Промени тема
Контакт

По трагедија, повторно немарност: Во држава каде 18.000 денари ваучер се продава без фискална, нема лекција што ќе помогне

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Коментари
media-libraryldqcnsq4pt6tbH4sBCx
Скопје1.мк

Инфлуенсерката и критичарка Ина Многуфина остро реагираше по вчерашната контрола во ноќен локал во Кавадарци, каде што настапувал пејач кој, како што таа вели, „пијаниците го нарекуваат ѕвезда“.

Според неа, инспекциите утврдиле дека максималниот дозволен капацитет на локалот е 200 гости, а во моментот внатре имало околу 500 лица. Неофицијално, во објектот се продавале ваучери по цена од 18.000 денари – без фискални сметки – а настапот бил организиран и без соодветна дозвола.

— реклама —
— реклама —

“И покрај трагедијата во Кочани на овој народ не му иде памет. Вчера на тоа настапот во Кавадарци на оноа што пијаниците го викаат ѕвезда, влегле контроли веројатно на големо изненадување на газдата и му нашле дека максималниот капацитет на гости е 200, а во моментот во локалот имало 500 гости. Неофицијално, во локалот се продавале ваучери за 18.000 денари, без фискални сметки. Плус оноа бил без дозвола на настап. Пазарче тезгиња бизнис. Единствено овде ми е позитивно што влегла контрола и се надевам не е популистичка мерка за време на судењето за Пулс, туку стварно ќе работат по закон, а не по "ќе средиме" за мочан саат од 100 евра. А газдата на локалот и сите газди на локали кои мислат дека се локал фраери над законот би им препорачала убаво да го следат судењето на газда Деко”, напиша таа.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryud1avkdlctcq5aic5KA

На 5 септември во Струмица ќе биде откриено спомен-обележјето во чест на Џоко Ѓоргиев и 64-те жртви од трагедијата во Кочани

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryrf2velsqc0db2SOmeOi

Софија го драматизира случајот со Ива Михаилова од Кочани: Шест бугарски пратеници дојдоа на судењето

Македонија | пред 1 седмица

media-librarydudnu89ihnv54HffOaA

(Видео) Невремето направи хаос во Кочанско: Ветерот откорна кров, сопственикот бара помош

Македонија | пред 2 седмици

media-librarymg4hvid9deuccAiKZrS

„Одолжувањето нема магично да создаде аргументи“: Реакција за судењето за трагедијата во Кочани

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања