ВЛАДА

17062022_PVRSM_Kovacevski_obrakaje-na-Prespa-Forumot_1

Ковачевски: Парадата на гордоста е едно од значајните демократски случувања

„Секој има право на почит, достоинство, прифаќање без предрасуди и еднакви можности за самореализација“, вели премиерот Димитар Ковачевски.„Затоа грижата и напорите кои ги вложуваме да обезбедиме афирмација и отворен простор за активно учество на ЛГБТИК+ заедницата остануваат наши патокази во градењето демократско општество кое практикува европски вредности и во кое има место за сите. Како Влада посветено работиме за да овозможиме добробит на сите граѓани - донесовме Закон за спречување и заштита од дискриминација каде влегоа и сексуалната ориентација и родовиот идентитет. Комисијата за заштита од дискриминација за прв пат има лица и од граѓанскиот сектор. Има уште предизвици, но заедно и посветено ќе ги решаваме и надминуваме. Парадата на гордоста е едно од значајните демократски случувања во Северна Македонија. Посакувам успешен и мирен“, напиша Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

25

Граѓаните вечерва повторно на протест: Секој ден во седум во одбрана на идентитетот и до пад на хибридниот режим

Граѓаните денес се организираат на нов протест пред Владата на Република Македонија.Настан со наслов „Протест против бугаризација на Македонија секој ден во седум пред влада“, масовно се шири на социјалните мрежи.„Секој ден во седум во одбрана на идентитетот и до пад на хибридниот режим!“, стои во описот на настанот.Вчера граѓани се собраа на мирен протест пред Владата на Република Македонија, против францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија.

Македонија | пред 3 години

120190520_075559

Вечерва протест за зачувување на македонскиот јазик пред Влада: Доста е!

Александра Теменугова од Институтот за комуникациски студии остро реагираше на социјалните мрежи и најави протест вечерва во 19 часот пред Владата за да каже дека не се согласува со носење на срамни одлуки.„Бидејќи е јасно што ќе ни донесе утрото во Брисел, бидејќи ќе дозволиме со декларација да бидеме „дијалект на бугарскиот народ“, бидејќи не смееме да прашаме како се чувствуваат Македонците во Бугарија додека тука допрва ќе трпиме условувања за отворање и вметнување во Устав, па уште и ќе треба да сме доволно фини за да ги задоволиме соседите да се сме смилуваат да го тргнат ветото… Бидејќи ќе дозволиме да ги промениме учебниците по историја и ќе се правиме на три и пол дека Бугарите не биле фашисти, бидејќи по не знам кој пат ќе треба да плукнеме на се што ни оставиле нашите ни дедовци, бидејќи ми е преку глава да слушаме исфилувани памфлети дека ова е за мир во куќи, јас вечерва во 19 часот ќе излезам пред Влада за да кажам – ДОСТА Е и не се согласувам да се носат срамни одлуки! Барем тоа можам ко граѓанин да го направам. Бујрум“, напиша Теменугова и ги покани сите интелектуалци да вечерва да го изразат незадоволството од предлогот.

Коментари | пред 3 години

51826228506_db015eee40_c

Објавени сите одлуки на Владата

Од 54-та седница: Утврден Предлог-законот за потрошувачи кој предвидува санкции за нечесни трговски практики; Усвоена Информацијата за реализација на проектот за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за ова лето; Утврден Предлог-закон за ратификација на Спогодбата меѓу владите на Северна Македонија и Србија за основање културно-информативни центри во Белград и во СкопјеВладата на Република Северна Македонија на денешната редовна 54-та седница, ги разгледа и утврди Предлог-законот за заштита на потрошувачите по скратена постапка и Информацијата за потребата од изготвување на Закон за нефер трговски практики со цел заштита на правата на потрошувачите.Со овие предложени закони, Република Северна Македонија ќе биде првата земја во регионот со востановена законска пракса на нефер трговски практики. Според предложените измени, согласно европските регулативи се обезбедува високо ниво на заштита на правата за потрошувачите и гаранција на полесни услови за деловно работење, и се избегнува појава на нерамнотежа во преговарачката моќ помеѓу добавувачите и купувачите на земјоделски и прехранбени производи.За повреда на потрошувачките права се предвидува право на надомест на штета, сразмерно намалување на цената и раскинување на договорот, а за трговците следат глоби во износ од 500 до 10.000 евра, во зависност од тоа дали се работи за микро или големи трговци, а во некои случаи се предвидува и забрана за вршење на дејност во траење од три месеци до две години.Во Собранието ќе биде испратен и денеска усвоениот Предлог на закон за изменување на Законот за извршување на санкции, по скратена постапка. Предложените измени на Законот за извршување на санкциите, се однесуваат на воспоставување еднаквост на вработените во затворската полиција со најниски примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата, согласно Законот за изменување на Законот за минималната плата во Република Северна Македонија.Меѓу другото, на денешната седница на предлог на Министерството за одбрана беше донесена Одлука за испраќање на 31 припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово за период од шест месеци, сметано од август 2022 година, како и Одлука за испраќање на двајца припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „ANATOLIAN EAGLE 22“ во Република Турција.Исто така, беше донесена и Одлука за одобрување, влегување и престој на 33 припадници на Командата на Бригадата на Југоисточна Европа - СЕЕБРИГ (SOUTH EAST EUROPE BRIGADE – SEEBRIG), од Република Албанија, Република Бугарија, Република Грција, Република Романија и Република Турција со материјално – технички средства, воени моторни возила и опрема на територијата на Република Северна Македонија, кои заедно со девет припадници на воениот и цивилниот персонал на Армијата на Република Северна Македонија, ќе учествуваат во извршувањето на должностите во Командата на Бригадата на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ.Министрите, денеска го разгледаа и утврдија Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за основање културно-информативни центри во Белград и во Скопје.Со документот се модулира правната рамка со која се уредуваат правата и обврските на двете држави во однос на работа на културните центри.Културните центри, согласно политиката на добрососедство придонесува за популаризација и презентирање на традицијата, културата и уметноста на Република Северна Македонија.Ваквите центри овозможуваат навремено и изворно информирање на граѓаните за актуелните културни текови во двете држави односно претставува мост за зближување и заемно запознавање.Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на проектот за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за лето 2022 година.Притоа, го задолжи Министерството за труд и социјална политика да донесе Програма за седумдневен одмор на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за сезона лето 2022 година, за што ќе биде објавен повик на веб страната на Министерството за труд и социјална политика и во Центрите за социјална работа, по што ќе бидат преземени потребните активности за ефикасна реализација на овој проект.На денешната седница беше усвоена и Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година, со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.6.2022 година.Со овие препораки деловните банки ќе обезбедат пензионерите да може да располагаат со јунските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.6.2021 година.Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ја организираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на:За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.06.2022 година (вторник);За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.06.2022 година (среда);За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.06.2022 година (четврток), иЗа пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.07.2022 година (петок).

Македонија | пред 3 години

22022022_od-16-ta-sednica-na-Vladata_2

Дали владата веќе го прифатила предлогот од Париз, информациите говорат дека е усогласен со МНР, вели ВМРО-ДПМНЕ

Дали владата веќе го прифатила предлогот од Париз, информациите говорат дека е усогласен со МНР, вели ВМРО-ДПМНЕ„Според нашите информации предлогот од Париз е усогласен преку канали на комуникација со МНР во Македонија, односно Ковачевски го одобрил истиот пред официјално да биде испратен.Предлогот за решавање на спорот е многу полош за Македонија од сите предлози претходно. И тој предлог значи асимилација на Македонците и насилна бугаризација доколку сакаме да влеземе во ЕУ.Со евентуално прифаќање на овој предлог СДСМ и ДУИ нанесуваат трајна штета на Македонија и Македонците.Ковачевски не треба да чека ниту ден и веднаш уште денеска да го отфрли предлогот.Ковачевски да се охрабри и да застане на линија со државните интереси“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

22022022_od-16-ta-sednica-na-Vladata_2

Владата донесе решение за распуштање на Советот на Општина Тетово

Владата на денешната седница донела решение за распуштање на Советот на Општина Тетово согласно исполнувањето на еден од условите во членот 75 од Законот за локална самоуправа, според кој општинските совети ќе бидат распуштени доколку не ја донесат завршната сметка и Буџетот до 31 март како што е предвидено со законската одредба, информираат владините служби.За ова решение, како што додаваат од таму, согласно законот, Владата ќе го извести Собранието на Република Северна Македонија по што ќе следува спроведување на постапката за организирање вонредни избори за Советот на Општина Тетово согласно законските одредби.Досегашниот претседател на Советот на Општината Бесар Дурмиши претходно имаше побарано што поскоро да се донесе одлука и датум за нови избори за Советот на Општина Тетово.

Македонија | пред 3 години

285472254_171136455304045_5124570552121458680_n

„Влада која крши процедури нема кредибилитет да казни некого за кршење процедури“, велат Независни за Карпош

Почитувани граѓани, поради неусвојување на сомнителна завршна сметка е настаната криза во Советот на Општина Тетово поради која се заканува распуштање на Советот и распишување на нови избори. Тоа е и обид да се отстранат независните советници од иницијативата „За подобро Тетово“, велат од Независни за Карпош„Независни за Карпош ги поддржуваат колегите од Тетово и ја споделуваме нивната загриженост дека ќе дојде до прекршување на Законот за локална самоуправа доколку се случи распуштање на Советот:Владата на РСМ го прекрши рокот за одлучување дали Советот на општина Тетово ќе оди на вонредни избори токму поради прекршување на законските рокови од страна на истата.Закон за локална самоуправа, член 76, став 2.Затоа, секој чекор што ќе го преземе после ова Владата на РСМ нема да може да носи никаква тежина. Подобро за Тетово смета дека извршната власт денеска го загуби законското и моралното право да одлучува за општина Тетово.Неoфицијално дознаваме дека оваа точка ќе се става на дневен ред утре. Ја потсетуваме Владата дека одлука донесена со кршење на законските процедури е еднакво на 0, односно без правна сила. Подобрo за Тетово ги повикува надлежните институции да ги преземат неопходните мерки, односно да ја спречат Владата на РСМ од можни законски прекршувања!Подобро за Тетово продолжува со работата за #ТетовоИ покрај неодамнешните настани со Советот на општина Тетово, потсетуваме дека на ноемвриските избори листата Подобро за Тетово донесе нов дух. Тетовци првпат гласаа за листи со кандидати со објавени биографии, предизборни програми и конкуренти личности.Иако со само двајца советници, успеавме да го зголемиме нивото на транспарентност и отчетност во општината преку нашиот договор со градоначалникот Касами и со негова директна помош. Тетовци денеска ги следат седниците на советот ВО ЖИВО и општина Тетово веќе има веб-страница како што доликува.Притисокот на двајцата советници на „Подобро за Тетово“ и експертите на нашата листа одиграа клучна улога во суспендирањето на урбанистичкиот план Шик-Јелак. Тетово денеска нема контроверзен бизнисмен во градот!Културата на отчетност која по секоја цена се обидовме да ја воспоставиме во општина Тетово, направи денеска покрај вообичаените седници на советот, да има и снимање на вонредни тематски седници на советот, со речиси сите кои располагаат со парите на граѓаните.Ние го сакаме најдоброто за Тетово, затоа:Потсетуваме дека сите приходи од платите на советниците, членовите на комисијата и членовите на одбори ги дониравме за следните намени:50 корпи за отпадоциПоддршка за жени жртви на семејно насилствоСтипендии за студентиЗа семејства во потреба“, се вели во објавата.

Македонија | пред 3 години

11062022_PVRSM_Kovachevski-Sholc_pres-konferencija_novinarski_prashanja

Ковачевски: С. Македонија и Албанија имаат исполнети услови за преговори

„Македонските граѓани не можат да бидат заложници на самитите на ЕУ, дали ќе има датум или нема да има датум и Република Северна Македонија и Албанија да бидат заложници само од една земја членка на ЕУ“, истакна премиерот Ковачевски на новинарско прашање на прес-конференцијата со канцеларот Шолц во рамките на неговата официјална посета на нашата земја, и додаде дека подгревање на очекувања како што беше во минатото за тоа што ќе се случи на некој самит веќе не зависи од нас, туку исклучиво од 27 земји членки кои треба да се усогласат и да донесат одлука за отпочнување на првата меѓувладина конференција.„Северна Македонија има направено сѐ за отпочнување на првата меѓувладина конференција. 45 проценти од нашето законодавство е веќе усогласено со законодавството на ЕУ и доколку ги споредиме усогласувањата по поглавја тогаш многу јасно се гледа од извештаите на Европските институции дека Република Северна Македонија има усогласеност поголема во одредени поглавја и од држави кои што 10 и повеќе години преговараат со ЕУ. Што значи дека доколку се работи за систем базиран на заслуги при пристапување во ЕУ, Северна Македонија 100 процентно заслужува прва меѓувладина конференција“, нагласи Ковачевски.Премиерот Ковачевски додаде дека Северна Македонија ги води преговорите со Бугарија на принципиелна основа, на база на европски вредности и врз основа на одредбите од резолуцијата којашто е донесена во нашето Собрание.„Постои една голема разлика помеѓу нас и Бугарија. Ова прашање за нас беше прашање заради отпочнување на преговори со ЕУ и ние во ниту еден момент ова прашање, како Влада и како владејачка коалиција, не го инструментализиравме и не го политизиравме заради дневни политички поени или водење на внатрешна политика во државата. Сосема спротивно на тоа во Бугарија ова прашање беше издигнато на ниво на внатрешна политика и беше инструментализирано и политизирано“, посочи Ковачевски и додаде дека сега засега не постои единствен, усогласен и взаемно прифатен документ како резултат на разговорите на двете министерства за надворешни работи во Скопје и Софија.

Македонија | пред 3 години

11062022_PVRSM_Kovachevski_bilateralna_sredba_Sholc-1

Ковачевски: Кредибилитетот на ЕУ е во прашање

Премиерот Димитар Ковачевски и канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц, ги предводеа делегациите на двете земји на билатералната средба којашто во рамките на официјалната посета на нашата земја на германскиот владин врв, денеска се одржа во Владата на Северна Македонија.Претседателот на Владата на Северна Македонија Ковачевски во своето обраќање на билатералната средба на двете делегации истакна дека односите меѓу двете земји се исклучително позитивни, како на политички, така и на економски план и без ниту едно отворено прашање.Како посебно значаен Ковачевски го нагласи континуитетот на поддршката на СР Германија во остварувањето на стратешката ориентација на Северна Македонија за членство во Европската Унија. Премиерот Ковачевски изрази благодарност за поддршката од страна на СР Германија која резултираше со членството во НАТО за Северна Македонија.Во однос на економската соработка и трговската размена беше истакнат постојаниот нагорен тренд во изминатите 29 години од воспоставување на дипломатските односи меѓу двете земји, како резултат и на германските директни инвестиции во Северна Македонија со што СР Германија се вбројува меѓу шесте најголеми инвеститори во земјата.Канцеларот Шолц и во оваа пригода го повтори силниот ангажман на СР Германија во поддршката за Северна Македонија за почеток на преговорите и изрази жалење што ветувањата на ЕУ досега не се исполнети. Канцеларот потенцираше дека е важно за кредибилитетот на ЕУ да се исполнат ветувањата што ѝ беа дадени на Република Северна Македонија.Шолц дополни дека мора да се најде модус веднаш да се одржи првата меѓувладина конферецнија за официјално започнување на преговорите и истакна дека СР Германија ќе се заложи тоа да е чекорот што треба да биде преземен во јуни.Канцеларот Шолц на билатералниот состанок на двете делегации најави ревитализација на Берлинскиот процес како поддршка за земјите од Западен Балкан да продолжат со реформите и да го забрзаат процесот на пристапните преговори за побрзо членство во ЕУ.На средбата, покрај премиерот Ковачевски, учествуваа и првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, заменик-претседателката за добро владеење Славица Грковска, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.

Македонија | пред 3 години

08062022_Open-Balkan_oficijalni-obrakjanja_5

Ковачевски: Се обединуваме за заедничко добро на нашите народи

Самитот на Отворен Балкан во Охрид работниот дел го заврши со заедничка прес-конференција на лидерите на иницијативата, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и премиерот на Република Албанија Еди Рама, и на која учествуваа и премиерот на Република Црна Гора Дритан Абазовиќ и претседавачот на Советот на министри на Република Босна и Херцеговина Зоран Тегелтија.Во продолжение ви ја пренесуваме изјавата на премиерот Димитар Ковачевски во целост:„Ми беше задоволство да бидам домаќин на овој продуктивен настан кој верувам дека носи нов позитивен пресврт за регионот. Охрид не обедини за заедничко добро на нашите народи.Упатувам големо благодарам на сите лидери што дојдоа и што поведоа свои делегации, но и на сите учесници и гости кои придонесоа со свои идеи кон создавањето нови проекти за регионално поврзување во рамки на Отворен Балкан.Сакам силно да се заблагодарам за поддршката што и овој пат ја добиваме од стопанските комори и од меѓународната заедница.Имаме јасни пораки и од САД и од ЕУ. Нивната поддршка е директна и силна. Такви се и нашите напори за да го европеизираме регионот. Директно и силно работиме на европски стандарди, на економски развој, на подобар живот за нашите граѓани. Затоа Отворен Балкан има конкретни резултати и затоа земјите од регионот мора да станат членки на ЕУ.Денеска овде во Охрид отвораме нови поглавје на соработка во областите култура и туризам.Час поскоро, нашите граѓани од Отворен Балкан да почувствуваат нови економски и други бенефити. Може тоа да биде убав одмор во Саранда, Охрид или Копаоник. По поволни услови, со прилагодени цени. Може да бидат нови поволности и олеснувања за побрз проток на стоките кои фирмите треба да ги увезат или извезат. Побрз проток на нашите граѓани.Еве денес ќе најавам дека претпријатијата од трите наши држави кои ги управуваат патарините работат на поврзување на системите за електронска наплата на патарина. Тоа значи дека граѓанин од Србија со ТАГ за електронска наплата на своето возило ќе може без застанување да помине и на македонска и албанска патарина – системот ќе го препознае и рампата на патарина сама ќе се крене, со електронска наплата. Така ќе ги намалиме гужвите по автопатите и патарините, а граѓаните побрзо ќе стигнат до крајната дестинација.Веќе се подготвуваме за саемот на вино, храна и туризам во Белград во септември. Ќе презентираме сериозен обем на македонски производи таму – нашите сортни вина и македонската храна ќе ги доближиме до регионот и светот.И конечно, се договоривме дека заедно ќе се справуваме со економската криза и недостатокот од храна и енергија.Почитувани,Го сметам овој самит за позитивен пресврт бидејќи за прв пат и Црна Гора и Босна и Херцеговина и цела меѓународна заедница, сите ние сме на едно место, со заедничко разбирање за иднината на Западен Балкан.Ако се разбираме, нема зошто да не успееме.Се разбираме, се помагаме и ќе успееме.Нека стане Западен Балкан – Отворен Балкан“.

Македонија | пред 3 години

08062022_Open-Balkan_panel_turizam_9

„Отворен Балкан“ отвора можности за заедничка промоција на атрактивните туристички атракции на земјите од регионот

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи на денешната пленарна сесија „Отворен Балкан отвора туризам“, во рамки на Самитот на „Отворен Балкан“ говореше за придобивките од регионалната соработка во туризмот во заедничкиот развој и за иднината на регионот.„Поврзувањето на нашите економии, создавањето на заеднички регионален пазар од преку 10 милиони жители е една од причините за создавање на иницијативата „Отворен Балкан“ која го поттикнува економскиот раст, овозможува слободно движење на луѓе меѓу државите истовремено поддржувајќи го и унапредувајќи го туризмот“, рече вицепремиерот Битиќи.Тој истакна дека изминативе неколку години за компаниите од Северна Македонија, Албанија и Србија се отстранети административните бариери за извезување на производите, за вадење на работни дозволи и регистрирање на подолг престој и дека сега е време да се направи напредок и во соработката во туризмот.„Да ја отвориме соработката за споделување на искуствата, за можностите, за напредокот и развој на туризмот на Западен Балкан со својата единственост како додадена вредност за развој и иднина на нашиот регион“, посочи вицепремиерот Битиќи на денешната пленарната сесија „Отворен Балкан отвора туризам“, во рамки на Самитот на „Отворен Балкан“.Во текот на сесијата, централни обраќања имаа министерот за економија на Северна Македонија Крешник Бектеши, Мирела Кумбаро-Фурчи, министерката за туризам и животна средина на Албанија и министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Татјана Матиќ.Министерот Бектеши истакна дека туризмот, иако е еден од најбрзорастечките економски сектори во нашата држава, располага со големи можности за привлекување на странски и домашни инвестиции и можност за отворање нови работни места.„Иницијативата „Отворен Балкан, покажа во овие тешки моменти на економијата дека како никогаш досега Република Северна Македонија, Албанија и Србија ги надминаа сите очекувања во делот на соработката и меѓусебната помош и поддршка“, рече Бектеши.Тој подвлече дека конкретните договори и надминувања на бирократските препреки ги отвораат границите и одликите на секој град ги прави достапни за граѓаните.Тој додаде дека и потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу трите земји е во насока на зајакнување на економската соработка во делот на туризмот, при што компаниите и граѓаните на земјите од регионот ќе добијат олеснети услови за движење, работа и трговија по примерот на европските земји.Изразувајќи верба дека Иницијативата ќе се проширува, зацврстува и ќе придонесе кон поголема промоција на убавините на Балканот како туристичка дестинација, како и економска стабилност и поразвиен Балкан, министерот Бектеши посочи дека со потпишувањето на Меморандумот за соработка во областа на туризмот во Западен Балкан ќе се зголеми искористеноста и промоцијата на туристичкиот потенцијал на земјите учеснички.Мирела Кумбаро - Фурчи, министерката за туризам и животна средина на Албанија осврнувајќи се на важноста на туризмот, како еден од најдобрите катализатори за комуникација и интеракција меѓу луѓето и земјите, подвлече дела овој сектор не познава географски или историски граници и ерата во која живееме припаѓа на оваа голема индустрија.Таа истакна дека земјите лидери на „Отворен Балкан“ преку Меморандумот за разбирање во областа на туризмот се фокусираат на зголемување и подобрување на комуникацијата и преземање на конкретни активности за искористување на регионалниот туризам.Таа тука посочи дека со подобрувањето на воздушната и копнената инфраструктура, поврзувајќи ја Тирана со Скопје, Приштина, Подгорица, Белград, Сараево и обратно, регионалните дестинации стануваат лесно достапни како викенд дестинации.Според албанската министерка за туризам и животна средина, овој документ го отвора патот за претставување на земјите во заеднички платформи за промоција, еднакво важно за институциите и приватниот сектор.Министерката Матиќ, истакна дека земјите од регионот се залагаат за носење решенија, кои носат брз развој и напредок, отворајќи и можност за поефикасен пат до Европската Унија.Таа подвлече дека токму туризмот е првата практична скала за зацврстување на соработката, како посебно перспективна стопанска гранка во која се отвораат работните можности.Српската министерка за трговија, туризам и телекомуникации подвлече дека со денеска потпишаниот Меморандумот за разбирање и соработка во областа на туризмот, се отвора ново поглавје во туристичката историја на регионот и се очекуваат позитивни резултати кои ќе донесат огромен развој на оваа гранка.Во рамки на оваа пленарна сесија со свои дискусии и видувања учествуваа и претставниците на стопанските комори на трите држави, Зоран Јовановски, потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија, Ненад Ѓурѓевиќ, советник на претседателот на Стопанската комора на Србија и Инес Мукостепа, претседател на Унијата на трговско-индустриските комори на Албанија, кои разговараа за интензивирање на соработката преку утврдување заедничка понуда кон светските пазари, што ќе го промовира „Отворен Балкан” како атрактивна дестинација.Во фокусот на нивните обраќања беа пораките дека со здружени регионални понуди во земјите од оваа иницијатива може да се донесат туристи кои инаку не би дошле во одделните земји од регионот.Во дискусијата на претставниците од стопанските комори, беше заклучено дека реалниот потенцијал на регионот, археолошките и природни богатства, винскиот туризам, угостителството отвораат можности да се оствари потенцијалот за остварување на Отворен Балкан отвора туризам.Беше поздравено денешното потпишување на Меморандумот за соработка во областа на туризмот во Западен Балкан, со што како што беше потенцирано ќе се даде дополнителна институционална поддршка и можности за поврзување и зголемување на туристичката понуда на земјите од регионот.

Македонија | пред 3 години

08062022_Open-Balkan_oficijalni-obrakjanja_5

На Самитот на „Отворен Балкан“ во Охрид, направени нови договори

Во рамки на Самитот на „Отворен Балкан“ во Охрид, лидерите од регионот, иницијаторите премиерот Димитар Ковачевски како домаќин, неговиот албански колега Еди Рама и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и гостите, Дритан Абазовиќ, премиерот на Република Црна Гора и Зоран Тегелтија, претседавач на Советот на министри на Република Босна и Херцеговина, во своите обраќања истакнаа дека за земјите од регионот е многу важна соработката и заедничкото дејствување, почитувајќи ги вредностите на Европската Унија.Поддршката од Европската Унија и Соединетите Американски Држави беше пренесена преку обраќањето на комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија Оливер Вархеји и видео пораката на Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар на САД и специјален пратеник за Западен Балкан.Премиерот Ковачевски во своето обраќање подвлече дека иницијативата „Отворен Балкан“ е успешна и носи опипливи резултати за граѓаните, кои се реализација на досега потпишаните спогодби.„Отворен Балкан веќе ги дава првите резултати за граѓаните и за стопанствениците. Зелената лента за транспортни возила на граничните премини Ќафасан и Табановце овозможува значително побрз проток на камионите кои превезуваат земјоделски производи или храна. Внимателно следиме како се одвива протокот, дали и каде има застој. Нашите институции се во постојана комуникација со крајна цел на овие зелени ленти целосно да ги отстраниме меѓуграничните рампи и бариери“, посочи Ковачевски, за погодностите од трилатералниот договор потпишан меѓу Северна Македонија, Србија и Албанија подвлекувајќи дека заеднички лидерите се залагаат за намалување на контролите и бирократијата и преку зголемување на довербата меѓу институциите на трите држави.Истакнувајќи дека бенефитите и резултатите се веќе видливи, премиерот Ковачевски посочи дека благодарение на Договорот за заедничко дејствување за време на природни и други катастрофи, соседите ѝ помогнаа на Северна Македонија со навремена интервенција во текот на пожарите минатата година.„Цела Европа, и ние земјите од регионот, се соочуваме со сериозни последици од воената, енергетската, економската и здравствената криза. Во вакви услови ние сме си природно упатени едни на други. Конечно, ние се разбираме, се помагаме едни со други и најважно, после долго време, имаме заедничка цел: Заедно да одиме напред!“, потенцираше Ковачевски.Ковачевски дополни дека сега уште појасни и поаргументирани се придобивките од слободниот проток на капитал, луѓе, стоки и услуги.„Ние сме тука пред се заради подобрување на конкурентноста, нови инвестиции, поголем пазар, мобилност и развој на бизнисите во регионот. Ние сме тука заради подобар стандард и квалитет на живот на сите наши граѓани од целиот Балкан“, додаде Ковачевски.„Отворен Балкан, како ново, амбициозно и динамично регионално поврзување доби силна и едногласна поддршка од деловните заедници на сите земји од Западен Балкан. Тие се согласија дека Отворен Балкан е платформата која му е потребна на регионот. Им благодарам на стопанските комори што се нашиот ветер во грб, наш партнер и мотиватор, што многу добро знаат да пофалат кога добро работиме, но и да најдат соодветен начин на критика за да се подобруваме онаму кајшто можеби сме забавиле“, порача Ковачевски од Охрид во обраќањето пред лидерите и гостите на Самитот на Отворен Балкан.Тој подвлече дека денеска документите што ќе се потпишат придонесуваат за взаемното признавање на дипломи и научни звања издадени во високообразовните и другите овластени институции во трите земји, со што ќе се забрза постапката за создавање единствен заеднички пазар на трудот, за да останат младите тука.„Отворен Балкан заеднички ќе го промовираме како регионална атрактивна туристичка дестинација.Денес лансираме нова соработка и во областа култура. Се договоривме за креирање Заеднички календар на културни настани што ќе донесе поголема мобилност на публиката и ќе ја поттикне културната размена. Очекувам да го зголемиме бројот на фестивалски настани во регионот, што ќе значи повеќе содржина за нашите граѓани и поголема атрактивност на регионот“, рече Ковачевски кој како придобивка за олеснување на прекугранично движење на луѓе, стоки или услуги го спомена и Меморандумот за разбирање за соработка на даночните администрации меѓу земјите од регионот.Тој подвлече дека војната во Украина покажа дека заради зголеменото влијание на трети страни во регионот, важна е регионалната соработка и затоа постои „Отворен Балкан“ како автохтона, органска иницијатива,„Нашата политичка цел е јасна и единствена – Западен Балкан мора да стане дел од Европската Унија. Местото на секоја земја од регионот е во Европската Унија. По тој пат одиме. Заедно се европеизираме“, рече Ковачевски, нагласувајќи „Отворен Балкан“ е за интеграција, за отворени можности, за слобода, за олеснување и за давање придобивки на сите граѓани.Српскиот претседател Вучиќ заблагодарувајќи му се на еврокомесарот Вархеји, за кој како што подвлече со своето денешно присуство ја изразува поддршката на Иницијативата Отворен Балкан подвлече дека трите земји лидери покажаа дека немаат никакви нерешени билатерални прашања освен да бидат пријатели и да соработуваат во полза на сите граѓани.Притоа, српскиот претседател ги повика земјите од регионот да учествуваат во работата на работни групи кои летово ќе се состанат и ќе разговараат за тоа како да се надминат проблемите со обезбедување храна и обезбедувањето на електрична енергија.Вучиќ подвлече дека е потребно забрзување на сите процеси и тоа денеска со потпишување на меморандумите и договорите се докажува, во насока на обезбедување на проток на луѓето, стоките и услугите.Премиерот Рама во своето обраќање подвлече дека војната во Украина покажа дека иницијативата Отворен Балкан е нужност и потреба земјите од регионот да соработуваат меѓу себе, во поглед на обезбедување на храна и совладување на енергетската криза.Албанскиот премиер Рама изрази задоволство од присуството на претставници од САД и ЕУ, како и гостите од Црна Гора и БиХ, кои ја покажуваат поддршката и со тоа Отворен Балкан го оправдува своето постоење, што е многу важно и од што бенефити најмногу имаат граѓаните од земјите на регионот.И премиерот Абазовиќ, нагласи дека земјите од регионот се свртени кон иднината не гледајќи во минатото и нагласи дека од Црна Гора, Отворен Балкан има подадена рака.Тој нагласи дека за потребите на сите граѓани од регионот е потребно да соработуваат сите лидери на регионот и заеднички да соработуваат за економски развој и остварување на европските интеграции.Тегелтија истакна дека искрено се надева дека е последниот од Босна и Херцеговина кој на Отворен Балкан доаѓа како гостин.Тој подвлече дека е присутен на Самитот бидејќи бизнис заедницата ја поддржува иницијативата, а тие се прогресот на општеството, што носи добро и за граѓаните.Тегелтија нагласувајќи дека е присутен на Самитот затоа што знае дека е поддржан од најголемиот број граѓани, посочи дека во оној момент кога ќе биде донесена политичка одлука, Босна и Херцеговина ќе се придружи на иницијативата.Американскиот заменик-помошник државен секретар Ескобар, кој својата порака ја испрати во живо преку видео врска нагласи дека Соединетите Американски Држави го гледаат Западен Балкан преку призмата на 21 век, во обезбедување соработка на сите полиња, користејќи ја својата добра географска положба.Тој подвлече дека земјите на Западен Балкан имаат огромен потенцијал и претприемачки дух за економска и регионална соработка во областа на обновливата енергија, за надминување на проблемите кои ги носат климатските промени.Ескобар порача дека иницијативата доаѓа во многу битно време и ги охрабри лидерите да го усогласат „Отворен Балкан“ со другите иницијативи на Западен Балкан. Тој порача дека земјите од регионот може да сметаат на помошта од САД во однос на економијата, борбата против корупцијата и криминалот и европската интеграција.Во своето обраќањето, еврокомесарот Вархеји оцени дека идејата за Отворен Балкан е осмислена од регионот и таа идеја е поддржана од Европската Унија.Притоа еврокомесарот посочи дека се додека се спроведуваат основните столбови и стратегии од агендата на ЕУ, Иницијативата може да продолжи да ги жнее економските и прогресивните резултати од нивната соработка.Во рамки на Самитот, ќе бидат реализирани повеќе договорени соработки, со потпишување на конкретни меморандуми и договори за соработка.Со Договорот за соработка во полето на взаемно признавање на дипломи и научни звања издадени во високообразовните институции и други овластени институции во трите земји, ќе се забрза постапката за прифаќање на дипломите и професионалните компетенции, што е уште еден чекор повеќе кон заедничкиот пазар на трудот.Со Меморандумот за разбирање за соработка во областа на туризмот заеднички ќе биде промовиран регионот како атрактивна туристичка дестинација.Една од целите на Меморандум за соработка во културата е креирање на Заеднички календар на културни настани што ќе донесе поголема мобилност на публиката и ќе го поттикне културниот туризам.Со Меморандумот за разбирање за соработка на даночните администрации меѓу земјите од регионот се создава нова можност за полесно прекугранично движење на луѓето, стоките или услугите.

Македонија | пред 3 години

08062022_Kovacevski_obrakjanje_Otvoren-Balkan-2

Ковачевски: Нè поврзува заедничка визија за напреден и безбеден регион

Со обраќања на лидерите на отворањето на самитот на Отворен Балкан во Охрид започна официјалниот и работен дел на состанокот на оваа регионална иницијатива.Со поздравни говори и со желби за успешна работа, пред учесниците и гостите на самитот се обратија претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Република Албанија, како и премиерот на Република Црна Гора, Дритан Абазовиќ и Зоран Тегелтија, претседавач на Советот на министри на Република Босна и Херцеговина.Работата на самитот на Отворен Балкан ја поздравија и комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија Оливер Вархеји и Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар на САД, специјален пратеник за Западен Балкан, кој се обрати преку видео конференциска врска.Во своето обраќање на отворањето на Самитот на Отворен Балкан, премиерот Ковачевски поздравувајќи ги присутните, ги истакна придобивките од регионалното поврзување и соработка.Ова е време на големи предизвици кои бараат храбри одлуки и заедништво. Иницијативата Отворен Балкан е наша заложба за стабилен регион, владеење на мир, за соработка и за економски развој – ова е нашата заложба за подобар живот на нашите народи. Наша автохтона иницијатива за европеизација на регионот.@Отворен Балкан веќе ги дава првите резултати за граѓаните и за стопанствениците. Зелената лента за транспортни возила на граничните премини Ќафасан и Табановце овозможува значително побрз проток на камионите кои превезуваат земјоделски производи или храна. Внимателно следиме како се одвива протокот, дали и каде им застој. Нашите институции се во постојана комуникација со крајна цел на овие зелени ленти целосно да ги отстраниме меѓуграничните рампи и бариери. Знам дека чекањето на камионите е намалено, но знам дека можеме уште подобро и за тоа се залагаме заедно, преку намалување на контролите и бирократијата и преку зголемување на довербата меѓу институциите на трите држави.Бенефитите од Отворен Балкан и меѓусебното помагање меѓу државите и народи ние го осетивме уште летоска. Како резултат на Договорот за заедничко дејствување за време на природни и други катастрофи, соседите на Северна Македонија ѝ помогнаа во интервенција на пожарите кои ја зафатија нашата земја минатото лето.Цела Европа, и ние земјите од регионот, се соочуваме со сериозни последици од воената, енергетската, економската и здравствената криза. Во вакви услови ние сме си природно упатени едни на други. Конечно, ние се разбираме, се помагаме едни со други и најважно, после долго време, имаме заедничка цел: Заедно да одиме напред!Сега уште појасни и поаргументирани се придобивките од слободниот проток на капитал, луѓе, стоки и услуги. Ние сме тука пред се заради подобрување на конкурентноста, нови инвестиции, поголем пазар, мобилност и развој на бизнисите во регионот. Ние сме тука заради подобар стандард и квалитет на живот на сите наши граѓани од целиот Балкан.Отворен Балкан, како ново, амбициозно и динамично регионално поврзување доби силна и едногласна поддршка од деловните заедници на сите земји од Западен Балкан. Тие се согласија дека Отворен Балкан е платформата која му е потребна на регионот. Им благодарам на стопанските комори што се нашиот ветер во грб, наш партнер и мотиватор, што многу добро знаат да пофалат кога добро работиме, но и да најдат соодветен начин на критика за да се подобруваме онаму кајшто можеби сме забавиле.Овој самит не носи уште понапред во нашата соработка. Во нашиот фокус се соработките, меѓусебните размени, отстранувањето на бариерите, доближувањето на нашите народи.Одиме понатаму со крупни чекори. Денеска ќе потпишеме нови договори и меморандуми за соработка.Со взаемното признавање на дипломи и научни звања издадени во високообразовните и другите овластени институции во трите земји, ќе ја забрзаме постапката за создавање единствен заеднички пазар на трудот. Недостатоците од работна сила најпрво ќе си ги надополнуваме меѓусебно, што е причина повеќе младите да ни бидат тука, да не ни бегаат по светот.Денес отвораме и ново поглавје во нашата соработка во областа туризам. Отворен Балкан заеднички ќе го промовираме како регионална атрактивна туристичка дестинација.Имаме на светот да му ги понудиме дел од најубавите мориња на Медитеранот благодарение на богатството на Албанија. Планините и прочуениот селски туризам на Србија. Македонските езерски пејзажи и убавите зелени планини.Овие убавини ќе му ги понудиме на светот, но пред се ќе овозможиме нашите граѓани да ги уживаат преку најповолни услови.Денес лансираме нова соработка и во областа култура. Се договоривме за креирање Заеднички календар на културни настани што ќе донесе поголема мобилност на публиката и ќе ја поттикне културната размена. Очекувам да го зголемиме бројот на фестивалски настани во регионот, што ќе значи повеќе содржина за нашите граѓани и поголема атрактивност на регионот. Очекувам еден ЕГЗИТ да го видиме во Северна Македонија и во Албанија. Очекувам седум-осминскиот македонски такт да се слуша се почесто и во Белград и во Тирана. Очекуваме што е можно повеќе Срби и Македонци да ја посетат Тирана, европската младинска престолнина за 2022 година.Почитувани пријатели,На овој Самит ќе се потпише и Меморандумот за разбирање за соработка на даночните администрации меѓу земјите од регионот со што создаваме нова можност за полесно прекугранично движење на луѓе, стоки или услуги.Ова е европеизацијата за која зборуваме. Ова се конкретни чекори кон етаблирање на вредностите и практиките во Европската Унија.Остваруваме нешто што е вообичаена и нормална пракса во ЕУ врз основа на заеднички договори на нејзините земји членки.Нашата политичка цел е јасна и единствена – Западен Балкан мора да стане дел од Европската Унија. Местото на секоја земја од регионот е во Европската Унија. По тој пат одиме. Заедно се европеизираме.Земјите од Западниот Балкан се тесно поврзани. Кога има напредок во една земја, тоа е поттик за напредок кај другите соседи. Европски е да се помагаме, а не да се кочиме и блокираме.Драгоценото време треба да го користиме поефикасно. Војната која се случува во Украина, е ризик за зголемено влијание на трети страни во регионот. Затоа сите мораме да бидеме исклучително внимателни и подготвени. Оставањето геостратегиска празнина во нашиот дел од Европа не е опција. Ние сме тие што мораме да ја пополниме таа празнина и затоа постои Отворен Балкан што е наша, автохтона, органска иницијатива создадена од нашите институции, сериозно поддржана од сите народи и етникуми кои живеат во нашите држави.Ние денес, од тука, од Отворен Балкан испраќаме јасна порака:Од исклучителна важност е Европската Унија и земјите членки максимално одговорно да прифатат дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан сега веќе е и стратешко и безбедносно прашање. Интеграцијата значи заедничка посветеност за изградба на силна, стабилна и обединета Европа, како дом на демократски и цивилизациски вредности и сили.Нашата визија за Балканот во 21 век е визија за напреден регион интегриран во Европа каде мирот, стабилноста и развојот веќе никој не ги доведува во прашање. Ние дејствуваме прагматично и економски и со тоа ќе создадеме услови за големи инвестиции во нашиот регион, а тоа ќе значи повеќе работа и подобро платена работа за нашите млади. и нашите граѓани. Бараме ЕУ да го поддржи овој наш напор и да го препознае како инспирација за решавање на сопствените проблеми.Сите ние во Отворен Балкан сме уверени дека оваа иницијатива ќе станува сѐ поатрактивна.Денеска заедно со нас се и премиерот на Црна Гора Абазовиќ и претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Тегелтија. Поканата за премиерот на Косово, останува отворена. Јас сум убеден дека бенефитите од Отворен Балкан ги заслужуваат и дека ќе ги добијат и граѓаните на Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово и верувам дека овој самит ќе донесе позитивен пресврт кога е во прашање проширувањето на Отворен Балкан.Отворен Балкан е за интеграција. За отворени можности. За слобода. Отворен Балкан е за олеснување, помагање, пријателство. Драги пријатели и пријателки од Црна Гора, БиХ и Косово, другари и другарки, браќа и сестри – приклучете ни се, заедно можеме повеќе, за нас и нашите деца.Нека ни е со успех, да растеме заедно со успесите и со придобивките за нашите граѓани“, кажа Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

20052022_PVRSM_Kovacevski_PZPVRSM_Grubi_poseta-na-Opstina-Saraj_1

Мерки за заштита од ценовните шокови дури во наредниот месец односно месеци

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека мерките за заштита на граѓаните од ценовните шокови кои веќе ги има, ќе се носат во наредниот месец односно наредните месеци. Тој не кажа конкретен датум, само посочи дека се прави редизајн на постојните мерки. Уверува дека се сѐ следи, но немаше никаков конкретен одговор кога заштитата на џебот на граѓаните ќе биде заштитен.„Први реагиравме со мерки и тоа беше потврдено од сите извештаи. Веднаш на почетокот на енергетската криза го намаливме данокот на струјата и извршивме субвенционирање на 80 отсто од сметките кои граѓаните ги плаќаат. Исто така во однос на храната прво беа замрзнати цените, кога таа мерка го исцрпи капацитетот беа ограничени маржите. Со оглед на тоа дека мора да имаме одговорност кон сите играчи, во овој момент се прави редизајн на мерките, а кога ќе бидат направени сите анализи, ќе бидат воведени нови мерки. Гледате дека во најголемиот дел од секторите се зголемуваат платите. За цената на нафтата и нафтените деривати, гледате дека урива рекорди. Не знам до каде ќе оди цената на нафтата. Доколку ги погледнете, јас секое утро станувам со советниците и ги гледаме берзите со енергенси. Она што можеме да апелираме, е побрзо да заврши агресијата на Русија врз Украина со што ќе се стабилизира пазарот“, рече Ковачевски.Тој најави контроли, но не и какви би биле можните нови мерки.„Со ребалансот кој е предвиден има и предвидени нови 80 илјади евра за антикризни мерки, а кои ќе бидат по ревидирањето на постојните мерки, предложени и во функција. Граѓаните да не се грижат, Владата има дневен увид на кризата“, додаде Ковачевски.За стоковите резерви кажа дека се на ниво порпишано со закон.„Немаме недостатоци на храна во државата“, додаде Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

269809773_10160153427552932_585164741055404735_n

Владата ја одржа 50-тата седница, имало координација за Отворен Балкан

Владата на Република Северна Македонија на денешната 50-та седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе измени и дополнувања на заклучокот од претходната седница во врска со Договорот за соработка за земјите од Западен Балкан на полето на взаемно признавање на дипломи и научни степени издадени од високообразовни институции и други овластени институции.Согласно измените на заклучоците, потписник на овој договор, кој ќе биде потпишан на Самитот на Отворен Балкан 8 јуни во Охрид, ќе биде претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, додека од страна на Република Србија договорот ќе го потпише претседателот Александар Вучиќ, а во име на Република Албанија, премиерот Еди Рама.На денешната седница на Владата беше прифатен предлогот за продолжување на рокот на Одлуката за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на државата и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот SARS-CoV-2 и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението, до 31 декември 2022 година.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања