ВРЕМЕ

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Доаѓа ли ново невреме кон Македонија

Според нашата алатка НОТАС, за рана најава на нестабилност и невреме, до крајот на денов и вечерва, како и претстојната ноќ таа прикажува ниво 3 во Македонија, засилен ризик од појава на локално невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнеа, како и со појава на град.Препорачуваме крајна претпазливост во случај на појава на електрични празнења, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, автомобилите да се заштитат, односно да се подалеку од дрвјата.

Македонија | пред 1 година

nevreme

Се очекува локална попладневна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Денес и утре особено во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а не се исклучува можноста и за ретка појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.И во делови од Скопската котлина особено денес попладне и навечер ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени, додека во Скопје таа ќе се искачи до околу 23 степени.Поголема нестабилност со врнежи, грмежи и локално невреме очекуваме во вторник, но многу повеќе детали околу ова очекувајте во следните наши метео објави.

Македонија | пред 1 година

277468956_964835740838563_2359101997731838525_n

Даоаѓа невреме: дожд, грмежи, ветер

Утре во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда до петок под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер. Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање.Во Скопје утре времето ќе биде стабилно и релативно топло. Од среда во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време и засилен ветер.Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворенh простор и под осамени дрвја.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Денеска променливо облачно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, особено претпладне кога ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град.Во Скопје променливо облачно. Од претпладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.Минималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 11°C, а максималната од 15 до 23°C.Инаку утрово најниска температура во земјава од 2 степени Целзиусови е измерена на Попова Шапка и во Лазарополе.Следат Маврови Анови со 4 степени, 6 во Крушево, 7 Претор, 8 Крива Паланка, Прилеп, Охрид, 9 Берово, Битола, Дебар, 10 Скопје-Петровец, Тетово, 11 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Куманово, Демир Капија, Струмица, 12 Штип, Кавадарци, Велес и 13 степени во Гевгелија, соопшти УХМР.Најмногу воден талог за изминатите 24 часа е наврнат во Виница 28 л/м2.

Македонија | пред 1 година

vrnezi-dozd-vreme

Нестабилно време: Очекувајте невреме - локално се очекуваат поинтензивни aтмосферски процеси

Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на денешниот ден времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Локалано, и тоа особено во централните, како и во источната половина од државава процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со силни и чести електрични празнења, силен ветер и со појава на град. Токму поради очекуваната појава на електрични празнења, апелираме граѓаните да бидат крајно претпазливи, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.Во Скопје и околината исто така од пладневните часови ќе има појава на повремено пороен дожд, грмежи и засиллен ветер. Во делови од котлината можна е и појава на невреме, проследено со силен ветер и со појава на град. Температурата на воздухот денес во Скопје ќе се искачи до околу 23 степени.

Македонија | пред 1 година

277468956_964835740838563_2359101997731838525_n

Утре на повеќе места врнежи и грмежи: локално се очекуваат и поинтензивни атмосферски процеси, во форма на невреме

Под влијание на циклонска активност од запад, утре (четврток 2.5.2024) времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд во текот на претпладневните часови. Од пладневните часови на многу места ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Локално, и тоа особено во централните , како и во источната половина од државава процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме, проследено со силен ветер и со појава на град, како и со силни и чести електрични празнења. Токму поради очекуваната појава на електрични празнења, апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни, односно да не претстојнуваат на отворен простор и под осамени дрвја.И во Скопскиот регион утре од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можно е овие процеси да бидат застапени и во форма на невреме.Што се однесува до температурите, тие утре ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени. Во Скопје утре температурата ќе се искачи до околу 25 степени.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Какво време да очекувате на 1 мај: попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.Од пладневните часови се очекува изолиран развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста и за ретка појава на град. Нестабилноста ќе продолжи и во текот на ноќта кон 2 мај.Што се однесува пак до температурите, тие остануваат без промени и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.Во Скопје и околината исто така од пладневните часови се очекува локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилноста е можна и во ноќните часови према 2 мај. Температурата утре во Скопје ќе се искачи до околу 26 степени.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Очекувајте студено време со врнежи од дожд и снег на планините – дождвило ќе биде и во Скопје

Под влијание на влажен и студен воздушен бран од север и од северозапад, до крајот на денешниот ден времето во Македонија ќе биде облачно и значително постудено со врнежи од дожд кој на повеќе места ќе бидат обилни, па така локално ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог.На планините, и тоа особено во западните и во северозападните предели со надморска височина од над 1100-1200 метри ќе има врнежи од снег.На планините исто така очекуваме формирање на снежна покривка со висина од 5 до 10 cм, понекаде и до 15 cм, а на повисоките планини таа би можела да биде и поголема.Локално врнежите исто така ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи, како и со засилен ветер во зоната на нестабилност.Во Скопје и околината исто таоа очекуваме врнежливо време, а во делови од котлината ќе има услови и за појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Што се однесува до температурите за денешниот ден, тие ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени. Во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 12 степени.

Македонија | пред 1 година

plostad-vremenska-toplo-vreme-fontana-skopje

За викендов: Прекрасно сончево, летно-топло aприлско време – погледнете ги очекуваните температури

Викендов, и тоа под влијание на топлата воздушна маса која продира од северните предели на Африка, кај нас и понатаму ќе се задржи стабилното, суво, сончево и топло време за овој период од годината. Денес ќе има и појава на мала до умерена локална облачност, а исто така до крајот на денешниот ден, особено Долж Повардарието ќе дува повремено засилен ветер од северен правец.Што се однесува до температурите на воздухот, тие ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.Во Скопје и околината, исто така ќе имаме сончево и топло време. Денес со појава на мала до умерена локална облачност, а исто така до крајот на денешниот ден ќе засилува ветерот од северен правец. Што се однесува до температурата, таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 28 и 29 степени.

Македонија | пред 1 година

271390768_373459804110139_5169398056754971612_n

Од денес, па се до среда – Летото во Април продолжува

Во периодот од денешнит ден, па се до среда, територијата на Македонија и понатаму ќе се наоѓа под влијание на топлата воздушна маса од Африка, како и на стабилна и сува воздушна маса. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево, повремено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.Во Скопје и околината ќе имаме слично време, со температура која ќе се искачува во интервалот помеѓу 25 и 28 степени.Овие температури кои не очекуваат наредните три денови, секако и понатаму се натпросечно високи за овој период од годината.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-6680PM

Погледнете какво време нѐ очекува од утре, па се до среда

Продолжува периодот на стабилно, суво и претежно сончево време во Македонија и во следните три денови, односно во периодот од понеделник до среда. Температурите остануваат рано-летни и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.Само денес на повеќе места ќе биде ветровито, односно ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а попладнето е можна појава и на сосема слаб, локален и краткотраен дожд (ништо сериозно).Во Скопје исто така продолжува стабилното, суво, топло и сончево време, со засилување на ветерот од северен правец до крајот на денешниот ден. Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 26 и 28 степени.

Македонија | пред 1 година

AF5B8913-AAD4-498D-BB10-C77D5E0757F5

Дали кон средината, па и во втората половина на овој месец ќе ни биде присутен пролетниот планински снег

Дали од средината на следната седмица, односно некаде од среда, четврток ќе ни биде потребна потопла облека? А не како што се навикнавме уште од самиот почеток на оваа пролет, со лесна облека, дури некои граѓани и со куси ракави.Според она што повеќе нумерички модели го цртаат, од среда очекуваме постепена промена на времето и пад на температурите на воздухот. Поради пристигнување на поладен воздух од север, и тоа на загреана и топла Атмосфера, би можело да дојде и до локален развој на грмотевични облаци (или нестабилна облачност), проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.Во ваква состојба, не се исклучуваат ни локални поинтензивни Атмосферски процеси (во форма на невреме), па така е можна и појава на град во делови од Македонија.Според она што е достапно моментално на нумеричките модели, некаде кон средината, па и во втората половина на овој месец на планините ширум регионот, па така и во Македонија не се исклучува можноста да се случи да провее и по некоја пролетна снегулка.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Доаѓа лето во пролет -Температурите драстично ќе се покачат, и до 30 степени

Од денес, па се до крајот на оваа недела во Македонија следува период на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала локална облачност. И понатаму ќе го имаме ветерот од јужен и од југозападен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.Во деновите кои што се пред нас, како што и претходно најавивме, територијата на Македонија ќе биде под влијание на значително потопла воздушна маса која од северните предели на Африка ќе продре према нашите краишта. Температурите значително ќе се покачат и во следниот период тие ќе бидат значително над просекот за овој период од годината, односно тие ќе бидат рано-летни.Насекаде температурите низ Македонија ќе надминуваат 20 степени, понекаде тие ќе се искачат и до околу 25 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели од Македонија температурите ќе се искачат до околу 30 степени.Во Скопје и околината исто така ќе има многу сонце, но повремено ќе засилува ветерот од јужен и од југоисточен правец. Температурата во следните денови ќе биде рано-летна и ќе се искачува во интервалот помеѓу 23 и 26 степени.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-59-1880PM

Дали март ќе го испратиме со рано летни температури: Следниот викенд температури и над 25 степени

По променливото време кое не очекува од утре, проследено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, но накратко и снег на планините во понеделник, сепак по се изгледа месец март оваа година ќе го испратиме со рано летни температури на воздухот.Балканот и Македонија, следниот викенд би можеле да бидат зафатени од значлително потопла воздушна маса од северните предели на Африка која би условила температури дури и над 25 степени.Но најпрвин да измине најавеното променливо и врнеживо време во регионот, како и кај нас кое го најавивме за од утре, па потоа да се подготвиме за рано летни температури на воздухот, секако следниот викенд.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-22-at-08.04.13

„Метеоаларм.мк“ на Славчо Попоски со новитети и целосно нов дизајн

Познатиот метео-прогнозер Славчо Попоски го освежи својот портал meteoalarm.mk со нов дизајн и концепт од информативен и забавен карактер.Покрај добро познатите краткорочни и долгорочни временски прогнози од Македонија и пошироко, на Mетеоаларм.мк ќе има вести поврзани со метеорологијата и климатските промени, но и информации кои ќе бидат од помош на земјоделците, кои се спремаат за посев или жетва, авантуристи кои се спремаат за на плажа или некој планински врв.Посетете го meteoalarm.mk и пишете му на Славчо Попопски на Facebook или Instagram, или на slavcopoposki33@gmail.com.(ПР) 

Магазин | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања