ВРЕМЕ

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Најстудено во Берово со -1, преку ден до 16 степени: какво ќе е времето денеска

Во Македонија ноќеска преовладуваше релативно ладно и ведро време со мала облачност. Претежно е тивко, без позначаен ветер. Најниската температура е измерена во Берово, каде се спушти на –1 степен.Според метеоролошката карта, речиси на целата територија е забележано релативно ладно време, а на повеќе локации има појава на слана и мраз.Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. Наутро ќе има зголемена облачност, која постепено ќе се намалува во текот на денот. Ќе дува слаб северозападен ветер.Минималните температури ќе изнесуваат од –3 до 4 степени Целзиусови, а максималните ќе достигнат од 11 до 16 степени.Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за слаба магла. Температурите во Скопскиот Регион ќе се движат од 1 до 13 степени.Според најавите од УХМР, следува период на стабилно и релативно топло време со утринска зголемена облачност, која во текот на денот ќе се намалува.

Македонија | пред 1 месец

zima

До крајот на неделата: тивко, сончево и со магла по котлините

Во раните утрински часови температурите речиси насекаде во Македонија се над нулата, со исклучок на повисоките места и планините, каде што се движат околу или неколку степени под нулата. По котлините е застапена изразена облачност, како и појава на магла. Времето е претежно без значаен ветер.Државата се наоѓа под влијание на висок воздушен притисок, кој се протега од југ и условува стабилно и суво време, со магла и значителна ниска облачност во котлините.Во текот на утрото маглата ќе биде најприсутна во котлините. Преку ден ќе преовладува сончево и тивко време, освен во југоисточните делови каде ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.До крајот на неделата ќе продолжи влијанието на високиот воздушен притисок, со што времето ќе остане стабилно и релативно топло. Во претпладневните и ноќните часови по одделни котлини повторно ќе има појава на магла.

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-01-06-at-22.04.05

Балканот и Македонија со пролетни температури до 20 степени

Невообичаено топло време за овој период од годината ја очекува Македонија и целиот Балкан следната седмица. Според метеоролошките најави, во делови од земјава максималните температури може да достигнат, па дури и да ја надминат границата од 20°C.Стабилното и суво време ќе биде резултат на висок воздушен притисок и топол бран од југ, односно силно антициклонално поле што ќе се протега над целиот регион. Овие услови ќе спречат појава на врнежи, што значи дека неделата ќе мине со претежно сончево и топло време.Сепак, во котлините ќе биде поинаку: растот на температурите ќе биде ограничен поради појава на утринска магла и ниска облачност, кои во некои градови може да се задржат и преку целиот ден. Таму дневните температури ќе останат значително пониски во споредба со останатите региони.Топлиот бран не е изолиран феномен само на Балканот – голем дел од Европа ќе биде зафатен од невообичаено високи температури и стабилно време за овој период од годината.

Македонија | пред 1 месец

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Дожд, снег и зголемени водостои: Македонија под метео-аларм, апел за внимателно возење

Денеска целата земја ќе биде зафатена од интензивни врнежи од дожд. Најобилни врнежи се очекуваат во јужните региони, каде што локално може да паднат над 40 литри дожд за едно деноноќие. На планините над 1700–1800 метри дождот ќе преминува во снег.Ќе дува слаб до умерен ветер од северни и североисточни правци. Во Скопје времето ќе биде облачно со повремено пообилни врнежи од дожд, а дневната температура ќе достигне околу 9 степени. Во останатиот дел од земјата максималните температури ќе се движат меѓу 4 и 12 степени.Поради интензитетот на врнежите, целата држава е ставена под жолт метео-аларм, додека југоисточните предели се во портокалова фаза. Се очекува ново покачување на водостоите на реките и езерата, особено на југот, каде што постои ризик од локални излевања.Граѓаните, а особено возачите, се повикуваат на зголемена претпазливост и избегнување движење во близина на водотеци, со цел да се спречат несакани последици од можните нови поплавувања.

Македонија | пред 2 месеци

49939034_276406699699199_5996088938685530112_n_276406693032533

Ладен викенд со облаци и повремено провејување снег низ Македонија

Под влијание на релативно ладна воздушна маса што од север се спушта кон земјата, Македонија за време на викендот ќе ја очекува променливо облачно и релативно студено време со сончеви периоди. На планините над 1000 метри надморска височина локално ќе има повремено провејување снег, а слаби снегулки повремено се можни и под оваа кота, особено во западните и северните делови.Метеоролозите предупредуваат дека слабо провејување снег е можно и во некои повисоки населени места, при што повремено ќе се засилува и северниот ветер.Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерени сончеви интервали и со слаб до умерен северен ветер. На планините околу главниот град постојат услови за сосема слабо провејување снег.Температурите наутро ќе се движат од -3 до 5 степени, а преку ден ќе достигнуваат од 3 до 12 степени. Во Скопје утринската температура ќе падне до околу 3 степени, додека дневната ќе се искачи до околу 8 степени.

Македонија | пред 2 месеци

viber_image_2024-05-25_09-27-50-076

Облачно и дождливо денеска: температури од 6 до 15 степени, снег на планините од четврток

Македонија денеска ја очекува претежно облачно и свежо време, проследено со повремени врнежи од дожд. Минималните температури се движат меѓу 4 и 10 Целзиусови степени, додека дневните максимални ќе достигнат од 6 до 15 степени, зависно од регионот.Во Скопје времето ќе биде облачно со краткотрајни врнежи од дожд и слаб до умерен јужен ветер. Температурите во главниот град ќе се движат од утрински 6 до дневни 13 степени.Според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи, од денеска до сабота ќе преовладува облачно и нестабилно време со повремени врнежи. Во четврток врнежите ќе преминат во снег на планините, а дневните температури ќе опаднат за 4 до 6 степени во споредба со денешните.Стабилно време со разведрување и пораст на температурите се очекува од недела, кога облачниот бран постепено ќе се повлече.

Македонија | пред 2 месеци

275990230_1003645353594966_2316338568664831150_n

Многу дожд, но високи температури, во Скопје до 17 степени: Снег се очекува од понеделник на повисоките места

Според метеоролозите најмногу дожд вчера наврнало во Претор и Крушево 16 литри на метар квадратен, 12 литри во Маврови Анови, 10 во Берово, 9 во Прилеп, осум во Пожаране, седум во Тополчани и Струмица, шест во Виница и Попова Шапка, пет во Лазарополе и Штип, четири кај Зајчев Рид и Тетово, три литри во Гевгелија, Демир Капија, Крива Паланка и Битола, два во Велес и еден литар во Кавадарци.За денеска најавуваат дека времето ќе биде променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени.Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени.Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд. В петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд, над 30 литри на метар квадратен за 24 часа, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи.Од недела утринските и дневните температури значително ќе опаднат, а на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од слаб снег.

Македонија | пред 2 месеци

301161724_590774289354954_6823866186930323195_n

Пороен дожд утрово во Скопје, најавени обилни врнежи и силен јужен ветер низ државата

Утринава делови од Скопје беа зафатени од поројни дождови, по што продолжува периодот на нестабилно и влажно време што ќе ја погоди целата држава во текот на денот и ноќта. Во Скопје ќе биде облачно со повремени поинтензивни врнежи, а низ котлината ќе дува умерен, на моменти и засилен јужен ветер.Според најавите на метеоролозите, на повеќе локации ширум земјата врнежите ќе бидат пообилни и во едно деноноќие може да надминат 30 литри на квадратен метар. Можно е и формирање на краткотрајно невреме проследено со засилен јужен ветер, кој локално ќе достигнува над 60 km/h, како и повремена појава на грмежи.Температурите ќе варираат во широк опсег: минималните ќе се спуштаат до околу 6 степени, а максималните во појужните и пониските региони ќе достигнуваат и до 18 степени Целзиусови.Метеоролозите апелираат на внимателност, особено во сообраќајот, поради можни локални поројни врнежи, засилен ветер и привремено отежнати услови на патиштата.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryscu3im72f02r2nD1SC8

Силен јужен ветер го отежнува авиосообраќајот над Скопје, два лета пренасочени кон Приштина

Два вечерни лета на Визeр , кои требаше да слетат во Скопје се пренасочени во Приштина поради неповолни услови за слетување.Од Центарот за управување со кризи информираат дека причина е силен јужен ветер.Други два авиони се уште кружат и чекаат насока за слетување.Летовите од Берлин и Ајнховен околу 18:20 и 18:50 добиле насока да продолжат кон аеродромот во Приштина.

Македонија | пред 2 месеци

vrnezi-dozd-vreme

Обилни дождови, но топло, температурта во Скопје до 17 степени

Целата територија на Македонија денеска ќе биде во жолта предупредувачка фаза поради очекуваните обилни и поројни врнежи од дожд кои локално ќе бидат проследени со појава на грмежи и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Локално ќе наврне поголемо количество на воден талог за 24 часа (над 30 литри на метар квадратен дожд). Токму поради ова можни се  и локални поројни поплавувања.Според УХМР во за изминатите 24 часа до 07 часот во најмногу дожд наврнало:42 литри на метар квадратен во Струмица, 36 Гевгелија, 30 Пожар-Радовиш, 29 Претор, 26 Битола, 24 Крушево, 23 Тополчани, 18 Попова Шапка, Маврови Анови, 17 Прилеп, 16 Демир Капија, 15 Берово, 14 Пожаране, Виница, 12 Тетово, 10 Штип, Ѓуриште, 9 Лазарополе, Кавадарци, Крива Паланка, Кавадарци, Велес, 8 Скопје–Петровец, Куманово, 6 Скопје-Зајчев Рид.Сето ова е поради влијанието на серијата на влажни воздушни бранови од Медитеранот кои кај нас условуваат да имаме обилни и поројни врнежи од дожд.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС):6 Крушево, Маврови Анови, Лазарополе, 8 Претор, 9 Берово, Крива Паланка, Прилеп, Битола, 10 Тетово, 11 Скопје–Петровец, Скопје–Зајчев Рид, Кавадарци, Виница, Куманово, 12 Велес, Штип, 13 Гевгелија, Струмица, 14 Демир Капија.ВРЕМЕТО ДЕНЕСКАПретежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 18 степени.Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.

Скопје | пред 2 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-35-4260PM

Променливо облачно време со дожд и магла, до 21 степен

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно, со појава на утринска магла во пониските котлини. Попладне и во текот на ноќта се очекуваат локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи, а ќе дува слаб до умерен јужен ветер.Минималните температури ќе се движат од 1 до 8 степени, а максималните од 16 до 21 степен.Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, со слаба магла претпладне и повремени врнежи од дожд во попладневните часови. Ќе дува слаб југоисточен ветер, а температурите ќе се движат од 5 до 18 степени.Во наредните денови следува период на поголема променливост – утринска магла по котлините и повремени врнежи. Во вторник се очекува пад на дневната температура и северен ветер, додека во среда и четврток времето ќе биде стабилно и суво.Нови врнежи повторно се можни за време на следниот викенд.

Македонија | пред 3 месеци

casovnik

Од недела зимско сметање на времето

На 26 октомври во 03:00 часот по полноќ, Македонија преминува на зимско сметање на времето. Стрелките на часовниците ќе се вратат еден час наназад, па 03:00 биде 02:00.Со оваа промена, која се спроведува секоја есен според европскиот календар започнува периодот на пократки денови и подолги утрински светли часови.Поголемиот дел од дигиталните и паметни уреди автоматски ќе се приспособат на новото време, но сопствениците на аналогни часовници треба рачно да ги вратат стрелките за еден час.Со преминот на зимско сметање ќе добиеме дополнителен час сон, но сонцето ќе заоѓа порано.Европската Унија и понатаму размислува за укинување на сезонското менување на часовникот, но сѐ уште нема донесено заедничко решение.

Македонија | пред 3 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-44-2130PM

Сибирски студ во октомври, следната недела ќе имаме вистинска зима

Нов ладен бран од Сибир ќе го зафати Балканот на почетокот на следната недела, прогнозира Славчо Попски, нагласувајќи дека не очекува невообичаено ладно време за октомври. Ќе има услови за минусни температури и за појава на утрински мразеви. Продорот од Сибир може да доведе повторно до врнежи од снег, особено на повисоките  и на планинските места, па дури и во пониските области.„Што се однесува до времето во ноември месец, исто така очекувам чести продори на ладен воздух од Сибир кон Балканот и Македонија како и температури кои ќе бидат околу, повремено и потпросечни за ноември. Ла Ниња е доста активна на Пацификот па токму поради ова имаме вакво невообичаено ладно време уште од октомври месец и со појава на врнежи од снег.“Судејќи според моменталнитепрогнози, појава на врнежи од снег на повеќе пониски места може да очекуваме уште од месец ноември. Инаку, месец ноември на Балканот ќе биде поврнежлив со натпросечно количество на врнежи“, напиша тој.До недела 12 октомври. под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна  и сува воздушна маса времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Особено во Повардарието и во источните предели од нашата Македонија повремено ќе дува засилен ветер од северен правец. И во Скопје и околината следува период на стабилно, суво и на претежно сончево време со појава на мала до умерена локална облачност. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

Македонија | пред 3 месеци

Nevreme-skopje

Нестабилно и постудено време, можна и прва појава на снег на планините

Под влијание на циклон со центар над Џенова, во земјава следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат обилни и поројни, проследени со грмежи и засилен југоисточен ветер. Локално се очекува да наврне над 20 до 25 литри дожд на метар квадратен.И во Скопје и околината времето ќе биде променливо со врнежи, кои повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер.Истовремено, од исток и североисток ќе навлезе значително постуден воздух кој ќе предизвика пад на температурите за повеќе од 10 степени во однос на изминатите денови. Минималните утрински температури ќе се движат меѓу 5 и 14 степени, додека дневните максимални ќе изнесуваат од 13 до 20 степени. Во Скопје температурата ќе достигне до околу 16–17 степени.До крајот на септември и почетокот на октомври ќе преовладува постудено време од просекот, а според прогнозите, веќе следната седмица планините во регионот и во Македонија ќе ги добијат и првите врнежи од снег за оваа сезона.

Македонија | пред 4 месеци

Nevreme-skopje

Прогноза за викендов: нестабилно време со невреме и обилни врнежи

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи.На некои места процесите ќе бидат поинтензивни и ќе се развијат во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време (над 20 литри на метар квадратен), засилен ветер (над 60 километри на час) и изолирана појава на град.Во Скопје, кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината условите ќе бидат во форма на невреме.

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања