ВЛАДА

224994218_4577315625652604_6519891985805782571_n

Мицкоски за проблемот со градежната прашина: Треба да се зголеми дисциплината на оние кои што ја создаваат

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната надзорна расправа во Собранието за аерозагадувањето, одговарајќи на прашање за тоа како Владата планира да се справи со инертната и градежната прашина истакна дека за решавање на овој проблем единствен начин е да се зголеми дисциплината на оние коишто ја создаваат, а од друга страна граѓаните да пријавуваат доколку забележат вакво девијантно однесување со цел Градежниот инспекторат да излезе на лице место и да го констатира истото.„Тука единствен начин е да се зголеми дисциплината на тие коишто ја создаваат таа прашина. Тоа се најчесто компаниите коишто вршат градежни активности и мислам дека дисциплината не е на високо ниво.“, истакна Мицкоски.Тој исто така ги охрабри граѓаните да пријауваат доколку забележат девијантно однесување од ваква природа со цел овој проблем да биде надминат.„Јас ги охрабрувам и граѓаните ако има такви случаи на девијантно однесување да ги пријавуваат и Градежниот инспекторат да излегува на лице место и тоа да го констатира и се разбира, на таков начин да може да се спречи таквата појава. Но од друга страна со зазеленување на тие површини, така што ова се двата начини со коишто можеме ние да се бориме. Не постои трет начин, а ниту во праксата е познат трет начин. Така што се надевам дека многу скоро оваа дисциплина ќе биде подобрена.“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

mickoski-3

Мицкоски: За да се реши проблемот со загадувањето на воздухот потребно е да се изградат когенеративните гасни централи

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната надзорна расправа за аерозагадувањето рече дека оваа тема секоја зима е актуелна, посочувајќи дека не е само воздухот проблем во квалитетот на животот на граѓаните, туку и околината и животната средина.„Што се однесува како Влада можам да се согласам со најголемиот дел од тезите кои што ги кажавте и можам да се согласам со тоа дека изминатите децении многу малку или речиси ништо не е направено во делот на борбата за почист воздух. Но, исто така и во делот на средување на животната средина во која што живеат граѓаните, тука пред се мислам на организирано одлагање на отпад. Но, не само тоа, тука мислам на прочистување на отпадните води, тука мислам на обезбедување на питка вода за пиење за населението, организирани системи за одведување на отпадни води и кога целосно би се организирала државата тогаш можеме да заклучиме дека станува збор за навистина акутен проблем кој што е децении стар и преку ноќ не може да се реши.“Премиерот Мицкоски посочи дека како Влада се преземаат драстични мерки за почиста животна средина.„Како Влада преземаме драстични мерки во таа насока, посебно тука би сакал да го споменам проектот кој се однесува на финансирање и реалокација на средства од централниот буџет кон општините за финансирање на проекти кои што би значеле токму ваков начин на обезбедување на поздрава животна средина, меѓу кои и обезбедување на вода за пиење преку водоснабдителни системи, посебно од руралните населени места, ретко каде имаме обезбедена вода за пиење, а речиси и никаде немаме организиран систем за одведување на отпадните води, а да не зборам за нивен третман.“, вели тој и додаде:„Така што тоа претставува исто така акутен проблем кога станува збор за обезбедување на поквалитетна животна средина. Исто така и организирани системи за одлагање на смет, тие се многу важни и многу значајни, бидејќи во државата би рекол имаме стотици или илјадници диви депонии кои за жал на несовесен начин се одлага сметот, наместо да имаме еден организиран или неколку организирани системи кои што ќе ги користиме за да го одлагаме тој смет.“Во однос на загадениот воздух Мицкоски истакна дека најголем причинител за таквата состојба е системот на затоплување на домаќинствата, јавните и индустриски објекти.„Кога станува збор за воздухот и квалитетот на воздухот, најголем причинител е јас би се согласил со вас, е токму тоа што вие го кажавте, системот на затоплување на домови. Но, и на индустриски објекти, јавни објекти. Имаме многу јавни објекти кои што се уште користат фосилни горива за затоплување на самите тие објекти.“, истакна Мицкоски.За решавање на овој проблем премиерот Мицкоски смета дека е потребно да се изградат таканаречени когенеративни гасни централи кои што можат да служат и за производство на електрична енергија и за производство на топлина.„Така што кога сето ова би се сумирало, можам да кажам дека ова е еден од главните приоритети и ќе продолжиме во таа насока да се бориме, посебно во делот на обезбедување на централизиран систем за затоплување на домовите, јавните објекти и дел од индустриските капацитети. И како тоа ќе го правиме најчесто тоа може да се реши со изведба на таканаречени когенеративни гасни централи кои што можат да служат и за производство на електрична енергија и за производство на топлина. Но, за сето тоа да се случи потребна е и подземна инсталација за да може таа топла вода да дојде до домаќинствата, до јавните објекти и до индустриските објекти.“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

loson-mickoski

Бидете спокојни, бегалски кампови ќе нема, темата е затворена, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека граѓаните треба да се спокојни, бегалски кампови во Македонија нема да има. Тој одново го повтори ставот дека стратешкиот договор со Обединетото кралство, вакви кампови не предвидува, а темата е затворена.„Апсолутно нема таква работа, а тоа се наметна откако во Албанија беше потпишан помеѓу тамошниот премиер и премиер на земја од Европската Унија за изградба на кампови, каде Албанија ќе прими десетици илјади мигранти. Таа тема е затворена. И аналогно на тоа таа тема се пренесе тука. Но таа тема е затворена. Јас разбирам дека дел од опозицијата и малкумината нивни поддржувачи се обидуваат да растурат пердови и да го оцрнат стратешкиот договор“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-22-at-11.36.08

Од филозофирање и гола реторика, народот нема фајдер, рече Мицкоски за потезите на Арсовска па и порача да постапува ако има дивоградби

За потезите на градоначалничката во заминување, Данела Арсовска, премиерот Христијан Мицкоски рече дека ако е точно дека има дивоградби, таа треба да постапува. Според него, од филозофирање - нема фајде.„Па таа има ингеренции, ако навистина мисли дека е така тогаш треба да постапува. Бидејќи од филозофирање и гола реторика, народот нема фајде“, рече Мицкоски.Ова доаѓа откако вчера од изутрина Арсовска одеше низ Чаир за да лоцира дивоградби, па снимаше во живо, за да го нарече градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу - принцезата на дивоградбите.

Македонија | пред 8 месеци

filipce-51

Се задолжуваат за сума поголема од нашиот буџет, а не знаеме ни колкава е каматата, вели Филипче за заемот од Обединетото кралство

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, смета дека Владата не смее да се задолжи кај Обвинетото кралство, без да и соопшти детали на јавноста. Тој посочи дека задолжувањето од 6 милијарди евра се сума на пари поголема од нашиот буџет.„Сметам дека јавноста за жал, ниту политичките субјекти, за ваков договор за заем, немаат доволно детали. Сметам дека Владата треба да излезе со детали, бидејќи ваква рамка, за волкав заем, немаме потпишано со ниту една институција, ниту една Влада. Станува збор за огромни суми на пари, камати кои не знаеме колкави се, а ќе ги враќаат неколку генерации“, рече Филипче.За договорот за стратешко парнтерство со Обединетото кралство, праша, дали Владата се согласила во иднина да се разговара за во Македонија да се сместуваат мигранти. Притоа, посочи дека договорот за стратешко партнерство има поддршка од СДСМ.„На 'ABC news' имаше информација дека откако Албанија одбила, лидерите на Косово, Северна Македонија кажале дека не се согласуваат за кампови за мигранти, но се отворени за тоа да се разговара. Упатувам прашање, дали се спремни со Велика Британија да разговараат за сместување имигранти во нашата земја?“, рече Филипче.

пред 8 месеци

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Ќе биде ли Османи гонет за продажба на македонскиот идентитет?

Откако го обвинуваше Бујар Османи за велепредавство и продавање на македонскиот идентитет, премиерот Христијан Мицкоски одговорина новинарско прашање, дали ќе покрене случај против ексминистерот за надворешни работи. Тој кажа дека тоа им го препуша на обвинителите.„Ако некој презема, треба да преземе Обвинителството. Тука јас не би имал што да додадам. Тоа е независен орган. Нив треба да ги прашате дали се прекршени закони, Уставот..“, рече Мицкоски.Во низа наврати, Мицкоски го обвинуваше Османи дека прегоаварајќи со земјите од соседството и ЕУ, тој го продавал македонскиот идентитет, прифаќајќи неповолни условувања за Македонија, кои треба да се „платат“ за за се чекори по европскиот пат.

Македонија | пред 8 месеци

mkd-eu-makedonija-eu-nato

И на нас ни е од почеток јасно дека нема начин како да се избегнат уставните измени, но тие да бидат последен билатерален услов, вели Муртезани

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, за пораките испратени од Европската Унија, вели дека им е јасно дека нема начин како да се избегнат уставните измени и вметнувањето на Бугарите.Тој вели: „Наша одговорност е тие уставни измени да бидат последниот билатерален услов. Нема проблем ако сите земји членки имаат дополнителни барања, но да бидат за европски стандарди, а не да содржат билатерални прашања.„Нашето инсистирање не е на еден предлог, туку да нема билатеризирање на преговорите. За да се случат разговорите, мора да градиме меѓусебна доверба со Бугарија и да веруваме во ЕУ“, рече Муртезани.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-15-at-13.42.20

(Видео) Нема веќе што да се договараме, порача Кошта во име на ЕУ; Мицкоски: Другата страна испорачува нула, додека е така, нема ништо да направам

Претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта, чеке дека Македонија треба да испорача уставни измени и вметнување на Бугарите во највисокиот правен акт. Прашан дали ќе се договорат, ЕУ да испорача гаранции дека потоа Македонија нема повторно да биде блокирана - тој рече дека нема веќе што да се договара.Потоа, премиерот Христијан Мицкоски рече Македонија направи премногу - смени знаме, смени Устав, смени име. И смета дека тоа е премногу. Мицкоски ѝ порача на ЕУ, дека нема да прават ништо сѐ додека не видат дека Бугарија презема чекори.„Затоа што од другата страна имаме испорака 0. И би бил наивен да верувам дека ако нема испорака од другата страна, дека ние треба тоа да го направиме. Тоа додека сум премиер, нема никогаш тоа да го направам“, рече Мицкоски.Потоа, Кошта рече дека нема да има план „Б“ бидејќи планот „А“ со промени на Уставот мора да успее. На ова Мицкоски врати дека останува на истиот став.„За жал, претходната Влада прифати билатерално прашање да биде дел од нашата европска иднина. Јас ќе се борам, колку што можам, за да излеземе од овој процес во кој што сме сега. Јас не можам да излезам и немам совест да излезам пред македонските граѓани и да им кажам дека ќе биде променет Устсавот, а има најмалку 14 пресуди за Македонците на другата страна од границата, кои Бугарија треба да ги примени. Не можам ништо да преземам ништо со Уставот ако таа земја го оспорува мојот мајчин јазик и мојот идентитет. Кога ќе има став од ЕУ за нашиот многувековен идентитет-тогаш јас сум тука да разговарам“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-14-at-11.14.10

Весна Јанеска воздржана за министерската функција во здравство, Мицкоски најави дека следната недела ќе се знае сѐ

Името на министерката за образование, Весна Јаневска, уште од вчеравечер беше лиферувано во јавноста, за потенцијален министер за здравство. Таа, не одговори дали се гледа во овој ресор.„Оваа држава има премиер, претпоставувам има и преговарачки тимови. Јас ќе бидам таму каде премиерот ќе одлучи дека државата има потреба од мене“, рече Јаневска, а на прашањето, дали се гледа во ресорот здравство, таа додаде: „Веќе ви одговорив на прашањето“.Премиерот Христијан Мицкоски беше прашан дали ресорите кои ги напушта Алијансата на Албанците, предводена од Арбен Таравари, ќе ги земе ВМРО-ДПМНЕ, на што одговори дека тоа ќе се знае идната недела.„Во периодот кој следува многу работи ќе бидат појасни. Да бидеме трпеливи и да разговараме. А сигурен сум дека ќе има договор. Очекувам веќе следната недела да има повеќе на оваа тема“, рече Мицкоски.Тој добил и овластување од ВМРО-ДПМНЕ за да номинира нови имиња за ресорите кои ги напушта Алијсаната односно крилото на Таравари.„Членовите ме овластија, добив практично дозвола да номинираме нови имиња кои ќе ги заменат имињата на тие кои одлучија да одат во прегратките на Али Ахмети“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

mickoski

(Видео) Мицкоски ќе оди во Кочани да разговара со семејствата на загинатите, откако тие ја одбија поканата за средба во Влада

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека е подготвен да оди во Кочани да се сретне со родителите кои ги загубија своите чеда во трагедијата. Тој рече дека ја почитува нивната одлука да ја одбијат поканата средбата да биде во Владата. Посочи дека тој досега не добил покана за средба со нив, па додаде дека неколку пати бил таму.„Жалам што е таква одлуката, немам проблем да заминам во Кочани. Ќе сторам сѐ за да им помогнам колку што можам. Лага е дека сум имал покана. Но еве ако ова е покана, ќе појдам, ќе разговарам, ќе се организираме. Стојам на располагање, јас во Кочани неколку пати бев. И дента кога се случи тој хорор, бев кога посетвував некои од семејствата. Овој случај не треба да добие статус на естрада, а некои политички глодари и некрофили се обидоа тоа да го прават. Ја прифаќам поканата, немам проблем да појдам и да помогнам во било што што можам да помогнам, за да пробам таа болка, колку толку да ја намалам“, вели Мицкоски.Претходно, семејствата на трагично загинатите млади во пожарот што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја одбија поканата од кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски за средба закажана на 13 мај во Скопје.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-11-at-13.49.04

(Видео) Мицкоски го испрати Таравари во опозиција: Најмалку што очекував е да се врати во прегратките на Ахмети

Премиерот Христијан Мицкоски, рече дека идната недела ќе го викне на средба министерот за здравство, Арбен Таравари, како завршна средба пред тој да замине од Владата. Мицкоски рече дека најмалку што очекувал е Таравари да се врати кај ДУИ.„Јас забележав, ги слушнав тие изјави. Мислам дека Таравари неколкумина околу него се одлучени да се вратат кај ДУИ и Али Ахмети. Се надевам дека ќе имаме следната недела завршна средба за да сумираме што имаме направено. И да му посакам добро здравје. Најмалку што очекував е да се врати во прегратките на Ахмети и малкумина околу него. Повеќе од сигурно е дека тој се враќа во прегратката на тие што ја опустошија Македонија изминатите две децении, повеќе од 20 години. Нивен избор е“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

mickoski-taravari-1

Средбата Мицкоски-Таравари без епилог, позицијата на Алијанса ќе се знае до крај на мај

Средбата меѓу премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и министерот за здравство и лидер на едно од крилата на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, се одвивала и завршила во конструктивен дух.Разговорите без епилог продолжуваат а до крајот на мај ќе биде позната позицијата на Таравари во владината коалиција.Пред средбата Мицкоски и Таравари излегоа со поостри ставови.Немам намера никого да молам. Со или без Таравари, Владата е стабилна, цврста со големо мнозинство, останува на него и неговите сопартијци да одлучат. Ќе повторам дали ќе одиме по патот на реформи, владеење на право, борба за праведно општество, институции кои ќе функционираат, или ќе се придружат и ќе коалицираат со оние политички сили кои со години ја криминализираа и ја уништуваа државата. Изборот е нивен“, рече Мицкоски.,,Судбината на овој народ ја гледаме посериозно отколку само имињата и дека сме ослободени од нивните комплекси, кои се претворија во Едипов комплекс. Не правиме никаков потег за задоволство или гнев на никого! Дури и оние што прават пророштва во наше име, како да се Баба Ванѓа, треба да се занимаваат со пообјективни работи од „предвидување на иднината“. Ние не сме ниту такси што нè користат за превоз, а потоа ни ги одземаат клучевите, ниту чамец за спасување на имиња и презимиња. Ние сме Алијансата за Албанците, која работи само во интерес на народот!“, напиша Таравари на социјалните медиуми.

Македонија | пред 8 месеци

taravari-vakcinacija-4

Во 17 часот ќе се сретнат, Мицкоски порача: Таравари има две опции

Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави дека средбата со министерот за здравство, Арбен Tаравари, ќе се одржи во Владата во 17 часот. Порача дека Владата е стабилна, дури и ако Таравари со Алијанса за Албанците одлучи да коалицира со ДУИ на локалните избори.- Сакам да слушнам генерално како размислува за последните случувања. Има две опции - едната е онаа на Владата на реформи и онаа опција која години наназад ја криминализираше државата и ги уништуваше институциите. Тоа е изборот - трета опција нема. Сакам да слушнам од Таравари која е неговата опција. Што се однесува кај личните односи, како човек имам позитивно мислење за Таравари, но во политиката образот е нешто што го имаш или немаш.Во неговиот случај најмалку три пати сум го одржал зборот дури и кога сум имал дилема, затоа заткулисни игри се провидни и лесно се идентификуваат и препознааат, а им се удираат од глава на крај на оние што ги прават. Никого не сум молел - со или без Таравари, Владата е цврста и стабилна, речеденеска Мицкоски при посетата на Штип.

Македонија | пред 8 месеци

vlada-2024-mickoski

Никој не се пријави да прави софтвер кој ќе оценува позитивни и негативни вести, Владата објави нов оглас

Владата мораше да ја поништи набавката за софтвер што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални оцени.Причината, како што е наведено во известувањето за поништување објавено на Порталот за јавни набавки, е поради тоа што не била поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда за набавката​.Владата сакаше да ангажира компанија што ќе изработи софтвер кој ќе врши мониторинг на медиумите и тоа електронски, печатени, онлајн и објави на социјалните мрежи. Требаше да се оценуваат содржините како позитивни, негативни или неутрални. Се бараше и дневен извештај до 9 часот наредниот ден со детални податоци за медиумските објави, вклучително и име на медиумот, авторот, содржина и линк до оригиналниот извор​.Планираниот систем требаше да биде опремен со вештачка интелигенција, да биде достапен преку мобилна апликација, како и да функционира и offline за делот со транскрипција на говор во текст. Софтверот, според техничката спецификација, беше наменет за потребите на околу 30 државни институции и политички органи.Овој владин план за проект наиде на силни критики и во јавноста беше оценет како потенцијално опасен за медиумските слободи.

Македонија | пред 9 месеци

05122024_MICKOSKI-4

Мицкоски: 80 општини поднеле околу 900 апликации за реализација на проекти

„Дозволете ми да споделам со вас една убава вест, а тоа е дека, ме информираше министерот за локална самоуправа дека заклучно со денеска, практично бидејќи имаше неколку денови оставени за по пошта да стигнат проекти, сите општини, 80 општини поднесоа апликации за реализација на проекти од вториот повик“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски.Претседателот Мицкоски посочи дека скоро 900 апликации од 80 општини се поднесени за реализација на проекти.„И можам да кажам дека сега имаме близу 900-тини само од вториот проект. Или кога ќе се соберат од првиот и вториот повик заедно, тогаш ќе имаме вкупно 1.200. Тоа се 1.200 градилишта во Македонија. Тоа е историска, би рекол вековна работа. И тоа го правиме за идните генерации, но и за денешните генерации кои што заслужуваат подобри услови за живот“, истакна тој.Мицкоски порача дека како Влада ќе продолжат да инвестираат во развој на општините.„Ние ќе продолжиме да реализираме и во периодот кој што следи и очекувајте многу убави вести, следниве неколку месеци, за граѓаните и за Македонија како држава, бидејќи ќе повторам добро е да се гради, тоа е она за кое што не избрале граѓаните“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања