ВРЕМЕ

Nevreme-skopje

Времето денеска во Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во западните делови ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Македонија | пред 5 месеци

fontana

Пеколно лето во Македонија: Во петок до 45 степени, од понеделник драстично заладување со дождови, ќе биде под 30 степени

Македонија ја очекуваат уште неколку дена екстремна горештина, со температури што ќе достигнат до 45°C, што ќе биде најтоплата точка на летото. Временската промена ќе настапи по викендот, со дождови и значително заладување.Од среда, 23 јули, до недела, 27 јули, се најавува стабилно, суво и исклучително жешко време. Утринските температури ќе се движат околу 20°C, додека дневните максимални ќе растат од 41°C во среда, 43°C во четврток, до рекордни 45°C во петок, 25 јули. Високите температури ќе продолжат и за време на викендот, кога во сабота ќе се измери 44°C, а во недела малку поподносливи 41°C.Промената ќе настапи во понеделник, 28 јули, кога се очекуваат локални врнежи и опаѓање на дневната температура до 35°C. Во вторник, 29 јули, дождовите ќе продолжат, а максималната температура ќе падне на 28°C, што ќе биде првпат по долго време под 30 степени.Граѓаните се советуваат да внимаваат на здравјето, да избегнуваат престој на сонце во најжешките часови и да внесуваат доволно течности, особено до крајот на неделата кога топлотниот бран ќе биде најинтензивен.фото: Unsplash

Македонија | пред 6 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-08-1140PM

Попладне дожд и грмотевици во Македонија

На територија на Македонија е присутна фронаталната долина, а на висина е присутен и поладен воздух.Во ваква ситуација, повторно денеска (петок 6 јуни) во попладневните и во раните вечерни часови, особено во централните и во источните предели од Македонија на повеќе места ќе се формираат фронтални влажни бранови кои ќе условат развој на грмотевични конвективни облаци од кои се очекуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилност.

Македонија | пред 7 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-57-7740PM

Без дождови и силни ветрови - времето денеска ќе биде до 28 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени.Во Скопје, сончево со мала до умерена, а кон крајот на денот со зголемена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 28 степени.

Македонија | пред 8 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-35-9400PM

Температури и до 30 степени - убаво време нѐ очекува викендов

Викендов територијата на Република Македонија ќе биде под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ. Во ваква ситуација, времето кај нас ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Повремено ќе засилува ветер од променлив правец.И во Скопје и околината викендов ќе имаме сосема слично време како и на другите места од нашата Македонија.Што се однесува до температурите, тие ќе бидат рано – летни и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Во Скопје и околината максималната температура викендов ќе се искачи до околу 30 степени.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2021-12-01-at-10.09.01

Прогноза за денеска и утре: Сибирски студ, па циклон и температури и до -10

Поради продор на многу ладен бран директно од Сибир кон Македонија, ќе дојде до формирање на секундарен снежен циклон, а температурите ќе опаднат за 10 до 15 степени во однос на оние кои ги имавме вчера. Токму овој циклон ќе условува пообилни врнежи кои на повисоките населени места и на планините, како и на скијачките центри, да преминуваат во врнежи од снег во повеќето пониски места (градови). Сето ова ќе биде проследено со повремено силен ветер од северен правец (над 65 км/час).Во понеделник (7 април) под влијание на многу ладниот воздушен бран со потекло од Сибир, ќе биде невообичаено ладно за месец април и со температури далеку под просекот за овој период од годината и истите ќе бидат пониски од просечните дури и за повеќе од 10 степени.Времето ќе биде променливо облачно со локално провејување на снег. Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).И во Скопскиот регион во понеделник (7 април) ќе имаме променливо и многу ладно време за овој период од годината. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.Што се однесува до температурите, наутро речиси насекаде тие ќе бидат негативни, односно под нулата и ќе има појава на мраз и температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2 степени, додека на планинските места тие ќе се спуштаат до околу -10 степени. Максималните дневни температури кај нас во понеделник (7 април) ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 10 степени. Во Скопје максималната дневна температура во понеделник (7 април) ќе се искачи до околу 6/7 степени.

Македонија | пред 9 месеци

Нема фотографија

Се очекува снег во источните предели од нашата Македонија

Денес (недела) ќе имаме повеќе облачност над Македонија, но студот полека ќе попушта. Во источните предели и тоа особено во вечерните часови и во текот на ноќта кон утрешниот ден (понеделник) ќе има послаби врнежи кои ќе бидат од дожд или од дожд и од снег во градовите а на повисоките населени места, и на планините ќе врне само снег. Ќе биде претежно тивко и без некој изразен ветер.Во Скопје и околината денес (недела) ќе имаме повеќе облачност.Што се однесува до температурите, тие во текот на денов ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени. Во Скопје максимумот на температурата денес ќе се искачи близу 10 степени.Слаби локални врни од дожд и од снег ќе имаме и утре во текот на денот.

Македонија | пред 11 месец

viber_image_2024-05-25_09-27-50-076

Температурите ќе одат до -20 степени: Ладно време го зафаќа Балканот и Македонија

Целиот Балкан ова утро има исклучително ладно време, а постепено облачноста насекаде се намалува. На многу места температурите во регионот се спуштаат до близу, па и под -10 степени. Во делови од Балканот температурите се спуштаат дури до, па и под -15 степени. Понатамошен пад на температурите ќе имаме и понатаму, па така во текот на следните утрини во регионот, како и во нашата Република Македонија има можност температурите да се спуштат и до близу -20 степени.Денес (19.2.2025 среда) од пладневните и попладневните часови во нашата Република Македонија ќе настапи целосно разведрување на времето, а ќе продолжи да дува повремено засилен ветер од северен правец, особено Во Повардарието и со брзина локално и повремено од над 60 км/час.Температурите преку денов на многу места ќе се искачат само за неколку степени над нулата, а само во југоисточните предели тие ќе надминат за некој степен над 5 степени. Сепак, да напоменам дека понекаде, особено на повисоките населени места, планините, секако и Скијачките центри температурите и преку денов ќе бидат негативни, односно под нулата.И во Скопје во текот на денов ќе настапи целосно расведрување на времето, проследено со повремено засилен ветер од северен правец.Од крајот на денов и во вечерните часови, кон утрешниот ден (четврток 20 февруари) температурите ќе бидат уште пониски од сега, што значи ќе имаме исклучително ладно време со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до близу -10 степени, локално и под -10 степени, а во Беровскиот регион, повисоките населени места, планините, и секако Скијачките центри температурите ќе се спуштат до близу -15 степени, а не се исклучува можноста тие да се спуштат и под -15 степени.

Македонија | пред 11 месец

sneg1

(Видео) Во Скопје снег: еве што да очекувате од времето деновиве

Полека од север кон Македонија пробива влажниот и ладен воздух, кој понатаму ќе условува кај нас врнежи од дожд, снег, северен ветер, како и зголемување и проширување на снежната покривка. Утрово, во Скопје има обилни паѓања на снег.Под влијание на руски поларен, но сув воздух, од среда, па во деновите потоа ќе имаме разведрување на времето, како и исклучително ниски температури на воздухот, особено наутро кога тие насекаде ќе се спуштаат под нулата, а на повеќе места тие ќе се спуштаат до близу, па и под -10 степени, додека во Беровскиот регион, на повисоките населени места, планините, како и на Скијачките центри, тие ќе се спуштат до, па и под -15 степени.Преку денот пак исто така ќе биде ладно, кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 7/8 степени во југоисточните предели од нашата Република Македонија.Што се однесува до Скопскиот регион, со овој поларен Руски бран, наутро температурите ќе се спуштаат до околу -7/-8 степени, а преку ден тие ќе се искачуваат до околу 5/6 степени.Токму поради овој продор на Рускиот поларен воздух кај нас, насекаде ќе имаме појава на силен мраз, особено во ноќните и во утринските часови.

Скопје | пред 11 месец

Screenshot-2024-01-08-at-09.56.05

Магла, зимски услови, влажни коловзи - состојба на патиштата

ЈП за Одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известува дека: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози„Намалена видливост поради магла до 100 м. има во К.Паланка,Страцин,Штип,Битола,Ресен,М.Брод и Плетвар.ЈП Македонијапат со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата.Исто така на располагање се и фирмите со кои соработуваме , како навремено би се справиле со снежните наноси.На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни“, веат од јавното претрпијатие.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-13-at-17.42.45

Ќе провејува и снег - детали за времето

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)-10 Попова Шапка, -7 Маврови Анови, Крушево, -6 Берово, -3 Битола, Дебар, Прилеп, Тетово, Крива Паланка, Претор, -2 Охрид, Виница, Куманово, Штип, -1 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Кавадарци, Струмица, Демир Капија, 0 Велес, 2 Гевгелија.НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 часа (во l/m2)2 Демир Капија, Велес, 1 Скопје-Петровец, Попова Шапка, Кавадарци, Берово, Тетово, Крушево, Дебар.ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm)60 Попова Шапка, 53 Маврови Анови, 36 Крушево, 28 Битола, 25 Дебар, 24 Тетово, 21 Штип, 20 Демир Капија, 18 Берово, Прилеп, 14 Претор, 12 Виница, Струмица, 8 Охрид, 4 Крива Паланка.ВРЕМЕТО ДЕНЕСКАПроменливо облачно и студено наместа со повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5 степени.Во Скопје променливо облачно и студено со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Максималната температура ќе достигне до 4 степени.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-08-at-09.56.05

Облачно и студено насекаде со врнежи од снег - временска и температури за денеска

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)-9 Попова Шапка, -8 Маврови Анови, -6 Крушево, -3 Крива Паланка, Тетово, Берово, Прилеп, Куманово, -2 Битола, Штип, Охрид, Дебар, -1 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Велес, Кавадарци, 0 Скопје-Петровец, Струмица, Демир Капија, 1 Гевгелија, 2 Претор.НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 часа (во l/m2)16 Дебар, 12 Маврови Анови, Охрид, 10 попова Шапка, Берово, 9 Крушево, Претор, 7 Крива Паланка, 6 Струмица, 4 Гевгелија, Битола, Демир Капија, 3 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Куманово, 2 Штип, 1 Кавадарци, Тетово, Виница.ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm)52 Попова Шапка, 35 Маврови Анови, 15 Штип, Дебар, 12 Ѓуриште, 11 Битола, Тетово, 8 Крушево, 5 Охрид, 4 Прилеп, 3 Куманово, 2 Скопје-Петровец, 1 Струмица, Демир Капија.ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВАОблачно со врнежи претежно од снег. Дуваше слаб до умерен, наместа засилен ветер од северен правец.ВРЕМЕТО ДЕНЕСКАОблачно и студено насекаде со врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни (локално над 40 л/м2). На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми (локално и над 50 см). Позначителна снежна покривка (над 20 см) ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси. Максималната температура ќе достигне од -3 до 4 степени.Во Скопје облачно и студено со врнежи од снег, повремено пообилни. Снежната покривка ќе се зголемува. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 0 степени.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-08-at-09.56.05

Предупредување: Од следните часови ни започнува силното снежно невреме

Од денешната саботна вечер започнува големиот снежен бран насекаде во Македонија, кој како што и претходно кажав ќе биде во вид на снежно невреме, што значи врнежите ќе бидат доста обилни и проследени со засилен ветер од северен правец (повремено со брзина од над 60 км/час), па вечерва, кон утрешниот ден (недела) врнежите насекаде во Македонија ќе преминуваат само во врнежи од снег.Насекаде низ Македонија ќе се формира позначителна снежна покривка, а поради засилениот ветер од северен правец ќе има појава и на снежни наноси.До понеделник наутро во најголем дел од Македонија, и тоа во градовите ќе се формира снежна покривка со висина до околу, и над 20 сантиметри, во повеќето градови и со висина од над 30 сантиметри, локално дури и над 40 сантиметри, а на планините и на Скијачките центри се очекува нов снег со висина од над 50 сантиметри, па дури до околу и над еден метар.Во Скопската котлина до понеделник ќе се формира снежна покривка со висина од 10 до 20 сантиметри, а во повисоките предели од колтлината, како и на околните планини таа ќе биде значително поголема.СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека не очекуваат обилни снежни врнежи насекаде во Македонија, на возачите им препорачувам да бидат крајно внимателни како управуваат со своите возила, особено доколку се движат низ планинските превои, каде поради ниските температури ќе има појава на голомразица. Исто така, Скијачите кои ќе се наоѓаат на Скијачките центри, ги советуваме да не се движат кон поголеми надморски височини поради обилните врнежи од снег и значително намалената видливост која ја очекуваме.

Македонија | пред 1 година

275180188_702022164305716_6556894355017446137_n

Што да очекувате викендов: Очекуваме снежна покривка од 50 сантиметри, па до еден метар

Под влијание на циклонска активност и на голем снежен и ладен бран кој ќе се формира над нашата територија, секако со продорот на многу поладен воздух од север, проследен со повремено засилен ветер од северен правец, од овој викенд, како и во почетокот на следната седмица ќе имаме обилни врнежи кои полека насекаде во Македонија ќе преминуваат во снег.Снежна покривка ќе се формира насекаде во Македонија, на повеќе места таа ќе биде позначителна и со висина од над 20 сантиметри, локално и над 30 сантиметри (во градовите), додека на планините како и на Скијачките центри се очекува нов снег со висина од над 50 сантиметри па до околу еден метар.Со овој многу ладен и голем снежен бран, снег и снежна покривка ќе се формира и во Скопје и околината, и тоа со висина од 10 до 15 сантиметри, можно е локално и повеќе, додека на околните планини таа ќе биде значително поголема.Што се ондесува до температурите, тие наутро насекаде ќе се спуштаат под нулата, а и преку ден тие на повеќе места ќе се задржат до околу нулата, а во делови од Македонија и под нулата, само во крајните југоисточни предели тие ќе бидат само за неколку степени над нулата. На повисоките населени места, планините, како и на Скијачките центри температурите постојано ќе бидат под нулата.Поради очекуваниот повремено засилен ветер од северен правец, се очекува и појава на снежни наноси, особено на повисоките населени места, планините, како и на Скијачките центри.

Македонија | пред 1 година

DSC_0046

Температура до 13 степени во Скопје: времето денеска

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)-7 Берово, -6 Скопје Петровец, Битола, Струмица, Тетово, -5 Штип, Велес, -4 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Кавадарци, Прилеп, Крива Паланка, -3 Гевгелија, -2 Маврови Анови, Претор, -1 Охрид, Виница, 0 Попова Шапка, 1 Крушево.ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm)47 Маврови Анови, 44 Попова Шапка.ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВАВедро и студено, на повисоките места со слаб до умерен ветер од променлив правец. Утрово во одделни котлини има појава на магла и во Демир Капија хоризонталната видливост е ограничена на 50 метри.ВРЕМЕТО ДЕНЕСКАСончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Максималната температура ќе достигне од 8 до 13 степени.Во Скопје, Сончево и претежно тивко со мала облачност. Претпладне во делови од котлината со појава на магла. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања