ВЛАДА

22032022_VRSM_32_sednica-1

Владата закажа седница: Ќе разгледуваме точки за интересите на граѓаните

Владата на Република Северна Македонија денеска, 31.5.2022 година (вторник) ќе ја одржи редовната 49-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.Според предложениот дневен ред, на денешната седница ќе се разгледува Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година, изготвена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.Пред министрите за разгледување, на предлог на Министерството за економија ќе се најде и Информација во врска со усвојување на Планот за енергија и клима на Република Северна Македонија.Меѓудругото, на денешната седница ќе се разгледува и Информација за усвојување на Национална стратегија за борба против измами и заштита на финансиските интереси на Европската Унија во Република Северна Македонија 2022-2025 година со акциски план за нејзино спроведување, изготвена од Министерството за финансии.За заклучоците и одлуките од денешната Владина седница, која ќе започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.

Македонија | пред 3 години

20052022_PVRSM_Kovacevski_PZPVRSM_Grubi_poseta-na-Opstina-Saraj_1

Ковачевски: Носиме законско решение со кое граѓаните ќе може да инсталираат фотоволтаични централи на крововите

Во однос на граѓани кога ќе можат да инсталираат на своите покриви, јас би кажал кога ќе се олеснат условите и поедностават постапките за инсталирање на фотоволтаични централи на крововите на граѓаните, веќе е во изработка законско решение. Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за законските измени за енергетика.„Тоа прво треба да ги олесни градежните процедури за изработка на централа и тоа законско решение ќе се најде пред пратениците во текот на следниот квартал”, рече Ковачевски.Премиерот посочи дека правилата за приклучување кои исто така се во надлежност на Министерството за економија и на кои се работи, при што ќе се обезбеди електрична енергија за разлика од сега да биде преземена од дистрибутерот на електрична енергија и третото Министерството за финансии веќе работи на подзаконски акт за да може да се воведе категоријата на даночен застапник при што ќе се олесни на дистрибутерот на електрична енергија да може да ја презема и да издава фактура на домаќинството кое не е даночен обврзник.Дополнително во Осломеј е пуштена првата фотоволтаична централа од 10 мегавати и таму веќе се во подготовка практично проектите за почеток на реализација на уште две од по 50 мегавати фотоволтаични централи и уште една од 10 мегавати која ќе биде во сопственост на АД ЕСМ, а другите две по 50 мегавати ќе бидат на приватни инвеститори едниот од Бугарија, другиот од Турција кои што на основ на јавно-приватно партнерство ќе ги изградат на старите наоѓалишта во Осломеј.На аукции веќе се изработуваат фотоволтаични централи, во поголем капацитет бидејќи во неколку години наназад се избрани инвеститори кои инвестираат сопствени средства.Со тие три решенија како и со зголемување на постојниот капацитет од 4 киловати на 6 киловати колку што е предлогот како и дуплирање на капацитетот за компаниите кои сакаат да стават на своите кровови ќе се олесни постапката односно ќе имаме постапка која ќе биде идентична со постапката и процедурите во западно европските држави каде најголемиот број од нас имале можност да видат дека во најголемиот дел од покривите се инсталирани фотоволтаични централи.

Македонија | пред 3 години

51826955455_428e5125a5_k

Маричиќ ја испофали Владата

Владата предводена од СДСМ презема навремени и ефикасни мерки за справување со полседиците од светската економска и енергетска криза, порача секретарот за меѓунардона соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во гостување на Телевизија 21.Маричиќ истакна дека Владата покажала подготвеност и капацитетност за надминување на последиците предизвикани од глобалната економска криза.„Владата прави се за ублажување на последиците од светската економска и енергетска криза. Ние и во тие услови на криза успеавме да ја зголемиме минималната плата на 18.000 денари, имавме успешни преговори за зголемување на платите во одредени сектори. Секако дека ќе продолжиме со справување со последиците, усвоивме ребаланс на Буџетот со кој правиме сериозни заштеди, кој ќе ги пренасочиме кон она што е најпотребно за да ја дочекаме зимата подготвени“ посочи Маричиќ додавајќи дека Владата ќе ги искористи сите ресурси а на располагање стојат и механизмите на ЕУ за помош во време на светска економска криза.

Македонија | пред 3 години

22022022_od-16-ta-sednica-na-Vladata_2

Што сработе Владата денеска, заврши седницата

Од 48-та седница на Владата: Утврден текстот на новиот Закон за служба во Армијата со дополнителни погодности; Утврдени измените за повисоки плати во правосудниот и обвинителскиот сектор; Предлогот на Финансиската инспекција во јавниот сектор влегува во СобраниеВладата на Република Северна Македонија на денешната редовна 48 седница го утврди текстот на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија.Согласно предложениот текст на законот на Министерството за одбрана е предвидено усогласување со минималната плата, а тоа значи линеарно зголемување на платите на активниот воен и цивилен персонал, како и утврдување на правото на остварување на пензија со навршување на 40 години работен стаж, односно 38 за жените без оглед на возраста.Со измените и дополнувањата е предвидено и проширување на најповолните услови за пензионирање на сите припадници на воениот и цивилен персонал кои правото на пензија го стекнале од денот на формирање на Армијата во висина од 80% во текот на најповолните десет години од пензискиот стаж.Во однос на отпремнината како можност за професионалните војници со навршени 45 години возраст, во износ од 1.000 евра за секоја година помината во Армијата, новиот предлог согласно барањето на Синдикатите е износот да биде две просечни плати но не помалку од 1.000 евра, со што е оставен простор за повисок износ.Со новопредложените измени и дополнувања е предвидена и можност правото за земање отпремнина да се прошири на професионалните војници со навршени 45 години кои се задржани како помошно технички персонал во Министерството.Со новите измени и дополнувања, како резултат на инклузивниот процес и дијалог меѓу Министерството за одбрана, Генералштабот и синдикатите на одбраната, текстот на Предлог-законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија е испратен на усвојување во Собранието.Владата денеска ги прифати и измените и дополнувањата на Законот за плати на јавните обвинители.Со предложените одредби се прилагодува коефициентот за утврдување на плата на јавните обвинители и вкупните заложби за подобрување на материјалните и финансиските ресурси во правосудниот систем вклучително и платите и другите надоместоци на јавните обвинители.Цел на предложените законски измени е надградување на системот на плати на јавните обвинители, соодветни на значењето и угледот на функцијата кои тие ја вршат, тежината на работата и нивната одговорност.На оваа своја седница Владата ги утврди и измените и дополнувањата на Законот за изменување на Законот за судска служба.Основната цел на Предлогот на законот е постигнување на еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор, судската служба како негов дел, со најниските примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на судските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во судската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел. Истовремено, во рамките на усогласувањето на Законот за судска служба со Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, се врши и зголемување на платите на вработените во судската служба за 15%.Владата денеска го утврди и текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за јавно обвинителска служба кој има за цел воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на јавно обвинителските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во јавно обвинителската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел. Во рамките на усогласувањето на Законот за судска служба со Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, се врши и зголемување на платите на вработените во судската служба за 15%.На предлог на Министерството за правда, на денешната седница се утврдени и измените на Законот за платите на членовите на Советот на јавни обвинители на Република Македонија.Во предложениот законски текст се менуваат коефициентите за утврдување на плата на членовите на Советот со цел надградување на системот на плати на членовите на Советот на јавните обвинители, соодветни на значењето и угледот на функцијата кои ја вршат, тежината на работата и нивната одговорност.Сите овие измени и дополнувања на Законот за плати на јавните обвинители, на Законот за судска служба, на Законот за јавно обвинителска служба и на Законот за платите на членовите на Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија, ќе бидат доставени на усвојување во Собранието.На денешната седница Владата го прифати и Предлог-законот за Финансиската инспекција во јавниот сектор, со заклучок да биде доставен на усвојување во Собранието на Република Северна Македонија.Целта на овој закон е да се заштитат јавните финансиски интереси во финансиското управување со средствата на државниот буџет, буџетите на единиците на локалната самоуправа и средствата од други јавни извори како и средства на ЕУ фондовите, со утврдување на законитоста и нивното ефикасно и одговорно користење во согласност со посебните прописи кои ја пропишуваат надлежноста за спроведување на финансиска инспекција.Одредбите во предложеното законско решение ги утврдуваат надлежностите на Финансиската инспекција во јавниот сектор, којашто ќе се врши согласно овој закон и законите во кои е утврдено вршење на инспекциски надзор над субјектите на Финансиската инспекција од страна на Финансиската инспекција.Надлежноста на оваа Финансиска инспекција ќе се спроведува кај корисниците на средствата од Буџетот на Република Северна Македонија, фондовите, општините и градот Скопје, агенциите и другите институции основани со закон, јавните претпријатија, јавните установи и другите правни лица кои се во државна сопственост или сопственост на општините и градот Скопје или во кои државата или општините и градот Скопје се акционери, кај корисниците на средства на ЕУ фондовите, во непрофитните организации и другите правни и физички лица само за делот на добиените јавни средства или гаранции.Владата денеска ја разгледа и усвои Националната стратегија за еднаквост и недискриминација 2022-2026 година.Националната стратегија за еднаквост и недискриминација 2022-2026 е основен стратегиски документ во националната политика за еднаквост и недискриминација, а неговата цел е да обезбеди континуиран развој во реализацијата на овие права без дискриминација по кој било основ.Стратегијата исто така предвидува активности за подобрување на состојбата со недискриминацијата на локално и национално ниво, унапредување на механизмите за заштита и мерење на состојбите преку статистички податоци.На денешната седница Владата на Република Северна Македонија ја донесе Одлуката за давање на согласност на два јавни оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари.Предмет на јавниот оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари преставува земјоделско земјиште со вкупна површина од 1.520ха 53ар 54м2 и тоа за следните региони во Република Северна Македонија: Гостивар, Дебар, Кичево, Куманово, Ресен, Тетово и Гази Баба, како и во регионите Берово, Битола, Македонски Брод, Виница, Гевгелија, Делчево, Кавадарци, Велес и Штип со намена за:подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години,подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,подигање на маслинарници за период до 50 години,одгледување на други земјоделски култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години,ливади за период до 15 години,за одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години,рибници до 20 години, испортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.Владата денеска го утврди текстот на Предлог-законот за ратификација на Договорот за партнерство помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово за управување со грант Договорот за техничка помош, под програмата ИПА Северна Македонија – Косово.Целта на овој договор претставува воспоставување на партнерство и дефинирање на одговорностите на партнерите за спроведување на обврските од проектот „Мерки за поддршка на техничката помош за период 2014-2020 за Програмата за прекугранична соработка на Косово – Северна Македонија, во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II).Владата денеска ја разгледа и усвои информацијата за исплата на пензии за месец мај 2022 година, и го задолжи Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.05.2022 година.Со оваа информација Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мајските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 30.05.2022 година.Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, банките ќе ги реализираат во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.05.2022 година (понеделник);За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.05.2022 година (вторник);За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.06.2022 година (среда); иЗа пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.06.2022 година (четврток ).

Македонија | пред 3 години

pucko-petrol

„Со Пуцко-петрол која со владини тендери прави 100 милиони приход, ДУИ може да добие 30 пратеници“, коментира Хајредини

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, посочи начин на кој ДУИ може да добие 30 пратеници. Тоj низ иронија посочи на кој начин тоа може да го направи.„Со помош на компанијата ПУЦКО-ПЕТРОЛ, чии сопственик е пратеник, а неговиот брат градоначалник на општина Пласница, двајцата кандидати на ДУИ, ДУИ може да добие 30 пратеници, не 20, како што се фали Bектеши, зашто оваа компанија, со тендерите што ги добива од Владата на Ковачевски остварува повеќе од 100 милиони приход“, напиша Хајредини.

Коментари | пред 3 години

22022022_od-16-ta-sednica-na-Vladata_2

„Немаме за леб, трошиме за чоколадо“, јавни апели до Владата откако најавија ваучери за туризам среде пет кризи

Кристина Ампева, граѓански активист од „Гласен текстилец“ посочи дека Владата со најавата дека ќе има ваучери за туризам, остава простор таа, но и граѓаните, да кажат "Немаме за леб, трошиме за чоколадо".„Само што овој пат , другарчињата од влада забораваат дека од 2020 имаме корона криза, здравствена криза, економска криза, енергетска криза, воена криза. Нека продолжат со глупите мерки, стварно ќе се каат. Нека продолжат со задолжувања , па и овој народ малце да се освести кога ќе почне да снемуваат продукти а струјата нема да можеме да ја плаќаме. Преку глава му е на народот. Освестете се , владо и функционерчиња. Вака држава не се води. Ако не знаете, прашајте, не е срам. Срам е милион и пол луѓе кои едвај останавме да не' носите во пропаст“, посочи Ампева

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-05-24-at-12.42.46

Ковачевски - Драги: Проширувањето на ЕУ е клучно за просперитет на регионот и на Европа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, во рамките на неговата работна посета на Рим, денеска оствари средба со претседателот на Советот на министри на Италија Марио Драги.На средбата со италијанскиот премиер, на која присуствуваа и министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, беше потенцирано дека Северна Македонија и Италија негуваат исклучително блиски политички и економски односи засновани на интензивен дијалог и чести средби на највисоко институционално ниво.Премиерот Ковачевски на средбата со италијанскиот колега Марио Драги ја потенцираше улогата на Италија како гласен промотор на проширувањето на ЕУ со земјите на Западен Балкан што беше потврдено и со Резолуцијата на италијанскиот Парламент минатата година во која беше посебно потенцирана европската перспектива на регионот и со која беше испратен повик за итно одржувањето на првите меѓувладини конференција за Северна Македонија и Албанија.Премиерите Ковачевски и Драги изразија согласност дека проширувањето на ЕУ треба да се разгледува од геополитички аспект, како безбедносно прашање клучно за стабилноста и просперитетот на нашиот регион и на Европа.Беше потенцирано дека ЕУ треба да го препознае моментот и да го има предвид и фактот дека Северна Македонија ја осуди војната во Украина и целосно ја усогласи својата со надворешната политика на ЕУ, како вистински и кредибилни партнери, споделувајќи ги истите вредности на слободен и демократски свет.Двајцата премиери истакнаа дека гледаат потенцијал за уште поголемо унапредување на економска соработка меѓу двете земји.Италија, беше речено на средбата, е меѓу 10-те топ рангирани земји со кои Северна Македонија има најголем обем на билатерална трговија и дека од посебна важност за унапредување на економските односи е Коридорот 8 со кој преку пристаништата на Албанија ќе се овозможи директен пристап до италијанскиот пазар.Премиерот Ковачевски го покани италијанскиот колега, премиерот Марио Драги, да ја посети Северна Македонија.Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, во рамките на неговата работна посета на Рим, денеска оствари средба со претседателот на Советот на министри на Италија Марио Драги.На средбата со италијанскиот премиер, на која присуствуваа и министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, беше потенцирано дека Северна Македонија и Италија негуваат исклучително блиски политички и економски односи засновани на интензивен дијалог и чести средби на највисоко институционално ниво.Премиерот Ковачевски на средбата со италијанскиот колега Марио Драги ја потенцираше улогата на Италија како гласен промотор на проширувањето на ЕУ со земјите на Западен Балкан што беше потврдено и со Резолуцијата на италијанскиот Парламент минатата година во која беше посебно потенцирана европската перспектива на регионот и со која беше испратен повик за итно одржувањето на првите меѓувладини конференција за Северна Македонија и Албанија.Премиерите Ковачевски и Драги изразија согласност дека проширувањето на ЕУ треба да се разгледува од геополитички аспект, како безбедносно прашање клучно за стабилноста и просперитетот на нашиот регион и на Европа.Беше потенцирано дека ЕУ треба да го препознае моментот и да го има предвид и фактот дека Северна Македонија ја осуди војната во Украина и целосно ја усогласи својата со надворешната политика на ЕУ, како вистински и кредибилни партнери, споделувајќи ги истите вредности на слободен и демократски свет.Двајцата премиери истакнаа дека гледаат потенцијал за уште поголемо унапредување на економска соработка меѓу двете земји.Италија, беше речено на средбата, е меѓу 10-те топ рангирани земји со кои Северна Македонија има најголем обем на билатерална трговија и дека од посебна важност за унапредување на економските односи е Коридорот 8 со кој преку пристаништата на Албанија ќе се овозможи директен пристап до италијанскиот пазар.Премиерот Ковачевски го покани италијанскиот колега, премиерот Марио Драги, да ја посети Северна Македонија.

Македонија | пред 3 години

18012021_ME_Bektesi_pres-konferencija_1

Бектеши бара 900 милиони за да врати долгови на Владата во која ДУИ е скоро 20 години

Министерот за економија, Крешник Бектеши, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека се бараат 900 милиони евра за враќање на долгови од претходните Влади.„Како што објасни и министерот за финансии, и јас кажувам дека голем дел од овие средства се за враќање на долгови кои ги наследивме од претходните Влади“, рече Бектеши.Тој додава дека дел од овие пари ќе бидат искористени за нови мерки, кои Владата ги подготвува со цел да им помогне на граѓаните и компаниите, а посебно на социјалните категории.„Како што предвидовме, 100 милиони евра на почетокот на годината за помош за граѓаните, сега проектираме нови 80 милиони евра повторно како директна помош за граѓаните и компаниите. Ние работиме напорно, за да им помогнеме на граѓаните“, порача Бектеши.

Македонија | пред 3 години

29042022_PVRSM-Kovacevski_Forum_100-dena-Vlada

Ковачевски: Нови потенцијали за соработка со Ватикан во области од взаемен интерес

Во рамките на посетата на Светата Столица, како дел од програмата за одбележување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски, заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи имаа средба со државниот секретар на Светата Столица Пјетро Паролин и со секретарот за односи со државите Пол Ричард Галагер.На средбата беше истакнато дека дипломатските односи меѓу Северна Македонија и Ватикан од воспоставувањето на дипломатските односи бележат континуиран развој со високо ниво на меѓусебна доверба, разбирање и пријателство.Круна на силната динамика на взаемните пријателски односи, беше речено на средбата, беше монументалната посета на Папата Франциск на Република Северна Македонија во мај 2019 година, настан од исклучително значење не само за унапредување на билатералните односи, туку и за регионот.Соговорниците на состанокот истакнаа дека духовните врски преку цивилизациското наследство на Мајка Тереза и Светите Кирил и Методиј, се преточуваат и во пријателски политички односи со Ватикан кои во последните години се потврдени и низ зголемената динамика на билатералните средби на највисоко ниво.На средбата стана збор и за подготовките на двете страни за потпишување на договор, односно конкордат меѓу Северна Македонија и Светата Столица за регулирање на статусот на Католичката црква во нашата земја со што ќе се отворат нови потенцијали за соработка во повеќе области од взаемен интерес.Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, чествувањето во текот на денот продолжи со полагање венец на спомен-плочата на македонски јазик во папската базилика Санта Марија Маџоре. Програмата по повод чествувањето на Светите браќа Кирил Методиј попладнето продолжува со концерт на светски познатиот тенор Благој Нацоски.

Македонија | пред 3 години

22022022_od-16-ta-sednica-na-Vladata_2

„Додека владее тешка криза за граѓаните, службеници на Владата се луксузираат под прикритие како новинари“, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

„Вработени во службата за општи и заеднички работи при Владата, како новинари, на државен трошок престојувале во Софија, Бугарија три дена од 24 до 26 јануари. Кај ги прикривале како новинари, па и скапо го плаќале нивниот престој. За шест лица вработени во Владата, според написите на медиумите биле обезбедени шест хотелски соби со полн пансион, за три дена, иако посетата била дводневна, плус дополнителен превоз со возила од Владата“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:„Ете ова е луксузот на Власта во време на криза. Додека ги убедуваат просветните работници дека нема доволно пари за законското покачување кое им следи, додека нема исплатени субвенции во образованието, додека нема ефективни мерки за зауздување на инфлацијата, оваа власт продолжува со трошењето народни пари за хотелски услуги, патувања и слично.Да потсетиме дека стотици милиони евра од буџетот се наменети за непродуктивни трошења, луксузи и задоволства на власта. Во време на криза потрошија 2,5 милиони евра за службени возила, а дополнителни 2 милиони евра само на мебел, кафиња и режни цвеќиња.Народот го плаќа скапо луксузот на власта. Ова мора да престане. Оваа власт е извор на скандали и кризи и мора да си замине“.

Македонија | пред 3 години

08032022_PVRSM_8mi-Mart-2

(ВИДЕО) Обраќање на премиерот Ковачевски: Успеавме, просечната плата надмина 30.000 денари

Премиерот Ковачевски преку видео обраќање се заблагодари на сите владини претставници во овој и минатиот мандат за трудот кој го вложиле во реализација на едно од најважните ветувања на Владата, просечна плата од над 30.000 денари.Во прилог ви го пренесуваме интегрално неговото обраќање:„Владата предводена од СДСМ го реализираше едно од најважните ветувања дадено пред граѓаните уште во 2017, просечна плата од над 30.000 денари.Покачувањето на платите и вложувањето во стандардот на граѓаните е политика на која останавме доследни. И покрај сите опструкции од опозицијата и блокирани закони за раст на платите, платите во континуитет растат.Малку кој веруваше дека ќе имаме просечна плата од 30.000 денари. Ова ветување беше мета на критика и потсмев, но со доследни политики успеавме да го реализираме.Во време на голема економска криза сфаќаме колку е значајно вложувањето во приходите на граѓаните и работниците. Со покачувањето на платите се штитиме од големиот раст на цените, а Буџетот го насочуваме онаму каде е најпотребно. Пред нас е тешка зима во која ќе ги вложиме сите сили да ги намалиме ценовните шокови. Сакам да ве уверам, дека Владата е целосно посветена и подготвена за се што претстои. Ќе работиме максимално одговорно, посветено и ефикасно во интерес на граѓаните.За крај, изразувам благодарност на сите членови на Владата во овој и минатиот мандат кои доследно и посветено работеа на остварување на ова ветување. Докажавме дека ветувањата ги исполнуваме и од зацртаните цели не отстапуваме“.

Македонија | пред 3 години

18052022_PVRSM_Kovacevski_na-Samitot-Makedonija-2025_1

Ковачевски: Регионалната соработка клучна за полесно надминување на кризата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија на панелот на Самитот „Македонија2025“ посветен на актуелната економска ситуација и излезните решенија за економски приоритети ги истакна клучните приоритети на кои е посветена Владата.„Првиот приоритет се однесува на заштита на животниот стандард на оние кои се најранливи и задржување на ликвидноста на компаниите. Вториот се однесува на одржлив економски раст, односно продолжување на програмите за раст на производството, на извозот како и на стопанската активност во земјата и третиот приоритет се фокусира на зголемување на бруто инвестициите и тоа и на инвестициите кои се доминантно од државниот буџет, меѓутоа и на приватните инвестиции како генератор на економскиот раст на државата на среден рок“, истакна премиерот Ковачевски.Тој додаде дека големиот пакет антикризни мерки даде резултати и овозможи да бидат постигнати стапките на раст од предкризното време со пандемијата.Премиерот Ковачевски во однос на актуелната економска и енергетската криза потенцираше дека за да бидат надминати последиците кои се дел и од дисконтинуитет на државата од периодот на независноста, Владата фокусот го стави во инвестирање во модерни енергетски системи, во дигитализацијата и реформи во образованието од аспект на едуцирање на кадри кои што се потребни на пазарот и на современиот технолошки развој.„Не може да очекуваме од закони за образование стари 20 години да добиеме резултати за земја која сака да оди напред и да го одржува чекорот со напредните земји во дигиталното време“, потенцираше Ковачевски.Ковачевски нагласи дека регионалната соработка е наша стратешка ориентација, а ЕУ е нашата определба без разлика на сите опструкции на нашиот пат до членство во ЕУ.

Македонија | пред 3 години

18052022_PVRSM_Kovacevski_sredba-so-PVRS-Brnabik_1

Ковачевски-Брнабиќ: Силната регионалната соработка е основа за забрзан економски развој

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска оствари средба со премиерката на Република Србија Ана Брнабиќ.Премиерот Ковачевски и премиерката Брнабиќ на оваа средба, на која присуствуваа и заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, ги потврдија долгогодишните и традиционално добри билатерални односи кои дополнително се зајакнуваат од година во година, низ интензивен и пријателски политички дијалог потврден со редовни и чести средби и посети на високо ниво.Претседателот на Владата Ковачевски истакна дека унапредувањето на односите меѓу двете земји продолжува во насока на продлабочување на односите со посебен акцент на економската соработка.Од посебно значење, беше речено на средбата, беше помошта и поддршката од Република Србија за време на КОВИД-19 кризата кога оваа земја го помогна справувањето со пандемијата со вакцини и друга медицинска помош.Ковачевски на средбата со премиерката на Република Србија се заблагодари за отстранувањето на забраната за извоз на житни производи и масло за јадење со што покажа разбирање и солидарност како дел од својата определба за соработка во регионот.Претседателите на Владите на Северна Македонија и Србија, Ковачевски и Брнабиќ ја потенцираа комуникацијата и партнерството на највисоко ниво во рамките на Иницијативата Отворен Балкан како дополнителен импулс за регионална соработка, добрососедство и имплементација на европските вредности во нашиот регион.Ковачевски и Брнабиќ оценија дека иницијативата треба да продолжи да функционира како платформа за регионална соработка на сите нивоа, притоа потенцирајќи дека е отворена поканата на претстојниот Самит на Отворен Балкан во Охрид да земат учество и другите земји од регионот со што ќе се почувствува поголема придобивка за сите граѓани од Западен Балкан.На средбата стана збор и за подготвеноста на двете страни за организирање на третата заедничка седница на двете Влади како позитивен поттик за натамошниот развој и интензивирање на односите и соработката, особено во економската соработка.Србија е трет најголем трговски партнер на Северна Македонија и премиерите Ковачевски и Брнабиќ констатираа дека вкупна вредност на трговската размена од над 1 милијарда долари, која што забележа раст токму за време на пандемијата е јасен знак дека економската соработка треба да продолжи да се унапредува со континуирани Б2Б средби и бизнис форуми, како и со заедничко вмрежување за настап на трети пазари.Како посебно значајни за поврзување на регионот беа оценети автопатните и железничките инфраструктурните проекти на Коридорите 10 и 8.Во однос на евроинтеграцијата на регионот, претседателите на Владите, Ковачевски и Брнабиќ оценија дека сега е вистински момент Северна Македонија и Србија да ги започнат преговорите со ЕУ и дека тој чекор ќе биде позитивен сигнал за целиот регион од аспект на неговата геостратешка важност и стабилност.На средбата како позитивен беше оценет моментот на придвижување на односите меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со цел за надминување на меѓусебните прашања.

Македонија | пред 3 години

kovacevski-nikolovski

Доаѓа тешка зима, ценовни шокови, ама и недостаток на енергенси

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека ВМРО-ДПМНЕ постапува погрешно со блокадите на Собранието и најавите за блокади на улиците. Според него, цел свет живее во кризно време, а Владата во Македонија работи за ценовните шокови да се што помали. Најави дека доаѓа тежок период и побара пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да престанат со блокадите.„Не очекува тешка зима. Владата работи ценовните шокови да бидат помали и да се обезбедат реагенси за непречено снабдување на домаќинствата и индустријата. Правиме ребаланс, Министерството за финансии намалува на трошоци кои не мора да бидат направени, за да има средства за поддршка на компаниите и најранливите категории на граѓани“, кажа Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

24032022_PVRSM_Kovacevski_na-Vonredniot-samit_2

Ковачевски со итно барање до опозицијата

Премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање за субвенциите за тутунарите, одговори дека средствата во буџетот се обезбедени и дека останува, како и секоја година, со измена во законот да се обезбеди нивната исплата.„Таа измена во законот им ја олеснува постапката на примателите на субвенции, односно производителите на тутун не треба да одат во УЈП да вадат потврда за платени даноци со цел да се олесни прво исплатата за да се олесни технички поднесувањето на барањето за субвенциите. Како и секоја година станува збор за техничка измена која што Собранието веднаш ја одобрува, но до овој момент на Комисијата за земјоделство тој закон не го става на дневен ред“, истакна Ковачевски.Премиерот потенцираше дека тој на парламентарна говорница побара од пратениците веднаш да го стават законот на дневен ред, но со оглед на тоа дека Комисијата за земјоделство се води од пратеник од опозицијата, односно претседател на една од коалиционите партии на ВМРО – ДПМНЕ, тој закон сеуште не се става на седница и не се закажува седница.И само од тука можете да видите дека опозицијата блокира закони кои што значат подобар живот на граѓаните, а овде токму за тоа се работи бидејќи се обезбедуваат субвенции за производителите на тутун кои што се многу значајни производители во државата. Еве уште еднаш ја користам оваа можност да ги повикам веднаш да се закаже седница на Комисијата за земјоделство и таа техничка измена на законот за неколку часа да биде изгласана за да можат производителите на тутун да почнат веднаш да ги примаат своите субвенции“, нагласи претседателот на Владата Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања