ВЛАДА

09022022_PVRSM_Kovacevski_Otvoren-Balkan_2

(ВИДЕО) Ковачевски го пречекува шпанскиот премиер, заедно со Груби, Маричиќ, Петровска

Премиерот Ковачевски заедно со владина делегација во состав од првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, ќе ја пречекаат шпанската владина делегација предводена премиерот Санчез, со највисоки државни почести, во 17:00 на платото пред Владата на Република Северна Македонија.Официјалниот пречек може да го проследите во живо на следниот линк.Посетата ќе заврши со заеднички изјави во 18:00, од страна на премиерите Ковачевски и Санчез. После изјавите не се предвидени новинарски прашања. Изјавите може да се проследат во ХД резолуција на следните линкови: 

Македонија | пред 3 години

drva

Не смее да се извезува огревно дрво, брашно, палети!

Со цел да се заштити домашното производство, и да се одржи снабдувањето на домашниот пазар, за да се избегне растот на цените, во насока на задржување на стандардот на граѓаните, Владата на денешната седница донесе две одлуки, едната за ограничување на извозот на одредени производи и другата за укинување на царината за увоз на масло за јадење од сончоглед.За да се спречат сериозни пореметувања на пазарот во земјата, кои може да настанат со извоз на пченица и брашно од земјата, Владата донесе одлука до крајот на годината, односно до 31.12.2022 година да се ограничи извозот на пченица и наполица и брашно од пченица и наполица.Во услови на економската криза предизвикана од воените случувања во Украина и пореметувањата на светскиот пазар на пченица на кој се јавува сериозен недостиг на пченица, потребно е да се превенираат евентуалните дополнителни нарушувања на пазарот во земјата кај овие основни прехранбени производи, неопходни за исхрана на населението.На денешната 63-та владина седница, на предлог на Министерството за економија беше донесена и одлука за ограничување на извозот на огревно дрво и пелети до крајот на годината, односно до 31.12.2022 година, со цел да се спречат и избегнат последиците предизвикани од зголемената побарувачка на населението за огревно дрво предизвикана од енергетската криза на светскиот пазар.Во консултација на Министерството за економија и со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата повторно донесе одлука за укинување на увозната давачка - царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење поради потребата да се одржува снабдувањето на домашниот пазар од растот на цените.Оваа одлука ќе важи до 31.12.2022 година. Ваква одлука се применуваше до 31 мај 2022 година. Имено, редовната царинска стапка на маслото од сончоглед за јадење е максимум 29%, така да со оваа мерка се дава можност на увоз од други земји за кои нема преференцијален третман во трговијата или се предмет на мала бесцаринска квота во рамки на договорите за слободна трговија.Владата на денешната седница, врз основа на известување за одземените лиценци на БЕГ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија го задолжи, а со цел поуспешно пребродување на кризата со топлинска енергија го задолжи АД ЕСМ – Скопје да спроведе постапка за основање на трговски друштва и тоа: Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице за вршење енергетска дејност производство на топлинска енергија, Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице за вршење енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија и Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице за вршење енергетска дејност снабдување со топлинска енергија за подрачјето на Град Скопје, чиј основач и единствен содружник ќе биде АД ЕСМ - Скопje.Новооснованите друштва основани од АД ЕСМ - Скопје кои ќе вршат енергетски дејности на подрачјето на Град Скопје се задолжени да се јават во постапката за избор на вршител на енергетска дејност кој што ќе има обврска за обезбедување на јавната, односно универзалната услуга која ја спроведува Владата.АД ЕСМ е задолжено да спроведе постапка за основање на Друштво со ограничена одговорност основано од едно лице за вршење енергетска дејност производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија за подрачјето на градот Битола, Новаци и Могила, чиј основач и единствен содружник ќе биде ЕСМ-Скопје.Владата на Република Северна Македонија во знак на солидарност и во насока на зајакнување на партнерството и соработката помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција донесе Одлука за испраќање на припадници и капацитети на Армијата на Република Северна Македонија во поддршка на гасење на пожари, во Грција.Се работи за припадници на Армијата со јачина од еден вод, со вкупно 30 припадници и хеликоптер со посада и потребни капацитети за гасење на пожар.Сите потребни мерки и активности за координација со властите во Република Грција, во врска со поддршката при гасењето на пожарите ги презема Министерството за одбрана- Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 3 години

22032022_VRSM_32_sednica-1

Владата ќе ја одржи 63-та седница

Денеска, 20.7.2022 година (среда) ќе се одржи 63-та седница на Владата на Република Северна Македонија.По одржувањето на седницата, којашто е предвидено да започне во 12:30 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение.

Македонија | пред 3 години

protesti-sobranie-5

Вечер пак ќе се случи народ

„Вчера, на шестиот ден од сенародниот протест против бугаризацијата на Македонија, на кој народот вели НЕ за ‚‚францускиот предлог‘‘, народот излезе во огромен број и покрај заплашувањата кои ги оркестрира окупационата Владата на СДС и терористичката ДУИ“, велат од Левица.Тие додаваат:За денеска, најавени се БЛОКАДИ низ државата, вклучувајќи го и главниот град, каде ќе се блокира пред Владата на РМ. Ги повикуваме граѓаните да ни се приклучат со своите возила во периодот од 13 до 14 часот.Разноликиот пристап за искажување протест против сегашната владејачка гарнитура и нивната поданичка надворешна политика, испраќа сигнал за народна сплотеност и истрајност во Борбата.Покрај сите намери да се разбие протестот, гневот на народот не можеа да го амортизираат! Изминативе години, во кои со државата управуваат квислинзи, кулминираат со општа мобилизација на граѓаните на улиците ширум Републиката.Борбата против омаловажувањето на Македонија и негирањето на македонската посебност, историја и јазик, кое го спроведуваат наши политичари на барање на Бугарија, нè води кон враќање на меѓународното и домашното достоинство на Македонија.Сенародниот протест ќе продолжи во недела, во 19:00 часот пред Владата на РМ“.

Македонија | пред 3 години

Maja-Moracanin-DOM-10-bg111

ДОМ: „Ќе ја напуштиме владата ако се прифати францускиот предлог, за македонскиот јазик и идентитет не смее да се преговара“

На денешниот состанок на Извршниот одбор на ДОМ во проширен состав, се разгледуваше за француски предлог објавен во медиумите. Раководството на ДОМ едногласно донесе став дека овој предлог е неприфатлив и Владата треба да го отфрли.Оттаму порачуваат дека отворените прашања со Бугарија треба билатерално да се решаваат во добра волја, взаемна почит и согласно европските вредности.„ ДОМ останува на ставот дека за македонскиот јазик и идентитет не смее да се преговара. Сметаме дека овој предлог ќе го претвори пристапниот процес за членство на Македонија во ЕУ во бескрајна агонија и го доведува во неизвесност и самото започнување на преговорите.Доколку Владата го прифати овој т.н. француски предлог, ДОМ ќе ја напушти Владата и парламентарното мнозинство“ најавија од партијата.

Македонија | пред 3 години

11

Народот кажа масовно и гласно НЕ на ултиматуми, денес повторно протест во 19:00 пред Влада, вели ВМРО-ДПМНЕ

Вчера граѓаните масовно јасно и гласно кажаа НЕ БЛАГОДАРАМ на ултиматуми и диктати содржани во Предлогот кој Владата на Ковачевски и Османи го прифати. Граѓаните се противат на легализацијата на асимилацијата на Македонскиот народ, понижувањата и идентитетските обезличувања кои е подготвена да ги направи оваа Влада, вели ВМРО-ДПМНЕ„И народот и експертската јавност се уверени дека Владата лаже. Овој договор е истиот кој наводно пред една недела Ковачевски го одби. Со овој Предлог со пропратен документ македонскиот јазик се опишува како западно бугарски дијалект. Со предлог рамката, чиј составен дел се годишните извештаи се опфатени историските прашања, а со тоа и негаторските барања на Софија.Со Протоколот се предвидуваат промени на учебници за револуционерните дејци како Делчев, Груев, Сандански, за Илинденското востание, Самоиловата држава, но и промени на споменици, музеи, објекти и настани. Во овој протокол, или Годишен извештај како што го нарекува Владата на Ковачевски има конкретни датуми и рокови, што и како треба да се менува. За сето тоа во годишните извештаи македонската страна треба да ја информира Бугарија и доколку таа не е задоволна со спроведената активност рамна на асимилаторска, тогаш повторно и повторно може да поставува вето.Доколку Владата го прифати предлогот тогаш Македонија самоволно прифаќа вечно преговарање или целосна асимилација на сегашната, минатите и идните генерации.Владата на Ковачевски во очај преку Османи кукавички се обидува да шири страв и закани. Но ни тоа не поминува. Колку повеќе се закануваат и го лажат народот, толку погласен ќе биде гласот и противењето на народот. Оваа Влада изгуби целосен легитимитет. Таа влада на Ковачевски и Османи не е народна влада и затоа се потребни избори, на кои конечно ќе паднат.Денес повторно во 19 часот ги повикуваме граѓаните на мирен и достоинствен протест пред Владата против понижувањата и ултиматумите се додека не се откажат од намерата за асимилација на својот народ“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-01-at-13.47.59

(ВИДЕО) Ковачевски не одговори дали има поддршка од сите коалициони парнтери: На следен состанок ќе имаме став

Нема конкретен одговор дали Договорот за добрососедство ќе ја внесе историјата во преговорите на Македонија со ЕУ. Премиерот Димитар Ковачевски објаснуваше за добивките од влезот во ЕУ, наместо да даде одговор што ќе донесе вметнувањето на овој договор во преговарачката рамка.„Во однос на Договорот за добрососедство, подоцна ќе објаснат Маричиќ и Османи. ЕУ почива на добрососедски односи. Доколку ги погледнеме земјите членки на ЕУ, сетете се на Првата светска војна. Сите тие ги надминале разликите. И заедно седат, градат внатрешна, надворешна монетарна политика. Го развија најголемиот светски економски пазар“, посочи меѓудругото Ковачевски.Ковачевски не одговори ниту дали ќе инсистира сите партии да го прифатат францускиот предлог.„Сметам дека сите политички партии треба консезуално да се борат за подобра иднина на оваа држава. Може човек да одлучи да биде сам изолиран, политичка партија да биде изолирана, но не смее да дозволи државата да биде изолирана. Оваа држава“, кажа Ковачевски.Премиерот ја повика опозицијата да го погледне предлогот.„Во однос на т.н. првичен предлог кои беа идеи и нацрти во однос на тоа како би изгледал предлогот, забелешки имав и јас. Сите имавме забелешки, но еден мораше тоа да го каже во Брисел. Јас тоа го направив. Ни тогаш не постоеја разлики помеѓу коалиционите партнери. Некои тоа го кажуваше јавно, другите на место каде беше најсоодветно, а тоа е таму каде седеа сите лидери. Коалицијата денеска беше информирана во однос на предлогот, ние разговарамве. Сите имавме државничка дискусија. Сите лидерии имаа свои партии, ќе разговараат. На следен состанок ќе имаме заеднички став“, кажа Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

kovacevski-koalicioni-vlada

(ВО ЖИВО) Ковачевски најави прес-конференција во 13:30 часот

Денеска 1.07.2022 година, во 13:30 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, ќе одржи прес-конференција во Медија центарот на Владата на Република Северна Македонија, на која ќе присуствуваат и членовите на владината коалиција.Видео материјалот од прес-конференцијата на премиерот Ковачевски ќе можете да го преземете на следните линкови:

Македонија | пред 3 години

kovacevski

Ковачевски и натаму на состанок со партиите: Одлуката за францускиот предлог ќе ја донесеме заеднички

Премиерот Димитар Ковачевски и натаму е на состанокот со коалиционите партнери во Владата. Тие неколку часа разговараат за францускиот предлог.„Со владината коалиција денес разговараме за европскиот предлог врзан со евроинтеграциските процеси на Република Северна Макеоднија кој вчера пристигна во МНР и за процесот за консултација кој следи понатаму. Секоја одлука поврзана со предлогот ќе ја носиме заеднички и преку широк консултативен процес“, напиша Ковачевски.Тој објави и фотографии.

Македонија | пред 3 години

kovacevski-432141234

Ковачевски: Денеска по средбата со владината коалиција ќе го објавиме предлогот од француското претседателство

Предлогот од француското претседателство во интегрална форма ќе биде објавено денеска на официјалната владина веб страница по средбата со владината коалиција, најави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски.Воедно премиерот Ковачевски за денеска најави повеќе средби и консултации во врска со предлогот.„Како што ветив, отвораме процес на широки консултации. Денеска во 11:00 часот во Владата ќе се одржи средба на лидерите на партиите од владината коалиција на која ќе се разгледува предлогот на француското претседателство. Веднаш по средбата, предлогот во интегрална форма ќе го објавиме на официјалната веб страна на Владата. Во текот на денот, покрај средбата со владината коалиција, ќе се одржат консултации и разговори со експертската и стручната јавност како и со медиумите. Како што веќе најавив вчера целиот процес ќе се одвива транспарентно, а јавноста во детали ќе биде запознаена со сите следни чекори.Повикувам на одговорност од сите релевантни чинители во општеството, шпекулации за важни државни и национални прашање не одат никому во прилог.Оттука, апелирам до сите политички актери и медиумите да се потпираат на официјалните информации од институциите. Барам конструктивност и поддршка од сите чинители за да донесеме мудра одлука во интерес на сите граѓани”, се наведува во статусот на фејсбук профилот на премиерот Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-06-30-at-20.50.00

Ковачевски не открива дали Македонија прави нови отстапки за Бугарија

Премиерот Димитар Ковачевски, најави дека францускиот предлог ќе биде доставен до Собранието. Не кажа дали Македонија треба да прави нови отстапки. За вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав, Ковачевски рече: „Ние имаме изјави од сите политички актери дека е процес кој сите ќе го поддржат“.„Во однос на поддршката и прифаќањето на она што сметаат нашите граѓани и другите носители во државата, сметам дека треба да биде со најширок консензус бидејќи на ваков начин ние правиме исчекор кон отворање на првата меѓувладина конференција на РС Македонија со ЕУ. Првата меѓувладина конференција значи почеток на скрининг процесот. За деталите, ќе информира вицепремиерот за европски интеграции. Предлогот кој е даден е од претседателството, но доколку ги следевте внимателно изјавите, тој беше поддржан и од други држави. Ова е документ од претседатлеството. Сите детали од него, ќе бидат презентирани од текот на утрешниот ден“, кажа Ковачевски.Спорниот протокол, не е дел од преговарачката рамка.„Во однос на одвивањето на самиот процес на пред пристапни преговори со ЕУ, тоа е дефиниран процес, дел од стандардите на ЕУ и преговарачката рамка. Тој процес го водат земјите членки. Во однос на протоколот кој го споменувате, тој не е прв протокол туку втор протокол на Комисијата која работи на следење на Договорот за добрососедство со Бугарија. Тој е одобрен од Собранието. Протоколот кој е усогласен, ќе бидат презентиран од Министерството за надворешни работи. Протоколот нема да биде дел од преговарчката рамка“, додаде тој.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-06-30-at-20.49.24

ВИДЕО: Историските прашања не влегоа во преговарачката рамка

По седницата на Владата, премиерот Димитар Ковачевски, не сакаше да го коментира францускиот предлог. Засега е познато само дека историските прашања не се влезени во преговарачката рамка. Ќе има консултации со сите, најави премиерот.„Во однос на ставовите во Бугарија, знаете дека имаа процес кој го поминаа изминатиот период. Со оглед дека имаше драфт идеји на кои ние имавме забелешки – таков процес не можеше да се отпочне. Кажав дека нашите забелешки се содржани во новиот предлог кој се наоѓа на анализа. Можеме да правиме консултации кај нас. Во однос на историските прашања – нашиот став е да не бидат дел од преговарачката рамка. Тоа е содржано во овој предлог“, кажа Ковачевски.Ковачевски најави транспарентен процес.„Официјалните ставови ќе бидат соопштени откако предлогот ќе ги помине сите филтри односно институции, претседателот на државата, Собранието, опозицијата и севкупната јавност. Имаме план и стратегија која дава резултати. Апелирам до медиумите и политичарите, да се воздржиме од шпекулации. Процесот ќе биде транспарентен, ќе има релевантни детали, па ќе се донесе финална одлука. Одлуката ќе ја донесеме заеднички, согласно стратешките интереси на земјата и сите граѓани“, кажа Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

vlada-54252345

И Владата се изјасни по Макрон: Пристигна предлог од француското претседателство

До Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за надворешни работи, од француското претседателство пристигна предлог со идеи кои се однесуваат на нашите jaвно изнесени позиции и ставови.„Ова претставува основа за отворање на широк консултативен процес најпрво во Владата и коалициските партнери, а потоа и со Претседателот на државата, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата.Како што ветивме, одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички, мериторно, согласно Стратешките интереси на земјата и на сите нејзини граѓани.Сакаме да упатиме благодарност до Претседателот Макрон и француското претседателство, за нивните напори да се надминат пречките и да се зачува европскиот кредибилитет на Балканот“, велат од Владата.

Македонија | пред 3 години

29062022_PVRSM_Pratenicki-prasanja_1

Ковачевски се фалеше од собраниската говорница

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на пратеничко прашање посочи дека во мандатот на оваа Влада минималната плата е зголемена 100% и платите продолжуваат да се зголемуваат.„Ако пред 6 години беа потребни 4,25% минимални плати за да се покрие една потрошувачка кошничка сега се потребни 2 минимални плати за да се покрие 1 потрошувачка кошничка. Сите вие критикувавте зошто застанав зад зголемување на минималната плата, дури од ВМРО - ДПМНЕ економистите кои ги почитувам јавно излегуваа и кажуваа дека не треба да се качува минималната плата. Имаа свој концепт но јас сметав дека овој концепт тој којшто треба да се следи. Второ, ако ја видиме просечната плата, таа е качена над 60 евра, над 31.000 денари зошто, затоа што начинот на поддршка на инвестициите и субвенционирање на инвестициите којшто порано беше субвенционирање на инвестиции заради отворање на работни места со евтина работна сила сега е субвенционирање на работни места заради повисоко платени работни места. Сега ако отидеме во ТИРЗ-овите, сите работните места се со плата над просечната“, рече Ковачевски.Премиерот Ковачевски истакна дека во периодот од 2006 до 2016 година, значи нема поголемо покачување на плата од 5 проценти по различни области, затоа што тогаш земјата беше промовирана како земја на евтина работна сила и се отворија 14 илјади работни места со плати од по 9.000 денари во технолошко индустриските зони.„Денес имаме зголемување на платите значи трошоците се пораснати за 13,5 проценти од тоа време, а само минималната плата е зголемена за 100 проценти. Лекарите се зголемени од 5 до 25 проценти, наставниците имаат историски најголемо зголемување на платите, да не заборавиме за 10 години имаа 5 до 6 проценти зголемување. Сега имаат 21 комулативно до сега и со новиот договор со СОНК ќе биде плус 14 проценти и дополнително зголемување од идната година, истото се однесува и на универзитетските професори. А додека со ССМ веќе се водат преговори кои верувам дека ќе вродат со плод и тоа не само зголемување на платите туку и враќање на К-15.Ќе има воведување на нов закон во кој ќе има, односно ќе се знае кој има највисока плата, дали тоа ќе биде претседателот на државата, дали тоа ќе биде претседателот на Врховен суд како што е регулирано во најголем дел од ЕУ држави, а не најголеми плати да имаат директори на јавни претпријатија, помошници на јавни претпријатија кои што водат фирми со загуби и имаат некакви измислени договори што се измислени во тоа време, во државни фирми на кои не може да им се дознае колку им е плата и колку имаат бонуси ставено внатре, и тоа исто така ќе биде договорено со синдикатот,“ рече премиерот Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

20052022_PVRSM_Kovacevski_PZPVRSM_Grubi_poseta-na-Opstina-Saraj_1

Арсовски: Кога веќе призна Ковачевски дека тајно се преговара, што преговараат и кои се позициите на тимот кој преговара?

„Димитар Ковачевски призна дека во моментов, изминативе неколку дена, вклучително и денес сеуште тајно зад затворени врати се водат официјално преговори во Софија, во врска со предлогот за протоколот за ЕУ“, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:Официјално Ковачевски призна пред јавноста дека некој си таму тим составен од поданици на оваа нерационална и дипломатски неуспешна Влада којашто ја предводи тој самиот, преговара со официјална Софија да ја запечати судбината на граѓаните и Република Македонија, иако сите знаеме каков е ставот на граѓаните.Кога веќе призна Ковачевски дека се водат преговори, јавно го прашуваме, што преговара овој тим пратен во име на оваа расипничка Влада?Кои се позициите на тимот кој го испраќа Владата на Димитар Ковачевски?Што имаат договорено до моментов, за да некои луѓе блиски до Владата и СДСМ, јавно кажуваат дека има простор да се испреговара протоколот, иако знаеме што значи тоа?Ова се прашањата за кои сме загрижени сите како јавност, од едноставна причина што оваа Влада ја има киднапирано иднината на Република Македонија. Ова се прашањата кои мора веднаш да бидат одговорени, а не кукавички да води оваа Влада преговори кои не одат во полза на интересите на граѓаните и Република Македонија.Неуспехот и дипломатскиот дебакл на претходната патлиџан дипломатија, а сега веќе и официјално смешна и неуспешна дипломатија која што насекаде, верувајте ја срами Република Македонија како држава и граѓаните кои што живеат во Република Македонија, треба да се пренасочи во оставки и тоа најпрвин да се почне Ковачевски, Османи, Маричиќ и сите други надоле, редоследно кои што се инволвирани во овој неуспешен преговарачки процес.Две работи се исклучително важни, а тоа се: најпрвин луѓе кои што не си ја познаваат работата не можат да бидат успешни на работен план и да имаат успех во работата и второ луѓе кои што не си ја сакаат државата, не можат да се изборат и да ги застапуваат позициите кои што ги отцртуваат граѓаните и се во интерес на граѓаните.Ваков е случајот со оваа горенаведена тројка која што ја споменав, Ковачевски, Османи и Маричиќ кои сега во моментов се главни актери во трајното рушење на позициите на Република Македонија во оваа преговарачка ситуација и затоа е потребно веднаш да си дадат оставки.Дополнително, сите гледаме денес од медиумите дека се споменува официјален извештај на една членка земја на ЕУ каде што јасно пишувало дека нашава тројка функционирала како раштиман оркестар, односно Османи на официјални состаноци прифаќал буквално се што ќе му биде сервирано и кажано, а тука кога ќе се врател од челните лица на Владата почнувајќи од него изјавите биле секојдневно со различни позиции и ставови.Е до толку ни е мизерна дипломатската политика и затоа ни се смеат сите како држава.Срамота.Затоа потребни се оставки, бидејќи нема друг избор и веднаш потоа предвремени парламентарни избори.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања