ВЛАДА

Screenshot-2024-03-06-at-10.47.03

(Видео) Пасошите го изнервираа Џафери - новинарка му најде замерка, тој почна и да вика

Техничкиот премиер Талат Џафери посочува дека од 1 февруари до 29 февруари, МВР добило вкупно 123.000 барања за пасоши, од кои, според него, изготвени се 95.267 исправи. Според него, ова е показател на динамиката на работа. Џафери кажа дека се примени 82.235 барања, а издадени се 71.410 лични карти. За возачки дозволи кажа дека 46.210 барања се примени, а изготвени се 39.552. Тој ја префрли одговорноста кај граѓаните. „Со оваа динамика, стоте илјади што се врти како информација, дека се луѓе кои немаат документ, во текот на март можат сите да се опремат со соодветни документи. Но иницијалното е од граѓаните да има барање“, рече Џафери.Имаше забелешка од новинарка дека во нејзиното семејство четири лица немаат земено пасоши, а аплицирале. На ова, Џафери врати: „Абе и јас имам доба пет членови кои не аплицирале, па што сега?“.На укажувањето дека постои сомневање дали навистина се изготвени пасоши од барања поднесени во текот на февруари, или се изготвени пасоши од барања од претходни месеци, Џафери рече: „Известувањето до мене е така“.

Македонија | пред 1 година

27022024_VRSM-2

Што е забрането за користење од министрите и премиерот

Со член 8-б став 1 од Изборниот Законик е уредено дека „за потребите на изборната кампања, забрането е користење на канцелариски простор, канцелариска опрема и службени возила на државните органи, освен лицата на кои се однесуваат посебните прописи за заштита на личноста“.Со одредбите од Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување, се определени личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување, додека во член 4 од наведената уредеба е уредено дека „...од страна на Министерството за внатрешни работи со редовни, вонредни и посебни мерки и активности постојано се обезбедуваат следниве личности:• Претседателот на Република Северна Македонија;• претседателот на Собранието на Република Северна Македонија;• претседателот на Владата на Република Северна Македонија;• замениците на претседателот на Владата на Република Северна Македонија;• министерот за внатрешни работи;• министерот за одбрана;• министерот за надворешни работи и• директорот на Бирото за јавна безбедност и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање во Министерството за внатрешни работиИсто така, во член 18 од наведената уредба се уредени мерките и активностите за обезбедување на личностите и објектите, кои се состојат од преземање на:• оперативно-превентивни мерки и активности за обезбедување на личности, објекти и простори;• превентивно-технички мерки и активности за обезбедување кои опфаќаат механичко, електронско-техничко, против-диверзионо, хемиско-биолошко-радијациско, санитарно-здравствено, противпожарно и други видови на обезбедување на личности и објекти;• физичко и сообраќајно обезбедување на објекти и личности;• следење на преземените дејствија и активности за спроведување на општите мерки и активности за обезбедување во органите на државната власт и други правни лица од интерес за безбедноста и одбраната на Република Македонија со кои стопанисуваат субјекти во својство на правни лица, секој во рамките на своите надлежности и овластувања утврдени со закон и• други потребни мерки и активности од интерес и значење за обезбедување на личности и објекти.Согласно наведеното, Државната комисија за спречување на корупцијата, укажува на обврската за законско користење на канцеларискиот простор, канцелариската опрема и службените возила на државните органи за време на изборните кампањи, и тоа за Избори за Претседател на Република Северна Македонија 2024 година и Избори за пратеници во Собранието на Решублика Северна Македонија, кои започнуваат на 04.04.2024 година во 00:00 часот и траат до 06.05.2024 година до 24:00 часот.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-22-at-10.14.44

(Видео) Ќе земаат по 2.500 евра месечно, цела година: Ковачевски и Спасовски остануваат на товар на буџетот

Пред две недели, Комисијата за избори и именување во Собранието, под точка „разно“, усвоила решенија за да експремиерот Димитар Ковачевски и ексминистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски добиваат апанажа. Пратениците од СДСМ биле единствено присутни во салата, а со седум гласа, без никаква дискусија биле усвоени решенијата. Со ова, цела година, Ковачевски и Спасовски ќе добиваат по 2.500 евра месечно.„Поранешниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски на кого функцијата му престана поради избор на преодна Влада, поднесе барање за остварување на плата по престанок на функцијата“, кажа претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска и го стави предлогот на гласање. Сите седум пратеници кренаа раце и имаше седум гласа „за“.„Поранешниот министер Оливер Спасовски на кого функцијата му престана согласно Законот за Влада, поднесе барање за остварување на плата по престанок на фукција“, кажа претседателката, а и овој предлог беше изгласан со седум гласови „за“.Освен тие двајца, апанажа ќе добиваат и Весна Бендевска од Комисија за заштита од дискриминација, како и Исмаљ Камбери од Комисија за заштита од дискриминација.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Инспектор Џафери „упадна“ во канцеларија во СВР Тетово: Колку луѓе работите овде?!

Во улога на инспектор, техничкиот премиер, Талат Џафери беше во посета на СВР Тетово. Тој во една канцеларија затекна куп луѓе, а на прашање колкумина работат во таа просторија, доби одговор дека станува збор за седуммина. Кога праша еден од присутните што чека, тој на албански одговори дека му треба финансиска потврда.Кога Џафери ја праша службеничката каде се документите за потврдата, таа беше збунета, па и одговори: „20 години сум поминал во војска, 22 години сум во Собрание и знам што е барањето и потребата. Каде ви е барањето на колегата му треба потврда?“, рече Џафери, а службеничката му возврати: „Не ве разбирам“.„Затоа што не ме разбирате, тој кажува дека му треба ппотврда финансиска, а не му треба. Ни ти ни тој не кажувате тоа што треба. Јас знаеш колку такви потврди сум потпишал? Он не треба да дојде овде, треба да поднесе таму кај што треба, а ти ќе го повикаш и ќе дојде“, рече Џафери алудирајќи дека го лажат.

Македонија | пред 1 година

01032024_Pres_Avramovska-Madic_Mojsoski_2

10 милиони евра-финансиска поддршка од државата за спортистите, спортските клубови и спортските федерации

Законот за изменување на Законот за спортот има за цел обезбедување на финансиски поттикнувања, субвенции по основ на директна државна помош за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови и други правни субјекти кои имаат решение за вршење на дејност спорт, подигнување и развој на спортот, организирање на национален систем на натпревари, учество и пласман на државно и меѓународно ниво.„Законот беше предложен од Министерството за правда и поднесен во Собранието по скратена постапка. Со неговото усвојување, како Влада покажавме и докажавме дека се грижиме за македонскиот спорт. Со предложените законски решенија се обезбедуваат финансиски поттикнувања за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти/ки од олимписки и неолимписки спортови и други правни субјекти кои имаат решение за вршење на дејност спорт”, рече на денешната прес-конференција, заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ.Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, посочи дека со овој закон целосно се отстрануваат какви било злоупотреби и сомнежи во процедурата, а финансиските средства се ставаат на располагање кај спортски субјекти кои искрено работат и го сакаат спортот.„10 милиони евра ќе влезат како директна финансиска поддршка од државата за спортистите, спортските клубови и спортистите. Тоа што го ветивме го остваривме. Ги имавме предвид сите забелешки, обиди за злоупотреби и пристапивме кон креирање на нов систем за користење на финансиски средства од државата. Докажавме дека сме искрени поддржувачи на македонскиот спорт и дека секогаш го слушаме нивниот глас, нивните потреби, бидејќи тие се едни од најдобрите амбасадори на државата”, порача Мојсоски.Во Законот за спортот се наведуваат корисниците на средствата по основ на директна државна помош, односно со него се уредуваат условите и начинот на користење на средства од Буџетот на Република Северна Македонија по основ на субвенции во дејноста-спорт заради остварување на јавниот интерес во спортот.

Македонија | пред 1 година

27022024_VRSM-2

Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка усвоен од Собранието

Собранието на Република Северна Македонија денеска го усвои Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, кој беше подготвен на иницијатива на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.Со изгласувањето на овој закон се дава зелено светло за воведување на дополнителен антикорупциски механизам во нашето законодавство, со цел да се постигнат поголеми резултати во борбата со корупцијата и организираниот криминал, односно поефикасно справување со неказнивоста и нелегалното стекнување имот.Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка цели кон заштита на јавниот интерес на Република Северна Македонија на начин што се оневозможува каква било корист од имот, за кој, во постапката согласно овој закон, ќе се утврди дека не бил стекнат од законски извори. Со овој закон се ограничува правото на сопственост во согласност со Уставот, законот и меѓународните стандарди и праксата на ЕСЧП за овој вид на конфискација.Овој закон не претставува замена за конфискацијата во кривична постапка, туку е дополнителен помошен инструмент и механизам. Особено е важно што со законот се предвидува можност конфискуваниот имот во граѓанска постапка да биде даден на користење за остварување на социјалните потреби и цели во општеството.Изработката на предлог Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка започна со нацрт текст заснован на физибилити студија и анализа на состојбите и моделите на конфискација во модерните правни системи, која беше подготвена во соработка на Кабинетот за политики за добро владеење со Советот на Европа, по што следуваше формална изработка на предлог законот од страна на работна група составена од претставници на релевантните домашни институции.

Македонија | пред 1 година

vlada-kovacevski

Во Владата на Ковачевски имало бунт кога требало да се стопира зголемувањето на функционерските плати

Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања, кажа дека имало дискусии во Владата, но во претходниот состав, а поврзана со стопирањето на новото зголемување на функционерските плати. Тој кажа дека имало поединци кои не се согласувале тоа да се случи.„Не се дискутирало на сегашниот состав на Влада за функционерските плати. Имавме претходни дискусии, имаше законски решенија, но едоставно немаше разбирање од сите чинители кои се дел од Владата. И ние како СДСМ кои сметаме дека во општеството мора да има правични и праведни решенија, сметавме дека тоа е начин на кој треба да се интервенира“, рече Битиќи.Тој не сакаше да прецизира кои министри не сакале да се стопира зголемувањето на функционерските плати„Ако се прашав јас, ќе требаше да се вратиме на целосно нова методологија, онаква каква што има во јавниот сектор. Ова е најдоброто можно решение во овој момент“, додаде тој.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-44-7840PM

Џафери отиде во Тирана

Претседателот на Владата на Македонија, Талат Џафери, од денеска, 28-ми февруари, е во работна посета на Тирана, Република Албанија.Во состав на владината делегацијата се и Бојан Маричиќ, прв заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, како и Бујар Османи, министер за надворешни работи и Филип Николоски, заменик министер за финансии.Премиерот Џафери ќе присуствува и ќе има обраќање на Регионалниот самит за развој на Западен Балкан, во чијшто фокус е Планот за раст на Западен Балкан усвоен од Европската комисија.На Самитот ќе се разговара за унапредувањето на регионалната соработка и реализацијата на Заеднички регионален пазар како процес на постепено вклучување во Единствениот европски пазар. Претседателот на Владата, Џафери е предвидено да се обрати на Панелот „Вовед во единствениот пазар“.На Регионалниот самит за развој на Западен Балкан во Тирана, којшто е продолжување на состанокот од минатиот месец во Скопје, се лидерите на државите од Западен Балкан, како и комесарот за соседска политика и проширување на ЕУ, Оливер Вархеји.За време на посетата на Тирана, премиерот Џафери, ќе се сретне и со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, при што е предвидено да биде потпишана Заедничка Декларација на Република Северна Македонија и Украина за евроатлантските интеграции на Украина.

Македонија | пред 1 година

27022024_VRSM_SEDNICA-3

Од 7. владина седница: Заклучок во врска со случајот на Леонид Индов;

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница го разгледа случајот на Леонид Индов, за што детално информираше министерот за здравство.Образложени беа досегашните процедури што се водат пред надлежните институции и се однесуваат на рехабилитацијата на Индов, што се одвива во моментов.Во врска со ова прашање, Владата донесе заклучок со којшто го задолжи министерот за здравство да разговара со семејството и да ги запознае со можните решенија за подмирување на досегашните трошоци за рехабилитација на Леонид Индов, по што тој ќе ја информира Владата за конкретното изнајдено решение.

Македонија | пред 1 година

27022024_VRSM-2

Техничката Влада донесе стратегија за Македонија за во следните 20 години

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница го прифати текстот на Националната развојна стратегија 2024- 2044 година, чијшто предлагач е Канцеларијата на Претседателот на Владата Владата на Република Северна Македонија.„Одлучено е текстот за Националната развојна стратегија 2024- 2044 година да се достави на разгледување во Собранието на Република Северна Македонија, како следен чекор кон имплементација на Стратегијата.Националната развојна стратегија е најголемиот стратешкиот документ во којшто се дефинирани главните цели и мерки за развојот на Република Северна Македонија за следните 20 години, а се однесува на правилна имплементација на предвидените мерки коишто имаат голем ефект на многу процеси во државата, како и подигнувањето на квалитетот на живот на граѓаните.Во овој значаен документ се дефинираат главните национални развојни цели, стратешки области и приоритети за забрзан, инклузивен, рамномерен, родово еднаков и одржлив развој на Република Северна Македонија, особено имајќи го предвид стремежот на Република Северна Македонија да се приклучи кон Европската Унија (ЕУ) до 2030 година и заложбата за одржлив развој преточена во Агендата 2030.Во стратегијата се дефинирани шест стратешки приоритети и тоа:1. Економија базирана на знаење, иновации и на дигитализација, односно високоинтегрирана економија во меѓународната трговија и во меѓународните финансии и работна сила што ги задоволува сегашните и идните потреби на пазарот на труд;2. Одржлив локален и регионален развој, што обезбедува кохезија;3. Демографска ревитализација и социјален и културен развој;4. Владеење на правото и добро управување;5. Сигурно, безбедно и отпорно општество и6. Зелена трансформација.При тоа, развојот на човечкиот капитал и дигитализацијата на општеството се централни елементи и се основен предуслов за напредок во секоја стратешка област.За важноста на процесот, со којшто се поставени темелите за имплементација на Националната развојна стратегија е посочено на тригодишната подготовка на Стратегијата, со вклучување на околу 14.000 граѓани, повеќе од 250 претставници од национални институции, 70 градоначалници, 50-мина пратеници од власта и опозицијата, претставници на стопанските комори, граѓански организации, над 500 претставници од маргинализирани и ранливи групи, како и повеќе од 1.000 млади и членови на младински организации.Процесот на креирањето на Националната развојна стратегија е реализиран од Владата на Република Северна Македонија во партнерство со Канцеларијата на Постојаниот координатор на Обединетите нации и Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, а е финансиски поддржана од Британската амбасада во Скопје и од Министерството за финансии на Република Словачка“, велат од Владата.

Македонија | пред 1 година

zdravko27022024

Закон за нефер трговски практики предложен од Владата наместо да го реши проблемот со дивеење на цените, отвора многу дилеми и проблеми, вели Трајанов

За мене прашање е зошто од 2019 година чекавме до сега да го решиме до сега овој проблем, односно законот за нефер трговски практики. Дотолку повеќе кога министерот за економија излезе и рече дека ова е решение за проблемот со дивеење на цените. Оттука граѓаните ја доживуваат оваа голгота со нестабилни цени, голема инфлација посебно со храната, рече Здравко Трајанов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на емисијата Аргумент плус што се емитува на телевизија 24.Трајанов посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има забелешки на законот бидејќи во истиот има недоречености и тоа треба да се продискутира.„Несериозно е да речете дека овој закон ќе го реши проблемот, а од друга страна да давате период од 6 месеци за адаптација. Или ако законот е добар требаше да помине, но не е така како што кажуваат“, кажа Трајанов.Со законот ќе се направи прилагодување со европските регулативи, и тоа е добро, но од друга страна кај нас се настојува да се вметне регулација на цени, тука имаме сериозни забелешки, односно отворени прашања.„Или зошто некои од понудените решенија не се докажани, спорно е што во законот нема никаде да сретнете маржа. Министерството оди со поимот рабат и го дефинира на 10 проценти вклучувајќи ги сите трошоци во однос на се она што ќе се направи како трошок од страна на купувачот и ќе се признае како крајна цена. Прашањето е дали сите производи односно за сите може да ставиме урамниловка и да ги ставиме во тој рабат од 10 проценти плус трошоци затоа што има многу различни производи во пракса. Едни имаат многу повеќе директни трошоци за синџирот на снабдување, а од друга страна имате производи кои имаат многу помалку трошоци. И таа урамниловка не е добра и треба да се размисли за решение на законот“, рече Трајанов.Пратеникот објасни дека се дозволува на купувачот да даде крајна цена и во рамки на истата да ги објасни трошоците кои ќе настанат за да се најде во понатамошна фаза.„И тука сега во законот како купувачи не се појавуваат граѓаните, туку фирми кои понатаму го препродаваат производот, и ќе може да манипулираат со крајните цени и тоа мора да се среди со амандманско решение“, вели Трајанов.Министерството за економија, информира Трајанов дека ја нема листата за кои производи се однесуваат овој закон.„Во синџирот на снабдување треба да бидат задоволни сите, но со овој закон тоа не е можно затоа не е точно тоа што го велат дека проблемот е решен, проблемот со цените не е решен“, заклучи Трајанов.

Македонија | пред 1 година

hq_boristrajkovski_1493888704

20-годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски

Со државнички активности, Владата на Република Северна Македонија на 26.02.2023 година (понеделник) ќе ја одбележи 20-годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател, Борис Трајковски, членовите на неговиот кабинет и екипажот на авионот.На овогодинешното одбележување во Бутел, Скопје, со почеток во 12:00 часот, на гробот на поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе сопругата на поранешниот претседател на Република Северна Македонија Борис Трајковски, Вилма Трајковска со членови од семејството, Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, делегација на Собранието на Република Северна Македонија предводена од претседателот на Собранието, Јован Митрески, делегација на Владата на Република Северна Македонија составена од Славица Грковска, заменичка на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики на добро владеење и Ристо Пенов, министер за локална самоуправа. Потоа делегација на Армијата на Република Северна Македонија, како и делегација на Сојуз на борци од НОАВМ предводена од Наум Бурески, потпретседател на Главен одбор на СБМ.Во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина на спомен обележјето каде што се случи несреќата, во 10:00 часот ќе положат свежо цвеќе претставници од владината делегација составена од министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање и претставник од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, полковник Билјана Блажеска, аѓутант на Претседателот на Република Северна Македонија.Во Ротимље ќе присуствуваат и високи претставници од Босна и Херцеговина.Во Струмица, со почеток во 10:00 часот на споменикот на поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе делегацијата од Владата на Република Северна Македонија, предводена од Јованка Тренчевска, дополнителна заменик-министерка за труд и социјална политика, заедно со Кирил Парталов, државен секретар во Министерството за локална самоуправа.

Македонија | пред 1 година

e026d2bb-a661-464d-8d90-f8a911efc4a7

Грковска со отворено писмо до учесниците на изборите

Вицепремиерката Славица Грковска, која е задолжена за добро владеење, испрати отворено писмо до сите учесници во изборите.„Со распишувањето на изборите и почетокот на предизборниот период, од огромно значење е секој учесник во овој процес постојано да ги има предвид законите, но и етичките принципи при вршењето на своите активности. Правичното спроведување на изборите е основа и главен предуслов за вградување на сите останати принципи на доброто владеење, дефинирани од Советот на Европа. А за да осигураме фер и демократска атмосфера, императив е секој чинител во изборите да постапува одговорно и етички и да не го загрозува интегритетот на изборниот процес.Нашата генерација не смее да си дозволи репризи на сцени од не толку далечното минато, случаи на заплашувања и злоупотреби, на компромитирани изборни процеси кои ја уназадуваа државата. Наша споделена должност е да обезбедиме безбедна и демократска атмосфера, во која секој гласач ќе може слободно да го исполнува своето демократско право. Институциите се први на линијата на одговорност, но удел во целата слика има секој од нас.Без оглед на нашите политички афилијации или припадност, приоритет во политичкото дејствување мора да биде добросостојбата на граѓаните и взаемната доверба меѓу заедниците во нашето мултикултурно општество. Тоа значи, не само да се придржуваме до одредбите во изборниот и другите закони, туку да поставуваме повисоки етички стандарди пред себе. И така директно придонесуваме државата да оди напред. Секој со својот пример, секој со својот дел од одговорноста, а за сечие добро.Во овие времиња полни со предизвици, особено е важна транспарентноста на изборните кампањи, бидејќи на граѓаните мора да им се овозможи да носат одлуки врз основа на точни информации. Лажните вести, штетните наративи и дезинформациите служат токму за спротивното. И затоа е важно сите политички субјекти да ги презентираат своите програми на отворен и чесен начин, без манипулации. Подеднакво е важно да се води сметка и за елиминирање на дискриминацијата, нетолеранцијата и говорот на омраза од јавниот дискурс, а во насока на унапредување на севкупната политичка култура во земјава.Предизборниот и изборниот период е можност да ја покажеме зрелоста на нашата демократија и нејзините чинители, и затоа е важно секој носител и претендент за функција да води со личен пример, придржувајќи се до етичките стандарди и демократските принципи. И во ниту еден момент да не се заборави дека секој што ја бара довербата на избори, треба да делува во најдобар интерес на нашите граѓани и држава“, вели таа.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-12-at-14.00.12

„Делата нивни зборуваат, нема што посебно да додадам“, Џафери предложи министри за здравство и информатика

Техничкиот премиер Талат Џафери предложи Илир Демири да биде избран за минситер за здравство.„Нема потреба за претставување, секој од нас имал можност да помине лично или преку член на семејството на Инфективната клиника, сме имале можност да го гледаме во работата при водењето на болницата во Тетово, делата говорат за неговата личност“, кажа Џафери.Наим Бајрами е предлог министер за информатичко општество и администрација.„Тој е магистер, млад човек кој треба прилика да добие за да се покаже и докаже во струката, во тој контекст нема што да се дададе во однос на тоа што го претставил како биографија“, додаде Џафери.

Македонија | пред 1 година

09022024_PVRSM_XHAFERI-1

(Видео) Статус на Таравари го натерал Џафери да бара разрешување на министрите

Во три минути, техничкиот премиер Талат Џафери образложи зошто бара министерот Азиру Алиу да биде разрешен од функцијата министер за информатичко општество и администрација и министерот Фатмир Меџити.„Предлогот за разрешување не се однесува на професионалниот аспект за што имам особена почит. Со оглед дека претседателот на Таравари најави на Фејсбук дека ќе делува од опозиција, а статутот вели дека не може два опозициски субјекти да има во Владата“, додаде тој.Според него, Владата за спроведување избори може да ја сочинува една опозициска партија а тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Оттука, затоа се бара разрешување на министрите од таборот на Тарвари, со оглед дека тој најави настап на изборите заедно со албанската опозиција

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања