Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Македонија може да остане без уште еден пилот за гаснење пожари, флотата ќе остане со двајца редовно вработени и двајца ангажирани пензионери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
20210715201822_369148

Дирекцијата за заштита и спасување за „Скопје1“ потврдува дека постои можност пилотот Метотка Стојанов да замине од нивната институција. Според информции кои протекоа во јавноста, тој оди за Луксембур.

Дали сигурно ќе оди, тоа по празникот, конкретно за два дена ќе биде точно конкретизирано, значи во вторник“, велат од ДЗС за „Скопје1“.

— реклама —

Од институцијата посочуваат дека и минатата година Стојанов имал понуда за заминување во странство, но тогаш останал во Македонија по барање на директорот Стојанче Ангелов.

— реклама —

„И лани имаше таква понуда пилотот Метотка Стојанов, но на замолница на Ангелов тој остана во Македонија и тогаш беше единствениот вработен пилот за летање со противпожарен авион ‘ер трактор’ во државата, конкретно во ДЗС“, велат од институцијата.

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, за „Скопје1“ изјави дека веќе е во тек постапка за вработување на уште еден пилот, кој наесен ќе биде испратен на дообука за управување со противпожарните авиони „ер трактор“.

— реклама —

Според информациите, редовно вработените пилоти во ДЗС земаат плата од околу 2.600 евра.

Во јавноста претходно се појавија информации дека Стојанов се приклучува на приватната компанија „Aquarius aff“ од Луксембург, специјализирана за противпожарна авијација. Компанијата располага со флота од авиони „ер трактор“, како и сопствен тренинг и логистички центар.

Македонија и ова лето се очекува да се соочи со висок ризик од пожари, а темата за бројот на пилоти и подготвеноста на системот повторно се отвора во јавноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaf06b02skulsc0xtRNj

(Фото) Над 1.700 гранати пронајдени и отстранети на Тумбе Кафе во Битола

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library04rijhv6s9bu8t48yHZ

Се трага по исчезнато лице долж Вардар во Гостиварско

Македонија | пред 1 седмица

Internet

Речиси 94 проценти од населението во Македонија користи интернет

Македонија | пред 2 седмици

media-librarygqgq9g3hmg3ddqQwzHe

Во август одобрени 333 градежни проекти, вредноста на градбите над 350 милиони евра

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања