ЗАГАДУВАЊЕ

Screenshot-2025-09-03-at-18.41.43

Почна истрага: Откупувале железо и акумулатори и си направиле пункт на Вардариште кое нонстоп се пали

Со координирани дејствија на Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи, во изминатите два дена се извршени претреси на локацијата Вардариште. Обезбедени се докази кои создаваат основано сомнение дека три лица сториле кривично дело – загрозување на животната средина и природата со отпад.Обвинителството денеска поведе истрага и предложи на осомничените да им биде определен притвор поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на делото. Според обвинението, тројцата подолг временски период, заклучно со 2 септември годинава, на улицата „Зендел Џемаил“ во Скопје, создале диви депонии спротивно на прописите за заштита на животната средина, со што можеле да предизвикаат значително оштетување на почвата, воздухот и водата, како и опасност за животот и здравјето на луѓето.Осомничените вршеле откуп на старо железо, метални производи, стари акумулатори и обоени метали на импровизирани отпадни пунктови без регистрирано правно лице и без дозвола од Министерството за животна средина. Доказите упатуваат дека тие непрописно складирале и транспортирале отпад, со што директно влијаеле на квалитетот на почвата и воздухот, но и предизвикале закана по здравјето на граѓаните.

Македонија | пред 5 месеци

Vardariste-diva-deponija-3

Левица: Градоначалниците на ДПМНЕ четири години не преземаа ништо за Вардариште

Партијата Левица денеска соопшти дека изјавите на в.д. градоначалникот на Аеродром, Дејан Митевски, и на кандидатот Орце Ѓорѓиевски, со кои повторно ја отвораат темата за депонијата Вардариште, се „трагикомични и провидни“ и служат само за предизборни поени.„Вистината е јасна – проблемот со Вардариште може да се реши веднаш, доколку постои политичка волја. Владата на ДПМНЕ има целосна можност да одземе ингеренции и преку надлежните институции да интервенира. Министерството за внатрешни работи може да ги санкционира сторителите што палат, а инспекциските и управните органи имаат механизми за конечно решавање,“ се наведува во реакцијата.Од Левица прашуваат зошто градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите четири години не презеле ништо за решавање на проблемот и зошто ветувањата дадени пред изборите останале само на хартија.„Загадениот воздух што го дишат жителите на Аеродром и пошироко не смее да биде предмет на политички игри и маркетиншки трикови. Граѓаните не заслужуваат нови празни ветувања, туку итна и конкретна акција,“ порачуваат од Левица.

Скопје | пред 5 месеци

aerodrom-zagaduvanje-1

Иницијатива за флаер – дете со маска, симбол на протестот против загадувањето од Вардариште!

Сериозното загадување од депонијата Вардариште повторно го крена Скопје на нозе, а граѓаните на Аеродром почнаа да се самоорганизираат со повици за блокади и протести. Новото во нивните активности е што за прв пат направија и флаер за да ја зголемат видливоста на акцијата.На флаерот, кој е граѓанска иницијатива, е прикажано дете со гас-маска – порака колку е опасен воздухот и колку сериозно го доживуваат проблемот. Под слоганот „Стоп за екоцидот во нашиот крај! Бараме итно делување!“ се најавуваат секојдневни протести од 18 до 19 часот, на булевар АСНОМ и булевар Србија, пред мостот „Киро Глигоров“.Граѓаните кои го изработија постерот велат дека не им е целта да преземат нечие организаторство, туку да помогнат што повеќе луѓе да дознаат и да излезат на улица. „Ситуацијата нè засега сите нас и мора да се делува“, појасни еден од нив во објава на Фејсбук група, додавајќи дека планираат флаерот да го испечатат и да го залепат по влезови.Протестите се реакција на честото палење на депонијата Вардариште, за кое жителите тврдат дека предизвикува енормно загадување што го чувствува целиот град, а најмногу населбите во близина.

Скопје | пред 5 месеци

Ezero-mladost

Масивни наслаги од слузеста материја, можно присуство на цијанобактерии во Езерото Младост: Експертите предупредуваат, „капењето е забрането“

Водата во Езерото Младост не е безбедна за капење и рекреативни активности, предупредуваат здравствените власти. Граѓаните се советуваат да избегнуваат контакт со водата сè додека не се добијат дополнителни резултати од стручни испитувања.Според информации добиени од Центарот за јавно здравје, во езерото е забележан сериозен еколошки дисбаланс. Видлива е значителна појава на алги, формирање густа жолто-кафеава пена, како и масивни наслаги од слузеста и сунѓереста материја долж крајбрежјето – индикации што упатуваат на можно присуство на цијанобактерии, познати и како „сини-зелени алги“. Овие микроорганизми имаат способност да продуцираат токсични супстанции (цијанотоксини) кои можат да влијаат штетно врз здравјето на луѓето.Дополнително загрижува фактот што лабораториските анализи покажале присуство на амонијак во количини петкратно повисоки од дозволеното, што укажува на сериозно загадување, веројатно како резултат на испуштање на отпадни води или органски материи.Поради потенцијалните ризици по здравјето, особено за деца, лица со осетлива кожа и хронични болести, експертите апелираат да не се користи езерото за капење додека не се утврди безбедноста на водата.Очекувањата од надлежните институции се да реагираат итно, да спроведат подетални анализи и да преземат мерки за санација на состојбата.фото: Unsplash

Македонија | пред 7 месеци

skopje-zagadeno

Скопје урива светски рекорди - денес петти најзагаден град

Според податоците на платформата за мерење на загаденост на воздухот „Ај-кју ер“, Скопје и денес е најзагаден град во Европа и петти во светот.Утрово околу 10 часот и 31 минута, главниот град се искачи веднаш по Лахор, Делхи, Ханои и Чонгкинг.Со индекс од 165, воздухот во Скопје се нареди во категоријата на „нездрав воздух“, означена со црвена боја.Најзагадено е во Лисиче, а потоа е кај Ректорат и во Гази Баба.Веднаш по него, на шестото место во светот е Приштина со индекс од 160.Главен загадувач што е наведен се ПМ 2,5 честичките, чија концентрација е 74,9 микрограми на кубен метар, додека ПМ 10 честичките се со концентрација од 84,5 микрограми на кубен метар.Според упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација (СЗО), концентрацијата на ПМ 2,5 во Скопје во моментов е 15 пати поголема од годишната вредност.

Скопје | пред 1 година

skopje-vodno-zagadeno-magla

„Повеќе од 3.800 луѓе годишно во Македонија ги губат своите животи“: В сабота протест за чист воздух

В сабота почнува протестнинот марш „За чист воздух“ кој од Министерство за животна средина ќе продолжи преку Собранието, Владата и ќе заврши пред зградата на Град Скопје.Зад протестот стојат „Шанса за Центар“ заедно со повеќе граѓански организации. Од таму велат дека надлежните се уште не одговориле на барањата за чист воздух, по протестот што се одржа на 10 декември.„Протестираме бидејќи секоја година повеќе од 3.800 луѓе во Македонија ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните честички PM2.5. Ова претставува 17,7 отсто од вкупната смртност во државата. Особено загрижувачки е фактот дека едно од девет починати деца под една година го губи животот поради загадениот воздух“, се вели во повикот.Бараме од надлежните институции итно и системско справување со загадувањето на воздухот преку имплементација на овие ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните и драстично ќе го намалат аерозагадувањето, се додава во повикот.Протестот е поддржан и од „Зелен хуман град“, „Skopje Smog Alarm“, „Независни за Карпош“, „O2 Иницијатива“, „Зелените Од Гази Баба“, „Иницијатива за ослободување од еднократна пластика“, „НаТочак“, „Биди Зелен“ и „Слобода на Говорот“.

Скопје | пред 1 година

zagadeno-magla-15

Димитровски: Решавањето на проблемот со загадувањето се решава мултисекторски, сите сектори во управување на државата се вклучени за решавање на овој проблем

„За да почнеме да ги решаваме прашањата значајно е да ги идентификуваме кој се причините за ова загадување и ако со нешто може да се идентификува денес е дека генерално поголем дел од чинителите сметаат дека тие не се загадувачи. Треба да си ја преземе секој својата одговорност и секој да го сработи својот дел од прашањето“, истакна Даме Димитровски од Машински факултет УКИМ на денешната трибина на тема „Намалување на загадувањето, мерки сега“.Димитровски продолжи и додаде:„Загадувањето на воздухот во Скопје потекнува од многу извори меѓу кои затоплување на домаќинствата, индустриски процеси кои користат генерално цврсти горива, тежок транспорт кој користи дизел горива, ре-емисија на честичките од нехигиена на улиците и многу други“, вели Димитровски.Димитровски посочи дека проблемот со загадувањето се решава мултисекторски.„Решавањето на проблемот не може да се среди со една одлука или со еден акт или еден човек да го води процесот. Тоа мора да се реши мултисекторски, секој да си го земе својот дел од товарот“, вели Димитровски.Димитровски истакна дека сите сектори во управување на државата се вклучени за решавање на овој проблем.„Голем дел од тоа што треба да се сработи е идентификувано во една листа на 20-тина програми и во таа листа на програми се чинители на општини, министерство за енергетика, министерство за животна средина, министерство за земјоделие. Значи сите сектори во управување на државата се вклучени за овој проблем да почнат да го решаваат“, укажа Димитровски.

Скопје | пред 1 година

zagadeno-magla-15

Скопје на петто, Македонија на седмо место по загаден воздух: нездраво е да се дише

Македонија утрово е на седмото место по нивото на загаден воздух, споредено со останатите земји во светот. Истовремено, највисоко на листите е Скопје, кој се наоѓа на петтото место по загаден воздух.Ова го покажуваат страниците „IQair“ и „Waqi.info“ кои прибираат и сублимираат податоци од сите станици за мерење на квалитетот на воздухот. Воздухот во Скопје, според веб-сервисот, е нездрав за дишење.Според податоците на платформата Ај Кју Еар концентрацијата на ПМ2,5 честичките е зголемена за 15,7 пати над горната граница утврдена од страна на СЗО и изнезува 78,7 микрограми на метар кубен, а ПМ10 честичките се со концентрација од 83,9 микрограми.Од Град Скопје досега не испратиле ни соопштение, ни презентирале мерки што планираат да прават за да се справат со загадениот воздух. Во исто време, истите серивси често покажуваат дека жителите се гушат со загаден воздух.

Македонија | пред 1 година

IMG_2111

(Видео) Град Скопје тврди дека неселективно казнува загадувачи, екссоветникот на Данела сведочеше за притисоци врз инспектори

Инспекторатот за животна средина на Град Скопје тврди дека казнил над 30 лица за загадување на воздухот. Во соопштението споделуваат име само на една фирма.„Инспекцијата за животна средина на Град Скопје, по пријава на граѓани изврши вонреден инспекциски надзор на деловен простор на правниот субјект ГУДИСИМО ДООЕЛ во Гази Баба, каде утврди согорување отпад со што се загрозува животната средина и здравјето на граѓаните. Во рамки на вонредната контрола на терен инспекциските служби на Град Скопје констатираа дека правното лице спротивно на правилата за управување со отпад, во горилник покрај струготини согорува пластичен и друг неоргански отпад, за што му се изречени две казнени мерки“, пишува во соопштението од Град Скопје.Според нив, неселективно се казнуваат сите, кои не го почитуваат законот. Повика истото да го прави и Владата и ресорното министерство, со тврдење дека само инспекторите во Град Скопје - работат.„Инспекторите на Град Скопје продолжуваат со засилениот инспекциски надзор на терен 24 часа, со цел намалување на аерозагадувањето и заштита на животната средина. Неселективно се изрекуваат казни за сите што не го почитуваат законот, ја загадуваат животната средина и го загрозуваат здравјето на граѓаните“, додаваат од Град Скопје.Пред четири месеци, Умејр Мухамеди, екссоветник на Данела Арсовска во Град Скопје, сведочеше дека слушнал како секретарот Зоран Глигоров дека вршел притисок врз некој инспектор зошто сакал да казни фирма. Сведочењето погледнете го во поткастот „Претрес со Ландов“:?t=5771

Скопје | пред 1 година

zagadeno-magla-15

Разликите помеѓу Мој воздух/Aircare и другите апликации - На кој да верувате?

Креаторот на „Мој воздух“, Горјан Јовановски преку социјалните мрежи објасни зошто има разлики во податоците при следење на загадувањето на воздухот меѓу различните апликации.„Периодов добивам повеќе прашања околку податоците што апликациите за следење на загадувањето ги имаат, па да ги разјасниме работите:⁉️ Зошто гледам различни бројки на AirCare и IQAir?- AirCare користи EU AQI како основен индекс за загадување, додека IQAir користи US AQI. Тие се тотално различни скали (едната од 0 до 100, другата од 0 до 500), па затоа кога гледате US AQI бројките се поголеми. Ако сакате да ги споредувате апликациите, AirCare во менито од страна нуди можност да се смени апликацијата во US AQI.⁉️ Од каде доаѓаат податоците во апликациите?- AirCare користи податоци од државни и од волонтерски мерни станици, додека IQAir користи само државни, што значи помало покривање и помалку податоци кога државните ќе се расипат.⁉️ Зошто на IQAir гледам дека некои станици имаат податоци, а вие викате дека немаат?- Зошто IQAir ги покажува последните податоци измерени од една станица, без разлика колку се стари, дури и по 12 часа. Во AirCare штом повеќе од 60 минути немаме нов податок, ја обележуваме станицата дека нема вредност. Транспарентноста е клучна.⁉️ IQAir направи рангирање на Скопје на Х место во светот по загаденост!- И да, и не. Прво, IQAir јавно не ја кажвуаат нивната методологија на рагинрање на градови. Второ, Скопје често е на топ листи во Европа, но на светско ниво има огромен број на градови во земји како Кина, Индија, Пакистан што се далеку позагадени. Без јасна методологија на кои градови се рангираат, и како, и колку често, IQAir само си прават можност за реклама од медиуми.⁉️ Епа добро, на кое место е Скопје според загаденост?AirCare прави многу појасно рангирање на градови низ светот. Нашата методологија споредува моментална загаденост на градови кои имаат над 300.000 жители, и може да се види и во апликацијата и на веб страната: https://getaircare.com/web/⁉️ Ама апликација Х е од Швајцарија/Германија/Америка, сигурно е подобра?- Апликација е, не е кола 🙂“, се вели во објавата на Јовановски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-11-102055

Скопје најзагаден град а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух, велат од СДСМ

„Скопје утрово е повторно меѓу најзагадените градови во Европа а ниту градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ниту владата на Мицкоски не преземаат нешто за загадениот воздух“, велат од СДСМ.„ВМРО-ДПМНЕ е централна власт и локална власт во Скопје, има градоначалници и мнозинство во советите во Скопје, во Аеродром, Кисела Вода, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров и никој ништо не презема.Ветуваа многу, а не реализираат ништо, досега нема ниту една мерка за подобрување на квалитетот на воздухот.Каде се новите зелени површини кои ги ветуваа? Нема ниту нови дрвја ниту зеленило. Не се чистат депониите, не се чистат улиците, ѓубре на секој чекор, не гледаме ниту еден еколошки проект ниту пак има долгорочни мерки за намалување на загадувањето во Скопје.ВМРО-ДПМНЕ не смее да го игнорира ова важно прашање за здравјето на граѓаните и мора веднаш да преземе мерки против загадувањето“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања