Промени тема
Контакт

Поевтинуваат бензините, но дизелот поскапува за половина денар, ова се новите цени од полноќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Регулаторната комисија за енергетика денеска донесе нова одлука со која малопродажните цени на горивата се коригираат. Бензинските деривати поевтинуваат за половина денар, додека дизелот поскапува за иста сума. Просечното намалување кај сите нафтени деривати изнесува 0,55 отсто.

Според новиот ценовник, литар ЕУРОСУПЕР БС–95 ќе чини 75 денари, ЕУРОСУПЕР БС–98 се утврдува на 77 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува на 73 денари за литар. Цената на екстра-лесното масло за домаќинство останува непроменета – 69,5 денари за литар.

— реклама —

Мазутот М-1 НС, пак, се намалува за 0,756 денари по килограм и новата цена ќе биде 34,865 денари.

— реклама —

Од РКЕ објаснуваат дека светските цени на бензините во последната пресметка паднале за просечно 1,335 отсто, додека дизелот регистрирал пораст од 1,379 отсто. Екстра-лесното масло е поскапо за 0,51 отсто, а мазутот поевтин за 3,089 отсто. Денарот забележал минимално зајакнување кон доларот од 0,0455 отсто.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8n0oabh5gqo69ZShCPd

Храната повторно поскапува, глобалните цени ќе скокнат над 10%

Свет | пред 1 седмица

nafta

Цената на нафтата над 90 долари поради тензиите меѓу САД и Иран

Свет | пред 1 месец

media-library3q60lle3ri7hcea4HuW

Нафтата нагло поскапе, но САД повеќе не трпат последици како порано

Свет | пред 2 месеци

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Цените на нафтата може нагло да пораснат

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања