ВРЕМЕ

Screenshot-2024-01-08-at-09.56.05

Викенд временска: Ладен бран, дожд, снег, северен ветер и зголемување на снежната покривка

Од денес (сабота) попладне, до утрешната ноќ, кон понеделник под влијание на влажна и ладна воздушна маса од север, во Македонија ќе има нови врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните предели (над 20 литри воден талог на метар квадратен), На планините, а утре (недела) и на повисоките места особено во западните и во северните предели со надморска височина до околу, па и под 1000 метри ќе има и повремен снег.На планините постојната снежна покривка ќе се зголеми. Денес (сабота) повремено ќе засилува ветер од југоисточен правец, а утре (недела) од попладневните часови повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени, а наутро пак ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 6 степени.Во Скопскиот регион исто така ќе има повремени врнежи од дожд, а утре (недела) на околните планини ќе има повремен снег, а накратко, услови за слабо провејување на снег ќе има и во повисоките предели од котлината. Денес (сабота) ќе засилува ветер од југоисточен правец, додека утре (недела) попладне и навечер повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.Во Скопскиот регион овој викенд температурата наутро ќе се спушта до околу 3 степени, а максималната ќе се искачува во интервалот помеѓу 7 и 9 степени, меѓутоа утре (недела) попладне и навечер дополнително ќе опадне.

Македонија | пред 1 година

ladno_toplomer_termometar_sneg_3454-678x381-1

Во Скопје ќе биде до 11 степени: Најстудено е на Попова Шапка каде е -3 степени

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)-3 Попова Шапка, -1 Лазарополе, 1 Маврови Анови, Крушево, 2 Тетово, Битола, 3 Берово, Претор, 4 Охрид, Крива Паланка, Прилеп, 5 Гевгелија Кавадарци, Дебар, Скопје-Зајчев Рид, 6 Штип, Виница, Велес, 7 Демир Капија, Струмица.НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2)28 Струмица, 10 Гевгелија, 8 Берово, 7 Штип, 6 Кавадарци, Виница, 5 Претор, 4 Битола, Прилеп, Дебар, 3 Попова Шапка, Лазарополе, Крива Паланка, 2 Велес, Крушево, Охрид.ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm)47 Попова Шапка, 34 Маврови Анови, Крушево 10 Крушево.ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВАОд југ и југозапад се прошири облачност од која имаше повремен дожд. Утринава зголемена облачност има во западните делови од земјата. Магла утринава има во делови од Полог, а само понекаде има појава на слаб дожд.ВРЕМЕТО ДЕНЕСКАПроменливо облачно, претпладне со појава на магла и ниска облачност по котлините. Претежно во јужните делови од земјата ќе има повремен дожд особено претпладне и од крајот на денот.Максималната температура ќе достигне од 7 до 13 степени.Во Скопје променливо облачно и тивко, претпладне со појава на магла и ниска облачност. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.

Македонија | пред 1 година

49864370_387685201793217_3604398578425921536_n_387685195126551

Предупредување стигна од Охрид: Затворена и планинска куќа поради лошите метео услови

Во пресрет на претстојниот продолжен викенд, Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид ги предупредува сите љубители на планите и снежните авантури, за особено лошите услови кои ќе владеат на повисоките планини, со континуирани врнежи од снег проследени со умерен до засилен ветар, што значително ќе влијае на видливоста и навигацијата во високите зони од планините.„Особено треба да бидат внимателни сите оние кои планираат да го посетат Национален парк Галичица, преку регионалниот пат Охрид – Отешево, кој токму поради својата експозиција и надморска висина е затворен за сообраќај. Превојт на овој патен правец е целосно непрооден (може да се види на приложените фотографии) со навеви од снег поголеми од 2м настанати уште со претходните снежни врнежи, а во претстојните денови се очекува значително влошување на ваквата состојба.Во оваа прилика исто така сакаме да споделиме и дека Планинска куќа Спиридон - Mountain hut Spiridon на Галичица, нема да биде отворена за посетители, токму поради лошите метео услови кои се најавени за претстојниот викенд.До оние најупорните, апелираме да бидат особено внимателни во планирањето на свиоте активности, строго да се придржуваат до правилата за безбедност во зимски услови на планина и доколку не се соодветно подготвени и опремени, истите да ги одложат за некој седен викенд. Зимата календарски сеуште не е започната и веруваме дака ќе има многу убави денови за уживање во снежните авантури, во многу попријатни метеоролошки услови од овие кои се предвидуваат за претстојниот викенд“, велат оттаму.

Охрид | пред 1 година

Screenshot-2024-01-08-at-09.56.05

Постојано ќе имаме повремени врнежи, а снежната покривка на планините и на скијачките центри ќе се зголемува

Продолжува периодот во Македонија на многу променливо време, со серија на влажни воздушни бранови од запад, кои ќе условуваат повремнени врнежи од дожд, а на планините, во западните предели и на повисоките места (до околу 1000 метри надморска височина) ќе има врнежи од снег. На планините и на Скијачките центри постоечката снежна покривка повремено ќе се зголемува.Повремено врнежите во следниот период ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет и денес попладне и навечер ќе биде од северен, а утре (недела) од јужен и од југоисточен правец.Во Скопскиот регион исто така продолжува периодот на променливо време со повремени врнежи од дожд, а на околните планини повремено ќе врне снег. До крајот на денешниот ден ќе засилува ветер од северен, а утре (недела) од југоисточен правец.Што се однесува до температурите, тие ќе бидат пониски особено во утринските часови и утре (недела) ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3, додека максималните дневни до крајот на денов ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени. Утре (недела) тие ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.Сепак, утре попладне и навечер ќе има нови врнежи од дожд, и снег на планините и на Скијачките центри, каде снежната покривка повторно ќе се зголеми. Снежната граница повторно во западните предели би можела да се спушти до околу 1000 метри надморска височина, со што снег се очекува да врне и на повисоките места.

Македонија | пред 1 година

pesocna-bura

Жестоко невреме ја зафати Европа, илјадници луѓе без струја: Нема да го заобиколи ниту Балканот, еве каде ќе ја погоди најтешко

Силно невреме ја зафати Европа и милиони Британци се предупредени да не ги напуштаат своите домови поради ударот на бурата Дара. Според британските медиуми, илјадници луѓе останале без струја по првиот удар на невремето.Метеоролошката канцеларија издаде ретко опасно по живот предупредување за многу силни ветрови во раните утрински часови во саботата, со „значително нарушување“ кое се очекува до 11 часот во поголемиот дел од велшкиот брег и делови од југозападна Англија.Три милиони луѓе во опасните зони добија итно предупредување на своите мобилни телефони да избегнуваат возење и да останат во затворени простории.https://twitter.com/globalbeaconn/status/1865315094650827123?ref_src=twsrc%5EtfwПредупредување беше издадено за поголемиот дел од Велс и делови од југозападна Англија бидејќи Дара, четвртата бура оваа сезоната, стигна до Британија откако претходно ја погоди Ирска.https://metro.co.uk/2024/12/07/storm-darragh-tracker-map-shows-uk-getting-battered-amid-red-weather-warnings-22139431/?ito=article.amp.share.floaty.twitterСпоред прогнозите, циклонот многу брзо ќе се движи преку Северното Море понатаму во копното на Централна Европа во сабота и на првиот ден од викендот ќе донесе бурни ветрови и обилни врнежи од дожд во цела централна и Западна Европа, а на планините обилен снег. На повисоките делови на Алпите се очекува да падне и до еден метар снег, а бурните ветрови ќе создадат виулици.Инаку, воздушниот притисок во центарот на циклонот е многу низок, а поради пространоста на циклонот, силен и бурен ветер ќе дува низ западна, централна и северозападна Европа, во Алпите, централниот Медитеран и Јадранот.Како дел од циклонот ќе се движи и изразен студен фронт кој потоа ќе донесе заладување.Патем, овој студен фронт ќе создаде секундарен циклон над Џеновскиот залив во ноќта кон недела.Овој многу силен циклон во недела ќе донесе невреме во централните Медитерански и Јадрански области.Се очекуваат силни грмежи и силен ветер.Во ноќта меѓу сабота и недела и во текот на неделата циклонот ќе донесе грмежи и бурен јужен ветер од Словенија преку Хрватска, Херцеговина и Црна Гора кон Албанија.На Јадранот се очекуваат ветришта со брзина од 100 км/ч, заедно со огромни бранови, а долж Јадранот би наврнале и над 100 литри дожд со ризик од поплави и порои.Ќе се загрее, пороен дожд ќе врне и на највисоките планини.Најобилни врнежи се очекуваат во Далмација, на запад од Босна, во Херцеговина и на црногорското крајбрежје, како и во внатрешноста на Јадранот и во областа на Динаридите.Од вечерва до следните неколку дена цела западна и северозападна Европа, дел од централна Европа, Алпите, централниот Медитеран, Јадранот, како и нашиот регион ќе бидат погодени од циклон од Атлантикот, а потоа и секундарен еден од централниот Медитеран. Невремето најсилно ќе биде на Британските острови, во земјите од Бенелукс, во Франција, Италија, Германија, Швајцарија, Чешка, Австрија, а потоа и во Словенија, Хрватска, БиХ и Црна Гора.

Свет | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Ќе врне дожд, на повисоките места снег - ова се температурите за денеска

Времето денес (05.12.2024 год.): Претежно облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и претежно на северозападот на некои повисоки места од снег. Врнежите повремено ќе бидат пообилни во западните делови, а на планините дополнително ќе се зголеми снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени.Времето и метеоролошки параметри за Скопје: облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб променлив ветер. T= 8 °C, P= 986 hPa, U= 65 %, V= 2 m/s. (Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер).[caption id="attachment_315941" align="alignnone" width="566"]

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Од среда навечер, како и во четврток, во Македонија нови врнежи од дожд и снег

Променливото време продолжува и во почетокот на оваа работна седмица. Денес (понеделник) особено во јужните предели од државава и во претпладневните часови ќе има повремено врнежи од дожд, додека на планините ќе врне снег. Врнежите сепак полека ќе се намалуваат и ќе престануваат, па така утре (вторник) ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди и ќе биде претежно суво.Нов влажен бран од запад и од југозапад територијата на Македонија ќе ја зафати ноќта среда кон четврток, како и во четврток и истиот ќе услови нови врнежи од дожд и снег на планините. Особено во западните предели снежната граница ќе се спушти до околу 1000 метри надморска височина, има услови таа локално да се спушти и под 1000 метри, па така услови за повремен снег ќе има и во некои повисоки населени места во споменатите предели.Во Скопскиот регион, до средината на работната седмица ќе имаме променливо облачно и претежно суво време. Нови врнежи од дожд ќе има ноќта кон четврток и особено во четврток. На околните планини ќе има услови за повремени врнежи од снег.Ветерот кој го имаме деновиве и кој е од северен и од североисточен правец значително ќе ја намали својата брзина.Што се однесува до температурите, не се очекува некој поголем пораст на истите, па така наутро тие ќе бидат пониски и на повеќе места ќе се спуштаат за некој степен под нулата, додека преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-08-at-09.56.05

Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Берово

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но по влажни коловози.Слаб снег провејува низ Западна Македонија, а во останатите делови од државата врнежите се од дожд. Од Управата за хидрометеролошки работи информираат дека врнежите од дожд и снег ќе продолжат и во текот на денешниот ден. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 2 до 7 степени.Во Скопје, слично време со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни, а во повисоките делови од котлината од дожд и снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.Најстудено утрово беше на Попова Шапка - 5 степени. Во Маврови Анови се измерени -3, во Крушево -2, во Берово -1, во Охрид, Претор и Прилеп 0 степени, во Тетово, Битола, Дебар и Крива Паланка 1, во Струмица и Виница 2, во Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Штип 3.Најмногу снег има во Берово 22 сантиметри, во Маврови Анови и на Попова Шапка 10, во Крушево седум и во Претор еден сантиметар. Најмногу дожд наврнало во Струмица 32 л/на м2.

Македонија | пред 1 година

ladno_toplomer_termometar_sneg_3454-678x381-1

Сув студ: Денешното утро донесе минусни температури на повеќе места во Македонија

Денешното утро во Македонија донесе минусни температури на повеќе места, а времето беше ведро и тивко, но по одделни котлини и речни долини имаше појава на магла или на ниска облачност.Најстудено ова утро до 7 часот беше во Берово со -5 степени. На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени по градови и места исто така утринава до 7 часот, и тоа на мерните станици на УХМР.

Македонија | пред 1 година

sneg-partizanska-koli-skopje-2022

Првата декада од ноември ни носи температури и од под -10 степени, најавува Попоски

Најновото ажурирање на Европскиот модел (ECMWF)  укажува на тоа дека во првата декада од месец ноември, најголем дел од Европскиот Континент, како и целиот Балкан буквално ќе бидат заледени поради продорот на многу ладен воздух кој ќе се спушти кај нас од Арктикот. Во ваква ситуација, на многу места и градови се очекува  и првото провејување на снег за оваа сезона (зборуваме особено за пониските места, односно за градовите).Овој многу ладен воздух со потекло од Арктикот, ќе ни го донесе  и првиот сериозен мраз за оваа сезона, со што очекуваме температури дури и до -10 степени, локално може тие да бидат и пониски, особено на високите планински места.

Македонија | пред 1 година

zimsko-letno-smetanje-na-vremeto-960x639-1

Промената на времето може да доведе до срцеви и психолошки проблеми

На 27 октомври часовниците во многу земји во Европа ќе се вратат еден час порано, со што ќе се означи крајот на летното сметање на времето.Оваа сезонска промена на времето се случува двапати годишно - на пролет, кога часовниците се поместуваат еден час нанапред, се оди на летно сметање на времето, а наесен се враќа на стандардното сметање на времето.Иако промената на времето е стандардизирана практика со години и е вообичаена во поголемиот дел од Европа и САД, како и во делови од Канада, Австралија и Латинска Америка, здравствените експерти предупредуваат дека тоа може да биде штетно за благосостојбата на луѓето.Претходно, оваа недела, тим од истражувачи за спиење од Британското здружение за спиење објавија изјава во која ја повикува владата на Обединетото кралство да ја укине промената на часовникот двапати годишно.Изјавата, објавена во списанието „Journal of Sleep Research“, препорачува воведување стандардно време во текот на целата година, бидејќи е поблиску до „природните циклуси светло-темно на денот и ноќта“.„Враќањето на трајното стандардно време би значело дека нашите часовници ќе бидат тесно усогласени со сончевото време, и додека ова би значело порано зајдисонце во лето, ќе има дополнителни здравствени придобивки од подобрувањето на спиењето и деноноќното подесување поради поголема изложеност на утринска сончева светлина од есен до пролет“, рече Малколм фон Шанц, професор по хронобиологија на Универзитетот Нортамбрија и член на Центарот за истражување на спиењето Нортумбриа.Истражувачите додаваат дека одржувањето на добар режим на спиење и изложувањето на природна дневна светлина наутро се важни компоненти на човековото здравје и дека нарушувањето на кој било од овие фактори може да доведе до негативни здравствени последици.„Ако не сте изложени на утринска светлина, тогаш не го регулирате вашиот телесен часовник, а има навистина одредено време наутро кога ви треба изложување на светлина за да го регулирате часовникот на телото и да ви овозможи доволно сон навечер“, изјави за Euronews д-р Меган Крафорд, виш предавач по психологија на Универзитетот во Стратклајд и главен автор на изјавата.„Ако не го правите тоа, некако ја палите свеќата на двата краја, а потоа губите сон навечер, добивате неквалитетен сон, а неквалитетниот сон е поврзан со многу здравствени последици, и психички и физички“, додаде таа.Една од главните причини зошто експертите се за укинување на зимското и летното сметање на времето е неговото влијание врз човечкиот деноноќен ритам.Деноноќниот ритам е биолошкиот часовник на телото, кој работи на 24-часовен циклус и, според истражувачите, игра улога во регулирањето на основните телесни функции, вклучувајќи го спиењето, ослободувањето на хормоните, метаболизмот и расположението.Нарушувањата кои произлегуваат од зголемувањето или намалувањето на еден час сон го нарушуваат природниот циклус на спиење и влијаат на овие функции.Крафорд објасни дека додека во лето, кога изгрејсонцето е сè уште многу рано, промената на времето „не е навистина важна“, во другите сезони тоа не е важно.„Во текот на пролетта и есента, изгрејсонцето е малку подоцна, така што станувањето еден час порано може да нè подигне во темнина. И тоа е навистина проблематично бидејќи ни треба утринска сончева светлина за да го регулираме часовникот на нашето тело и за оптимален сон“, вели таа.Друга студија на истражувачи во Финска покажа дека хоспитализирањата поради мозочен удар се зголемиле во првите два дена по промената на времето.Студиите, пишува БГНЕС, исто така, ја поврзуваат промената на времето со зголемување на менталните здравствени проблеми и нарушувања на расположението, особено кај ранливите луѓе, вклучително и зголемување на бројот на самоубиства во неделите по почетокот на летното сметање на времето.Крафорд го припиша противењето на прекинот на промената на времето на „неразбирање“, нагласувајќи дека придобивките од продолжената вечерна дневна светлина во лето ќе останат без оглед на тоа дали се користи летното сметање на времето.

Магазин | пред 1 година

zimsko-letno-smetanje-na-vremeto-960x639-1

Вечерва почнува зимско сметање на времето: како ова влијае на луѓето

Вечерва почнува зимското сметање на времето. Со поместување на часовникот за еден час наназад, од 27-ми октомври почнува зимското сметање на времето, со што времето во 3 часот ќе се смета како 2 часот.Последните години во Европа, па и во земјава се води јавна дебата дали е потребно да дојде до прекин на сезонските промени на времето од зимско во летно и обратно.Иако промената на времето е во принцип корисна за заштеда на енергија во текот на летото, очигледно има повеќе недостатоци отколку предности.Зимското сметање на времето носи свои проблеми.Практична примена за време на Прва светска војнаВо 1905 година британскиот градежник Вилијам Вилет прв го предложил летното сметање на времето додека јавал на коњ едно летно утро. Бил воодушевен од убавината на утрото и помислил дека е штета што поголемиот дел од лондончаните спијат во најубавото време од денот. Две години подоцна тој го објавил својот предлог, но идејата не била прво прифатена во Британија туку во друга европска земја. Поместувањето на времето за заштеда на дневна светлина го воведува Германската империја во 1916 година.Мерката била воведена со цел да се намали потрошувачката на гориво за осветлување кое е потребно за фронтот. Примерот веднаш го следат и завојуваните страни Англија, Франција и остатокот од континентот распламтен од Првата светска војна. Во САД летното сметање на времето започнало од 31 март 1918 година.Еден век подоцна европската цивилизација не е среде масовни војни, а според анкетите, најголем дел од граѓаните се против летно и зимско сметање на времето поради промена на биоритамот. Сепак, пандемијата со Ковид-19, економската криза, но и Брегзит ја одложија одлуката на европските парламентарци на неодредено.Нема усогласување со биолошкиот часовник на човекотВраќањето на часовникот за еден час наназад или поместувањето на показалките за еден час нанапред не влијаат само на тоа колку време некој ќе спие или ќе работи. Промената на часовникот според студиите на Американската акдемија за медицина на сонот (ААСМ) утврдиле бројни последици врз организмот, здравјето и расположението на луѓето по промена на стандардното време. Според ААСМ стандардното време подобро се усогласува и со внатрешниот часовник на телото.„Со летното време се зголемува нашата утринска изложеност на темнина и вечерната изложеност на сончева светлина, што е главен сигнал за нашиот биолошки часовник. Промената на времето во март го отежнува заспивањето ноќе, го нарушува квалитетот на сонот и доведува до губење на сонот што може негативно да влијае на здравјето и безбедноста“, посочува д-р Шенон Саливан, претседател на Комитетот за јавна безбедност на ААСМ и клинички професор по медицина на сонот на Универзитетот Стенфорд.Економски и административен хаос во ЕвропаГрото од европскиот континент без Русија, Туркије, Белорусија и Исланд кои веќе се откажаа од промената на времето, се потпира на летното и зимското сметање.Европските политичари стравуваат од административен и економски хаос ако настане разногласие меѓу земјите членки и земјите кандидати или партнери. Го посочуваат примерот на островот Ирска. Ако северниот дел кој е дел од Британија го задржи летното и зимското сметање, тогаш јужниот дел со Република Ирска како членка на ЕУ ќе има сосема различно време.Брегзит и корона-кризата ја одложија дебатата за некое догледно време, а дотогаш не заборавајте да ги поместите показалките на 30 октомври еден час наназад.

Магазин | пред 1 година

IMG_4715

Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди. Особено во северните делови од земјата ќе има повремен пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер.Максималната температура ќе достигне од 18 до 26 степени.Во Скопје променливо облачно. Во делови од котлината ќе има појава на пороен дожд проследен со ретки грмежи.Максималната температура ќе достигне до 23 степени.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Циклонската активност над Македонија: Во изминатите 24 часа наврнаа дури 65 литри дожд на м/2

Циклонската активност над Македонија во изминатите 24 часа услови обилни врнежо од дожд во поголем дел од Македонија. Најмногу дожд до 8 часот утринава наврна во Лазарополе и во Пожаране, дури 65 литри дожд на м/2.Во Крушево и Прилеп утринава е најсвежо со 11 степени, додека најтопло е во Гевгелија со измерени 17 степени.На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени по градови и места во Македонија до 8 часот утринава, како и количеството на врнежи во изминатите 24 часа, и тоа на мерните станици на УХМР.Инаку, викендов и понатаму ќе бидеме под влијание на циклонска активност, па така и понатаму ќе има повремени врнежи од дожд на повеќе места, локално пообилни и проследени со грмежи и засилен ветер.

Македонија | пред 1 година

vrnezi-dozd-vreme

Македонија на удар на силен и ладен атмосферски фронт: Температурите нагло ќе опаднат за 10 до 20 степени

Ладниот бран од север, поврзан со Атмосферски фронт, полека го зафаќа Балканскиот Полуостров. Што се однесува за времето во нашата Македонија, до крајот на денов ќе имаме претежно сончево и топло време со температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени.Во ноќните часови од запад облачнота ќе се зголемува и од запад ќе започнат локални врнежи од дожд. Утре (недела) ќе има поголема облачност проследена со повремени локални врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Уште од претпладневните часови ќе започне да дува северен ветер, кој особено во попладневните и вечерните часови, како и во текот на ноќта кон понеделник, и во понеделник повремено ќе биде силен (над 60 км/час). Најизразен ветерот ќе биде Долж Повардарието.Поради продор на многу постудена воздушна маса од север, утре (недела) попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон понеделник не очекува нагло и големо заладување на времето, со пад на температурите за 8 до 1о степени, а во северните предели од државава дури и за околу 15 степени во споредба од оние кои ги имаме денес. Поради заладувањето, не се исклучува можноста и за провејување на снег на највисоките планински места во Македонија.Утре преку ден температурите ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 28 степени, додека како што напоменав попладнето и вечерта нагло ќе опаднат. Нјастуден ден ќе биде понеделник кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 10 до 18 степени. Наутро пак во понеделник и вторник температурите на повеќе места ќе се спуштат и под 5 степени, а во Беровскиот регион, како и на повисоките и на планинските места тие ќе се спуштат и под нулата.Во понеделник и во вторник во ноќните и во утринските часови можна е појава дури и на слана и на мраз на повеќе места во Македонија.НАПОМЕНА: Оваа нагла и голема промена на времето која доаѓа во Македонија, особено лошо ќе се одрази врз метеопатите.Да напоменам дека во регионот температурите ќе опаднат дури и за околу 20 степени.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања