ВЛАДА

Dzaferi_Forina_8

Владата на Џафери донела заклучок кој правел штета на буџетот, а на неколку дена пред избор на нов состав

На седницата на Владата се донесе одлука за укинување на заклучокот на претходната техничка Влада со кој се предизвикува фискални импликации за реализација на Проектот за изведба на автопатот Коридор 8, Делница 2: Гостивар-Букојчани од дополнителни 252.699.474 евра, кои не се планирани и обезбедени во Буџетот, ниту се економски исплатливи.Овој заклучок бил усвоен на 13-ти јуни оваа година, повеќе од еден месец после изборите и на неколку дена пред донесување на Одлуката за избор на нова Влада на Република Северна Македонија како и економската неисплатливост за реализација на истиот.Најавено е дека за истиот заклучок ќе биде известено и Основното јавно обвинителство.

Македонија | пред 1 година

vlada-2024-mickoski

Нови директори во АВРМ, три инспекторати, затворот „Тетово“..

Владата на Република Македонија вчера на шестата седница донесе повеќе одлуки за разрешување на досегашните и именување на нови кадровски решенија, и тоа:Фејсаљ Беадини, се именува за в.д. директор на Биро за процена, орган во состав на Министерството за правда.Седад Рушани се именува за в.д. директор на Биро за метрологија орган во состав на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.Шабан Алајбегу се именува за в.д. директор на Државниот просветен инспекторат.Хаќим Рамадани се именува за в.д. директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа.Зухејр Реџепи се именува за в.д. директор на Државен инспекторат за градежништво и урбанизам.Месуд Јакупи, се именува за в.д. директор на Агенција за стоковни резерви.Џеладин Џеладини се именува за в.д. директор на Казнено поправна установа Затвор Тетово.Сељатин Бељули, се именува за в.д. директор на Агенција за вработување на Република Северна Македонија Скопје.Весна Пешова се именува за в.д. заменик директор на Агенција за вработување на Република Северна Македонија Скопје.Ељјеса Незир се именува за в.д. директор на Државниот завод за индустриска сопственост.Гранит Османи се именува за в.д. директор на Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 1 година

16072024_MICKOSKI-1

Мицкоски: Покрај душманското трошење на Буџетот од претходната власт, ќе обезбедиме повисоки пензии согласно ветеното

„Душмани да биле немало вака да се однесуваат“, изјави Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски во интервју за Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител, зборувајќи за тоа како работела претходната власт и како се однесувала со државниот Буџет.На прашањето дали ќе има доволно средства за ветување за покачување на пензиите, премиерот Мицкоски потенцираше дека линеарното зголемување на пензиите од 5000 денари за пензионерите ќе се исполни, односно како што рече со овој Буџет во септември се обезбедуваат 2500 денари , додека останатите 2500 денари пензионерите ќе ги земат во месец март следната година.„Ќе има за пензиите затоа што сега системот на зголемување на пензиите е линеарен и тоа што го ветив дека пензионерите ќе добијат линеарно зголемување од 5000 денари, тоа и ќе го добијат. 2500 денари во овој Буџет, а 2500 денари во март месец следната година. Така што ќе си има процес кој што ќе биде исполнување на ветувањето“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

16072024_MICKOSKI

Мицкоски: Состојбите кои се наследени со Буџетот се алармантни, недостасуваат пари, ќе има истрага како е трошено, но ќе усвоиме ребаланс кој ќе ја стабилизира состојбата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Централниот дневник на ТВ Сител вели дека владината седница за ребаланс на Буџетот се уште не е завршена, укажувајќи дека состојбите кои се наследени се алармантни и катастрофални, но потенцираше дека ќе има истрага како и што е трошено.„Има една катастрофална алармантна состојба која што ја оставиле, направиле Буџет за 6 месеци, како да кога го правеле Буџетот знаеле дека нема да бидат повеќе Влада, па се труделе што повеќе проблеми да и остават на новата Влада. Така што милијарда, милијарда денари останале непокриени, законски обврски кои што морале да ги направат не ги предвидувале во Буџетот итн. Но, мислам дека период кој што следи истражните органи ќе имаат многу работа“, дециден е тој.На прашањето што значи тоа, премиерот Мицкоски рече:„Па да ги истражуваат сите овие работи кои што се оставени како недостатоци и зошто се тие недостатоци. Еве на пример да ви кажам дека Национални шуми 4 месеци немаат земено плата вработените и се потребни околу 250 до 280 милиони денари. Водостопанство исто така нема земено плати, акутно се потребни од 60 до 100 милиони денари.“Според премиерот Мицкоски ваквата состојба е поради лошото менаџирање од страна на претходната влада.„И тоа е резултат од лошото менаџирање, а недостасуваат и 3 милијарди и 700 илјади денари за земјоделците. Милијарда и 200 илјади се пари кои што треба да се платат по основ на казни поради тоа што некои од министрите дивееле и ги прераспределувале вработените во институциите надвор од законот, вработените тужеле и сега Буџетот треба да ги сервисира тие обврски затоа што некој дивеел“, додаде премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_9443

Мицкоски од Вашингтон: следните денови ќе бидеме дел од одбележувањето на 75 години од НАТО, ќе остваруваме средби со државници, но и со бизнисмени и со дијаспората, а ќе најавиме и нова инвестиција

„Голем поздрав од Вашингтон. Следниве неколку дена во Вашингтон и во Њујорк ќе престојува владина делегација која што ќе ја предводам јас, а во нејзин составен дел се и министрите за надворешни работи, внатрешни работи и одбрана. Ќе бидеме дел од настанот кој што ќе прославува 75 години од постоењето на НАТО алијансата.Она кое што сакам исто така да го потенцирам се големиот број билатерални средби кои што ќе ги имам заедно со државници на земји кои што се членки на НАТО алијансата, во деновите кои што следат, но исто така во деновите кои следат ќе имам средби со бизнис заедницата овде во САД, каде што ќе ги презентирам потенцијалите кои што ги нуди Македонија за инвестирање.Ќе најавам уште една нова странска инвестиција на компанија која што е дел од листата на најголемите 500-тини компании овде во САД, нови десетици милиони евра инвестиција и нови работни места за македонските граѓани.Тоа е она кое што преставува основен приоритет на новата влада во Македонија. Би сакал исто така да напоменам дека последните денови во Њујорк ќе ги искористам за средба со македонската дијаспора, македонските исселеници.Би сакал од нив да слушнам што е она што тие го очекуваат од новата влада и нормално, што е она што новата влада ќе го понуди за да можат нашите исселеници да се вратат дома, во нивната татковина, таму да инвестираат и практично да ги избегнат сите оние пречки кои што беа изминатиот период со кои тие се соочуваа при своето доаѓање назад во својата татковина.Уште еднаш да се заблагодарам на македонската јавност што не следи изминатиот период и да ја охрабрам дека доаѓаат нови убави моменти за македонските граѓани. Ние на најдостоинствен начин, како што ни прилега, ќе ги претставуваме интересите на граѓаните и државата овде во Вашингтон , а потоа и во Њујорк”, објави премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

07072024_LIPKOVO-1

Прв проект на Меџити: Затворање на депонија во Липково

Првиот заменик претседател на Влдaта, а воедно и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со вицепремиерот Арбен Фетаи, како и пратеници од регионот и општински советници, денеска најавија затворање на нестандардната депонија на Липково, која се наоѓа во близина на селото Никуштак. Меџити во оваа прилика најави дека во рамките на ИПА2 Програмата за животна средина и климатска акција предвидени се значајни проекти за управување со отпадот во Источниот и Североисточниот регион.Овие проекти вклучуваат набавка на возила и контејнери, затворање на нестандардни депонии во двата региона како и изградба на регионален систем за управување со отпад.Проектот опфаќа набавка на возила и контејнери на соодветните региони, вклучително и општина Липково, која ќе добие камион за собирање смет и 139 контејнери. Дополнително, планирано е затворање на повеќе нестандардни депонии, вклучително и депонијата во Липково (Никуштак) и пет други помали депонии во Матејче, Горна Рупа, Лојане 1, Лојане и Гору.Во моментов проектот е во фаза на тендерирање по претходното откажување на избран изведувач. Новата проценка започна на 6 јуни 2024 година и се очекува да биде завршена до крајот на август 2024 година, кога ќе биде потпишан Договорот и ќе започне теренската работа.Во меѓувреме, мал дел од депонијата ќе остане отворен до изградбата на регионалната депонија во Свети Николе. Во втората фаза од проектот, во рамките на ИПА 3 Програмата, депонијата ќе биде целосно затворена. По изградбата на регионалната депонија, отпадот од Липково ќе се транспортира до друг пункт во Куманово, а потоа до регионалната депонија во Свети Никола.Во нестандардната депонија во Липково, која се наоѓа во близина на селото Никуштак, ќе се вршат активности како преобликување на телото на депонијата, тампонирање стар отпад, изградба на пасивен систем за собирање гас и покривање на депонијата со здрава почва. Депонијата се наоѓа на стрмна падина и е далеку од секакво водно тело.„Дејствуваме за доброто на граѓаните, за поздрав живот и почиста животна средина“, изјави првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Македонија | пред 1 година

IMG_4903

Уште една тура нови директори во повеќе институции

Владата на Република Северна Македонија на денешната трета седница донесе одлука за именување на нови кадри и разрешување од должност на национални координатори.Во однос на нови именувања во државните институции на владина седница се донесе одлука за назначување на:Васе Анакиев се именува за вршител на должноста директор на Државниот инспекторатот за земјоделство. Анакиев е дипломиран инженер агроном и магистер на економски науки, со работно искуство во Министерството за шумарство и водостопанство. Бил претседател на Комисијата за доделување на земјоделско земјиште.Весела Честоева, се именува за вршител на должноста директор на Управата за заштита на културното наследство. Честоева дипломирала на Институтот за Историја на уметноста и Археологија при филозофскиот факултет во Скопје и магистрант на Институтот за национална историја. До 2024 година е директор на ЈОУ Вински музеј за регион Тиквеш- Кавадарци, а претходно и директор на НУ Археолошки музеј на Македонија – Скопје, како и пратеник во Собранието.Иван Живковски се именува за в.д. директор на Агенцијата за катастар на недвижности. Живковски има магистрирано на тема „Правниот статус на Агенцијата за катастар и недвижности како државен орган“, а има дипломирано на правиот факултет „Јустинијан Прв“ во Скопје. Работи како адвокат. Во минатото бил и претседател на Студентскиот парламент на УКИМ и има учествувано во повеќе органи на управување.Данијел Апостолоски се избира за управител на Друштво за изградба, управување и издавање на повеќенаменска Сала Борис Трајковски ДООЕЛ Скопје. Апостолоски е дипломиран професор по физичка култура и магистрант на Факултет за менаџмент на човечки ресурси при Универзитет за туризам и менаџмент – Скопје. Има работно искуство во ДСУ „Спортска академија“ Скопје.Амет Зибери се именува за в.д. заменик на директорот на Агенцијата за катастар на недвижности.Даут Мемеши се именува за в.д. директор на Бирото за регионален развој.Рефик Џемаили се именува за в.д. директор на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија.Александар Донев се именува за в.д. директор на Управа за сигурност во железничкиот систем.Диме Ратајкоски, на предлог на министерот за култура се именува за директор на Културно-Информативен Центар на Република Северна Македонија во Истанбул, Република Турција. Ратајковски е магистрант на катедра за Историја на УКИМ, а работи како новинар и уредник во МРТВ на Културно-документарна програма и автор и сценарист на документарни филмови.Мими Ѓоргоска Илиевска, на предлог на министерот за култура се именува за директор на Културно-Информативен Центар на Република Северна Македонија во Загреб, Република Хрватска. Ѓоргоска Илиевска е магистер по филолошки науки, универзитетски професор и експерт за заштита на аудиовизуелното наследство. Има повеќе од 20 години работно искуство во филмската дејност и дејноста на заштита на аудиовизуелното наследство. Член е на Европската филмска академија, а има раководено со Агенцијата за филм и Н.У. Кинотека.Васко Шутаров, на предлог на министерот за култура се именува за директор на Културно-Информативен Центар на Република Северна Македонија во Белград, Република Србија. Шутаров дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград, на насоката по дипломатија. Магистрирал во областа правни науки и применета дипломатија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и докторирал во областа политички науки на истиот универзитет. Бил советник во советот на Општина Гевгелија и пратеник во собранието, а автор е на број научни трудови и книги.Владата ги разреши националните координатори и тоа:Владимир Пивоваров се разрешува од должноста в.д. координатор на Националниот координативен центар за гранично управување.Неби Бејадин се разрешува од должноста в.д. заменик координатор на Националниот координативен центар за гранично управување.Борче Мирчески се разрешува од должноста в.д. Национален координатор за медијација.Фатмир Ејупи се разрешува од должноста Национален координатор за социјална заштита и процес на деинституционализација.Бедри Бехадини се разрешува од должноста Национален координатор за информатика и енергетика.Фатон Асани се разрешува од должноста Национален координатор за соработка со дијаспора.Рамадан Рамадани се разрешува од должноста Национален координатор за кохезија.Владимир Симоновски се разрешува од должноста Национален координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Северна Македонија.Златко Апостолоски се разрешува од должноста Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам.Џеладин Тефик Ајвази се разрешува од должноста заменик национален координатор за спречување на насилен екстремизам.Златко Арсов се разрешува од должноста заменик национален координатор за борба против тероризам.Роберт Алаѓозовски се разрешува од должноста Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка.Магбуле Амети се разрешува од должноста Национален координатор за здравство.Д-р Маја Мосјова Мијовска, на предлог на министерот за здравство се разрешува од должноста Национален координатор за трансплантација.Д-р Билјана Андоновска се разрешува од должноста заменик на националниот координатор за трансплантација.На седницата на Влада се донесе одлука со која се направи пренамена во програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година со која се обезбедуваат преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство 600 милиони денари за дополнителни директни плаќања за земјоделците за растително и сточарско производство кои до сега биле неисплатени.Исто така се донесе одлука со која Министерството за транспорт и врски согласно програмата за капитални инвестиции става на располагање 6 милиони денари на општината Ѓорче Петров за изградба и реконструкција на патна инфраструктура.

Македонија | пред 1 година

275715101_420339626528230_744779867548015241_n

Владата ќе го усвои новиот законот со кој ќе се укинат економските директори во јавните здравствени установи

,,Владата ќе го усвои новиот закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита со кој ќе се укине институцијата економски директори во јавните здравствени установи.Оваа промена има за цел да ја подобри ефикасноста во управувањето со здравствените установи, да ги намали административните трошоци и да ги зголеми средствата за подобрување на здравствените услуги.Според новите законски одредби, ќе се укине постоењето на две управувачки позиции - организациски и медицински директор кои досега беа присутни во здравствените домови со над 1.000 вработени, универзитетските клинички центри, универзитетските клиники, клиничките болници и институтите. Од сега натаму, со овие установи ќе раководи само еден директор, кој ќе биде одговорен за организацијата и работењето на установата, како и за законитоста на работењето.Со оваа реформа, Владата се надева дека ќе ги подобри условите и квалитетот на здравствените услуги за граѓаните, овозможувајќи поголема транспарентност и отчетност во работата на здравствените установи.”, велат од Владата на Република Македонија.

Македонија | пред 1 година

28062024_SREDBA_MICKOSKI_ZDRUZENIE-NA-PENZIONERI-VELES-7

Недостасуваат 2,5 милијарди денари за редовното исплаќање на пензиите

Премиерот Мицкоски од средбата со пензионерите во Велес: „Ветувањето за повисоки пензии кое го кажавме тука во 2023 година го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата“„Ви благодарам на топлиот пречек, така беше на почетокот на октомври кога се сеќавам како многумина од вас кажуваа со какви се предизвици се соочувате. И тогаш главната идеа потекна од оваа средба да имаме комплетна промена на концептот во пензискиот систем, а тоа е да имаме линеарно покачување на пензиите на пензионерите. На тој начин практично сите пензионери ќе добијат подеднакво и нема да се создава преголема разлика помеѓу малкумина и повеќе од 80% од пензионерите.“, истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната средба со здружението на велешките пензионери, после одлуката на Владата за зголемување на пензиите за пензионерите.„И тогаш рековме и денес сакам тоа да го потврдам, дека наша главна цел ќе ни биде нашите повозрасни сограѓани да имаат подостоинствени пензионерски денови, односно во најубавите години од својот живот да може да се чувствуваат пристојно и достоинствено, а не како што беше минатата есен и зимата, кога за жал нашите родители, дедовци, баби, наместо да ги поминуваат пензионерските денови онака како што заслужуваат, тие чекореа по улиците и плоштадите ширум Македонија, барајќи поголеми права и повисоки пензии.“, истакна премиерот Мицкоски.Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека е направена детална анализа и врз основа на тоа беше дадено ветувањето дека во првата година од мандатот ќе се направи линеарно зголемување на пензиите за пет илјади денари.Денес на седницата на Владата како точка за информирање донесовме заклучок дека пензиите кои што треба да бидат нивелирани, сега во месец септември, а потоа и во месец март следната година, ќе го вклучат тоа линеарно покачување, најпрвин од 2.500 денари сега во септември, и уште 2,500 денари и во месец март. Тоа значи дека најпрвин за три месеци, па за 9 месеци, порано од таа една година што ја ветувавме, тие 5.000 денари линеарно зголемување на пензиите за пензионерите ќе бидат веднаш исплатени- рече претседателот на владата.Тој потенцираше дека се правеле напори и сега во септември да се исплатат во целост 5.000 денари покачување на пензиите, но во овој буџет ваков каков што е , недостасуваат 2,5 милијарди денари за редовното исплаќање на пензиите. Со оглед на тоа дека со ново покачување ќе бидат зафатени исто толку пари, со ребалансот на буџетот ќе бидат реструктуирани 5 милијарди денари или повеќе од 80 милиони евра.„Она кое што го ветивме при нашата средба во октомври месец 2023 година, тоа и го реализираме во првите пет дена од формирањето на новата влада.“, посочи премиерот Мицкоски и дополни дека главен приоритет во периодот кој што следи ќе биде и здравствениот систем.„Заедно работевме со министерот Арбен Таравари. Во подготовка е новиот закон во кој ќе направиме рационализација на функционерите во здравството, односно ќе дојде до бришење на делот во кој беа т.н. организациски или кај народот познати, економски директори. И тоа веќе министерот Таравари го направи, голем дел од нив кои што беа вршители на должност кои беа без мандат, заминуваат во историја, а со овој нов закон кој влезе во владина процедура, ќе бидат сите организациски директори укинати. На тој начин практично ќе имаме поефикасна и поевтина работа и повеќе пари кои ќе останат за здравствените осигуреници.“, рече претседателот на Владата Мицкоски на денешната средба со здруженијата на пензионерите во Велес.

Македонија | пред 1 година

mickoski

Изгласани повисоки пензии, здравство во Струга нема да се учи - Мицкоски за првата владина седница

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека на првата владина седница се изгласани неколку точки. Меѓу најзначајните е дека ќе има повисоки пензии за 2500 денари, потоа се укинува факултетот за здравствени услуги во Струга кај Мерко, а именувани се и нови директори.Прва седница на Владата: Повисоки пензии; Укинат факултетот за здравствени услуги во Струга; Нови именувања“, напоша Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-28-at-15.08.24

Ова се новите директори во Царина, Управа за јавни приходи, Биро за јавна безбедност...

Ве известуваме дека Владата на Република Северна Македонија донесе повеќе одлуки за именувања на раководни кадри на државни институции. Овие одлуки ги вклучуваат следните назначувања:Игор Јанушев е именуван за Генерален секретар на Владата. Јанушев е дипломиран правник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје. Неговото претходно искуство вклучува работа како пратеник во Собранието, директор на ЈСП „Скопје” и раководител на Секторите за воздухопловство и за општи работи при Министерството за транспорт и врски. Како пратеник, Јанушев беше шеф на делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ и претседател на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.Ивица Томовски е назначен за директор на Службата за општи и заеднички работи. Тој има магистратура по менаџмент на човечки ресурси и долгогодишно професионално искуство во деловното работење, консалтинг услуги и менаџирање во приватниот сектор. Томовски е поранешен управител на ЕЛЕМ Турс и има стекнато обуки на повеќе интернационални школи за менаџмент на човечки ресурси.Елена Петрова е новиот директор на Управата за јавни приходи. Петрова беше дополнителен заменик-министер за финансии во последната техничка Влада. Таа е дипломиран економист со над 25 години искуство во Управата за јавни приходи, каде што работела на различни раководни позиции, вклучувајќи управник на Дирекцијата за големи даночни обврзници. Има активно учество во неколку управни одбори и поседува бројни лиценци и сертификати, вклучувајќи обуки и соработки со Светска банка, ММФ и други меѓународни организации.Бобан Николовски е именуван за директор на Царинската управа. Николовски доаѓа од позицијата пратеник во македонското собрание и има 15 години работно искуство во Царинската управа, вклучувајќи и работа како директор на ЈП „Куманово план“. Тој има магистратура по бизнис и поседува десетици обуки и лиценци за царинско работење.Александар Јанев е назначен за директор на Бирото за јавна безбедност. Јанев има 27 годишна полициска кариера која започнала како кадет на Средното полициско училиште „Елисије Поповски Марко“. Образованието го продолжил на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси. Јанев работел на различни позиции во Министерството за внатрешни работи, вклучувајќи инспектор, раководител на единица и сектор, и аналитичар за потребите на министерството. Тој е унапреден во главен инспектор во секторот за обезбедување и заштита на личности и објекти и раководел со четири сектори со 300-350 вработени во областа на организираниот криминал, корупцијата, транснационалниот криминал, тероризмот и насилниот екстремизам.За државен секретар во Министерството за внатрешни работи е именуван Сашо Петрушевски. Тој е доскорешен директор на Јавно претпријатие во Општина Куманово. Тој е добитник на Ноемвриска награда на Град Куманово, како и добитник на награда за најдобро работење на ЈП „Куманово Паркинг” - Куманово од Агенција „Company Wall“ Macedonia за најдобар бонитет А. Поседува повеќе сертификати и обуки за менаџирање со човечки ресурси и комуникациски техники.За шеф на Канцеларијата на Претседателот на Владата е назначен Владимир Нелоски, а негов заменик Саше Павлоски. Владимир Нелоски има завршено на Економскиот факултет, воедно е магистер на Правниот факултет „Јустинијан први” од областа на корпоративното право. Тој е советник во Град Скопје. Бил претходно вработен во Агенцијата за електронски комуникации и има богато искуство во менаџирање со процеси и човечки ресурси.Саше Павлоски завршил на Економскиот Факултет при УКИМ. Тој има повеќегодишно работно искуство во Владата на Република Северна Македонија и искуство од менаџерско работење и делување. Бил и член на Надзорен одбор на МЕПСО и претседател на Управниот одбор на Национален парк „Маврово”.Воедно Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија, Цветан Трипуновски ја информираше владата за штетите од невремето пришто беше задолжен од општините да прибере информација за проценка на штетите од невремето за да се направи проценка на износите на штета.Министерот за култура и туризам Зоран Љутков информираше за штетите предизвикани од невремето врз Драмскиот театар, пришто е најавена ревизија на постапувањето на минатата управа на Театарот и континуираната негрижа.Воедно, меѓународниот универзитет во Струга не може да основа Факултет за здравствени науки. Донесената одлука од претходното владино раководство е поништена, а информацијата беше потврдена денеска на првата седница на новата Влада.Владата расправаше и за зголемување на пензиите од 5.000 денари, пришто беше потврдена заложбата и беше одлучено ова зголемување да се реализира на два пати, од кои првата исплата од 2.500 денари ќе биде во септември, а втората од 2.500 денари ќе следува во март.

Македонија | пред 1 година

448954525_1001918517980066_3446002381081976987_n

Меџити и објаснувал на Агелер како Македонија нема да се гуши во загаден воздух, а го затвориле и прашањето дека тие се легитимен партнер во Владата

Изет Меџити, заменик на претседателот на Владата и Министер за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, оствари средба со Нејзината Екселенција, Амбасадорот на САД во РС Македонија, г-ѓа Ангела Агелер.„На средбата ги истакнав клучните приоритети и стратешки определби на новата влада. Ја уверив Амбасадорката дека како владеачко мнозинство, остануваме и понатаму максимално посветени на продлабочување на меѓусебните односи со нашиот најголем стратешки партнер и силен сојузник – Соединетите Американски Држави.Ја уверив Амбасадорката, нејзината екселенција Ангела Агелер, дека за нас евроатлантската определба и полноправното членство во Европската Унија остануваат врвен приоритет.Како прв Заменик на Претседателот на Владата, на средбата изразив искрена благодарност за поддршката и безрезервната помош која САД во континуитет ја пружаат во насока на реформирање ена институциите и зацврстување на демократските капацитети и демократскиот амбиент во нашата држава. Заеднички се согласивме дека се потребни резултати во борбата против политичката корупција која е навлезена длабоку во порите на многу институции. Испораката на правдата мора да биде неселективна и согласно највисоките стандарди на владеење на правото. За да се случи ова, потребни се реформи во правосудниот систем и Владата е решителна оваа борба да ја спроведе до крај.Заедно се согласивме дека за прашањето на политичкиот легитимитет на новата Влада е затворено прашање. Периодот пред нас ќе биде искористен за спроведување на успешна транзиција и консолидирање на институциите во државата. Во овој процес е од исклучително значење поддршката на меѓународните партнери, пред се на Соединетите Американски Држави.Како Министер за животна средина и просторно планирање, ја информирав Амбасадорката за клучните приоритети на Министерството кое го предводам во насока на безкомпромисната борба со загадувачите на амбиенталниот воздух, согласно највисоките европски стандарди и во рамки на планот за чист воздух.Заеднички ќе се посветиме на градење на обновливи извори на енергија кои што ќе обезбедат повисоки еколошки стандарди. Истакнав дека, како млада држава, имаме потреба од добри искуства и споделување и размена на знаења во оваа насока. Од Амбасадорката побарав помош во нашите напори за подобрување на државните политики во насока на здравата животна средина.На крај, уште еднаш го уверив нашиот стратешки партнер дека високо ги цениме сите досегашни инвестиции од САД, како економски, така и во насока на подигање на капацитетот на институциите и општествениот демократски развој.Остануваме сигурен гарантор дека Република Северна Македонија ќе остане на стратешкиот курс“, објави Меџити.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-23-at-22.17.10

(Видео) Македонија доби нова Влада, чиј премиер е Христијан Мицкоски

Со 77 гласови „за“, 22 гласови „против“ и без воздржани е изгласана новата Влада, чиј премиер ќе биде Христијан Мицкоски.Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека ова е последна шанса за Македонија да биде повторно горда. Во говорот кажа дека нема да се откаже од враќање на старото име на државата, без придавката „северна“. Говорот му беше поздравен со аплауз.Европскиот фронт предмалку донесе одлука да ја напушти седницата и да не учествува во гласањето за избор на нова Влада предвбодена од мандатарот Христијан Мицкоски.Досегашниот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски е предложен за министер во овој ресор, за надворешни работи и надворешна трговија - Тимчо Муцуски, а за финансии потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Кочоска Димитриеска. Функцијата на заменик претседател на Владата и министер за транспорт треба да ја добие Александар Николоски, во ресоротот одбрана се предлага Владо Мисајловски, а за информатичко општество и дигитална трансформација Стефан Андоновски. Министер за локална самоуправа ќе биде поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“, Златко Перински.Со новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини ќе раководи Сања Божиновска, Цветан Трипуновски ќе го добие Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Весна Јаневска ќе биде прв човек во образование и наука, кандидат за во Министерството за култура и туризам е актерот Зоран Љутков, а со Министерството за спорт ќе раководи ракометарот Борко Ристовски.Вицепремиерски места ќе имаат и коалициските партнери Социјалистичката партија и Демократската партија на Србите. Љупчо Димовски, претседателот на СП ќе биде вицепремиер и министер за политички систем, а Иван Стоиљковиќ - вицепремиер задолжен за односи со заедниците. Шабан Салиу ќе биде министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите.На министерската функција во правда треба да дојде Игор Филков, додека за министер за јавна администрација е предложен Горан Минчев од Движењето ЗНАМ.

Македонија | пред 1 година

sobranie-sala

Желни да кажат нешто за новата Влада: СДСМ нема да молчи на новата собраниска седница

Пратениците на СДСМ решија да дискутираат во Собранието на точката за избор на нова Влада. Ова доаѓа откако претходно никој од нив не се пријави за збор кога се конституираше Собранието и се правеше избор на собраниски спикер. Прв ќе зборува поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, а по него, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајковски.Рокот од 20 дена за формирање влада истекува на 25 јуни. За Владата да биде изгласана потребно е апсолутно мнозинство од најмалку 61 пратеник од вкупно 120-члениот парламент. Седница за избор на Владата се одржува во рок од 15 дена од приемот на предлогот. Расправата во Собранието може да трае најмногу два дена односно до утре на полноќ.

Македонија | пред 1 година

mkd-eu-makedonija-eu-nato

Тој што нема да има промакедонски позиции, нема да биде дел од Владата, отворено најави Мицкоски

Христијан Мицкоски, мандатар за состав на Владата, очекува секој член на Владата да има промакедонски и татковински пристап.„Секој ќе излезе од промакедонски наратив, кој ќе излезе од тоа, ќе биде надвор од Владата. Очекувам сите да имаат промакедонски позиции и да се борат за нивната татковина Македонија“, рече Мицкоски.Тој објасни: „Промакедонската позиција значи стратешкото ориентирање на Македонија кон Европа“.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања