ВО ЖИВО

„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ВРЕМЕ

271937299_421026089809384_1880700475912930685_n

Овој викенд ќе биде натпросечно топло

„Под влијание на стабилна, сува и релативно топла воздушна маса од југ, овој врикед времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло, утре со појава на мала до умерена локална облачност“, најавува метео-прогнозерот Славчо Попоски.Тој додава:Утре особено Долж Повардарието ќе засилува ветерот од северен правец.Во Скопје и околината ќе имаме слично време, стабилно, суво и сончево, додека утре ќе засилува ветерот од северен правец.Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се спуштаа до околу, или малку под нулата. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 10 и 15 степени, додека во најтоплите југоисточни предели температурите би можело да надминат и 15 степени.Претежно стабилното и суво време ќе се задржи и во почетокот на следната недела.

Македонија | пред 2 години

IMG_1968

Натпросечно топло време и од следната недела

„Според најновите излези на нумеричките модели и истите кои се поклопија еден со друг, укажуваат на тоа дека за снег сепак ќе си почекаме во февруари“, вели метео-прогнозерот Славчо ПопоскиТој додава:Нумеричките модели и за следната недела укажуваат на натпросечно топло време, слично на сегашното и без снег, со услови за сосема слаб локален дожд во вторник.Додека подолго време моделите цртаа доста врнежи за следната седмица, работите се сменија.

Македонија | пред 2 години

vrnezi-dozd-vreme

Најава за голема промена на времето: од понеделник ќе има чести врнежи и повремено засилен ветер

„Искористете го максимално ова убаво време кое ќе го имаме до крајот на оваа недела, поради тоа што веќе од понеделник ни следува нова голема промена на времето. Ќе бидеме под влијание на нов циклон од запад и на серија на влажни воздушни бранови“, вели метео-прогнозерот Славчо Попоски и додава:„До крајот на ова недела наутро ќе биде постудено со минимални температури кој на повеќе места ќе се спуштаат до околу, или за неколку степени под нулата. Максималните дневни температури на воздухот пак на многу места ќе се искачат до околу, или над 10 степени, додека во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу 15-16 степени.Во текот на следната недела, односно веќе од понеделник влегуваме во нов циклонален и влажен период со чести врнежи од дожд ширум регионот, па така и во Македонија. Врнежите повремено ќе бидат обилни и проследени со засилен јужен ветер. На планините ширум регионот, па така и во Македонија повремено ќе има обилни врнежи од снег со што ќе дојде до формирање на нова снежна покривка.Како што веќе подолго време најавуваме, во последната декада од месец февруари би можеле да се соочиме со значителни количества на дожд и на снег, а снег би можело да има и во пониските предели (градовите) ширум регионот, па така и во Македонија“.

Македонија | пред 2 години

277468956_964835740838563_2359101997731838525_n

Овој викенд очекувајте силен јужен ветер, а потоа и валкан дожд

„Под влијание на циклон со центар над Џенова, за време на овој викенд ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 60/70 км/час)“, најавува метео-прогнозерот Славчо Поповски и додава:„Облачноста ќе се зголемува и во текот на оваа ноќ најпрвин во западните предели, а утре во најголем дел од Македонија ќе има врнежи од дожд и локално тие ќе бидат обилни (над 25 л/м2), а не се исклучува можноста и за ретка појава на грмежи.Поради изразеното јужно и југозападно воздушно стриење, од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и песок, па така и Атмосферата ќе биде заматена, а дождот кој ќе врне ќе биде валкан.Исто така Биометеото ќе биде многу неповолно, што значи дека кај метеопатите ќе се јават значителни здравствени проблеми.Во Скопје и околината исто така ќе дува засилен ветер од јужен правец, а во текот на ноќта кон утрешниот ден, како и утре ќе има врнежи од дожд кој повремено ќе бидат пообилни.Што се однесува до температурите, тие остануваат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени. Опаѓање на истите се очекува во текот на следната седмица, но и понатаму ќе бидеме далеку од она вистинско зимско време како што си личи за овој период од годината“.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Драстична промена на времето за викендов

„За време на овој викенд и тоа под влијание на длабок циклонски систем со центар над Џенова, кај нас следува голема промена на времето“, најавува метео-пронозерот, Славчо Попоски.„Најпрвин ќе дува засилен, до повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час). Во недела, како и во почетокот од следната седмица ќе има врнежи од дожд и истите локално ќе бидат обилни (локално се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог).Во Скопје и околината исто така ќе дува засилен ветер од јужен правец, а во недела, како и во почетокот на следната седмица ќе има повремени врнежи од дожд.НАПОМЕНА: Поради изразеното јужно и југозападно воздушно струење, од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и на песок, па така и Атмосферата ќе биде заматена, а дождот кој ќе врне ќе биде валкан.Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервлот од 12 до 17 степени.Поради големата промена на времето која не очекува, Биометеоролошките услови ќе бидат многу неповолни, па така кај метеопатите ќе се јават значителни здравствени проблеми“, додава тој.

Македонија | пред 2 години

IMG_4715

Почести врнежи и без екстремни студови - што нѐ очекува до крајот на февруари

Феноменот “Ел Нињо” под чие влијание сме во моментов, а носи потопло време, и секако ни донесе вистинска пролет во февруари, ќе продолжи се до крајот на летото или почетокот на есента, кога започнува ладниот феномен “Ла Ниња”.„Моите последни објави беа поврзани околу снегот, и дали истиот воопшто ќе го имаме оваа зима, барем засега нема никакви најави за снег, дури и во втората половина од овој месец барем според моменталните наблудувања и следења шансите за снег се многу мали кај нас, како и во поголемиот дел од Европскиот Континент. Но тоа не значи дека се до крајот на зимата ќе поминеме без студови па и без снег“, пишува метео-прогнозерот Славчо Поповски.Во март секако дека очекуваме повремени заладувања на времето кои би можеле да донесат снег. Генерално очекуваме натпросечно топло време се до крајот на оваа зима, без некои екстремни студови.„Што се однесува до врнежите, тие особено по 10 февруари, односно од овој викенд ќе бидат натпросечно високи, што значи дека влегуваме во циклонален, влажен и нестабилен период. Овој викенд ќе дува и силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час). Поради изразеното јужно и југозападно воздушно струење, од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и на песок, со што и Атмосферата ќе биде заматена, а дождот кој го очекуваме ќе биде валкан“, додава тој.Сепак и поркај оваа голема промена на времето, температурите како што кажавме ќе бидат натпросечно високи и на повеќе места ќе надминуваат 10 степени. Секако оваа промена лошо ќе влијае особено кај метеопатите, каде се можни поголеми здравствени проблеми.

Македонија | пред 2 години

vrnezi-dozd-vreme

Декември со снег

Декември веројатно и нема да донесе некои врнежи од снег во главниот град. Како што денеска изгледаат прогнозите, Скопје во последниот месец од годината го чекаат многу дожд и температури кои нема да бидат нешто претерано ниски.Оваа недела ќе ја завршиме во генерално врнежливо време. Утре се очекува некое мало разведрување но за викендот повторно ќе имаме дожд. Поради облаците, температурите нема да одат во минус во утринските часови а во текот на денот ќе се движат околу 10 степени.Релативно високи температури за овој период од годината се очекуваат и од понеделник. Речи си цела работна недела ќе ја поминеме со двоцифрени дневни температури и утрински кои ќе бидат неколку степени над нулата. Крајот на неделата се очекува заладување кога утринските температури ќе се спуштат и под нулата а дневните ќе се движат околу 6 степени. Во текот на оваа недела се очекува и дожд, особено на почетокот и пред стартот на викендот.Слични услови ќе имаме се до крајот на првата половина на месецот. Дожд ќе врне речи си секој ден а температурите и наутро ќе останат во позитива, а дневните ќе се движат околу 10 степени.Постудена воздушна маса се очекува во претпоследната недела од декември. Заедно со влагата во воздухот и во облаците можно е да провее и снег. Утринските температури ќе се спуштаат и до минус 6 степени а дневните ќе останат околу  2 степени. Во такви услови можно е на кратко да се задржи и снежна покривка бидејќи не се очекуваат некои интензивни врнежи.Последната недела од годината ќе биде генерално сува. Утрата ќе имаме температури од околу минус 7 степени а дневните ќе се искачуваат до 3.Новогодишната ноќ се очекува да биде сува со минимални температури околу нулата а максимални до 8 степени.Иако ваквите долгорочни прогнози не даваат прецизни податоци, сепак, она што сега се предвидува е дека повеќе снег во главниот град ќе има во јануари.

Македонија | пред 3 години

3

Променливо облачно со пороен дожд и грмежи

Променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степени. УВ=6Во Скопје променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Македонија | пред 3 години

277468956_964835740838563_2359101997731838525_n

Од сонце до дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 31 степен.Од понеделник следува период на стабилно време. Од денеска до вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе придонесе за намалување на температурата на воздухот.

Македонија | пред 3 години

sonce-so-termometar

Викендов ќе е пеколен, Владата препорача да се ослободат критичните категории граѓани од работа

Согласно добиените информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи, од 21 до 24 јули 2022 година дека територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури од портокаловата фаза, Владата донесе препораки за ослободување од работни обврски на најранливите групи на население, бремените жени и хронично болните лица.Во градинките се препорачува да не се практикува физичка активност на отворено и да не се изнесуваат децата надвор од 11:00 до 17:00 часот.Препораките важат и за единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, за пружање помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници, во регионите опфатени од топлотниот бран.Исто така се препорачува, работодавците да ги почитуваат законските обврски во насока на одредени технолошки и производни процеси, кои претставуваат дополнителен ризик за здравјето на работниците.Владата упати апел до јавноста и граѓаните за внимателно движење во шумите и избегнување дејствија кои на отворен простор можат да предизвикаат пожар.Со оглед на состојбата со корона вирусот и мерките кои се воведуваат за ограничување на изложеноста на граѓаните со цел спречување, внесување и ширење на коронавирусот, и поради можноста со претстојната исплата на пензиите да се зголемува изложеност на пензионерите како најранлива возрасна група, се предлага исплата на пензиите за јули 2022 година да се изврши во групи.Владата денеска ја разгледа и усвои „Информација на Министерството за здравство за преземените активности во врска со сторијата на Истражувачката лабораторија, емитувана на програмата на Националната телевизија на ден 17 јули 2022 година“.

Македонија | пред 3 години

DJI_0470.00_13_57_19.Still026

(ВИДЕО) Силни громови и невреме во Скопје

По Охрид и Тетово, силно невреме го зафати и Скопје. Громотевици, силен дожд и ветер ноќва го погодија главниот град. Скопјани се вознемирени од силните громови, по кои десетина пати се слушнаа силни пукања. За разлика од Охрид, во Скопје на паѓаше град. Невремето траеше половина час, по што остана само дождот.Центарот за управување со кризи ги повика граѓаните во земјава на внимателност од силно локално невреме и можни опасни порои од обилен дожд викендов.Од УХМР известија дека викендов земјава на места ќе биде зафатенa од метеоролошка нестабилност со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи и силен ветер, локално во форма на невреме, грмежи и можна појава на град. Во недела дневната температура ќе се намали за неколку степени, а од понеделник ќе се намали метеоролошката нестбилност и ќе преовладува потопло време.

Скопје | пред 3 години

3

Внимателно, времето ќе се менува

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер со брзина над 70 километри на час и појава на град, информираат од УХМР.Минималната температура ќе биде од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Македонија | пред 3 години

271857943_429202012226785_3224409273442573984_n

Пресврт на времето денеска

Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Поради разведрувањето утринските температури ќе бидат ниски за овој период од годината. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. УВ=7Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 24 степени.Ќе се задржи стабилно и утре со пониски утрински температури, а дневните од сабота ќе бидат значително повисоки. Локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи ќе има во недела.

Македонија | пред 3 години

271857943_429202012226785_3224409273442573984_n

Какво време да се очекува денеска

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Претежно во северните делови ќе има услови за краткотрајна изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 23 до 27 степени.Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб претежно југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 26 степени.Следува период на посончево време со повремено зголемена попладневна облачност проследена со услови за изолирана нестабилност, краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе се одржува потопло со температури кои од утре на повеќе места ќе надминуваат 25 степени.

Македонија | пред 3 години

3

Променливо облачно со услови за слаб дожд

Денеска времето ќе биде променливо облачно со услови зa слаб локален дожд, претежно во планинските подрачја.Ќе дува слаб ветер од јужен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.Во Скопје променливо облачно.Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 18 степени.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања