Промени тема
Контакт

Пациентка со рак бара помош: „Нема хемотерапија на Онкологија, лековите ги купувам од други држави“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-library0i54nto5gv3r9LhTi4X

Повторно недостиг на хемотерапија во државната Клиника за онкологија. Овој пат јавноста е потресена од апелот на 46-годишната Данјела Јакимовска, пациентка со рак, која вели дека е принудена лековите да ги купува од други држави за да ја продолжи борбата за живот.

— реклама —

„Апел за помош. Драги добри луѓе, имам многу да кажам, а не ми излегува ниту еден збор од душата. Во тешка ситуација сум, потребна ми е финансиска помош. Не барам милостина, барам шанса за живот. На мои 46 години се разболев од рак на дојка. Поминав сите тие хемотерапии и баш кога помислив дека се спасив, за неполна година ракот се врати во многу поагресивна форма како метастази на црн дроб“, напишала таа во својот јавен апел.

Јакимовска вели дека последната година е постојано на хемотерапија, но дека лекови на Онкологија веќе нема и таа е принудена да ги купува од странство.

— реклама —

„Скоро сите испитувања ги правам надвор од Паланка, дел и приватно. Хемо нема на Онкологија, купувам од други држави, реагенси за тумор маркери нема, и тоа го правам приватно, а уште многу други давачки... Моето семејство веќе не е финансиски моќно да го издржи овој товар. А како да се откажам од желбата за живот“, пишува таа.

— реклама —

Апелот на пациентката повторно го отвора прашањето за хроничниот недостиг на лекови и терапии на Клиниката за онкологија, проблем кој директно ги загрозува животите на пациентите и ги принудува да бараат спас надвор од јавниот здравствен систем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Минатата година имало околу 1.000 нови случаи на рак на дојка, на Онкологија се лекуваат 7.000 пациенти

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
nino-vasev

Продолжи судењето за „Онкологија“: Судот го одби барањето на Васев за изземање на техничкиот советник на Обвинителството

Македонија | пред 3 седмици

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Пациенти алармираат дека недостигаат онколошки терапии, директорот: Испораките доцнат од дистрибутерите

Македонија | пред 1 месец

2_99

„Доцнењето на дел од лековите е надминато, терапијата не беше прекината“, велат од Клиниката за онкологија

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања