Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ЗЕМЈОТРЕС

Нема фотографија

(Видео) Се урна фабрика во Тајван по земјотресот: Во неа имало 57 луѓе, од зградата не е останато ништо

Засега само едно лице е повредено, а останатите лица кои биле во фабриката се неповредениВо смртоносниот земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала во Тајван загинаа најмалку девет лица, а снимките од урнати згради го преплавија интернетот. Се урна и зграда на фабрика во градот Нов Тајпеј, изјави локалниот градоначалник.Во моментот на земјотресот во зградата имало 57 лица, потврди тој.„Три лица беа заробени внатре. Последниот беше спасен околу 11:57 часот по локално време“, додаде тој.Како што истакна, досега само едно лице е повредено, а останатите лица кои биле во фабриката се неповредени.На социјалните мрежи се појавија снимки од урнатата фабрика.Спасувачите и надлежните се на терен, додека теренот се расчистува.Од Централниот оперативен центар за вонредни состојби во Тајван, потврдено е дека досега се регистрирани 101 последователен потрес.Речиси 80 луѓе се затрупани во урнатините, а некои се заробени во згради и тунели низ градот, според властите, јавува Би-Би-Си.Најсилниот земјотрес што го погоди островот во последните 25 години е почувствуван и во планинската внатрешност на Тајван, кој предизвика огромни одрони.https://twitter.com/vioryvideo/status/1775401211023266161?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1775433057123664205%7Ctwgr%5Ebadee962a71d5b00af7d938a1d8421e24186bbba%7Ctwcon%5Es2_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3866485-srusila-se-fabrika-na-tajvanu-nakon-zemljotresa-u-njoj-bilo-57-ljudi-od-zgrade-nije-ostalo-nistahttps://twitter.com/vioryvideo/status/1775433057123664205?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1775433057123664205%7Ctwgr%5Ebadee962a71d5b00af7d938a1d8421e24186bbba%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fvesti%2Fsvet%2F3866485-srusila-se-fabrika-na-tajvanu-nakon-zemljotresa-u-njoj-bilo-57-ljudi-od-zgrade-nije-ostalo-nista

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Децата ги извлекуваат низ прозорците од зградите кои се уриваат, хаос на улиците во Тајван

Најмалку седум лица загинаа во разорниот земјотрес што го погоди Тајван. Овој земјотрес со јачина од 7,4 степени е оценет како најмоќниот што го погодил островот во последните 25 години, а доказ за тоа се бројните видеа снимени на социјалните мрежи.На една од снимките се гледа како маж се обидува да спаси деца од нешто што изгледа како урната зграда. Имено, тој низ прозорецот извлекува едно дете од урнатините.Еден од жителите на Оушн Каи рекол дека бил навикнат на земјотреси, но дека на почетокот потресите не биле интензивни. Меѓутоа, после тоа стана хаотично.„Штотуку станав од креветот кога полицата за облека и кабинетот паднаа“, рече тој. „Се преврте и полицата за книги“, додаде тој.Јапонија и Филипините ги укинаа предупредувањата за цунами, а претседателот Каи Инг-вен рече дека војската на Тајван ќе биде вклучена во спасувачките операции.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Силен земјотрес ја погоди Турција

Посилен земјотрес ја погоди Турција во 10:48 часот по локално време.Иако според првите проценки земјотресот бил пет степени според Рихтеровата скала, подоцна било соопштено дека земјотресот бил со јачина од 4,8 степени.Земјотресот е регистриран на 45 километри северозападно од Адијаман, на длабочина од 8 километри. Засега нема информации за штети или повредени.Жителите велат дека земјотресот бил добро почувствуван.„Ме разбуди“, „Навистина добро се тресеше“, „Траеше кратко, но беше интензивно“, наведуваат во коментарите на ЕМСЦ.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Речиси 80 луѓе се заробени низ Тајван, повеќе од 700 се повредени

Најмалку 77 луѓе останаа заробени низ Тајван по силниот земјотрес што го погоди источниот брег на островот, додека повеќе од 700 се повредени, соопшти Националната агенција за пожари (НФА).Според CNN, 97 згради биле оштетени низ островот, а околу половина од оштетените згради се наоѓаат во округот Хуалиен, во близина на епицентарот на земјотресот, според локалните власти.Четири згради во областа делумно се урнаа, рече окружниот судија во Хуалиен Хсу Чен-веи на прес-конференција во средата.Жителите на трите згради се безбедно евакуирани, додека операциите за пребарување и спасување продолжуваат во деветкатницата Уран, која е наведната десно по уривањето на приземјето, рече Хсу.Дваесет и две лица беа спасени од зградата на Уран, а се уште се во тек напорите да се контактира со еден преостанат жител, соопшти NFA.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Смртоносен земјотрес го погоди Тајван

Смртоносен земјотрес вчера го погоди Тајван, а според последните информации загинале најмалку четири лица.Повредени се над десетици луѓе, додека многумина се останати заробени во урнатините. Ова е најсилниот земјотрес што го погодил островот во последните 25 години.Погледнете го моментот кога разорниот земјотрес го сними автомобилска камера на автопат во источен Тајван.Вториот кадар бил снимен на базен, на покрив од зграда.https://twitter.com/_Mia_Riri_/status/1775379119725039805https://twitter.com/AajizGayoor/status/1775354531267907589

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Нов земјотрес ја погоди Грција

Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција.Како што пишува EMSC, земјотресот се случил на Крит, на 62 километри од Ираклион.Земјотресот е регистриран на длабочина од 16 километри.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција.Според EMSC, земјотресот е регистриран во регионот на Крф во 11 часот по локално време.Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Земјотрес попладнево во Србија

Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Крагуевац, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.На веб-страницата RHMZ е наведено дека земјотресот се случил во 12:20 часот по локално време, а дека теоретскиот интензитет во епицентарот бил проценет на IV-V степени по Меркалиевата скала.Како што додаваат, земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат многу мала штета на објектите во епицентралното подрачје.„Кратко, но добро, замавна на третиот кат“, велат жители на Крагуевац, а пренесува Телеграф.Тие наведуваат и дека земјотресот бил проследен со звук, исто како и ланскиот и дека тресењето навистина се почувствувало.Прво се слушна звук, а потоа силно тресење“, потврди жител на Крагуевац за Телеграф.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Земјотрес утрово во Грција

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово јужно од грчкиот остров Крф.Земјотресот се случил во 7 часот и 20 минути по локално време и бил почувствуван на островот, а епицентарот бил на длабочина од 9,2 километри, пренесува Катимерини.Грчката агенција за планирање и заштита од земјотреси (ОАСП) соопшти дека во раните утрински часови се случил уште еден земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 20 километри југозападно од островот Отони.Нема информации за штети во овие земјотреси.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Земјотрес утрово во Турција

Силен земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција, јавува EMSC.Земјотресот е регистриран во 08:55 часот по локално време на длабочина од осум километри.Земјотресот е регистриран на 30 километри од Бесни во Турција, односно на 55 километри од Кахраманмарас.Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Нов земјотрес ја погоди Црна Гора

Земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Црна Гора.Земјотресот бил почувствуван околу 11:10 часот, а длабочината на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, јавува EMSC.Епицентарот е регистриран на 77 километри од Подгорица.

Свет | пред 2 години

zemjotres-2-2

Нов земјотрес во Црна Гора

Уште еден земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Црна Гора.Како што пренесува EMSC, земјотресот е регистриран во 12:48 часот по локално време на длабочина од девет километри.Епицентарот на земјотресот бил на 7 километри од Плужине.

Свет | пред 2 години

Zemjotres-1

Се тресеше во Скопје и осум градови: земјотресот од Црна Гора дрмаше и во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава на 14.03.2024 година во 4 часот и 06 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 247 km северозападно од Скопје, во Република Црна Гора, со Рихтерова локална магнитуда ML5.3.Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот нема предизвикано значителни материјални штети. На територијата на нашата Република, земјотресот е почувствуван во северните и југозападните делови од Републиката,- Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Охрид, Струга и Ресен со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала,- Скопје, Куманово и Велес со интензитет од III степени според истата скала.

Македонија | пред 2 години

Zemjotres34

Сеизмолог од Црна Гора за земјотресот кој утрово го разбуди Балканот: Граѓаните се вознемирени, имало уште 30 земјотреси

Срѓан Цековиќ од Сеизмолошкиот институт на Црна Гора за РТС изјави дека секторот регистрирал посилен земјотрес од 5,4 степени според Рихтеровата скала кај Чароѓ.Како што потврди, длабочината на земјотресот бил на 14 километри под земјата. Цековиќ изјавил дека ваков земјотрес може да предизвика материјална штета.„Имавме многу повици, имаше вознемиреност. Доброто е што епицентарот бил во ненаселено место. Најсилно се почувствува околу Билеќа со интензитет од 6 степени“, вели Цековиќ.Тој посочи дека во Србија земјотресот најмногу се почувствувал во околината на Нова Варош, Нови Пазар и Пожега.Тој истакна дека главниот земјотрес бил проследен со уште 30 последователни потреси.Како што рече, засега нема извештаи за материјална штета.„Сите граѓани на Црна Гора и на целиот свет треба да научат да живеат со природни катастрофи, кога ќе се случи земјотрес нема место за паника“, вели Цековиќ.

Свет | пред 2 години

Zemjotres

Земјотрес во Косово

Земјотрес со јачина од 2,6 степени го погоди денеска Косово и Метохија, а епицентарот бил во околината на Пеќ на длабочина од два километри.Земјотресот се случил околу 13 часот и 12 минути, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).Земјотресот е почувствуван и во Косовска Митровица.

Свет | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања