.26. Владата му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за водоснабдување „СТУДЕНЧИЦА’’ – Кичево од должноста вршител на должноста директор на ЈП за водоснабдување „СТУДЕНЧИЦА’’ – Кичево за в.д. директор да го избере-Александар Петрески.27. Владата му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие „СТРЕЖЕВО“-БИТОЛА од должноста директор на ЈП „СТРЕЖЕВО“-БИТОЛА за в.д. директор да ја избере-Вера Бешлиевска.28. Владата да му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие „СТРЕЖЕВО“-БИТОЛА од должноста заменик на директорот на ЈП „СТРЕЖЕВО“-БИТОЛА за в.д. директор да го избере-Сирија Рашиди.29. На Наумче Мојсовски, му се утврди престанок на функцијата директор на Агенцијата за млади и спорт согласно закон.

Македонија | пред 1 година

idrizovo-ambulanta

Дали поранешен затвореник е нов заменик-директор на Идризово: се скараа Владата и СДСМ

СДСМ обвини дека поранешен затвореник е именуван за заменик директор на затворот „Идризово“.„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не знаат каде тераат. До толку немаат кадри за да ги постават по институциите што луѓе што лежеле затвор, со кривични пријави ги става за в.д. директори на затвори. Со одлука на Мицкоски осуден криминалец кој лежел 4 години затвор е именуван за в.д. директор на затворот Идризово, одделение Велес! Ибрахим Ељези е осуден и лежел 4 години затвор, од 2013 година до 2017 година во Идризово. Кривичното дело за коешто бил осуден е за неовластено производство и пуштање во промет на дрога. Сега истиот овој човек Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го ствааат директор на затвор КПД Идризово, одделение Велес? Ова не е нормално. Па како може осуден криминалец да биде одговорен за затвор?Но тоа не е се“, вели СДСМ.Од Владата пак тврдат, не е именуван в.д. заменик на директор на КПД Идризово, а на СДСМ им порачаа да не шират дезинформации во јавноста.„Во однос на прес-конференцијата на политичката партија СДСМ го истакнуваме следново: Постоеше таков предлог за именување на в.д. заменик на директор на КПД Идризово, но по направените дополнителни проверки истиот не е прифатен. Лицето нема да стапи на функција, и ќе има ново именување на позицијата на следната седница на Влада. Во однос на директорот на затворот во Прилеп за секој поединец има пресумпција на невиност, постоењето на кривична пријава без пресуда која е правосилна не е гаранција за сторено кривично дело. Апелираме СДСМ да не шпекулира и да ја дезинформира јавноста“, велат од Владата.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања