ВРЕМЕ

viber_image_2024-05-25_09-27-50-076

Доаѓа поладен бран од Арктикот кон Македонија: Ноќта петок кон сабота голем пад на температурите и врнежи

Веќе ноќта петок кон сабота (3 кон 4 јануари 2025) и во сабота (4 јануари 2025) во Македонија како што подолго време најавувам ќе дојде до поголема промена на времето и спуштање на многу поладен и влажен воздушен бран од Арктикот.Во ваква ситуација во текот на ноќта петок кон сабота, како и во сабота, особено претпладне ќе има врнежи од дожд, кои на повисоките места и на планините, како и на Скијачките центри секако ќе бидат од снег, и постојаната снежна покривка токму на овие места ќе се зголеми. Поради заладувањето, повремен снег ќе има и во делови од пониските места (градовите), особено во западните и во северните предели од Македонија.Сето ова ќе биде проследено и со повремено засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина до околу 60 км/час).Во Скопје и околината со овој бран ќе има врнежи од дожд, а на околните планини и во повисоките предели од котлината ќе има повремени врнежи од снег. Услови за сосема слабо провејување на снег ќе има и во делови од пониските предели од котлината. Повремено со ова спуштање на ладниот воздух од север, и во Скопскиот регион ќе дува засилен ветер од северен правец.Што се однесува до температурите, тие значително ќе опаднат и во сабота наутро ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 3 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени во најтоплите југоисточни предели од Македонија.Да напоменам дека на повисоките населени места, како и на планините и Скијачките центри, температурите во сабота и преку ден ќе бидат постојано под нулата.

Македонија | пред 1 година

244523411_359266169267354_5335682850940299611_n

Во првите два дена од 2025 година многу сонце и потопло, по одделни котлни со магла и ниска облачност

За време на новогодишната претстојна ноќ, како и во првите два дена од 2025 година, односно во среда и во четврток (1 и 2 јануари 2025) времето во Македонија ќе биде стабилно, суво, сончево и претежно тивко, но и потопло преку ден. Сепак, по одделни котлини, особено оние котлини кои се наоѓаат во Повардарието ќе има појава на магла и на ниска облачност, особено во ноќните и во претпладневните часови, па така во овие котлини преку ден температурата ќе остане пониска.И во Скопскиот регион во првите два дена од 2025 година (среда и четврток), но и во текот на претстојната новогодишна ноќ ќе имаме ведро, стабилно и сончево време утре и задутре (среда и четврток). Ќе биде претежно тивко. Во ниските предели од котлината ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност, особено во ноќните и во утринските часови.Што се днесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени, додека преку ден температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 14 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта до околу -2 степени, додека максималната температура ќе достигне до околу 8 степени.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-57-7740PM

Сончево со мала локална облачност - времето денеска

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)-7 Маврови Анови, Берово, -5 Скопје-Петровец, Тетово, Битола, -4 Крива Паланка, Претор, Прилеп, Штип, Демир Капија, Струмица, Крушево, Попова Шапка, -3 Охрид, Виница, -2 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, 0 Велес, 4 Гевгелија.ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm)54 Маврови Анови, 52 Попова Шапка.ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВАВо текот на ноќта ведро и студено, а утрово е сончево со мала локална облачност. Дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.ВРЕМЕТО ДЕНЕСКАСончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.Максималната температура ќе достигне од 4 до 11 степени.Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Свет | пред 1 година

274878964_951873335527153_2393973084957638288_n

Очекувајте снег и во градовите

Утрово на повеќе места во Македонија има снежна покривка, особено во повисоките населенe места и секако на Скијачките центри и планините каде истата е значително зголемена. Во повеќето градови, особено во западните предели исто така има снежна покривка.Највисока снежна покривка од Скијачките центри има на Попоива Шапка, 58 сантиметри, 55 сантиметри има во Маврово, 15 сантиметри во Тетово и во Крушево, и 10 сантиметри во Гостивар. Најниска температура до 7 часот утрово од градовите е измерена во Тетово, и тоа -1 степен, а највисока во Гевгелија, и тоа 5 степени. Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Гевгелија, и тоа 26 литри на метар квадратен.Понатаму се очекува понатаможно заладување на времето, повремено со засилен северен ветер (повремено и локално со брзина од над 60 км/час), а ќе има и повремени врнежи претежно од снег, од локален карактер.

Македонија | пред 1 година

IMG_8800

Анализа на времето за време на новогодишната ноќ

За новогодишната ноќ, односно ноќта вторник кон среда 31 Декември 2024, кон 1 Јануари 2025 година, и во среда на 1 Јануари 2025 во текот на денот, особено на планините и на Скијачките центри времето ќе биде претежно сончево и тивко, додека по котлините ќе биде магливо, со намалена видливост, како и со ниска облачност.И во Скопскиот регион за новогодишната ноќ, особено во повисоките предели од котлината и на околните планини ќе биде ведро и тивко, додека во ниските предели од котлината ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност.Што се однесува до температурите, за време на новогодишната ноќ тие е се движат во интервалот од -3 до 2 степени, додека на 1 Јануари 2025 (среда) во текот на денот максималните дневни температури во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени. Исто така, постудено ќе остане во котлините со магла и со ниска облачност. Во Скопје пак на 1 Јануари 2025 година во текот на денот максималната температура ќе се искачи до околку 7 степени.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-08-at-09.56.05

Снег на повеќе места ќе врне и денеска, а во некои градови има и снежна покривка

Утрово на повеќе места во Македонија има снежна покривка, особено во повисоките населени места и секако на Скијачките центри и планините каде истата е значително зголемена. Во повеќето градови, особено во западните предели исто така има снежна покривка.Највисока снежна покривка од Скијачките центри има на Попоива Шапка, 58 сантиметри, 55 сантиметри има во Маврово, 15 сантиметри во Тетово и во Крушево, и 10 сантиметри во Гостивар. Најниска температура до 7 часот утрово од градовите е измерена во Тетово, и тоа -1 степен, а највисока во Гевгелија, и тоа 5 степени. Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Гевгелија, и тоа 26 литри на метар квадратен.На табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени до 7 часот утринава по градови и места во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР. Да напоменам дека температурите на Скијачките центри и на останатите планини насекаде се под нулата.Понатаму се очекува понатаможно заладување на времето, повремено со засилен северен ветер (повремено и локално со брзина од над 60 км/час), а ќе има и повремени врнежи претежно од снег, од локален карактер.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Внимание: Се очекуваат обилни врнежи, кој полека речиси насекаде ќе преминат во снег

Под влијание на длабок циклонски систем со центар над Северен Јадран и потоа над Средозејмето, поврзан со значително ладен воздух од север, во текот на оваа работна недела ќе имаме повремени врнежи, претежно од снег, но на почетокот во некои од пониските места ќе има врнежи од дожд, кој полека ќе преминуваат во снег.Од оваа ноќ, па во деновите потоа ќе дува повремено засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).На повеќе пониски места до крајот на оваа работна недела ќе се формира сннежна покривка од 5 до 10 сантиметри, а во западните и во источните предели понекаде до околу или над 20 сантиметри. На планинските места како и на Скијачките центри снежната покривкаvзначително ќе се зголеми и вкупо со новиот снег во следните денови таа ќе изнесува над половина метар, на повисоките надморски височини и до околу еден метар.Во Скопскиот регион со овој ладен и влажен бран од север ќе има повремени врнежи кој во следните денови ќе бидат од дожд и снег или повремено ќе преминуваат само во снег. Во делови од котлината, особено во повисоките предели од истата ќе се формира и помала снежна покривка, а поголема снежна покривка ќе има на околните планини. И во Скопје од оваа ноќ, па во следните денови повремено ќе дува засилен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина од над 60 км/час).Што се однесува до температурите, пред нас е значително постуден период со зимски температури, и тоа како што доликува за крајот на Декември месец. Наутро тие на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, а и преку ден тие ќе се искачуваат за некој степен над нулата, а понекаде тие ќе останат и до околу, па и под нулата, особено на повисоките населени места и на планините, и секако на Скијачките центри.Се предупредуваат возачите, и тоа доколку се движат низ планинските превои, да бидат крајно внимателни и тоа поради очекуваните обилни снежни врнежи и значителната снежна покривка, но и поради појавата на голомразица. Исто така Скијачитеда бидат крајно внимателни и да не се оддалечуваат на поголеми надморски височини и тоа поради намалената видливост која се очекува.Поради повремено засилениот ветер од северен правец кој се очекува во следниот период, се очекува и појава на снежни наноси, особено на повисоките места, планините и Скијачките центри.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Најладно во Берово: очекувајте снег и дожд

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)-7 Берово, -6 Попова Шапка, -5 Скопје-Петровец, -4 Крива Паланка, Битола, Велес, Демир Капија, Струмица, -3 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Штип, Кавадарци, Гевгелија, -2 Прилеп, Маврови Анови, Крушево, -1 Виница, 1 Претор, 2 Охрид.ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm)33 Попова Шапка, 28 Маврови Анови.ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВАВо првата половина од ноќта во најголем дел од земјава беше ведро, во југозападните делови умерено до значително облачно. Во втората половина облачноста постепено се зголемуваше. Утрово времето е променливо облачно, во крајните југоисточни делови со сончеви периоди, а по одделни котлини има појава на слаба магла. Дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.ВРЕМЕТО ДЕНЕСКАОблачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските, а на планините и повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните југоисточни делови (над 25 l/m2). На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места. Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне од 2 до 6 степени.Во Скопје облачно и студено со врнежи од дожд. Попладне во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува умерен југоисточен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.

Македонија | пред 1 година

sneg-partizanska-koli-skopje-2022

Длабок и многу ладен средоземен циклон во Македонија: обилни врнежи претежно од снег!

Во Македонија ќе настапи голема промена на времето која ќе донесе обилни врнежи претежно од снег, а во Повардарието и во крајните југоисточни предели ќе врне претежно дожд или повремено врнежите ќе бидат од дожд и од снег.Во поголем дел од Македонија ќе се формира снежна покривка, особено во западните и во источните предели каде се очекува висината на снежната покривка во овие делови и тоа во делови од градовите ќе биде со висина од 5 до 10 сантиметри, понекаде и до, па и над 20 сантиметри. На повисоките места, планините како и на Скијачките центри снежната покривка значително ќе се зголеми, и на планините и скијачките центри таа вкупно со новиот снег ќе изнесува локално и над па и до околу еден метар.Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец. А утре (понеделник) најпрвин тој ќе биде од југоисточен правец. Да напоменам дека во некои од пониските места (градовите) врнежите ќе бидат од дожд и снег, за потоа да преминат само во снег.Што се однесува до Скопје и околината, со овој голем влажен и ладен бран ќе има врнежи од дожд и снег, а во деновите од новата седмица се очекува да се формира снежна покривка на околните планини, како и во повисоките предели од котлината, а мала снежна покривка можно е да се формира и во делови од пониските предели од Скопската котлина. Повремено и во Скопје ќе дува засилен ветер од северен правец, а утре (понеделник) накратко тој ќе биде од југоисточен правец.Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, додека и преку ден тие ќе се искачуваат само за некој степен над нулата, а понекаде тие ќе останат и до околу, па и под нулата. Секако, на планинските места и на Скијачките центри тие преку целиот ден ќе бидат под нулата.Да предупредам дека поради очекуваните обилни снежни врнежи, препорачувам возачите да бидат крајно внимателни, особено доколку патуваат низ планинските превои каде ќе има многу снег, а се очекува и појава на голомразица поради ниските теммпоератури, а поради ветеро ќе има и појава на снежни наноси. Исто така на скијачите кои ќе бидат на Скијачките центри, им препорачувам да бидат крајно внимателни и да не се оддалечуваат на поголема надморска височина, и тоа поради намалената видливост која се очекува.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-59-1880PM

Студено време и покрај сонцето

Денешното неделно утро во Македонија донесе многу студено време, па така речиси насекаде температурите се спуштија под нулата, но времето засега насекаде е ведро и сончево, но полека од запад надоаѓа поголема облачност, која е знак на големата промена на времето која ја најавив и доаѓа веќе од утре (понеделник) уште од утринските часови.Најстудено утринава до 7 часот беше на Попова Шапка со измерена минимална температура од -8 степени. Од градовите пак најстудено во исто време беше во Крушево со измерени -6 степени, а највисока минимална температура утринава е измерена во Гевгелија, и тоа 3 степени.Во продолжение на табелата можете да ги погледнете и останатите минимални температури измерени утринава до 7 часот по градови и места во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.Инаку снежната покривка утринава до 7 часот изнесуваше 32 сантиметри на Попова Шапка, 29 сантиметри во Маврово, и 5 сантиметри на Ѓуриште.

Македонија | пред 1 година

planina-sneg-nevreme

Денешното утро донесе најниска температура од -6 степени, снежната граница се спушта

Денешното утро во Македонија донесе значително пониски температури, и тоа поради што од север започнува да се спушта значително постудена воздушна маса, која во текот на денов врнежи од снег ќе донесе понекаде и во градовите, особено во западните и во северните предели од Македонија. Во Скопје снег ќе врне на околните планини, како и во повисоките делови од котлината.Најниска температура од -6 степени ова утро до 7 часот е измерена на Попова Шапка, а во исто време од градовите најстудено е во Крушево со -1 степен. Највисока минимална температура ова утро до 7 часот е измерена во Гевгелија, и тоа 6 степени. На Попова Шапка снежната покривка изнесува 34 сантиметри, во Маврово 29 сантиметри и на Ѓуриште 7 сантиметри.

Македонија | пред 1 година

zagadeno-magla-15

Ноќеска дожд, денски магла - најладно е во Берово

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)-4 Берово, -3 Скопје-Петровец, -2 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Битола, Струмица, Демир Капија, Куманово, Лазарополе, Велес, -1 Претор, Крива Паланка, Штип, Кавадарци, Попова Шапка, 0 Прилеп, Гевгелија, 1 Маврови Анови, Охрид, Виница, 2 Крушево 4 Дебар.ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm)33 Попова Шапка, 24 Маврови Анови.ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВАВо првата половина од ноќта времето беше ведро, а подоцна облачноста се зголеми. На повисоките места дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец. Изутринава е променливо облачно со појава на магла по одделни котлини.ВРЕМЕТО ДЕНЕСКАПроменливо облачно, претпладне со магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 8 до 14 степени.Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот променливо облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Македонија | пред 1 година

271857943_429202012226785_3224409273442573984_n

Температурата до 13 степени: вакво ќе биде времето денеска

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)-4 Берово, -3 Битола, -2 Тетово, Скопје-Петровец, Маврови Анови, Демир Капија, -1 Велес, Прилеп, Струмица, Дебар, 0 Охрид, Крива Паланка, Штип, Куманово, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, 1 Претор, 2 Виница, Попова Шапка, 4 Крушево, 6 Гевгелија.ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm)34 Попова Шапка, 26 Маврови Анови.ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВАВо текот на ноќта по котлините се создаде магла и ниска облачност, а во останатите делови од земјата беше ведро и претежно тивко.ВРЕМЕТО ДЕНЕСКАНаутро ќе има појава на магла по котлините, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност поголема попладне. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.Максималната температура ќе достигне од 8 до 17 степени.Во Скопје наутро со појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност која ќе се зголеми од пладневните часови и ќе биде претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-59-1880PM

Во Скопје сонце и температури до 10 степени, а ноќеска најладно било во Берово со -6 степени

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)-6 Берово, -4 Тетово, -3 Скопје-Петровец, Битола, -2 Маврови Анови, Охрид, Прилеп, Демир Капија, Струмица, Крушево, Дебар, Велес, -1 Крива Паланка, Претор, Штип, Куманово, Кавадарци, 0 Скопје-Зајчев Рид, Виница, 2 Попова Шапка, 6 Гевгелија.ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm)40 Попова Шапка, 26 Маврови Анови, 3 Крушево.ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВАВедро, утрово е сончево со мала локална облачност. По одделни котлини има појава на слаба магла. Дува слаб до умерен ветер од северен правец.ВРЕМЕТО ДЕНЕСКАНаутро по одделни котлини со појава на слаба магла. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 8 до 15 степени.Во Скопје сончево со мала облачност и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Македонија | пред 1 година

ladno_toplomer_termometar_sneg_3454-678x381-1

Скоро низ цела Македонија има ниски температури утрово

Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и во Гевгелија.До 7 часот утринава највисока снежна покривка е измерена на Попова Шапка, и тоа 40 сантиметри, 27 сантиметри во Маврови и 5 сантиметри во Крушево.Во продолжение, на табелата можете да ги погледнете и останатите температури измерени ова утро до 7 часот по градови и места во Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања