Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„По 6 месеци од најавуваните скандали за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал, ДЗР потврди дека парите се за македонската економија“, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryo7op4nfl0vuoanAAOy0

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата на опозициската СДСМ за наводни криминали поврзани со унгарскиот кредит, оценувајќи дека по шест месеци од најавите за скандали, нема докази за незаконско работење. Како поткрепа на своите тврдења, тој го посочи извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР).

— реклама —

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, Мицкоски реагираше на критиките од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за поврзувањето на актуелните политички случувања во Србија со Владата и со премиерот.

— реклама —

„Истото го зборувавте и за Орбан пред шест месеци, истите прес-конференции од А до Ш. Тогаш велевте дека ќе се откриеле криминали на Мицко со Орбан. Но, поминаа шест месеци и се откри една работа – дека сме земале добар финансиски кредит од Унгарија“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека средствата биле искористени за поддршка на домашната економија и стопанството, а дел биле наменети за отплата на еврообврзница во вредност од половина милијарда евра, издадена од претходната влада.

— реклама —

Според Мицкоски, извештајот на ДЗР потврдува дека средствата од кредитот биле наменети за економскиот раст и поддршка на македонските компании.

„Во овие шест месеци нема ни ‘К’ од криминал, туку потврда дека оваа влада за оваа држава направила добро дело“, порача премиерот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygl20rehd1fgd4HJJ9Ec

Мицкоски: Јас сум за отворање рудник за антимон во Крстов Дол, ист став има и вашиот градоначалник на Крива Паланка

Македонија | пред 17 минути

— реклама —
media-library31b5tu89ga0kfshDqlp

„Целта е да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот“, вели Мицкоски

Македонија | пред 2 дена

media-librarynf34ikpmoc9gcUHJXE8

Мицкоски му се јавил на Срдановиќ по победата во Србија: „Му честитав и му посакав успех“

Македонија | пред 2 дена

media-libraryqjpvfkvd9plb11Q6MZr

Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат и на зајакнувањето на партнерствата со европските лидери

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања