ВЛАДА

275715101_420339626528230_744779867548015241_n

„Идејата за нова влада составена од СДСМ, ВМРО и сите албански партии, без ДУИ, е сосема во ред, оти оваа е неспособна до коска“, вели Јоци

Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека сегашната влада е неспособна до коска, а идејата за нова влада составена од СДСМ, ВМРО и сите албански партии, без ДУИ, е сосема во ред.„Не знам кој ја смислил идејата за нова влада составена од СДСМ, ВМРО и сите албански партии, без ДУИ, но мене ми е сосема во ред.До нови избори кои се насушни.Бидејќи оваа сегашна влада, октроирана, е неспособна до коска. Стоиме во место и од ден на ден е сé полошо. Исток не нé запишува, запад нé отпишува. Секој ден е преполн со бегства, црни хроники, колапси на секој чекор, рекетарски шеми и текстови по медиуми и социјални мрежи...Цути само коцката и брзите кредити.Јас не знам дури ни кои министри вршат функции, денеска за првпат ја видов жената која била министерка за труд и социјала.Катастрофа!Толку е тивко, а толку гласно се слуша падот кој е неминовен“, вели Јоци.

Коментари | пред 3 години

03122022_PVRSM-Kovacevski_Besimi_pres__3

(ВИДЕО) Ковачевски го претстави буџетот, има огромни очекувања кои ги објаснуваше еден час

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска на заедничка прес-конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими го презентираа предлог Буџетот за 2023 година. Премиерот Ковачевски посочи дека со предложениот буџет се обезбедува економска и енергетска стабилност како и поддршка за граѓаните и компаниите во услови на светска економска и енергетска криза.Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Ковачевски:„Како што знаете, предлог Буџетот 2023 е веќе во Собраниска процедура и оваа денешна прес-конференција, која е прва од низата планирани прес-конференции од поединечните министерства, е нашиот придонес во јавната дебата и информирање на јавноста за тоа што точно значи тој буџет и што се планира за наредната година.Накратко би се осврнал на контекстот во кој делуваме во моментов, односно енергетската и ценовната криза, како продолжение на економската криза предизвикана од ковид пандемијата. Од започнувањето на војната во Украина изминаа веќе десет месеци, а геополитичкиот фактор стана дополнителен шок на меѓународните пазари на примарни производи, односно на пазарите на храната и енергенсите. Шокот преку увозните цени брзо и лесно се прелеа во нашата економија, која е една од најотворените економии во регионот. Владата преку фискалната политика го продолжи енергичниот одговор кон шоковите, исто како што реагираше за време на пандемијата, со соодветни антикризни мерки за заштита на граѓаните, стопанството и макроекономската стабилност. Добрите економски политики на Владата се нотирани и во извештаите на Меѓународните финансиски организации, како Меѓународниот монетарен фонд, впрочем немаше ниту да ни биде доделен ПЛЛ инструментот на Северна Македонија доколку не водевме здрави и успешни економски политики. Преку досегашните политики и антикризните мерки кои ги донесовме во два наврати годинава, животниот стандард на граѓаните е заштитен, а ликвидноста на компаниите одржана, со што се заштитени многу работни места во време на криза.Знам дека она кое најмногу ги засега граѓаните е животниот стандард, како ќе се живее, колку ќе е скап животот, што ќе направи Владата за да ги амортизира последиците од кризата. Токму затоа и денес пред вас сакам да посочам неколку главни позиции кои на граѓаните ќе им дадат појасна слика за Предлог-буџетот за 2023.Овој предлог-буџет треба да обезбеди:Сигурност и стабилност и основа за понатамошен забрзан економски раст.Предлог-буџетот за 2023 е точката од која тргнуваме на еден нов пат на кој, како и досега успешно ќе ја менаџираме кризата и последиците од кризата, но и со кој ќе овозможиме полека, но сигурно да закрепнуваме и да растеме и да го подигнеме животниот стандард.Фокусот на овој предлог-буџет е во неколку столба и тоа:Справување со последиците од кризата и поддршка на најранливитеСтабилен економски растПоддршка и интензивирање на процесот на ЕУ интеграции, како иТранспарентност и отчетност кои ќе се постигнат преку покажани резултати и имплементација на буџетот.Владината поддршка за справување со кризата, секако ќе продолжи. Сите антикризни мерки за заштита на стандардот, дополнителната финансиска поддршка за најранливите, како и мерките за одржување на цените на основните прехранбени производи, обезбедувањето на пониска цена на електричната енергија во однос на пазарната за регулираните потрошувачи, ќе продолжат и во текот на целата идна година. Од вкупниот буџет за антикризни мерки се издвоени 250 милиони евра.Обезбедени се средства и за сите надоместоци за ранливите категории граѓани, невработените, стечајците, гарантираната минимална помош, помош и нега на друго лице, поддршка на лицата со попреченост, за социјалните надоместоци и надоместоците за невработени, како и за активни мерки за вработување на млади лица, лица со попреченост итн.Предвидено е да продолжи усогласувањето на минималната плата со просечната и трошоците на живот, соодветно на системското утврдено решение. Предвидени се и зголемувањата на платите во образование, како и зголемувањето на пензиите по новата утврдена методологија кое зголемување треба да се случи првиот квартал идната година.За пензионерите за следната година се издвоени дополнителни 120 милиони евра повеќе од 2022 или вкупно 1.2 милијарди евра за пензиите кои што се зголемени.Во овој сегмент би сакал да ги споменам и трансферите кои се планирани до единиците на локална самоуправа. За 2023 година се планирани вкупно речиси 434 милиони евра во ДДВ и блок дотации кон општините во кои се планирани средства и за исплата на покачените плати на 40.000 просветни работници, кои годинава се покачија за 15%. Владата дава сериозна поддршка како и секоја година до општините, а оваа година, планирани се и 57,5 милиони евра повеќе од 2022 за оваа намена.Тука би сакал да се осврнам на делот од буџетот со плати и надоместоци.За плати во јавна администрација во 2023 година се планирани 570 милиони евра.За здравството како систем се планирани 685 милиони евра.Стабилниот економски раст следната година ќе се обезбеди преку одржување на макроекономската стабилност и понатамошна фискална консолидација како и преку капиталните инвестиции.Во услови на криза носители на економскиот раст ќе бидат капиталните инвестиции кои на среден рок треба да обезбедат позитивни ефекти и реално приближување кон европските економии.Бидејќи овој буџет е позициониран како развоен буџет, за 2023 се проектирани 52,3% повеќе капитални расходи во однос на 2022.Така, во 2023 продолжуваме со инфраструктурни проекти кои ќе нѐ поврзат и внатре во земјата, и со регионот но и со Европа и ќе обезбедат побрз економски раст и развој генерално, но и подобри услови за развој на компаниите и бизнисот. Продолжуваме со изградба на Железничкиот Коридор 8, изградба на клучни автопатски делници, рехабилитација на локалните улици, изградба на социјални станови, продолжуваме со проектот за гасификација на државата.Инаку сите бевте сведоци минатата недела комплетно е завршен гасоводот од влезот на интерконекторот од Бугарија до Битола.Исто така, продолжуваме со капитални инвестиции во земјоделството со кои обезбедуваме пред сѐ зголемено домашно производство на храна, поддршка за земјоделците како и поддршка за модернизација на земјоделството. Преземаме конкретни чекори за да ги решиме суштинските прашања кои ќе ни овозможат да капитализираме од развојниот потенцијал во оваа област на среден и долгорочен план, носејќи им просперитет на нашите земјоделци.Буџетот предвидува продолжување на имплементацијата на интензивниот инвестициски циклус во енергетскиот сектор кој треба да обезбеди зголемување на вкупниот енергетски потенцијал. Особено внимание се посветува на транзицијата кон обновливи извори на енергија како и на енергетската безбедност и енергетската ефикасност на земјата.Заштитата на животната средина е исто така приоритет со новиот буџет. Изградба на пречистителни станици, канализациони мрежи како и воспоставување на регионален систем за управување со отпад и затворање на депонии во источниот и североисточниот регион се дел од планираните инвестиции во овој сектор.Капитални инвестиции се планирани и во здравството односно планирани се инвестиции за изградба и реконструкција на јавни здравствени установи како и набавка на медицинска опрема. Иако не е во делот капитални инвестиции, сепак сакам да напоменам дека здравствената заштита, односно финансирањето здравствени услуги, но финансирањето на обврските на јавните здравствени установи како што веќе кажав е планирано со над 680 милиони евра во буџетот за 2023 што е зголемување во однос на минатата во износ од 63 милиони евра.Капитални инвестиции во образование, детска заштита и спорт се вложувања во изградба и реконструкција на основни и средни училишта, градинки, изградба на училишни и спортски сали, реконструкција на студентски домови, опремување и реконструкција на универзитети и инвестиции во спортска инфраструктура исто така се планирани.Капиталните инвестиции во буџетот за 2023 се проектирани на 800 милиони евра. Знам дека во јавноста постои недоверба во однос на реализацијата на овие капитални инвестиции, но она што можам тука да го посочам е дека ова е мојот прв предлог буџет како премиер, прв буџет врз кој имам контрола за имплементација, и ве уверувам дека лично ќе се заложам да имаме максимална реализација. Во време на криза, овие капитални инвестиции ќе ни обезбедат подобра иднина и подобар животен стандард, а тоа е она за кое јас како премиер силно се залагам.Моето 22 годишно менаџерско искуство ќе го искористам за да обезбедам што повисока реализација на капиталните инвестиции, затоа што тоа е она што и е потребно на нашата земја.Сите овие сегменти, со добро, одговорно менаџирање, со напорна работа и добра контрола на реализацијата, ќе бидат основата која ќе ни обезбеди полесна транзиција кон заздравување и развој на економијата, ќе нѐ застане на нозе и ќе ни овозможи да зачекориме посигурно, офанзивно во обезбедување на што е можно поголем економски развој, особено на среден рок.Бидејќи годинава конечно после 17 години, ги отпочнавме преговорите за членство во ЕУ, во 2023 година ќе обезбедиме буџет кој ќе овозможи да продолжат реформите и трансформацијата на општеството и ќе ни ја подобри позицијата за преговори и отворањето на кластерите. Европската интеграција на државата е од исклучително значење, целата идеја дека конечно Европската Унија ни е на дофат на рака, ни дава нова рамка за тоа како сите процеси кои се обезбедуваат со буџетот од 2023, ќе ни помогнат во што поскорото постигнување на европските стандарди преку подобрување на инфраструктурата, заштитата на животната средина, одржливиот развој, подобрувањето на здравството и образованието, но и преку посветеност на реформите во судството и фокус на владеењето на правото.Воедно, а што мислам дека е исклучително важно за овој буџет е начинот на кој планираме да обезбедиме транспарентност и отчетност, а тоа е фокусот на резултатите од имплементацијата на буџетот. Само со ваков фокус, односно со поставени индикатори преку кои ќе ја мериме ефективноста и ефикасноста на буџетот, воедно ќе овозможиме и ефективни, ефикасни, транспарентни и отчетни институции и одржлив економски развој.Од овој буџет јас очекувам резултати. И ќе инсистирам да ги има.Овој буџет е основата за нашата визија за стабилна, економски просперитетна и напредна Северна Македонија, идна земја членка на Европската Унија. Изминативе 10 месеци вложивме огромни напори и успеавме да ја заштитиме македонската економија и животниот стандард, но сега е време да мислиме за тоа како да одиме напред и како да направиме подобро.Јас лично ќе работам на тоа да обезбедиме сигурност, подобра иднина и просперитет на сите граѓани во оваа држава, да се стремиме кон европските услови и начин на живот затоа што граѓаните заслужуваат да го имаат она што го имаат и европјаните и ништо помалку од тоа.Тоа е мојата задача, таа е мојата, тоа е нашата заедничка цел како Влада.На почетокот на кризата не се знаеше дали ќе има леб, брашно, храна, струја, греење, нафта, не се знаеше дали ќе имаме доволно пари, дали ќе се исплаќаат пензиите. Но, јас ветив дека никој нема да биде оставен сам и тоа и го направивме. Владата одговори соодветно на кризата и денес ние имаме и храна и енергенси и струја. И повисока минимална, повисока просечна плата, повисоки пензии кои се исплаќаат и предвреме.Истиот пристап ќе го имаме и кон реализацијата на буџетот во 2023. Како што повторувам често, кога се има визија и кога напорно се работи, нема недостижна цел.Така ќе биде и со овој буџет.Ви благодарам.“

Актуелно | пред 3 години

20072022_VRSM_sednicaVlada-4

Како ќе се поддржат компаниите, а како граѓаните поради енергетската криза

Владата на Република Северна Македонија, денеска, 09.10.2022 година (недела), ќе одржи редовна, 88-ма седница.На дневен ред на седницата ќе бидат точки поврзани со мерките за поддршка на граѓаните и компаниите во време на економско-енергетска криза.За заклучоците и одлуките на седницата, јавноста ќе биде информирана.

Македонија | пред 3 години

nova-vlada-2022

Мали промени на министри во Владата, најави Ковачевски

Нема да има големи нови промени во кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски.„Среќен сум што Ристо Пенов е предложен, го сметам за еден од најдобрите градоначалници во Македонија. Има успешни проекти. Прво ќе оди оставката па избор на нов министер“, кажа Ковачевски.Иако се споменуваше празнење на ресорот здравство, засега тоа не го споменува премиерот Ковачевски.„Јас мислам дека ќе има само мали промени. Освен министер за локална самоуправа, нема друг план“, додаде тој.

Македонија | пред 3 години

oktopod

Коментар на денот: Владата набавува морски плодови за 20.500 евра, Криза? Скап лебот? Па јадете октопод без леб

Божидар Божиновски се огласи во срска со договорите кои ги склучила Владата со фирма од Скопје. Фирмата треба да ја снабдува Владата со свежа и замрзната риба, октопод и морски плодови за 20.500 евра/„'Владата набавува морски плодови за 20.500 евра'Шо е сиротињо? Криза? Скап лебот? Па јадете октопод без леб“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Vlada-hrana

„Вака Чаушеску тераше и на крај се заврши ко што се заврши“, реакции за луксузирањето на Владата

Свежа и замрзната риба, октопод и морски плодови за 20.500 евра за Владата иако се продлабочува економската криза. Службата за општи и заеднички работи на Владата склучила три договори со фирма од Скопје од која ќе ја снабдува храната, пренесува Алсат.Првиот договор е вреден 787.500 денари или повеќе од 12.800 евра. За оваа сума, договорната компанија е должна да ја снабдува Владата само со свежа риба.Вториот договор е вреден 262.500 денари или 4.268 евра. За оваа сума Владата ќе се снабдува со замрзната риба и октопод.Додека третиот договор меѓу Владата и фирмата добавувач бил направен за морски плодови и бил вреден 210.000 денари или 3.415 евра.Вкупната вредност на трите договори е 1.260.000 денари или околу 20.487 евра.Граѓаните на социјалните мрежи велат дека и Чаушеску вака терал и на крај се заврши ко што се заврши.https://twitter.com/natwnajubaviot/status/1572622903048380418?s=20&t=vasD6njvsx4Y46-MW_NSlQhttps://twitter.com/svirce3/status/1572602196918767620?s=20&t=vasD6njvsx4Y46-MW_NSlQhttps://twitter.com/_shieldmaiden89/status/1572628197610749952?s=20&t=vasD6njvsx4Y46-MW_NSlQhttps://twitter.com/MirindMkd/status/1572602749182791681?s=20&t=vasD6njvsx4Y46-MW_NSlQhttps://twitter.com/Biktop16/status/1572624706339213312?s=20&t=vasD6njvsx4Y46-MW_NSlQ

Коментари | пред 3 години

e026d2bb-a661-464d-8d90-f8a911efc4a7

Грковска ќе го „трансформира“ општеството, формирала и совет

На предлог на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, Владата на Република Северна Македонија на денешната 82-ра седница донесе одлука за основање на Национален совет за дигитална трансформација на општеството.Со Советот ќе претседава заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за политики за добро владеење, а како членови ќе бидат вклучени министерот за информатичко општество и администрација, министерот за внатрешни работи, министерот за финансии, министерот за одбрана, директорот на Агенцијата за електронски комуникации, како и претставници од Собранието на Република Северна Македонија, од бизнис секторот, од банкарскиот сектор и од локалната самоуправа.Целта на формирањето на Националниот совет за дигитална трансформација на општеството е планирање, координирање и реализација на активностите потребни за дигитализација на процесите како и ефикасно справување со предизвиците што таа ги носи.Советот, меѓу другото, во својот делокруг на работа ќе планира и предлага иницијативи и оперативни планови за дигитална трансформација на општеството, ќе учествува во изготвување на предлог-план за оптимизација на внатрешните процеси, ќе дава предлог мислења, совети за редизајнирање на административните постапки, поедноставување на електронски услуги кон граѓаните и бизнис услугите, ќе воспоставува рамка за стандардизација на државните системи, ќе учествува во градење на капацитети за заштита на државните системи итн.Дигиталната трансформација на општеството е еден од стратешките приоритети на Владата, која ја препознава потребата од дигитализацијата како предуслов за брз економски напредок и развој, што во исто време е и потреба и на бизнис секторот. Дигитализацијата е неопходна за брз економски раст и напредок на секоја компанија, процесот подразбира употреба на дигиталната технологија за промена на бизнис-моделите и зголемување на конкурентноста на пазарот.

Македонија | пред 3 години

10092022_PVRSM_grozdober_4

Ковачевски береше грозје

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски присуствуваше на традиционалниот гроздобер во винаријата „Тиквеш“ каде присутните имаа можност да учествуваат и да го проследат процесот на берба на грозје.Премиерот Ковачевски ја искористи денешната пригода, да ги истакне заложбите на Владата да продолжи интензивно со конструктивната соработка, како и досега, со цел стимулирање на производството на висококвалитетно грозје кое е неопходно за производство на врвни вина со премиум квалитет кои се бараат на домашниот и на странските пазари.Тој го истакна огромното значење на малите и големите винарии, чии активности придонесуваат за унапредување на квалитетот на македонското вино и претставувањето на нашата земја како винска земја и рамноправен дел од винската карта, на регионот и пошироко.Премиерот Ковачевски во разговорите истакна дека по консултации со винариите и лозарите годинава е постигнат договор за зголемување од историски 30% на овогодинешните откупни цени на грозјето.Од 2017 година досега, се решени проблеми и покажана е сериозна грижа за лозарите. Преку разни основи на поддршка достигната е бројката, инвестирани се околу 76.5 милиони евра, од кои 74 милиони, средства директно исплатени кон лозарите.Зголемени се основни субвенции за одржување на лозови насади. Покажана е грижа и за малите производители, сменет е Законот за вино, и денеска постојат вкупно 139 субјекти, а 71 се регистрирани само оваа година.Обезбедена е финансиска поддршка и за винариите преку новата мерка за поддршка на произведено и извезено вино за период од 01.09.2021 до 01.09.2022 година, за регистрирани производители на вино кои во овие две години имаат произведено и извезено вино.Винариите беа помогнати и со мерките за време на КОВИД кризата кога беа исплатени 649 милиони денари директна помош на лозарите.Сите мерки резултираа со стабилизирање на домашното производство на грозје со просечно производство од околу 270 илјади тони на годишно ниво.Трета година по ред бележиме раст на извозот на вино, но и на винарските визби кој заклучно со 2022 година изнесува 139 со вкупен капацитет од околу 200 милиони литри.Премиерот Ковачевски на денешниот настан, посака среќа и бериќет, со желби за берба на квалитетно грозје и производство на квалитетно вино.

Македонија | пред 3 години

51825283177_d4642d4247_c

Битиќи: Комплетно завршени 36 проекти од ТАВ програмата, повеќе од 15 милиони евра реализирани во општините низ цела земја

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, заедно со градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов и генералниот директор на ТАВ, Метин Батак извршија увид на работата на започнатите работи на - Регулација на поројот Св. Илија до улив во река Водочница во Струмица, проект што се реализира преку ТАВ програмата.Вицепремиерот Битиќи потсети дека пред една година беа потпишани 94 договори за реализација на инфраструктурни проекти во сите плански региони или во 75 општини низ целата земја, во вредност од 49,7 милиони евра.Дополнувајќи дека досега проектите имаат одлична реализација и сите се во временските рокови на планирана изведба.„Денеска, по една година, веќе комплетно се завршени 36 инфраструктурни проекти или реализирани се над 15 милиони евра од планираните средства, а останатите проекти, како овој, се во тек и нивната реализација се очекува да биде во планираниот рок, односно до крајот на 2023 година и ова е одлична реализација!Среќен сум што денеска, ден пред 8 Септември - Денот на независноста, можеме заедно да споделиме вакви вести и да сме горди на зајакнувањето на инфраструктурата на локално ниво, за сите граѓани низ целата земја“, изјави Битиќи.Градоначалникот Костадинов истакна дека овој проект е одличен пример за соработка помеѓу локалната и централната власт и општествено одговорните инвеститори, а во интерес на решавање на проблемите со коишто се соочуваат граѓаните.„Со добиените средства во износ од 1,4 милиони евра (86.700.000 денари) од програмата на ТАВ, уредуваме 2.300 метри од вкупната должина на поројот којашто изнесува 2.800 метри.Досега се реализирани 65 проценти од армирано – бетонските работи или во должина од 1.800 метри и 30 проценти од камената облога на коритото или во должина од 850 метри. Уредувањето треба да обезбеди стабилизација на коритото и бреговите на поројот, подобрување на заштитата од големи води и подобрување на еколошките и естетските аспекти на околниот терен“, изјави Костадинов.Генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак изјави дека со овој проект ќе се спречат потенцијални поплави при поројни дождови, бидејќи неговата улога е дренажа на атмосферските води.„Половина од работата е завршена, а останатиот дел од речното корито долго 2 километри ќе биде готов до предвидениот рок.Веруваме дека оваа инвестиција ќе придонесе за подобрување на квалитетот на граѓаните на Струмица, како впрочем и сите 94 инфраструктурни проекти на општините и Владата финансирани од ТАВ со вкупна вредност од 49,7 милиони евра”, дополни директорот Батак.

Македонија | пред 3 години

22032022_VRSM_32_sednica-1

Владата закажа нова седница, меѓудругото, ќе се разговара и за Законот за градење

Владата на Република Северна Македонија денеска 30.8.2022 година (вторник) ќе ја одржи редовната 75-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.Според предложениот дневен ред, на седницата ќе се разгледува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење.Целта на предложените измени е, предвидување посебна постапка за поставување на фотонапонски електроцентрали на објекти од страна на потрошувачи-производители како и на категоризација на градбите за производство на електрична енергија од обновливи извори.На седницата, меѓу другото, пред членовите на Владата ќе се најде и Извештајот за завршени преговори за склучување на Договор за соработка во областа на механизмите за обезбеденост со храна во Западен Балкан.За заклучоците и одлуките од денешната владина седница, која ќе започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение.

Македонија | пред 3 години

28082022_PVRSM_den_na_rudarite-4

Ковачевски: Рудари, среќно!

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Пробиштип учествуваше и се обрати на манифестација по повод одбележувањето на Денот на рударите - 28 август.На свеченоста на која беа доделени благодарници за најдобри рудари и бригади, беа присутни околу 800 рудари и раководствата од „Злетово“ и „Тораница“, министри и градоначалниците на Пробиштип и Крива Паланка.Во продолжение ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Ковачевски во целост:„Нека ни е честит Денот на рударите!Ми претставува чест и задоволство што денеска на христијанскиот празникот Голема Богородица која важи за ваша заштитничка, сум во рударски Пробиштип и заедно го одбележуваме овој значаен ден.Успесите кои ги бележи рударскиот сектор години наназад се резултат на личните заложби на секој еден од вас, на макотрпната работа на рударите, инженерите, менаџерите, стручните кадри кои со вашето посветено работење придонесувате во неговото унапредување, а со тоа и на развојот на државата.Тоа се гледа и во постигнатите резултати. Рударството е еден од најважните сектори и придвижувач на нашата економија дури и во време кога се соочуваме со една од најголемите кризи во поновата историја. Со повеќе од 10% во вкупното индустриско производство на државата вашиот сектор е клучен за нашиот напредок. Во Република Северна Македонија имаме над 100 активни рудници кои заедно со своите придружни дејности вработуваат околу 10.000 луѓе. Убеден сум дека и понатаму овие рудници ќе продолжат со својата активна работа, со отворање нови работни места и со одржување на високите стандарди на условите и безбедност при работа за своите вработени и заштитата на околината.Еден од овие рудници е и рудникот Злетово овде во Пробиштип, кој со амбициозна стратегија и план од стечај за краток временски период, успеа да се врати во кондиција и да го рестартира производството. Компанијата ,,Булмак 2016”, која управува со рудникот Злетово, но и со рудникот Тораница дури и во време на криза и пандемијата е меѓу првите 30 компании во земјата според успешноста. Во целиот овој период во овие два рудника вработени се околу 800 лица, зголемено е производството и зголемени се платите на вработените во однос на претходните години.Секако дека во целиот овој процес на успешно работење свој придонес има и Владата, затоа што развојот на компаниите, но и инвестирањето во човечки капитал, како непроценлив работен потенцијал значи одржлив развој на општините и забрзан економски раст на земјата.Исправивме една огромна неправда за рударите која се провлекуваше со години наназад. Со законските измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување што Владата ги направи во 2018 година го исполнивме долгогодишното барање на рударите. Сега во пензија заминуваат со навршување на 40 години стаж за мажи, односно 35 години стаж за жени. Тоа значи дека ако претходно рударите се пензионирале на 58 годишна возраст, по ново во пензија заминуваат на 50 годишна возраст, а во периодот од 2018 до денес ова право го оствариле 105 рудари.Обезбедивме и континуиран раст на платите. Преку системски решенија за зголемување на платите и во услови на најголема криза растат и минималната и просечната плата, која за месец јуни изнесува 31.869 денари. Во ова зголемување на просечната плата со 4,3% учествува и секторот рударство и вадење на камен.Обезбедувањето на подобар стандард и услови за работа останува наш врвен приоритет. Грижата за работниците и граѓаните е наша основна цел, на која продолжуваме да работиме.Со огромна почит искрени честитки до сите рудари кои активно работат, но и оние кои веќе го имаат завршено својот работен ангажман и се пензионирани. Високо ја ценам вашата макотрпна работа, пожртвуваноста и часовите труд поминати во јама и на коповите. За таа цел продолжуваме со носење законски решенија и политики со кои се обезбедува подобар стандард и услови за работа за рударите.Нека е честит и вековит празникот. Ви посакувам да се живи и здрави, да напредувате на личен план и со својот труд да продолжите да придонесувате во растот на нашата економија и развојот на државата.Рудари СРЕЌНО!“

Македонија | пред 3 години

26082022_PVRSM_sredba_Shvedska_ambasadorka_1-3

Средба на премиерот Ковачевски со амбасадорката Бенгтсон: Голема поддршка од Шведска за напредокот на Македонија во евроинтеграциите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Кристин Форсгрен Бенгтсон, амбасадорката на Шведска, која го завршува нејзиниот мандат во Република Северна Македонија.На состанокот е потврдено искреното пријателство помеѓу двете држави и принципиелната соработка којашто се унапредува.Соопштено е дека продолжува големата поддршка од Шведска за натамошен напредок на нашата држава во евроинтеграциите на Северна Македонија, по почетокот на преговорите, како и во реформите.Премиерот Ковачевски се заблагодари на амбасадорката Бенгстон за поддршката од Шведска во сите демократски процеси во нашата држава, во реформските процеси значајни за граѓаните, како и на патот на евроинтеграциите.На состанокот е разговарано и за активностите во рамки на предизвиците во енергетската област, како и за други актуелни прашања од значење за нашата држава, како и за државите од Европа и светот.

Македонија | пред 3 години

26082022_pres_PVRSM-Kovacevski_Nikolovski_1-1

Ковачевски се пофали со грозјето, горд на себе за успехот

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски одржаа средба со лозарите и со претставници на винариите. По средбата премиерот Ковачевски на прес-конференцијата истакна дека годинава, постигнат е договор за историски најголемо зголемување на откупната цена на грозјето од 30%.„Смедеревката ќе се откупува по просечна цена од 13 денари за килограм, а вранецот по 15 денари за килограм, што е за 3 денари повеќе споредено со ланските откупни цени. Верувам дека и винариите и лозарите се задоволни од постигната цена и верувам дека договорите ќе бидат испочитувани од двете страни. Прв пат оваа година, на самиот почеток на кризата Владата реагираше со брзи одлуки и ја донесовме Програмата за Интервентен фонд, со почетен буџет од 400 милиони денари, а со ребалансот на буџетот, овој Интервентен фонд беше зголемен со дополнителни 500 милиони денари. Значи вкупно 900 милиони денари, за мерки за поддршка на земјоделците во услови на криза, покрај редовните субвенции кои што беа во целост програмирани. Токму во овој Интервентен фонд се обезбедија и мерки за поддршка на лозарите и винариите, за да имаат помали трошоци и одржливо производство. Односно 120 милиони денари за поддршка на винариите и дополнителни 2 денари за килограм откупено грозје за лозарите“, рече Ковачевски и додаде дека сето ова ја демонстрира посветеноста и грижата за извозно ориентирани земјоделски гранки како што е лозарството, и во услови на најголема криза да помагаме онаму каде е најпотребно.Ковачевски дополни дека домашното просечно производство на грозје е стабилизирано на околу 270 илјади тони на годишно ниво, додека просечното годишно производство на вино е околу 100 милиони литри.„Македонското вино е во светот познато по својот квалитет, а нашата земја важи за еден од лидерите според вредноста на извезеното вино во регионот, односно втор најголем извозник после Грција. Минатата година македонските винарии извезле вино во вредност од над 61 милиони долари, што е зголемување од над 19% во споредба со претходната 2020 година. Паралелно се зголемува и бројот на винарски визби, кој заклучно со август 2022 година е 139, со вкупен капацитет од околу 200 милиони литри. Се овозможи финансиска поддршка до 10.000 евра за малите семејни винарии за набавка на опрема за производство, мерка која предизвика голем интерес кај овие мали семејни винарии. Секоја година се одвојуваат средства за промоција на македонските вина на саемите низ светот, а се подготвуваа и нов Закон за вино кој е усогласен се ЕУ, односно и со регулативите на ЕУ и кој придонесува да имаме поквалитетно македонско вино. Веќе знаете под покровителство на владите на Србија, Северна Македонија и Албанија, а како дел од иницијативата „Отворен Балкан“, почнува Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“, кој ќе се одржи во Белград, од 1 до 4 септември 2022 година. Од Северна Македонија ќе учествуваат 42 винарници и 3 дестилерии кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни типови македонски вина. Учеството на Северна Македонија на Саемот за домашната економија значи обезбедување поголем извоз, откуп и нови пазари за пласман на македонските вина“, додаде Ковачевски.Министерот Николовски подвлече дека со измената и дополнувањата на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година, се воведува дополнителна мерка, наменета за поддршка на лозарите, кои имаат површини под лозови насади и оствареното производство на винско грозје од реколтата 2022 година и истото да е предадено во регистрирани капацитети или да е искористено за потребите на сопствениот регистриран преработувачки капацитет.„Дополнителната мерка изнесува дополнителни 2 денари по килограм.Ова значи дека на веќе договорените 13 и 15 денари за килограм ќе се додадат уште плус 2 денари, со што откупната цена на грозјето ќе достигне 15 денари за смедеревка и 17 за вранец. Ако на ова ги додадеме и субвенциите од 40.000 односно 48.000 денари по хектар, стигнуваме до плус 3 денари за килограм, што значи дека со сета наша поддршка и коректниот однос на винариите, лозарите добиваат вкупно 18 денари за килограм за смедеревка и 20 денари за килограм за вранец.Ова е рекорд. Што е најважно, постигнат е преку дијалог, бидејќи ние максимално ја разбираме секојдневната борба која ја водат и лозарите и винариите. Проблемот е комплексен, повеќестран и затоа е навистина успех кога се стигнува до резултат, до договор од кој сите се задоволни.И ако на сето ова се додадат сите исплати во овој сектор по разни основи, од 2017 до денес стигнуваме до екстремно висока бројка на инвестирани околу 76.5 милиони евра од кои 74 милиони се директно исплатени кон лозарите", изјави Николовски.Ристе Љуботенски од винаријата „Имако“ истакна дека станува збор за тешка производствена година, особено во производството на грозје и вино со оглед на фактот дека во Европа, заради кризата потрошувачката на вино и производи на вино е намалена. Љуботенски, додаде дека големите производители на вино имаат залихи и потенцира дека грижата на Владата и ресорното Министерство за собирање на овогодинешната реколта е оправдана, како и во изминатите години.Трајче Кулев, лозар рече дека се најде компромисно решение и дополнителни 2 денари за килограм за цената на грозјето се со цел поддршка за лозарите и во услови на светска криза.

Македонија | пред 3 години

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Дали е доволна: Просечната нето-плата во јуни се зголеми за 10,9% и достигна 31.869 денари

„Владините мерки даваат позитивни резултати во континуирано зголемување на просечната месечна нето-плата“, велат од Владата.Според последните податоци на Државниот завод за статистика, во јуни годинава просечната нето-плата по вработен достигна 31.869 денари, што е за 3.125 денари повеќе од лани истиот месец.Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека зголемувањето на просечната месечна нето-плата за 10,9 отсто во јуни годинава, се должи пред се на растот на платите во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна каде што е регистриран раст на нето-платата од 23,1%, Уметност, забава и рекреација со 17,5% раст на просечната нето-плата и во секторот Трговија на големо и трговија на мало растот на просечната месечна нето-плата е 16%.Ваквиот тренд на континуирано зголемување на просечната нето плата во земјата е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата која изнесува 18.000 денари.Владата продолжува со креирање на мерки и на амбиент за повисоки стапки на економски раст и раст на приходите на сите граѓани, со цел да се унапреди животниот стандард на граѓаните особено во услови на криза.

Македонија | пред 3 години

18082022_Kovachevski_30-godini-jubilej_Armija_1

Ковачевски: Гордо и достоинствено славиме 30 години јубилеј на Армијата која е столб на безбедноста, стабилноста и достоинството

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска учествуваше на централната свеченост која се реализира во касарната „Илинден“ во Скопје на која Армијата на Република Северна Македонија со гордост го прослави својот јубилеен роденден и ги одбележа достигнувањата во текот на својот триесет годишен раст и развој.„Денеска гордо и достоинствено го славиме денот на Армијата - 18 август.Го одбележуваме 30 годишниот јубилеј на нашата Армија која е столб на безбедноста, одбраната, стабилноста и довербата како рамноправна членка на еден од најмоќните воено-безбедносни сојузи, НАТО.Изразувам искрена благодарност, од свое лично име, од име на Владата и од сите граѓани, до сите припадници на Армијата, до секој припадник на воениот и на цивилниот персонал на нашата Армија, за огромната заложба, посветеност и придонес сите овие години.Ви благодарам за влогот, за вашиот труд во градењето на стабилна, модерна Армија со високи стандарди, рамноправна со останатите моќни членки на Алијансата, со чии армии учествува во многубројни мисии.Армијата е секогаш на првата линија на помош и поддршка за сите нас, а ние посветено продолжуваме со нејзино модернизирање за сериозна борбена подготвеност, создавајќи најповолни услови за припадниците на воениот и цивилниот персонал.Нека е честит и вековит Денот на Армијата!”, е наведено во честитката на премиерот Ковачевски.На свечената церемонија на која присуствуваше премиерот се одржа и дефиле на ешалони составени од припадници на сите команди и единици на Армијата, и на современи борбени возила со кои располага Армијата меѓу кои и новите оклопни возила со кои се претстави достигнувањето и извежбаноста на припадниците на Армијата.На централната свеченост покрај премиерот Ковачевски присутни беа и претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, претставници од Собранието, министри во Владата, претставници од дипломатскиот кор, пензионирани припадници на Армијата и претставници на организации со кои соработува Армијата.Централната свеченост е една од завршните активности со кои се одбележуваше јубилејот 30 години од формирањето на Армијата меѓу кои беа реализирани: изложба по повод 30 годишниот јубилеј, отворениот настан за граѓаните, трибини, спортски натпревари, хуманитарни акции и прослави во единиците.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања