ВЛАДА

hristijan7-26072024

Мицкоски до Филипче: Тој се соочува со внатрешни поделби во партијата, а ја коментира работата на Владата, за само 30 дена донесовме 3 крупни инвестиции, нешто што беше незамисливо во нивно владеење

„Повторно ќе кажам тие си ја тераат својата приказна, јас не очекувам дека нешто ново ќе кажат, дека ќе кажат нешто кое што претпоставувам ќе биде пофалба. Иако мислам, лично мислам дека тоа е погрешен пристап, но во ред тие избрале така, нека тераат, избори ќе имаме до година, граѓаните ќе го кажат својот суд кој работи правилно, кој не“, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата на Венко Филипче дека Владата имала лош почеток и план на инвестициите.Премиерот Мицкоски истакна дека Владата е 30 дена, а веќе има три инвестиции од кои едната е за изградба на ветерен парк од половина милијарда долари со 630 вработувања, потоа инвестиција од ЕПСОТЕХ и инвестицијата на Вабтек.„Но ќе го потсетам, еве ние сме 30 дена Влада, во овие 30 дена Влада имаме нова инвестиција од половина милијарда долари, ветерен парк на тромеѓието помеѓу општините Штип, Карбинци и Радовиш, нови 630 вработени, еден терават час електрична енергија од обновливи извори и чекор кон исполнување на личната цел на Владата, а тоа е да бидеме енергетски во делот на увоз-извоз на електрична енергија избалансирани, односно да немаме повеќе потреба од увоз. Да бидеме на крајот на годината со резултат еднаков на нула, кога станува збор за увозот и извозот. Втората инвестиција е од ЕПСОТЕХ, инвестиција каде што ќе бидат исто така десетици милиони евра инвестирани, чинам дека беше околу дваесетина милиони евра, на тоа ќе се додадат 110 нови вработувања, тие велеа, тие ја воделе таа инвестиција, еве ја користам оваа прилика да им се заблагодарам за тоа што ја воделе четири години и не успеале да ја доведат до крај. Па требаше новата Влада да дојде и во рок од две недели да го реши сето тоа што тие не успеале во четири години, но сепак еве заслужуваат пофалби и благодарност. Благодарам од мое име и од името на граѓаните“, изјави премиерот Мицкоски.„И трета инвестиција која што овие први 30 дена се случува, тоа е инвестицијата на Вабтек, но и не е само новата инвестиција, туку треба да се предочи дека и старата инвестиција има многу проблеми, посебно во делот на регулирање на правата на располагање и сопственост на земјиштето на кое што се наоѓа старата производна фабрика“, рече тој и додаде:„И тоа го решаваме, заедно со Општина Гази Баба, околу половина милијарда евра за компаниите и за општините. Ете тоа е од прилика за овие први 30 дена“.Мицкоски потсети на сите катастрофални политики од претходната влада.„Направете анализа што направија тие во минатото, донесоа инвестиција на македонските граѓани во Хонгконг, однесоа би рекол, инвестиција на македонските граѓани во Хонгконг преку фабрика, односно компанија позната за трговија за јужно овошје, која што требаше да ги донесе кинеските вакцини во екот на пандемијата, познатата афера Стабри. Се случуваа многу проблеми, не треба да ве потсетувам на Модуларната болница, не треба да ве потсетувам на катастрофата што се случуваше за време на КОВИД пандемијата, не треба да ве потсетувам на сите оние тендери што се случуваа во минатото поврзани со името на новиот претседател на СДСМ, но органите треба тоа да го истражат. Еве тоа се само дел од работите кои што денеска би ги кажал. Тоа е работа на органите, тие ќе продолжат да ги соопштуваат своите позиции, ние ќе продолжиме да работиме“, објасни премиерот Мицкоски.„Граѓаните да бидат сигурни дека оваа Влада продолжува да работи, дека нема намера да посветува многу внимание на овие клевети кои што доаѓаат од ново избраниот претседател на СДСМ, сепак тој таму се соочува со внатрешни поделби, нормално е да се трудат кој повеќе ќе дехидрира од критики на работењето на Владата. Така мислат дека кој повеќе дехидрира, тој е поуспешен во рамките на СДСМ, тие малкумина кои што останаа, тоа е нивна политика“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

hristijan7-26072024

Мицкоски: Владата одзеде две лиценци на компании за игри на среќа тесно поврзани со претходната власт, кои работеле незаконски и не плаќале данок

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање за одземањето на две лиценци на компании за игри на среќа, рече дека станува збор за фирми тесно поврзани со претходната власт, кои работеле незаконски и не плаќале данок.„Имаме два случаи за одземање на лиценци за игри на среќа едната е од Струмица, другата е од Скопје, не ги уплаќале даноците редовно, работеле незаконски би рекол, врз основа на мислењето коешто го добив под надлежните институции. Но ова не е сѐ. На седницата на Владата беше прифатено практично толкувањето на Законот во коешто е констатирано дека од 2017 година „Лотарија на Македонија“, без разлика што и самата не поседува лиценца самата издавала лиценци за приредување на игри на среќа“, изјави премиерот Мицкоски.„Има претходни високи функционери од Владата коишто и покрај тоа што знаеле дека ова е спротивно на Закон дозволиле ваков тип на игри на среќа да се приредуваат, а со тоа ги оштетиле и граѓаните и Буџетот“, потенцираше премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски подвлече дека документацијата е предадена на истражните органи и очекува надлежните институции да излезат со став.„Тоа е сѐ предадено до истражни органи и очекувам надлежните истражни органи многу скоро да излезат со став врз основа на овие индиции коишто ги констатираше Владата“, истакна премиерот.

Македонија | пред 1 година

Hristijan-3-25072024

Мицкоски: Добро е што излеговме од сложениот процес на арбитража со Синохидро, инаку имаше опасност да плаќаме пенали од 50 милиони евра народни пари

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на новинарско прашање во текот на настанот организиран во Стопанската комора даде коментар за одлуката на кинеската компанија Синохидро за повлекување од спорот против државата за изградбата на автопатот Кичево-Охрид.„Тоа е арбитража која што ја има започнато подизведувач кон Синохидро, а Синохидро кон државата. Со аргументиран пристап, можам да кажам дека, во изминатите 30 дена се обезбеди таа арбитража да биде повлечена. Инаку постоеше опасност да бидат потрошени минимум 50 милиони евра народни пари и тоа се средства кои сега ќе ги имаме повеќе за бизнисот, повеќе за граѓаните, повеќе за капитални инвестиции. Добро е што излеговме од тој сложен процес без да бидеме подложни на пенали“, истакна Мицкоски и дополни дека се работи за спор кој настанал од подизведувач поврзан со имотно правни односи кои му оневозможиле непречено да работи.Со почит,

Македонија | пред 1 година

Hristijan-4-25072024

Мицкоски: Со бизнисот ќе се заокружи инвестициска активност од 700 милиони евра, да креираме систем кој ќе донесе подобра иднина и повеќе работни места

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при средбата со Стопанската комора најави инвестициска активност од 700 милиони евра за македонските компании, нешто кое ќе влијае позитивно не само за бизнисот, туку и Бруто домашниот производ, но пред се за отворање на нови работни места.Премиерот Мицкоски појасни дека компаниите нема да добијат само 250 милиони евра поддршка обезбедени од Унгарија, туку целта е да се креира еден систем кој ќе функционира не од денес за утре, туку и во иднина, како и тоа дека компаниите нема да се делат, туку пари ќе добијат сите кои исполнуваат услови.„Кажав дека не се само тие 250 милиони евра, имаме една кредитна линија која е на располагање, долго време не се користи, тоа се дополнителни 100 милиони евра од Европската инвестициска банка и како Влада, ја разгледуваме можноста да Владата ја плати каматата, да може бизнисот да го користи кредитот, односно главнината. Тоа се 350 милиони евра и ценам дека оваа помош, барем со уште 350 милиони евра дополнителни кои ќе дојдат од бизнисот, ќе заокружи една инвестициска активност од 700 милиони евра, што ќе влијае врз Бруто домашниот производ и ќе влијае на пазарот на труд, ќе отвори нови работни места“, изјави премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски нагласи дека се работи за еден комплексен процес кој не е за политички поени или популизам, туку целта е да како држава бидеме водечка во регионот, а не на дното и да гледаме како другите не претркуваат.„Што се однесува до другиот дијалог со синдикатот ние стоиме на располагање, ќе разговараме и мораме да водиме сметка за иднината на држава, а, затоа што ако немаме здрава економија ќе немаме ни вработени, тоа е многу важно, затоа што колку повеќе се празни државата толку помали ќе се приходите во буџетот, толку помалку пари за плати, пензии, капитални инвестиции, поддршка. Тоа е еден систем, ние мораме тој систем да го организираме да функционира беспрекорно ако сакаме сите заедно да бидеме среќни, тука нема кој добил или изгубил, еден ако изгуби, сите губиме. Мора низ дијалог да седнеме да направиме систем кој ќе функционира и во иднина“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Vlada-hrana

Поскапува јадењето во владините бифеа за 50 отсто

„Зголемување на цените на угостителските услуги во Владините објекти, нема повеќе "багатела" јадење на државна сметка!“, вели Ивица Томовски директорот на Службата за општи и заеднички работи и додава:Во изминатиот период, јавноста често со право обрнуваше внимание на ниските и непазарни цени по кои се користеа угостителските услуги на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата.Во таквите дебати особено беше апострофиран собранискиот и владиниот ресторан, каде цените на услугите и производите беа значително пониски од оние на слободниот пазар достапни за граѓаните. Излегувајќи во пресрет на овие оправдани повеќегодишни забелешки, како и во функција на натамошно рационализирање, на мој предлог како директор на СОЗР, Владата вчера едногласно усвои првична одлука за зголемување на цените на угостителските услуги за 50%.Ваквото зголемување на цените не е прекумерно имајќи предвид дека претходно цените беа значително пониски во споредба со приватниот пазар.Во периодот што следува, ќе се прават дополнителни анализи и секогаш кога ќе се јави потреба поради отстапувања од пазарните цени, ќе има корекции на истите. Важно е да се обезбеди еднаков пристап на сите услуги, но без привилегии за избраните функционери и раководниот кадар.

Македонија | пред 1 година

271975704_675232317223482_4397609985980020895_n

Влада донесе одлука: Вработувања на 600 специјализанти во болниците, разрешен директорот на Шутка и именувани повеќе директори

Денеска Владата на Република Северна Македонија одржа редовна седница на која донесе повеќе одлуки и решенија.Владата усвои информација за вработувања на 600 приватни специјализанти кои ќе работат во Јавните здравствени установи во државата. Министерството за здравство е задолжено да ги формулира критериумите по кои ќе се вработат специјализантите во две фази, во наредните две години по 300 лица годишно. На овој начин ќе се даде шанса за млад здравствен кадар во македонското здравство, активно ќе се влијае за намалување на метежот во здравствените институции и ќе се излезе во пресрет на долгогодишните барања за доекипирање на здравството.Владата го задолжи Министерството за финансии да изготви Закон со кој ќе се регулира специјалната финансиска соработка со Унгарија за обезбедување на 500 милиони евра кој ќе бидат наменети за капитални проекти во општините и домашното стопанство.Министерството за транспорт ја информираше Владата дека успеа да постигне согласност со изведувачот на автопатот Кичево - Охрид, Синохидро за да ја повлече арбитражата пред Меѓународниот суд за арбитража во Париз со кој беше оптужено Јавното претпријатие за државни патишта. На овој начин се заштедени над 50 милиони евра кои ќе беа потрошени доколку арбитражната постапка продолжеше.Министерството за финансии информираше за одлуката за одземањето на Лиценцата за приредување на игри на среќа во автомат клуб издадена на Друштвото за производство, трговија и услуги „АРЕНА ГАМИНГ“ ДООЕЛ Струмица. Даночниот обврзник не ги подмирувал месечните обврски за даночните давачки за целиот период на контролата и не работел во согласност со законот. Воедно констатирано е дека Државна лотарија незаконски доделувала лиценци за приредување на игри на среќа, за што ќе бидат информирани и надлежни истражни институции.

Македонија | пред 1 година

pandov-andov

Владата го разреши директорот на затвор „Скопје“ во Шутка

По констатираните неправилности од Управата за извршување на санкции во работењето на КПУ Затвор Скопје – Скопје, разрешен е директорот на затворот, Филип Андов.На негово место назначен е Бобан Утковски за в.д. директор на КПД Затвор - Скопје.

Македонија | пред 1 година

vlada-2024-mickoski

Назначени директори на АХВ и три други државни агенции

Фадил Асани е именува за в.д. заменик на директорот на Агенција за храна и вeтеринарство.Зоран Крстаноски е именува за директор на Управата за имотно-правни работи.Илија Стоилев е именуван за в.д. директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.Фадиљ Асани е именуван за в.д. заменик на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.Христина Смилевска е именувана за в.д. заменик на директорот на Агенција за стоковни резерви.

Македонија | пред 1 година

24072024_Perinski_1

Министерот Перински со градоначалниците од Полошкиот плански регион: Многу приоритетни прашања во општините чекаат на финансиската поддршка од Владата, потребите на граѓаните се најважни

Македонија | пред 1 година

mickoski-sredba5-23072024

Претседателот на Владата Мицкоски одржа средба со претседателот на фондација „Мармара”, Република Турција, Акан Сувер

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски придружуван од дел од министрите се сретна со претседателот на фондација „Мармара”, Република Турција, Акан Сувер со својот тим.На средбата, премиерот Мицкоски се заблагодари на гостите за интересот и континуираната соработка од нивна страна со нашата држава, ги претстави можностите за инвестирање во нашата земја и одличните можности на Владата кои ги нуди во тој дел за потенцијалните странски инвеститори.Претседателот на Фондацијата, Суфер му ја честиташе големата победа на претседателот на Владата Мицкоски и рече дека оваа Влада има одлична економска програма која е привлечна за секој инвеститор кој би сакала да го инвестира својот капитал во земјава.Претседателот на фондацијата „Мармара” му ја врачи на премиерот лично поканата за овогодинешниот Глобален Евроазиски економски Самит кој веќе 30-тина години се одржува во Истанбул.Преку овој форум, македонската економија и македонските компании имаат ширум отворена врата за соработка во целиот евроазиски простор. Тоа е и врската меѓу двете држави.

Македонија | пред 1 година

IMG_5148

Потпишан Договор за заем од 26,4 милиони евра од ЕБОР за зајакнување на електропреносната мрежа

Во Владата денеска е потпишан договор за заем од 26,4 милиони евра помеѓу Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и македонскиот електропреносен систем оператор АД МЕПСО, наменети за зајакнување на преносната мрежа. Потпис на договорот ставија претседателката на ЕБОР Одил Рене Басо, и генералниот директор на АД МЕПСО, Зухди Енуз. На потпишувањето во Владата присуствуваа министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и евроамбасадорот Дејвид Гир.„Ми претставува особено задоволство што денеска се создаваат предуслови за реализација на капитален енергетски проект во делот на домашната електропреносна мрежа. Станува збор за реконструкција на 110 киловолтниот далновод Валандово - Струмица и изградба на нова трафостаница 400/100 кв во селото Милетково, во близина на Гевгелија. Реализацијата на овој проект ќе овозможи дополнително зајакнување на преносната мрежа на АД МЕПСО во југоисточниот дел од земјава. Во редот на придобивките би сакала да го истакнам и значителното намалување на загубите на електрична енергија и зајакнување на стабилноста и доверливоста на мрежата што директно ќе придонесе за квалитетна интеграција на дополнителен број електрани од обновливи извори на енергија, на мрежата на македонскиот електропреносен оператор. Овој проект е дел од зелената транзиција на македонската енергетика затоа што освен намалување на загубите на електрична енергија, зајакнатата преносна инфраструктура ќе овозможи да се приклучат околу 1.170 MW дополнителни обновливи извори, кои во моментов не се во функција, поради ограничениот капацитет на локалната електропреносна мрежа“, изјави Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини по потпишувањето на договорот за заем.„Проектот е значаен за преносната мрежа на АД МЕПСО затоа што ќе влијае на намалување на загубите на електрична енергија за околу 14,5 GWh, како и на намалување на емисиите на јаглерод диоксид за 8.158 тони, годишно. Дополнително, проектот вклучува поддршка за развој на главен план за кој ќе ги идентификува клучните инвестиции во мрежата, потребни за распоредување на нови обновливи извори и ќе обезбеди непречено преминување кон зелена енергија“, рече претседателката на ЕБОР, Одил Рене Басо.„Инвестирањето во далноводи и воведувањето паметни мрежи е клучен политички потфат во Северна Македонија, имајќи предвид дека мрежата во земјата е генерално застарена, и е потребна нејзина замена. Несомнено, обновата на мрежата ќе наиде на поддршка кај бизнис секторот кој ќе биде поттикнат да инвестира во обновливи извори на енергија“, истакна евроамбасадорот Дејдвид Гир.Проектот ќе биде заокружен со развој на центар за обука на електропреносни оператори во југозападниот дел од нашата земја, практично регион кој е најмногу засегнат од транзицијата на земјата кон зелена транзиција.Вкупната вредност на проектот изнесува 34,7 милиони евра. Од нив, 26,4 милиони евра ќе бидат кредит за АД МЕПСО од ЕБОР, околу 7,6 милиони евра се грант од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан и уште половина милион евра се обезбедени преку Климатскиот инвестициски фонд за забрзување на транзицијата од јаглен.

Македонија | пред 1 година

vlada-2024-mickoski

Платите на премиерот и министрите: Мицкоски и Тошковски на врвот

Најголеми плати во Владата имаат премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тие месечно земаат по 140 илјади 450 денари, или, 2 илјади 280 евра. Сите други министри земаат по 115 илјади 540 денари, односно илјада 870 евра.Платата на Тошковски е повисока од платите на другите министри по Одлуката на Владата од јуни 2017-та, со која министерот за внатрешни добива посебен додаток од 20 отсто, што ги изедначува неговите примања со оние на премиерот.Владата ги објави овие податоци на својата официјална страница во делот „отчетност“, со образложение дека тоа е дел од заложбите на Владата за поголема дигитална транспарентност и дека висината на платите е јавен податок.

Македонија | пред 1 година

20072024_MICKOSKI-4

Мицкоски за СДСМ: Оставија буџет без 5 милијарди денари за пензионерите и 3,7 милијарди денари за земјоделците

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на поставување на камен темелник за изградба на нова детска градинка во населено место Трубарево, во Општина Гази Баба каде одговарајќи на новинарско прашање за критиките на опозицијата дека ребалансот на буџетот не е развоен, истакна дека сегашната опозиција мисли дека што повеќе измислува и критикува ќе остави поголем впечаток кај граѓаните, но вистината е дека оставија буџет без 5 милијарди денари за пензионерите и 3,7 милијарди денари за земјоделците.„Тие се будат сабајле, го започнуваат денот и мислат што да измислат. Наша задача е да работиме за граѓаните и за државата како Влада. Имаме различни цели. Нивната цел е да измислуваат и да критикуваат, по можност колку повеќе критикуваат и измислуваат, толку мислат дека оставаат поголем впечаток кај граѓаните, а наша цел е колку повеќе вакви проекти да сработиме. Ние ќе си ја тераме нашата работа, а тие нека си ја тераат нивната. До година има локални избори и граѓаните ќе кажат на избори која за што е. Дали ова тие што го кажуваат или ова ние што го работиме“, потенцираше Мицкоски.Тој исто така додаде дека тие што сега критикуваат оставија буџет без 5 милијарди денари за пензионерите и 3,7 милијарди денари за земјоделците.„Што се однесува до критиката што вие ја споменавте, само ќе напоменам дека оставија буџет без 5 милијарди денари редовни за пензионерите. Пет милијарди денари им немаше. Зошто? Затоа што шверцерски исплатиле една пензија во фискална година за претходната фискална година. Јануари за декември. Еве тоа е реалноста, само тоа ќе ви кажам. Пет милијарди денари заборавиле некако, не знам како. Бидејќи велат дека има пари, еве нека дојдат да им покажам и емпириски да видат како заборавиле 5 милијарди денари за пензионерите. Постоеше можност да нема за пензионерите пензии, потенцираше Мицкоски и додаде:„Понатаму заборавиле 3,7 милијарди денари за земјоделците, не знам како, еве прашајте ги нив нека ви кажат. Ги нема, па моравме ние да ги наоѓаме. Сега милијарда и 700, па до година уште две милијарди итн. Заборавиле, да речеме некаде околу половина милијарда за плати за национални шуми, а нели и конкурси објавуваа ако се сеќавате пред избори. Конкурси објавуваа, а заборавиле пола милијарда евра да им помогнат бидејќи луѓето 4 месеци плата не земале и сега нема кој да помага во гасењето на пожарите“.

Македонија | пред 1 година

244471229_207193698150323_2650290680669307320_n

Повреќе пари за пензионерите и општините, се крати од здравство и студентите

Ребалансот на буџетот влезе во Собрание. Со ребалансот на буџетот се предвидува јавниот долг на државата годинава да достигне рекордни 9,2 милијарди евра, односно 68,2 проценти од бруто домашниот производ.Ребалансот предвидува буџетската дупка годинава да се зголеми за нови 180 милиони евра.Намалени се очекувањата за раст на економијата од 3,4 на 2,1 отсто.Според текстот на ревалансот, се крати од здравството, финансиите и одбраната, се додава кај платите за администрацијата, пензионерите, земјоделците, локалната самоуправа.Најголемиот дел од дежавната каса, 4,95 милијарди евра се за социјални трансфери, плати и пензии.Ако се спореди со основниот буџет, средствата за оваа намена се зголемени за 4,9 проценти.За пензии се предвидуваат 1,47 милијарди евра. Овде растот е шест проценти а разликата меѓу ребалансираната и првичната сума изнесува 83 милиони евра.Трошењата пак се намалени:капиталните расходи се пониски за близу 2,6 милиони евра а надоместоците за невработени се помали за 1,6 милиони евра.Кратења на средствата со ребалансот има за пет министерства. Најмногу – за 149 милиони евра – во Министерството за траспорт, 33,5 помалку добива одбрана, 13,3 милиони евра на економија и труд, за 10,3 милиони евра финансии и за 7,5 милиони евра се намалени парите за Министерството за здравство.

Македонија | пред 1 година

mickoski-vlada-2

Познати имињата на сите заменици министри

Владата на Република Северна Македонија до Собранието ги предложи следните имиња за заменици министри, при што целосно се комплетира владиниот тим.За заменик министер во Министерството за одбрана се предлага Елфет Исмаили. Исмаили е дипломиран економист. Своето работно искуство го започнува во Фонд за магистрални и регионални патишта. Од 2006 до 2008 била директорка на ГЦПЦ Пошта Скопје 2, а од 2008 до 2019 била вработена во АД Македонска Пошта како соработник за маркетинг. Во 2019 до 2024 година била Придружничка на лице упатено во Делегацијата на РС Македонија при НАТО, Брисел, Кралство Белгија.За заменик министер во Министерството за внатрешни работи се предлага Астрит Исеини. Исеини завршил на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а се стекнал и со титулата доктор на Науки по Кинезиологија, вонреден професор. Во моментот е вонреден професор на Тетовски универзитет и на Факултет за Биотехнички науки во Битола.За заменик министер во Министерството за правда се предлага Ален Деребан. Деребан е магистер по право од областа на меѓународно право и меѓународни односи, со завршен правосуден испит. Од 2014-тата година има сопствена адвокатска канцеларија, а во два мандата е и советник во Советот на Општина Струга.За заменик министер во Министерството за односи со заедници се предлага Неждeт Мустафа. Мустафа е дипломиран професор по филозофија. Од 1996 до 2002 година бил градоначалник на Општина Шуто Оризари. Потоа бил дел од македонското собрание како пратеник, а од 2006 до 2017 година е назначен за Министер без ресор – Национален координатор на Декадата и Стратегија за Ромите.За заменик на министерот во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се предлага Зоран Димитровски. Димитровски е магистер на политички науки, а има долгогодишно работно искуство во медиумите, како главен и одговорен уредник. Димитриевски од 2020 до 2023 година бил избран за заменик министер за локална самоуправа.За заменик министер во Министерството за европски прашања се предлага Викторија Трајков. Трајков завршила на Универзитет Св. Климент Охридски Битола, и се здобила со титулата доктор на економски науки. Од 2010 година е вработена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. А од 2019 година е избрана за доцент на Универзитет Скопје.За заменик на министерот во Министерството за финансии се предлага Николче Јанкуловски. Јанкуловски е доктор на економски науки, а во моментот е редовен професор на Катедрата за агроекономија на Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола. Има издадено повеќе домашни и меѓународни публикации.За заменик на министерот во Министерството за економија и труд се предлага Марјан Ристески. Ристески е дипломиран економист, од 2005 до 2017 година бил Градоначалник на Општина Прилеп. Добитник е на неколку меѓународни и домашни признанија.За заменик на министерот во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се предлага Мирослав Лабудовиќ. Лабудовиќ е магистер по електротехника и информациски технологии. Од 2022 година е менаџер на инженеринг во Корпорацијата Теламон.За заменик на министерот во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се предлага Флакрон Беџети. Беџети е професор по политички науки на Универзитет Мајка Тереза Скопје. Тој има долгогодишно работно искуство во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Република Северна Македонија. Бил државен секретар во Министерството за труд и социјална политика, а во моментот е раководител на одделение за претставки и предлози, Правен сектор.За заменик на министерот во Министерството за здравство се предлага Јовица Андовски. Андовски е дипломиран економист, од 2011 до 2017тата година бил заменик министер за здравство. Тој бил В.Д. Директор на Секретаријатот на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа, како и национален координатор на SEEHN на Република Северна Македонија.За заменик на министер за образование и наука се предлага Лулзим Алиу. Алиу е доктор на филолошки науки. Тој е редовен професор по предметот Методика на наставата по албански јазик, Литература за деца на Педагошки факултет „Свети Климент Охридски” Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј – Скопје”. Од 2023 до 2024 година бил Продекан.За заменик на министерот во Министерството за социјална политика, демографија и млади се предлага Ѓоко Велковски. Велковски е дипломиран економист. Има долгогодишно работно искуство во Министерството за труд и социјална политика, бил Секретар на Град Скопје, а во последната техничка Влада беше технички министер за труд и социјална политика. Од 2013 до 2024 година бил советник во Советот на Општина Чаир.За заменик министер во Министерството за локална самоуправа се предлага Ерџан Селими. Селими е магистер по политички науки. Од 2009 до 2014 година бил советник во кабинетот на министерот без ресор. Од 2014 до 2024 година бил државен службеник во Генералниот секретаријат на Владата, а од 2017 до 2024 година бил советник во Советот на Град Скопје.За заменик министер во Министерството за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани. Сулејмани има завршено Педагошка Теологија на Универзитет Улудаг – Бурса во Турција. Бил заменик министер за култура, а од 2023 година е вработен во Општина Тетово како советник за стручно административна поддршка на општинскиот инспекторат.За заменик министер за дигитална трансформација е предложен Радослав Настасијевиќ Варџиски. Настасијевиќ Варџиски е магистер на економски науки – отсек маркетинг менаџмент, а од 2019 до денес работи во Општина Куманово.За заменик на министерот кој ќе раководи со Министерството за јавна администрација се предлага Лазе Јаќимоски. Јаќимоски е вонреден професор на Правен факултет – Кичево, Универзитет Св. ,,Климент Охридски” Битола. Има издадено повеќе домашни публикации.За заменик на министерот во Министерството за транспорт се предлага Калтрина Зеколи Шаќири. Зеколи Шаќири е доктор на науки. Од 2016 до 2023 година е професор на Универзитетот Мајка Тереза, Факултет за социјални науки, а од 2023 до 2024 година била избрана за в.д декан.За заменик на министерот во Министерството за животна средина и просторно планирање се предлага Ане Лашкоска. Лашкоска дипломирала на Природно математичкиот факултет во Скопје и се здобива со титулата инженер по хемија. Лашковска беше долги години пратеник во македонското Собрание.За заменик на министерот во Министерството за спорт се предлага Сафије Садики Шаини. Садики Шаини е инженер по Информатика на Природно – математичкиот факултет при Државниот универзитет во Тетово, каде што од 2012-2019 била вонреден асистент по информатика. Таа била пратеничка во парламентарниот состав 2020 до 2024 година. Од 2020 година е асистентка по информатика на Универзитетот Мајка Тереза.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања