ВЛАДА

22032022_VRSM_32_sednica-1

Владата закажа нова седница, познати дел од точките

Владата на Република Северна Македонија, денеска, 10.5.2022 година (вторник) ќе ја одржи редовната 44-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.На седницата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја разгледува Информацијата за олеснување на критериумите за кредитната линија од средствата на Развојна банка на Северна Македонија за поддршка на претпријатија со дејност од областа на земјоделството со цел зголемување на производството на земјоделските производи и нивните преработки.Според предложениот дневен ред, на денешната седница ќе се разгледува и Годишниот извештај за работа на Националниот координативен центар за гранично управување изготвен од Центарот.За заклучоците и одлуките од денешната владина седница, која ќе започне во 12:30 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-03-28-at-12.01.49

Ковачевски одново го крати буџетот

Премиерот Димитар Ковачевски во синоќешното гостување на Сител ТВ најави дека во моментов се работи на ребаланс на Буџетот, кој ќе опфати дополнително кратење на уште 100 милиони евра непродуктивни трошоци.„Ќе има дополнително кратење на 100 милиони евра непродуктивни трошоци, кои што не мора да се направат оваа година, дополнително на она што беше направено со кратењето од 8% на тековните расходи минатата година и со дополнителните мерки кои што се направија во првите 100 дена од Владата за ограничување на трошоците“, посочи Ковачевски.Тој додаде дека се планира до крајот на мај да биде завршен ребалансот на Буџетот и да биде ставен во собраниска процедура.„Во моментот, исто така се разгледуваат и сите опции за покривање на тој дефицит, бидејќи во овие времиња и цената на капиталот расте“, истакна Ковачевски, кој нагласи дека сите разговори коишто се водат, сè со цел да се обезбедат финансиски средства со најниска можна цена на капиталот на пазарот во овие услови.

Македонија | пред 3 години

08052022_PVRSM-Kovacevski_Brz-Odgovor-22_Stenkovec_5

Ковачевски: Како домаќини на големата и сложена НАТО вежба покажавме дека сме рамноправни партнери со сите наши сојузници

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на настанот на кој беа презентирани дел од воздухопловите и друга воена опрема на армиите на сојузничките земји коишто учествуваат во воената вежба „Брз одговор 22“ или „Swift Response 22“, како најголемата што досега се реализирала во Северна Македонија.Настанот, на кој присуствуваа и министерката за одбрана Славјанка Петровска, амбасадорките на Соединетите Американски Држави и на Обединетото Кралство Кејт Мари Брнз и Рејчел Галовеј, како и високи претставници на армиите учесници на вежбата, беше отворен и за граѓаните кои имаа можност непосредно да се запознаат со перформансите на презентираните летала и другата воена опрема.Во продолжение на ова соопштение, ви ја пренесуваме изјавата на премиерот Димитар Ковачевски во целост:„Задоволство е да се биде денеска тука, на Спортскиот аеродром Стенковец. Тукушто го проследивме приказот на воздухопловите во рамки на вежбата „Брз одговор 22“ или „Swift Response 22“. Најголемата воена вежба што досега се реализирала во Северна Македонија.„Брз одговор 22“ се реализира во три региони: Арктикот, Балканскиот и Балтичкиот регион, и во неа учествуваат околу 4.600 армиски припадници од 8 различни сојузнички земји. Северна Македонија како домаќин на голема и сложена НАТО вежба, уште еднаш покажува дека нашите армиски капацитети се подготвени и оперативни да одговорат на операциите како и сите наши сојузнички армии.Вежбата, во целост ги демонстрира капацитетите и способностите на тренинг центарот на Криволак. Подеднакво важно, оваа вежба ги покажува соработката и духот на единството во Алијансата, бидејќи во неа заедно соработуваат и се надградуваат македонските но и американските, британските, француските, италијанските, црногорските, грчките и албанските армиски припадници.Ваквата колективна подготвеност и интероперабилност го прави НАТО најсилниот сојуз во модерната светска историја, со трансатлантски димензии. Денеска, будно следејќи ја состојбата во Украина, гледаме зошто оваа подготвеност е и повеќе од неопходна.На оваа вежба и претходеше вежбата „Блесок 22“ каде пешадискиот баталјон беше оценет со високи позитивни оцени. Овие оцени укажуваат дека сме подготвени да дејствуваме заедно со нашите сојузници согласно единствени стандарди. Дека сме спремни за заедничко делување во справување со современите безбедносни закани.Ја поздравувам посветеноста на нашата војска. После полноправното членство и најбрзата воена интеграција на земја-членка досега, Армијата продолжува со забрзан чекор во своето усовршување.Ова е една од придобивките на сојузништвото во НАТО. Армијата ни јакне, така ја обезбедуваме сигурноста дома. На истиот начин на кој сите сојузници на НАТО се обединети во политиката, обединети се и во воената одбрана.Единството на Алијансата е најсилната карактеристика на НАТО. Тоа што сите сојузници се здружени во своите ставови, во своите одлуки, го прави НАТО обединето и силно.Оваа вежба е манифестација на способноста на Армијата на Северна Македонија, бидејќи е резултат на долг планирачки процес. Изработена е согласно едногодишниот план за вежби на Армијата и Воздухопловните сили на САД.Изложбата и прелетот изгледаа импресивно, и за тоа им честитам на министерката и на амбасадорките за одличната организација.Продолжуваме заедно во градењето на моќна одбрана. И на Северна Македонија, и на Алијансата“.

Македонија | пред 3 години

Mickoski-Kovacevski

И Ковачевски со услови за да седне со Мицкоски: Со закани и уценувања нема средба

И премиерот Димитар Ковачевски ја услови лидерската средба со претседателот на опозицијата Христијан Мицкоски. Тој тврди дека со закани и уценувања нема да има лидерска средба. Само за теми од стратешко значење, може двајцата да седнат на маса.„Неодговорно е да се бојкотира Собрание, во време на војна и кризи, во време кога цените на енергенсите постојано растат, кога не може да се обезбеди транспорт на жито во Украина. Во вакви услови да барате предвремени е неодговорно и е за политички цели. Лидерска средба за стратешки прашања и подобар живот на граѓаните, справување со енергетската криза може да има. Лидерска средба за претење (закани) и уценувања, а претседателот на опозицијата одбројува како во акционен филм – нема да има. Дека постои комуникација меѓу сите партии – постои“, порача Ковачевски.Тој на прашање дали Владата ќе понесе одговорност доколку не биде решено прашњето со Бугарија, одговори дека нема рокови, а тоа би значело дека нема ниту зошто да понесат одговорност.„Кога зборуваме за успех на одредени преговори, треба да се знае дека кога преговараат две страни, треба да се договорат две страни. Јас уште првиот ден кажав дека преговорите треба да се водат врз баз на европски вредности, да се почитуваат вредностите. Доколку не се дојде до решение, тие разговори ќе продолжат. Јас кажав дека за датуми не се врзувам. Јас не кажав дека има рок во кој треба да се постигне решение. Проширувањето на ЕУ не е само економско и политичко прашање туку и геостратешко прашање“, додаде Ковачвески.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-05-08-at-12.26.38

„За нас не постои замена за членството во ЕУ“, Ковачевски бара Европа да си го исполни ветувањето

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека Македонија ќе се движи кон евроатланските интеграции. Тој смета дека ЕУ треба да ја исполни својата обврска.„Тоа што вчера го кажа министерот за надворешни работи, не се разликува од тоа што јас го имам кажано. Тоа е дека 17 години РС Македонија е земја со кандидатски статус, која има 45 отсто од законодавството хармонизирано со законодавството со ЕУ. Имаме направено многу работа за преговори со ЕУ. Имаме донесено и тешки одлуки. И затоа ЕУ треба да ја донесе одлуката за сите земји членки, сосе Бугарија за одржување на првата меѓувладина конференција. Се намалува довербата од оние кои даваат поддршка за патот кон ЕУ. Османи тоа и го кажа дека ЕУ треба да се одважи и да го исполни своето ветување и да определи датум за првата меѓувладина конференција“, рече Ковачевски.„РС Македонија во секој случај ќе се движи кон евроатланските интеграции. Граѓаните имаат јасна ориентација во насока на интеграциите. Да не заборавиме дека оваа владина коалиција направи тешки одлуки и станавме дел од НАТО. За нас не постои замена за членството во ЕУ. Ние сме дел од Европа. Односите со ЕУ и сите земји членки е на високо ниво“, додаде Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

180120222_PVRSM-_Kovacevski_precek-na-premierot-na-Bugarija_1

Идентитетот и јазикот не биле и нема да бидат предмет на разговор со Бугарија

Премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 на темата околу заострувањето на реториката и на македонска и на бугарска страна по отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, истакна дека по прашање на унапредување на македонско-бугарските односи договор е можен единствено кога ќе има сеопфатно решение што ќе ги затвори сите отворени прашања, низ јасна временска рамка и што ќе значи безусловно кревање на ветото кое што го има ставено Бугарија за отпочнување на првата меѓувладина конференција за Република Северна Македонија со ЕУ.„Нормално дека ќе продолжиме да разговараме, но врз основа на неколку принципи. Принцип на сочувување на достоинството на двете страни, на достоинството на политичарите, на институциите и достоинството на сите граѓани во двете држави. Никој нема право да ја нарушува и гордоста на граѓаните на двете држави и доколку се исполнат тие услови, тогаш можеме да дојдеме до решение“, рече премиерот Ковачевски.Премиерот Ковачевски посочи дека во неговите разговори со претставниците на ЕУ и со претставниците на бугарската страна тој потенцирал дека се бара решение базирано на европски вредности, на принципот на достоинство на сите граѓани на двете држави.„Идентитетот и јазикот воопшто не се предмет на разговор, значи тоа не е предмет за разговор. Ниту сум разговарал, ниту ќе разговарам за идентитет, јазик на македонскиот народ. Тоа е нешто што е наше, нешто што сме го имале и ќе го имаме во иднина, и тоа е тоа што нас не идентификува како народ визави сите други народи во светот и што ни прави добри партнери за разговори, за соработка за сите, и внатре во државата и со соседите како и со ЕУ.“, посочи Ковачевски.Околу прашањето за внесувањето на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија, премиерот подвлече дека ние имаме уставно уредување кое што ги гарантира правата на сите заедници што живеат во оваа држава.„Ние сме единствена држава веројатно во Европа која што има Министерство за правата на заедниците, имаме Агенција за јазици и голем број на институции коишто на државно ниво ги штитат, негуваат и ги унапредуваат правата на помалите заедници во државата. Нашето уставно уредување предвидува дека индивидуалните права на самоопределување може да се остварат колективно според Уставот и затоа во нашиот Устав имаме и Македонци, Албанци, Власи, Срби и т.н. Според тоа, легитимно е барањето и на другите граѓани кои што се самоопределуваат на друг начин, а веќе таков интерес изразиле Црногорците, Хрватите. Доколку изразат и бугарските граѓани, секако дека тоа ќе биде предмет на разговор во државата. Уставот не е обична книга што може да се отвори и да се затвори, кој кога сака. Уставот се отвара врз основа на уставна процедура која што е пропишана“, истакна Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

sobranie-kovacevski

Ковачевски: Коалицијата е стабилна, поддршката во парламентот е поголема од претходно

Премиерот Димитар Ковачевски во емисија на ТВ 21 истакна дека актуелното парламентарно мнозинство е стабилно, со оглед на тоа дека неговата поддршка во парламентот е поголема во однос на претходната Влада.„Таа стабилност произлегува од тоа што сите политички партии учествуваа во подготвувањето на програмата на оваа Влада. Значи политичките партии кои што беа дел од претходната Влада, и политичката партија Алтернатива која што на програмска основа се здружи со оваа Влада. Бидејќи на една страна имаме парламентарно мнозинство кое што има јасна западна ориентација, кое што едногласно го поддржа усогласувањето на нашата надворешна политика со ЕУ. Која што едногласно го осуди воениот напад на Русија врз Украина и која што едногласно ги носеше антикризните мерки и сеуште ги носи во однос на заштитата на стандардот на населението во најкритичната година и парламентарно мнозинство кое што уште сега се подготвува за најтешката зима која што ја очекува Европа после Втората светска војна“, нагласи претседателот на Владата, Ковачевски.Тој додаде дека од друга страна имаме политички партии кои што заговараат активна соработка со Путин и Русија.„Тоа е основната разлика во стратешката ориентација на тие две коалиции, на владината коалиција која што е прозападно ориентирана, која што е ориентирана кон заштитата на стандардот на граѓаните и справување со економската криза и од друга страна коалиција која што е ретроградна и која што е неодговорна и која што единствено се грижи за своите политички поени во време на најголемата криза“, потенцираше Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

05052022_PVRSM_intervjuTV21

Нѐ очекува најтешката зима досега, призна Ковачевски

„Лидери се луѓе кои носат одлуки и решаваат прашања кои ги афектираат идните генерации и благосостојбата на граѓаните како и справување на најголемите проблеми со кои тие се соочуваат. Не е лидер тој, кој мисли само на својот личен рејтинг и кој мисли само на тоа, кога ќе бидат наредните избори“, посочи премиерот Димитар Ковачевски вечерва на ТВ 21, коментирајќи ги најавите на опозицијата за активна блокада во Парламентот на Северна Македонија.Подвлекувајќи дека бојкотот ќе им нанесе штета на граѓаните на нашата земја, кои ги бираат пратениците во Собранието, а не на Владата, Ковачевски оцени дека тоа што го прави претседателот на ВМРО - ДПМНЕ е најнеодговорното нешто што може некој да го направи во време на најголемата светска, економска криза по Втората светска војна.Тој потсети дека и на денот кога се формираше новата Влада нагласи дека заради тешките услови, постојаниот раст на цените на енергенсите, на цените на храната и заради здравствената криза, 2022 година нѐ очекува една од најтешките години.„Тоа ќе биде најтешката зима затоа велам дека ова однесување на претседателот на ВМРО - ДПМНЕ е исклучително неодговорно. Собранието е место каде што треба да се носат закони, да се унапредуваат тие закони и каде што треба да се носат брзи решенија заради справување со кризата“, подвлече Ковачевски во дебатниот магазин „Клик“ на ТВ 21.Тој додаде дека во услови кога гледаме како во Европа сите политички субјекти се обединуваат околу наоѓање на начини за задржување на животниот стандард во државите и преку регионални соработки бараат начини да обезбедат доволно енергенси за претстојната зима, неодговорно е да се врши постојан притисок и блокади на Собранието.„Меѓутоа уценување или за тоа ќе се разговара или нема да има средба јас не прифаќам. Закани, инфантилни закани, одбројување, тоа се минати времиња. Ние сме демократска држава, ако мисли претседателот на ВМРО - ДПМНЕ дека сѐ уште живее во времето на неговиот претходник и сегашен ментор кога се организираа на две години избори тогаш кога на нему му одговараше тогаш се лаже. Оваа држава веќе не е заробена држава, ни хибриден режим, ова е демократска држава според независното истражување на ЕКОНОМИСТ, држава во која се унапредени правата на новинарите според извештајот на Репортери без граници и никогаш нема да се врати назад во тоа време“, истакна премиерот Ковачевски во емисијата на ТВ 21.

Македонија | пред 3 години

05052022_PVRSM_Den-na-makedonskiot-jazik_1

Ковачевски: Иднината на нашиот јазик е иднината на нашата татковина

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска имаше свое обраќање на настанот по повод Денот на македонскиот јазик.Премиерот Ковачевски во своето обраќање истакна дека Владата искрено и силно е посветена на негувањето и унапредувањето на македонскиот јазик, бидејќи нашиот јазик е нашиот национален и културен идентитет, и во таа насока прогласувањето на 5 мај за Ден на македонскиот јазик, во чест на денот кога во 1945 година Народната влада на Народна Република Македонија ја усвои азбуката на македонскиот јазик и кириличното писмо како официјална азбука и писмо, е една од обврските за исполнување на овој завет, што ги презеде Владата од 2017 година наваму.На настанот, на кој присуствуваа бројни претставници на политичката, општествената и академската јавност, свои обраќања имаа и министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорката на Институтот за македонски јазик Елена Јованова-Грујовска, претседателот на Советот за македонски јазик професор Људмил Спасов, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и министерот за образование и наука Јетон Шаќири.Во продолжение ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Ковачевски во целост:„Јазикот е наша татковина“Со оваа порака, основоположникот на современиот македонски јазик, Блаже Конески, ни остави завет за негово чување, негување и унапредување, како еден од столбовите на нашиот идентитет.Прогласувањето на 5 мај за Ден на македонскиот јазик, во чест на денот кога во 1945 година Народната влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик и кириличното писмо како официјална азбука и писмо, беше една од обврските за исполнување на овој завет, што ги презеде Владата од 2017 година наваму.Денес, македонскиот јазик со својата посебност е признат во целиот свет. Впишан во личната карта на нашата држава во големото семејство на народи и на земјите членки на Обединетите нации.Оваа Влада искрено и силно е посветена на негувањето и унапредувањето на македонскиот јазик, бидејќи нашиот јазик е нашиот национален и културен идентитет.Ја продолжуваме поддршката на голем број книжевни дела од издавачката дејност на Институтот за македонски јазик како придонес за збогатувањето и унапредувањето на македонскиот јазик.Македонскиот јазик е јазикот на Блаже Конески, Гане Тодоровски, Даница Ручигај, на Анте Поповски, Славко Јаневски, Матеја Матевски, Ката Мисиркова Руменова, на Петре М. Андреевски, Видое Подгорец, Оливера Николова, Оливера Ќорвезировска, Румена Бужаровска, Лидија Димковска и на плејада други претходни и сегашни литерати кои низ годините наназад оставија илјадници книги напишани од нивното македонско перо.На македонски јазик се школувале, се школуваат и ќе се школуваат генерации и генерации успешни академици, доктори, инженери, новинари, културни работници и сите останати.Денес имаме вистинска мала армија на македонисти во светот - 300 студенти на универзитетите во Анкара, Истанбул, Риека и во Будимпешта со додипломски и последипломски студии. Македонскиот јазик литература и култура се изучуваат и на универзитетите во Торонто, Љубљана и Марибор, Загреб, Лондон, Познањ, Нови Сад, Брно, Братислава и во други универзитетски центри.Минатата година во календарот на важни настани на УНЕСКО беше вклучена програмата за одбележување на 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската култура Блаже Конески, како најзаслужен за утврдувањето на македонскиот стандарден јазик.Владата на Република Северна Македонија од 2019 година, откако 5 мај беше прогласен за Ден на македонскиот јазик, презеде низа активности за негова поширока и континуирана афирмација.Мината година, како иницијатива на Владата, во соработка со Институтот за македонски јазик, ја промовираме интернет платформата makedonski.gov.mk на која е поставен дигитализираниот „Толковен речник на македонскиот јазик“.Денес дигиталниот толковен речник на македонскиот јазик им стои на располагање на сите што сакаат да го користат македонскиот јазик. На граѓаните од нашата земја, на нашите сонародници од севкупната македонска дијаспора и останатите заинтересирани поединци, научници и деловни луѓе во целиот свет, без никаков надомест.Дигиталниот толковен речник на македонскиот јазик, како отворен ресурс им е слободно достапен на лингвистите, како и на сите македонисти во светот, да го ползуваат како изворник за создавање многу други специјализирани речници и други проучувања.Толковниот речник се надоврза на претходната иницијатива на Владата кога беше дигитализиран и Правописот на Македонскиот јазик.Овие проекти на Владата се дел од врвните приоритети да се изгради и постојано да се надградува корпусот на дигитализирани дела на македонски јазик за вклучување во светската ризница на јазици. Како израз на нашата постојана грижа за македонскиот јазик и неговото претставувањето пред светската лингвистика.Годинешното одбележување на Денот на македонскиот јазик не обврзува уште еднаш да испратиме јасна порака: Оваа Влада, искрено и силно е посветена да го негува и да го унапредува македонскиот јазик, вечниот паметник на нашето постоење како народ.И денес наш приоритет останува поттикнувањето на развојот и афирмацијата на македонскиот јазик како наш постојан влог за неговата иднината. Иднината на нашиот јазик е иднината на нашата татковина.Јазикот е жива материја и најочигледно ќе покажеме дека се грижиме за него, преку начинот како го говориме, како го пишуваме, како го читаме македонскиот литературен јазик. Така даваме пример со каков јазик сакаме да раснат младите генерации.Да го чуваме и унапредуваме, и достојно да му го предаваме на сите генерациите после нас.

Македонија | пред 3 години

05052022_ZPVRSM_Grkovska_Rabotilnica_2

Грковска со ДКСК: Отворени сме за соработка, имаме заедничка цел - градење на одговорни и отчетни институции

Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковка и нејзиниот тим и членовите на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) и нивниот тим, предводени од претседателката Билјана Ивановска, денеска и утре учествуваат на заедничка работилница чија цел е споделување на искуства и подобрување на соработката меѓу двете институции.На работилницата, која се одржува под покровителство на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, свои презентации за работата одржаа заменик-претседателката на Владата Славица Грковска, како и претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска. И Грковска и Ивановска образложија дека меѓусебната соработка и комуникација е клучна во процесот на градење на одговорни и отчетни институции кои треба да им служат на граѓаните.Предавачи на работилницата се Сузане Хедин, консултант за комуникации, Лена Андерсон, лидер на компонента на ЕУ - Подобрување на превенцијата и борбата против корупцијата, Крис Хеншо, консултант на ЦЕП/УСАИД.Учесниците, во текот на работилницата, имаат можност да слушнат искуства и да споделат мислења во делот на меѓусебната соработката, подобрување на перформансите и обврските на двете институции.Целта на работилницата е да се зајакне соработката меѓу Кабинетот задолжен за политики за добро владеење и Државната комисија за спречување на корупцијата, имајќи предвид дека двете институции имаат исти заложби, односно да се направат позитивни промени-корупцијата да се превенира, но и да се креираат долгорочни одржливи системски решенија.

Македонија | пред 3 години

28042022_PVRSM_Kovacevski_pratenicki-prasanja-1

Ковачевски: Блокадата на Собранието е неодговорно однесување на Мицкоски

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски најавената блокада на ВМРО-ДПМНЕ на Собранието ја оцени како неодговорно однесување на Христијан Мицкоски, кое не носи добро никому а штета им прави на граѓаните.„Ова е едно неодговорно однесување кое што не носи добро никому освен на оној којшто тоа го прави, а тоа е Никола Груевски кој очигледно дека се уште му дава наредби на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски да прави вакви чекори.“ рече претседателот Ковачевски.Претседателот Ковачевски истакна дека блокадата на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ се случува во време на најголема економска и енергетска криза и ги повика пратениците од сите пратенички групи да покажат одговорност и да бидат на висина на својата задача.„Собранието на државата треба да биде место каде што се унапредуваат законите, каде што се носат решенија за справување особено со кризата што ја имаме во државата, а која што е резултат на војната која што се води во Украина и блокирање на Собранието е најлошото нешто што може некој политичар да го направи во овој момент. Ги повикувам сите пратеници во Собранието да бидат на ниво на својата задача, бидејќи блокирањето на Собранието не значи ништо друго, освен блокирање на она што треба да се направи за граѓаните на државата. Ако ги погледнете законите коишто се заглавени во Собранието токму на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, а не се работи за еден, два, три, 10, 15, 20, туку се работи за многу повеќе закони, тогаш ќе знаете дека тоа е однесување кое што во континуитет го отсликува однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ.,“ посочи Ковачевски.Втора работа која што исто така е многу важна, рече претседателот Ковачевски е дека тој не подлегнува на уцени и закани.„Ги гледам денешните натписи, не доликува на демократска партија да одбројува денови, денес било петти ден, па четврти ден и да се служи со уцени и закани. Јас потврдив во изминатите скоро четири месеци дека ниту на уцени, ниту на закани не подлегнувам, туку сум човек којшто води отворен дијалог со сите заинтересирани страни во општеството“ порача претседателот Ковачевски.Ковачевски повтори дека со резигнација ги отфла деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ, и додаде дека граѓаните не поддржуват предвремени избори. Сега е врее да се справиме со последиците од кризата и да го поддржиме стандардот на граѓаните.-Ниту на уцени, ниту на закани не подлегнувам. Одржување на средби под уцени, под закани само со една точка на дневен ред, а тоа е предвремени избори, кои прво, политичките партии не ги поддржуваат, потоа граѓаните не ги поддржуваат. Поминаа времињата кога ВМРО-ДПМНЕ на секои две години правеше избори само заради свој личен политички профит, сега е време прво да се справиме со кризата затоа што гледате што се случува на светските берзи, гледате што се случува во Украина, рече тој.Според Ковачевски, Владата е демократска и јасно позиционирана и ориентирана, за разлика од опозицијата во која има политички партии коишто се отворено на страната на Русија и политички партии коишто сметаат дека претседателот на Украина Зеленски е нивни непријател.

Македонија | пред 3 години

04052022_Portparoli_Press_1

Портпаролите на Владата: Скокот за 33 места на индексот за слобода на медиумите е доказ за демократскиот капацитет на Владата

Портпаролите на Владата Муамет Хоџа и Душко Арсовски на денешната редовна прес-конференција информираа подетално за заклучоците и одлуките донесени на вчерашната 42 седница на Владата на Република Северна Македонија и одговараа на новинарски прашања од интерес на јавноста.Портпаролите информираа дека Владата ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести. Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжителното носење заштитни маски во здравствените установи, аптеките, во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост, како и во јавниот превоз.На денешната прес-конференција портпаролите информираа дека Владата ја разгледа и усвои информацијата за потребата од прогласување на Охридското Езеро за заштитено подрачје во категорија III - споменик на природата. За таа цел Министерството за животна средина и просторно планирање е задолжено да спроведе јавна расправа до 30 јуни годинава, врз основа на што ќе се изготви конечен предлог.Оваа иницијатива, како што беше истакнато, е согласно препораките на УНЕСКО за да се овозможи: заштита на Охридското Езеро, зачувување и одржливо користење на природните вредности, назначување на субјект за управување кој ќе се грижи за заштитеното подрачје и донесување на план за управување согласно одредбите од Законот за заштита на природата. Со прогласувањето ќе се постигне прогрес во однос на имплементација на националната легислатива за заштита на природата, како и низа обврски од директиви на ЕУ и повеќе меѓународни конвенции.На прес-конференција беше истакнато дека Владата на Република Северна Македонија во изминатите пет години покажа исклучителен демократски капацитет и почит кон медиумите и медиумските работници. Доказ за овој напредок е и скокот за 33 места на индексот за слобода на печатот објавен во извештајот за 2022 година на „Репортери без граници“. Според најновиот извештај, од 90 место нашата земја се искачи на 57 место. Владата, како што беше подвлечено, продолжува да ја негува слободата на медиумското изразување и заедно со новинарите, медиумските работници и граѓаните придонесува во градењето на слободно и демократско општество.На медиумскиот интерес кога ќе се отвори македонски клуб во Благоевград, што го најави премиерот Ковачевски, портпаролите информираа дека Премиерот најави дека планира директно да го информира колегата Петков дека Владата на Република Северна Македонија во текот на оваа година има намера да отвори нов културен центар во Благоевград, а името на центарот ќе биде определен во комуникација со Институтот за историја.

Македонија | пред 3 години

28042022_PVRSM_Kovacevski_pratenicki-prasanja-1

Ковачевски кажа збор-два за Гоце Делчев

Премиерот Димитар Ковачевски на социјалните мрежи се обрати по повод 119 години од смртта на Гоце Делчев.„Денеска, на денот на загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, ги чествуваме неговиот живот и дело како инспиратор и двигател на македонската револуционерна организација и оддаваме почит кон неговиот историски придонес за остварување на историската идеја за правото на Македонците да го остварат вековниот сон за своја самостојна држава.Неговата порака за светот како поле за културен натпревар меѓу народите до денес не изгубила од својата актуелност и го вбројува Делчев во редот на светските хуманисти.Како инспиратор и водач на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев секогаш повикуваше на единство на сите граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност во политичките предизвици за создавање на самостојна држава.Гоце Делчев беше лидер кој застапуваше вредности за обединување околу идејата за независна македонска држава кои ги споделуваа прогресивните сили на целиот тогашен Балкан, а неговите идеали и заложби остануваат наша заедничка обврска да продолжиме да ја градиме државата како демократска и економски напредна земја“, напиша тој.

Македонија | пред 3 години

24032022_PVRSM_Kovacevski_na-Vonredniot-samit_4

Ковачевски: Цврсто се залагаме за европска иднина и просперитет за граѓаните

На Форумот „100 дена од мандатот на новата Влада на Република Северна Македонија” кој се одржа во „Националната опера и балет“, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и министрите на Владата ги сублимираа и презентираа обемните постигнувања на Владата во текот на 100 дена од нејзиното работење и одговараа на прашања од интерес на медиумите и јавноста.На Форумот воведно обраќање имаше премиерот Димитар Ковачевски, по што следеше панел сесија со премиерот, а потоа и со вицепремиерите и министрите.Премиерот и министрите ги презентираа постигнувањата на Владата во надворешната политика, владеењето на правото и реформите, економијата, како и стандардите на живеење и животната средина.На Форумот присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, стопанските комори, граѓански организации, институции, медиуми.Во оваа пригода премиерот Ковачевски истакна дека Владата ја докажа својата цврста заложба да обезбеди сигурност и континуитет во создавањето услови за подобар живот, како и европска и просперитетна иднина за нашите граѓани. За тоа, како што посочи, е потребно ефикасно, чесно и одговорно владеење.На прашањето за перспективите на ЕУ интеграциите на Северна Македонија и Албанија и јасните пораки од страна на САД и Франција дека стабилноста на Западен Балкан зависи од овој процес, премиерот Ковачевски посочи дека од огромно значење е тоа што постои огромна поддршка на европските интеграции внатре во нашата државата поради тоа што нашиот народ знае дека ЕУ е унија во која се негуваат основните демократски вредности: слобода на изразување, право на критичко мислење и изразување и социјална правда.„Ние 30 години и како институции и како граѓани имаме вложувано многу за исполнување на критериумите за членство во ЕУ. Потврда за тоа се и четирите позитивни извештаи од Европската Комисија. Имаме и значајна поддршка од држави како Франција, Германија, САД но на патот кон членството во ЕУ, за жал, имаме предизвик со ветото кое го стави минатата влада на Република Бугарија“, истакна премиерот Ковачевски.Тој посочи дека во правец на континуирано негување добрососедски односи отворивме дијалог со бугарската влада во кој беа вклучени сите министерства како дел од работни групи преку кои се фокусиравме на теми свртени кон иднината.„Успехот во овој процес може да се очекува врз основа на дијалог кој ќе се темели врз европски вредности но и врз принципите на почит и принципот на достоинство кои двете страни мора да ги чуваат, негуваат. Мора да се сочува достоинството на граѓаните на двете држави. Така дијалогот ќе вроди со резултат за градење идни одлични односи меѓу соседи и земји членки на ЕУ. Честопати оваа дискусија е преземена од националисти и популисти и тоа не е добро. Ние, како европски влади имаме обврска да наметнеме позитивен наратив-насочен кон иднината кој ќе ни овозможи отпочнување на преговори за членство во ЕУ“, истакна Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

29042022_PVRSM-Kovacevski_Forum_100-dena-Vlada

Ковачевски: Нашиот фокус е ставен на економскиот развој и на финансиската поддршка за семејствата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска се обрати на Форумот 100 дена Влада на кој низ форматот прашања и одговори, заедно со вицепремиерите и министрите, ги презентираа остварувањата во овој период од работата на извршната власт.Премиерот Ковачевски пред поканетите претставници на дипломатскиот кор, на стопанските комори во земјата, пред претставниците на граѓанските и на медиумските организации, ги образложи постигнувањата зацртани во Програмата на Владата во првите 100 дена во однос на приоритетите кои беа соопштени на почетокот на мандатот и кои беа фокусирани на обезбедување сигурност и континуитет во создавањето услови за подобар живот и европска и просперитетна иднина за нашите граѓани.Ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Ковачевски на Форумот 100 дена Влада во целост:„Почитувани,Ви благодарам за присуството на денешниот Форум по повод 100 дена работа на оваа Влада, која имам чест но и голема одговорност да ја предводам во услови на најголема глобална криза која ја паметиме во поновата историја.Деновиве читав коментари дека оваа Влада немала среќа бидејќи од прв ден се соочила со огромни предизвици, воена и економска криза како што не се памети. Точно е дека предизвиците, притисокот и очекувањата се големи, но среќа е што токму оваа Влада ја има одговорноста да се носи со сите овие предизвици. Среќа е затоа што одговорно тврдам, дека за 100 дена донесовме тешки, принципиелни и пред се државнички одлуки со кои ги штитиме граѓаните, нивниот стандард и нивните приходи.И затоа пред да продолжам со излагањето, сакам да им се заблагодарам на сите мои колеги од Владата, сите советници и целиот тим кој неуморно работеше во овие 100 дена. Докажавме дека со добар менаџмент, одговорно управување со парите на граѓаните и чесна работа може да се надминат и најтешките предизвици.Во моето кратко воведно излагање, ќе ставам фокус на клучните мерки кои Владата ги презеде за ублажување на последиците од енергетската криза, како и на приоритетите и мерките кои ги преземаме на среден и долг рок за економски развој на земјата.Првиот приоритет се однесува на заштита на животниот стандард на оние кои се најранливи и задржување на ликвидноста на компаниите.Вториот се однесува на одржлив економски раст односно продолжување на програмите за раст на производството, на извозот како и на стопанската активност во земјата.Третиот приоритет се фокусира на зголемување на бруто инвестициите и тоа и на инвестициите кои се доминантно од државниот буџет, меѓутоа и на приватните инвестиции како генератор на економскиот раст на државата на среден рок.Со 26-те антикризни мерки, го спречивме ударот од големиот ценовен шок во услови на историски највисоки цени на храна и енергенси.Со намалување на ДДВ-то и акцизите имаме најниска цена на нафта и нафтени деривати во регионот. Со намалување на данокот на додадена вредност од пет проценти на нула проценти, и со ограничувањето на малопродажните и големопродажните маржи на основните прехранбени производи, успеавме да спречиме огромен раст на цените и да го заштитиме стандардот на граѓаните.Го ублаживме големото поскапување на храната и енергенсите. Со антикризните мерки кои ги воведовме, граѓаните месечно заштедуваат по 300 денари за нафта, по 1.500 денари за храна и по 2.150 денари за сметката за струја. Ефектите од овие мерки значат заштеда од скоро 4000 денари месечно за секој граѓанин.Карактеристика на оваа Влада е ефикасно, чесно и одговорно владеење и работа, а тоа се гледа и во стабилниот Буџет. И во услови на пандемија, а сега и во услови на најголемата енергетска криза нема застој во исплата на плати, пензии, приватниот сектор и најпогодените гранки се финансиски поддржани, а паралелно креиравме крупни долгорочни планови од кои бенефит ќе имаат сегашните и идните генерации.Уште во првите 50 дена, оваа влада направи два историски чекори.Низ економско-социјален дијалог ја покачивме и минималната плата на 18.000 денари и овозможивме рекордно покачување на пензиите, вклучувајќи и дополнителна финансиска поддршка за пензионерите. Со сите преземени активности, во 2022 година, на годишно ниво, заедно со директната финансиска помош, во просек пензионерите ќе имаат околу 12.000 денари плус во домашниот буџет.Почитувани гости,Оваа криза нé научи дека мора да се работи и инвестира стратешки.Во овие услови на раст на цени на храна и енергенси, спроведуваме успешна енергетска транзиција и одржливо земјоделско производство.Според Стратегијата за енергетската транзиција, ние веќе имаме јасна слика каде ќе се движи нашето производство на електрична енергија. Неодамна, ја пуштивме првата фотоволтаична централа на старите наоѓалишта на јаглен во Осломеј, 10 мегавати како државна инвестиција, помогната од ЕБОР.Новата фотонапонска електрана „Осломеј“ ќе произведува чиста, домашна енергија и ќе придонесе кон заштита на животната средина. Со оваа електрана освен што ќе ги снабдиме потребите на околу 2.800 домаќинства со електрична енергија, правиме и ре-култивација и оплеменување на 15 хектари површина.Ова е прв проект со кој се заменува производството на електрична енергија од загадувачка технологија во чиста технологија и како таков е пример и за идните проекти за енергетска транзиција во земјите на Западен Балкан.Големи се очекувањата и од проектот ХЕЦ Чебрен кој се наоѓа во 2 фаза во која треба да се избере изведувач од 9-те понудувачи кои се квалификуваа во првата фаза.Во однос на земјоделското производство, веќе е направен нов интервентен план кој вклучува инвестирање во пченката, пченицата, јачменот и сончогледот, потоа во полјоделството, сточарството и овоштарството како извозни гранки на нашето земјоделие. Во однос на субвенциите воведуваме неколку новини, а тоа е прво воведување за прв пат на авансни износи на субвенции и тоа ќе почнеме оваа година со овоштарството. Што значи дека субвенциите ќе бидат исплатени 30% пред да започне сезоната, тогаш кога најмногу им треба средства на земјоделците за да може да инвестираат, а 70% потоа според планот за исплата на субвенциите. Второ, ќе бидат зголемени субвенциите за засадување на пченица, пченка, сончоглед и тоа ќе бидат на историски највисоко ниво.Ги мотивираме земјоделците да ги користат овие мерки, институциите им се на располагање да произведат повеќе домашна храна, за заеднички бенефит.За стопанството од особена важност е реализацијата на капиталните инвестиции, која е одлична дури и во време на криза. Минатата година реализиравме 79% од капиталните инвестиции и со истото темпо продолжуваме и оваа година. Воведен е и КАПЕФ механизам кој придонесе за подобра реализација на капиталните инвестиции.Дополнително одлучивме да формираме едно специјализирано владино тело – Единица за следење на инфраструктурни проекти. На едно место ќе бидат сите податоци за големите инфраструктурни проекти, со координација на сите проектни единици за навремено детектирање и справување на сите тековни и потенцијални предизвици со кои се соочуваме при искористување на буџетот за капитални инвестиции, како во централниот буџет, така и во буџетите на другите институции во чија надлежност е изградбата на големи инфраструктурни проекти.Тоа ќе значи подобри и поквалитетни патишта, водоводи, железнички пруги, училишта, градинки, водоводи, канализации, прочистителни станици, брани, системи за наводнување и одводнување и многу други капитални објекти кои навремено ќе бидат планирани, буџетирани, проектирани и изведени.Во изминативе 100 дена, координираноста на сите чинители овозможи стабилност на финансискиот систем. Денарот и покрај сета турбулентност е стабилен. Имаме поставени заштитни механизми во финансискиот систем, што овозможува негово непречено функционирање, а соодветното ниво на девизните резерви овозможува доволна девизна ликвидност на домашната економија.Соработката со стопанството за нас е од голема важност Владата е партнер со деловната заедница и затоа во заедничка консултација се направи измена на царинскиот тарифник и се донесе одлука целосно да се укинат, или да се намалат на нивото на царинските стапки во ЕУ, стапките за 258 царински тарифни ознаки. Со ова се излезе во пресрет на барањата на компаниите за намалување на царинските стапки како и се врши усогласување на истите со стапките во ЕУ, што е од особено значење за унапредување на производството, извозот и конкурентноста на компаниите.Дополнително, од пакетот антикризни мерки операционализацијата на бескаматните кредити од Развојна банка во вредност од 5 милиони евра за три поволни кредитни линии за поддршка и развој на приватниот сектор ќе обезбедат поддршка за стопанството и ликвидност на компаниите.Тука, би сакал да го заклучам ова мое воведно излагање и да посочам дека оваа Влада останува посветена на клучните прашања од интерес на нашите граѓани. Меѓу нив посебно внимание ќе им биде посветено на темите за економската сигурност и за подобар животен стандард. Токму затоа инсистирам во неколку наврати дека нашиот фокус е ставен на економскиот развој на земјата и на финансиска поддршка за семејствата.Исто така, оваа Влада останува да биде ефикасна, одговорна, чесна и високо продуктивна во работењето, посветена на поставените високи цели кои со многу работа и труд ќе ги реализираме.“

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања