Мигранти, враќање на Груевски, тендери, контроверзии, Влада! „Претрес“ на министерот Андоновски
4AU6H_PQ96M

земјотрес

Zemjotres-1

Се тресеше во Скопје и осум градови: земјотресот од Црна Гора дрмаше и во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава на 14.03.2024 година во 4 часот и 06 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 247 km северозападно од Скопје, во Република Црна Гора, со Рихтерова локална магнитуда ML5.3.Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот нема предизвикано значителни материјални штети. На територијата на нашата Република, земјотресот е почувствуван во северните и југозападните делови од Републиката,- Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Охрид, Струга и Ресен со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала,- Скопје, Куманово и Велес со интензитет од III степени според истата скала.

Македонија | пред 1 година

Zemjotres34

Сеизмолог од Црна Гора за земјотресот кој утрово го разбуди Балканот: Граѓаните се вознемирени, имало уште 30 земјотреси

Срѓан Цековиќ од Сеизмолошкиот институт на Црна Гора за РТС изјави дека секторот регистрирал посилен земјотрес од 5,4 степени според Рихтеровата скала кај Чароѓ.Како што потврди, длабочината на земјотресот бил на 14 километри под земјата. Цековиќ изјавил дека ваков земјотрес може да предизвика материјална штета.„Имавме многу повици, имаше вознемиреност. Доброто е што епицентарот бил во ненаселено место. Најсилно се почувствува околу Билеќа со интензитет од 6 степени“, вели Цековиќ.Тој посочи дека во Србија земјотресот најмногу се почувствувал во околината на Нова Варош, Нови Пазар и Пожега.Тој истакна дека главниот земјотрес бил проследен со уште 30 последователни потреси.Како што рече, засега нема извештаи за материјална штета.„Сите граѓани на Црна Гора и на целиот свет треба да научат да живеат со природни катастрофи, кога ќе се случи земјотрес нема место за паника“, вели Цековиќ.

Свет | пред 1 година

Zemjotres

Земјотрес во Косово

Земјотрес со јачина од 2,6 степени го погоди денеска Косово и Метохија, а епицентарот бил во околината на Пеќ на длабочина од два километри.Земјотресот се случил околу 13 часот и 12 минути, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).Земјотресот е почувствуван и во Косовска Митровица.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Земјотрес во Израел

Земјотрес со јачина од 3,8 степени е регистриран денеска на северот на Израел, соопшти службата за геолошки надзор на земјата.Земјотресот бил почувствуван во голем дел од северен Израел, објави „Тајмс оф Израел“.Нема извештаи за евентуална материјална штета или повредени, но жителите во тој дел од земјата велат дека се тресат згради и други објекти.

Свет | пред 1 година

zemjotres

Силен земјотрес го погоди популарното летувалиште во Италија

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Сицилија.Земјотресот е регистриран на длабочина од 243 километри, а епицентарот бил на 12 километри северно од Липари и 67 километри западно од Месина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Засега нема информации за материјална штета.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Загребчани се разбудија во страв и паника: Два земјотреси во главниот град на Хрватска

Околу два часот по полноќ, Загреб го потресоа два земјотреси. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) извести дека станува збор за земјотрес од 1,9 степени според Рихтеровата скала, а потоа и 2,7 степени според Рихтеровата скала.Земјотресите го разбудија Загреб и околните градови. Земјотресите ги разбудија и испаничија загребчани: ,, Колку тресеше. Како силна експлозија под куќата. Прво мал удар, по неколку минути силен удар и ја потресе цела куќа.Имаше силно тресење, грмежи, а потоа и гласно тресење”, коментираат граѓаните. По 7 часот земјотрес од 3,1 степен по Рихтеровата скала ја погоди и Босна и Херцеговина. Земјотресот бил на 29 степени од Мостар.

Свет | пред 1 година

272275387_469538504637781_7337616212632868526_n

Се тресеше во Струга, земјотрес регистриран во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 24.02.2024 година во 11 часот и 00 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 119 km југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML3.1.Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападниот дел од Републиката, во Струга и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Македонија | пред 1 година

Opstina_Ohrid_080

Се тресеше земјата во Охрид и Кичево

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Албанија во 06:32 часот по локално време, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија, епицентарот на земјотресот бил на 130 километри југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија. Потресот се осетил во Охрид и Кичево.Земјотресот бил на длабочина од 15 километри.

Македонија | пред 1 година

skopje-zemjotres2

Собранието денеска ќе одржи седница со која ќе се одбележи шеесетгодишнината од катастрофалниот земјотрес

Собранието денеска ќе одржи седница со која ќе се одбележи шеесетгодишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година.По оваа седница Собранието ќе ја продолжи 121. седница.На 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје, со помали потреси до пет часот и 43 минути. Животот го загубија 1.070 лица, а 3.000 беа повредени. Над 200.000 луѓе остана без покрив над главата.

Скопје | пред 2 години

zemjotres-2-2

Земјотрес во Штип

Околу 3 часот по полноќ земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во штипското подрачје.Според првичните информации, земјотресот се случил во 02 часот и 41 минута.Епицентарот е кај градот Штип на длабочина од 1 километар.

Македонија | пред 2 години

Zemjotres34

Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава 24.08.2022 година регистрираше земјотрес 115 km источно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Пехчево.Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 7 часот и 34 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.9 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, Земјотресот беше почувствуван од населението во Пехчево, Берово и околината.

Македонија | пред 3 години

Zemjotres34

Земјотрес почувствуван во Македонија

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML 2,4 степени  е регистриран денеска во 20 часот и 17 минути, на 25 километри југозападно од Тетово во пограничното епицентрално подрачје Тетово-Гостивар.Земјотресот бил на длабочина од 2 километри.На земјотресот му претходеле уште два со јачина од 2.6 и 2.2 степени според Рихтер.

Македонија | пред 3 години

Zemjotres34

Земјотрес во Македонија

Утрово во Македонија беше почувствуван земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтер.Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 2 километри, на 12 километри од Тетово.

Македонија | пред 3 години

Zemjotres34

Земјотрес во Македонија

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML 2.8 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, на 115 км југоисточно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Пехчево-Кресна, регистрираше изутринава во 6:36 часот телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево.Ова го соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје од каде посочуваат дека земјотресот бил почувствуван во Делчево, Берово и Пехчево.

Македонија | пред 3 години

262886969_215755700709339_3424351090063217574_n

Силен земјотрес почуствуван во Скопје

Силен земјотрес се почуствува во Скопје. Жителите, особено оние кои живеат во згради, се исплашени од силината на потресот.Според информациите од глобалните апликации за регистрирање на земјотреси, станува збор за потрес од 5,2 степени по Рихтеровата скала, регистриран во Босна и Херцеговина. Локацијата е 44 километри од Мостар.Поради силината, земјотресот е почуствуван и во Србија, како и Словенија.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања