ЗАГАДУВАЊЕ

Screenshot-2025-09-14-at-14.08.36

(Видео) Kако се гаснел пожарот во Трубаревo: „мирисот е намален, се работи на затрупување“

Командирот на скопската противпожарна бригада, Ѕвонко Томески, изјави дека пожарот кој избувна вчера попладне е ставен под контрола и оти интервенцијата била успешна, и покрај тоа што станувало збор за обемен и тежок случај.„Во 13:30 часот добивме повик за пожарот. Беше интервенирано со цел капацитет, иако еден час претходно имавме интервенција во Лисиче каде имаше поголемо опожарување. За брзо време имаше контрола на пожарот за тој да не се прошири. Се продолжи кон гаснење на самиот отпад. Поради обемот на пожарот беше побарана дополнителна помош. АД Окта ни излегоа во пресрет и АД Макпетрол кои ни дадоа пена за да спречиме ширење на пожарот. Беа активирани сите капацитети кои ги имаше Комунална хигиена за дотур на вода“, изјави Томески. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Тој нагласи дека пожарот зафатил голем простор, но со ангажман на дополнителна механизација и песок, бил локализиран уште во доцните вечерни часови. „Со новиот ден имавме нова акција со механизација, која ни помогна да го ставиме пожарот под контрола. Осумдесет отсто од периметарот околу опожарениот објект е покриен со песок. Ниту еден колега не е повреден, сите се вратени дома. Нема повреден граѓанин. Оваа интервенција ја оценувам како успешна. Вакви пожари се тешки и тешко се гаснат, но успеавме брзо да ги ставиме под контрола“, додаде тој.Според Томески, состојбата на терен е значително подобрена. „Мирисот е интензивно намален, го нема оној што беше на почеток на пожарот. Се надевам до крајот на денот целосно ќе е затрупана и нема да има исчадувања од неа“, порача командирот на скопската противпожарна бригада.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-14-at-14.06.21

Мицкоски: Пожарите се резултат на подметнувања и диверзии од центри на моќ, ќе има и во идниот период

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека сите лица кои се наоѓаат во близина на пожарот треба да ги следат препораките на надлежните институции и да бидат евакуирани.„Сите кои се на периметар од 100 метри треба да се евакуираат. Иако мерењата покажуваат дека нема вонредно големо загадување – ако вчера беше помеѓу 8 и 9, денеска е меѓу 5 и 6,“ рече Мицкоски.Тој додаде дека вакви пожари ќе продолжат да се случуваат бидејќи, како што нагласи, постојат центри на моќ во земјава и надвор од неа кои не сакаат Владата да успее.„Тие ќе продолжат да подметнуваат, тие ќе продолжат да лешинарат, а ние ќе работиме и ќе победиме,“ изјави премиерот, додавајќи дека имаат информации од каде доаѓаат потпалувањата – и од домашни и од странски извори.Во врска со лиценците за работењето на депониите, Мицкоски потсети дека актуелната важи од 2021 до 2031 година и дека компаниите декларирале дека ги исполнуваат условите. „Ако мене ме прашувате, тоа не се услови под кои треба да работат. Сите хибридни напади ќе ги таргетираат овие слаби страни,“ додаде тој.Мицкоски истакна и дека доколку државата имала функционални беспилотни летала, вакви ситуации ќе можеле да се спречат.

Скопје | пред 4 месеци

medziti-trubarevo

(Видео) Се појави Меџити во Трубарево: Фирмата има 10 годишна дозвола добиена пред четири години, загаденоста се мери

На десетина минути пред четири часот утрово, министерот за животна средина, Изет Меџити, до медиумите прати изјава снимена во Трубарево. Ова доаѓа откако попладнето, додека Скопје се труеше од пожарот во складот каде гореше опасен отпад, тој беше на партиски настан во Чаир. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)„Пожарот разбирливо предизвика загриженост. Фирмата има 10 годишна дозвола добиена во 2021 година. Повикувам за доверба во институциите. Министерството за животна средина со сите институции веднаш реагиравме и се е под контрола. Сите податоци од мерењето на квалитетот на воздухот ќе бидат јавни“, вели Изет Меџити, министер за животна средина.https://skopje1.mk/archives/348215https://skopje1.mk/archives/348256

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-14-at-09.20.24

(Видео) Снимки од утринава: пожарот во Трубарево е под контрола, спасени околни објекти

Пожарот што вчера избувна во магацин за отпад во скопската населба Трубарево е ставен под целосна контрола, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Според него, активно горење повеќе нема, но сѐ уште има силно чадење кое се пробива низ земјата и песокот на затрупаните делови, а останува да се дозатрупа уште еден дел од опожарената површина.Ангелов објави дека деталите ги пренесува преку видео-изјава снимена на самото место, додавајќи дека благодарение на брзата и пожртвувана реакција на скопските пожарникари и добро организираната акција, успеале да спасат неколку објекти чии дворови, но и самите објекти, биле полни со пластичен отпад. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)

Скопје | пред 4 месеци

pozar-trubarevo-52345

(Видео) Снимки од моменталната состојбата во Трубарево каде гори складиштето

Претставници на институциите и вечерва се присутни во кругот на складиштето „Ф-Групација“, каде продолжува гаснењето на големиот пожар што избувна доцна вчера и во кој гори канцероген отпад. Потрупувањето со ситна песок, според надлежните, дава резултати – ширењето на огнот е спречено, а пожарот се држи под контрола. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)На терен се работи со засилено темпо. Покрај министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на местото присуствуваа и скопските градоначалници, меѓу кои претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Обезбедена е дополнителна механизација и ситна песок за поефикасна работа на екипите. Во гаснењето учествуваат и противпожарни единици од повеќе градови.Во полициска станица во моментот се наоѓаат три лица поврзани со фирмата, кои даваат искази за околностите на пожарот. Постои сомнеж дека огнот е подметнат, а директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, случајот го оцени како „хибридна војна“.На сите лица кои активно учествуваат во гаснењето им беа поделени заштитни маски поради високото загадување на воздухот предизвикано од согорувањето на отпадот.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-23.43.52

(Видео) Новинарите го бараа министерот за животна средина

Министерот за здравство, Азир Алиу, прашан каде е минситерот за животна средина, Изет Меџити, кој наместо во Труберво каде гореше токсичен отпад беше на партиски настан, изјави дека материјалот од местото на пожарот е земен од акредитирана институција и најави дека официјалните резултати ќе бидат објавени во понеделник.„Од акредитирана институција е земен материјалот. До понеделник ќе имаме официјални резултати. Ќе ве известиме на прес-конференција“, рече Алиу.Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврди дека повеќепати разговарал со претставници од Министерството за животна средина, меѓу кои и со самиот министер и неговиот заменик.„Да, госпоѓо, кажав, неколку пати разговарав со министерот за животна средина, со заменик министерот за животна средина. Со луѓе за животна средина“, истакна Тошковски.Новинарите инсистираа да добијат одговор зошто ресорниот министер Изет Меџити не е присутен и зошто не се обраќа по повод еколошката катастрофа, на што Тошковски одговори: „Обратете му се, прашајте го, ви кажав дека неколку пати разговарав“.https://skopje1.mk/archives/348215

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-23.35.03

МВР влегува од куќа во куќа во Трубарево и евакуира: Жителите во радиус од 150 метри мора итно да ги напуштат домовите

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека полицијата од куќа во куќа ги известува жителите во најризичната зона околу пожарот дека треба да се евакуираат.„Припадници на МВР од куќа во куќа влегуваат и им кажуваат дека треба да ги напуштат. Најризичен периметар се на 150 метри од местото на пожарот. Веднаш се упативме кон домовите на луѓето. Министерството за здравство даде препораки за вакви кризни ситуации“, изјави Тошковски.Тој прецизираше дека на 150 метри од огништето е утврдено високо ниво на опасност. „Од 150 до 200 метри е средно ниво на опасност. Од 200 до 400 метри е ниско ниво на опасност. Над 400 метри не се утврдени загадувања кои би биле штетни. Тоа се информациите кои ги добивме“, додаде министерот.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-23.38.20

Се очекуваат нови пожари, оваа Влада има поголема проактивност со пожарите, рече Ангелов

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека сегашната Влада презела поинаков пристап во справувањето со пожарите и депониите во однос на претходната власт.„Морам да укажам дека претходната Влада во овој дел мене не ми давала задолженија, така што депониите ги немам работено како ЦУК. Депониите ги работеше локалната самоуправа. Оваа Влада направи чекор понатаму, именувајќи ме за командант. Оваа Влада покажува поголема проактивност од претходната Влада во однос на пожарите. И во претходната Влада сум имал одврзани раце, сум кажувал. Но сега има повеќе“, рече Ангелов.Тој нагласи дека последните пожари претставуваат хибриден настан: „Избувнаа денеска два пожари. Едниот во семенара каде имало пластичен отпад и во Трубарево, а сето ова додека гори Дрисла“, рече Ангелов, најавувајќи дека се можни и нови напади.„Очекуваме и нови напади (пожари), ќе се смири ситуацијата. Освен Јасен, немавме друга катастрофална состојба. Дојдете еднаш, посетете еден пожар“, додаде Ангелов.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-23.28.53

(Видео) Тошковски: „Не ми е срам што работам за својот народ, срам ми е што со години немаме капацитети“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека е на терен од првите моменти и дека презема сѐ што е во негова моќ за справување со катастрофалните пожари.„Бев во Оризари кај едно дете загинато во пожарот во Кочани, па во Кочани и запалив свеќе кај секое дете кое загина. Потоа од 16 часот сум овде и имавме состаноци со кризниот штаб, ЕБР, Специјалната единица, ПП единицата, Форензика, Крим техника... Преземам сѐ за да се справиме. Во контакт сме со домашни и меѓународни експерти. Дали ми е срам што работам за својот народ? Не“, рече министерот.На новинарско прашање дали се срами што е запалена депонијата Дрисла, Тошковски истакна дека таа се пали со години.„Срам ми е што морам да кажам дека ние со години немаме капацитети какви што треба да имаме. Но, не ми е срам што работиме со сите капацитети кои ги имаме“, додаде тој.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-23.22.01

(Видео) Вонреден прес на Тошковски: Пожарот во Трубарево е локализиран, нема страв од ширење – жителите во близина да ги напуштат домовите

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека пожарот кој избувна е ставен под контрола и дека на терен се ставени сите расположливи ресурси. Според него, гаснењето се одвива со ситна песок, а пожарот е локализиран и нема опасност од негово понатамошно ширење. Тошковски рече „вакви катастрофи се живото-загрозувачки“.„Радиационо зрачење нема. Во непосредна близина на пожарот има висока загаденост со штетни супстанци. На 400 метри од пожарот, не е евидентирано загадување. Препорачуваме на жителите кои се во непосредна близина да ги напуштат своите домови. Затоа се ставени на располагање капацитетите на Центарот за обука кој е во непосредна близина“, изјави Тошковски.Тој додаде дека во моментов се вршат разговори со три лица во полициска станица со цел да се утврдат причините и околностите за избивањето на пожарот.„Ваков тип на пожари не се изолиран случај кај нас. Ги имало во Литванија, Белгија, Велика Британија. Тоа укажува дека пожарот е глобален проблем и бара стандардизиран пристап со управување на ваков тип на отпад“, рече министерот.Тој и самиот призна дека гаснењето на овој пожар ќе трае.„Има 500 степени на 50 метри, воздушно од самиот пожар. Овде горат батерии... и за справување со истите бара посебен начин на делување. Од странски експерти беше препорачано затрупување со ситна песок“, додава министерот.

Македонија | пред 4 месеци

gjorgievski-orce

Ѓорѓиевски од терен: Во овој момент сведочиме на ужас кој не смее да се повтори

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека заедно со своите колеги е на терен од почетокот на големиот пожар што ја зафати околината на главниот град.„Во овој момент сведочиме на ужас кој не смее да се повтори, огромен пожар ја уништува животната средина и директно го загрозува здравјето на скопјани. Од самиот почеток, заедно со моите колеги Бобан и Дејан сме на терен и даваме сѐ од себе за да го ставиме под контрола овој разбеснет оган“, напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.Тој информира дека ангажирале општествено одговорни компании кои со машинерија и песок помагаат во затрупувањето, а во акцијата учествуваат и екипи на Противпожарната служба од Скопје и на Министерството за внатрешни работи. „Се користат сите расположливи сили за ставање под контрола на оваа катастрофа“, додаде тој.Ѓорѓиевски порача дека пожарот е „злосторство против народот и здравјето на луѓето“ и апелираше до институциите да постапат итно и безмилосно. „Скопје и неговите граѓани не смеат да се гушат во чад и отров. Ние остануваме на терен со луѓето сѐ додека пожарот целосно не биде изгаснат“, истакна тој.

Скопје | пред 4 месеци

pozar-trubarevo

(Видео) Снимки од моменталната борба со огнот во Трубарево - пожарот и натмау беснее

Со градежна механизација се потрупува локацијата каде половина ден беснее пожар. Ова е најбрз начин за да се гасне дел по дел локацијата. Вака се постапуваше и кога гореа други депонии во Скопје.Таму се присутни повеќе противпожарни бригади, со опрема и возила за гаснење. На терен не делуваат хеликоптерите и ер-тракторите бидејќи е ноќ. Истовремено се носи и ситна песок за гаснење.Главната цел, покрај гаснењето, е пожарот да не се рашири.Таму се присутни полициски службеници, но и неколку скопски градоначалници како Бобан Стефковски, Орце Ѓорѓиевски, Дејан Миткоски.. View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-17.05.27

Се дистрибуираат заштитни маски на жителите на Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското село Трубарево.Маските се ставени на располагање од ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, а дистрибуцијата ќе се реализира со поддршка на тимови од јавните претпријатија и Општина Гази Баба.Со оваа мерка се обезбедува навремена поддршка за локалното население, со цел намалување на непосредната изложеност на загадениот воздух предизвикан од пожарот.На лице место се присутни и две возила на итната медицинска помош, подготвени да интервенираат и да укажат соодветна здравствена помош како на пожарникарите, така и на граѓаните доколку имаат потреба.„Наш приоритет е заштитата на здравјето на граѓаните, особено во вакви кризини ситуации. Министерството и Институтот за јавно здравје ќе продолжат со координирани активности за да се обезбеди соодветна помош и поддршка на сите засегнати“, рече министерот за здравство, Азир Алиу.Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје ќе ја следат понатамошната состојба, со цел навремено преземање на сите потребни мерки за заштита на граѓаните.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2025-09-13-at-13.56.09

Доктор Чибишев алармира: Екстремно токсични гасови од пожарот со електронски отпад можат да го загрозат здравјето

Доктор Андон Чибишев изрази сериозна загриженост поради пожарот во фабриката за рециклирање електронски отпад, посочувајќи на високите здравствени ризици кои произлегуваат од согорувањето на ваков вид материјал.„Сериозно ме вознемири веста дека е запалена фабрика за рециклирање на електронски отпад. При горење на електронски отпад се ослободуваат голема количина на екстремно токсични гасови кои содржат јаглерод моноксид, јаглерод диоксид, флуороводород и пареи од тешки метали како олово, жива, кадмиум и арсен“, предупреди доктор Чибишев.Тој истакна дека овие гасови можат сериозно да го загрозат здравјето на децата, бремените жени и хроничните болни лица, особено оние со срцеви, белодробни и малигни заболувања.„Апелирам граѓаните да ги затворат прозорците, да не излегуваат надвор без посебна потреба и сите кои имаат во домовите прочистувачи на воздух да ги пуштат да работат со најголем капацитет“, додаде Чибишев.Апелот доаѓа во момент кога јавноста е вознемирена од серијата пожари во Скопје и околината, кои предизвикуваат ширење на токсичен чад и сериозни здравствени закани.

Македонија | пред 4 месеци

DJI_20250913161621_0169_D

Министерството за здравство со препораки за граѓаните поради загадениот воздух

Институтот за јавно здравје, преку Министерството за здравство, издаде низа препораки за заштита на здравјето на населението во услови на евентуално загадување на воздухот и можна изложеност на штетни материи, особено поради активните пожари и чадот што се шири над делови од Скопје.Граѓаните кои живеат во подрачја каде постои ризик од загаден воздух се советуваат да останат во затворени простории со затворени прозорци и врати, како и да ги исклучат системите за вентилација и климатизација кои вовлекуваат надворешен воздух.Особено ранливи категории се лицата со респираторни заболувања, децата, старите лица и бремените жени, кои треба да избегнуваат активности на отворено. При неопходно движење во близина на опожарени подрачја, се препорачува користење соодветни заштитни маски.Установите за згрижување стари лица се повикани да преземат дополнителни мерки за минимизирање на изложеноста на нивните корисници, а сите граѓани да бидат внимателни на симптоми како кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очи, нос и грло. При појава на вакви симптоми, се препорачува веднаш да се побара медицинска помош.Граѓаните исто така треба да се воздржат од контакт или приближување до отпад во погодените подрачја сѐ додека надлежните институции не дозволат пристап, како и редовно да ги следат официјалните информации и ажурирања за квалитетот на воздухот.Од Министерството потенцираат дека целта на овие мерки е намалување на непосредните здравствени ризици и заштита на целата заедница, додавајќи дека граѓаните мора строго да ги почитуваат инструкциите на јавноздравствените институции и службите за итна помош, вклучително и евентуални насоки за евакуација.

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања