Промени тема
Контакт

„Полошо е отколку што можете да замислите“: Сведоштва од Иран за замор, насилство и страв од уште потежок бран репресија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryev0roe6bc2tp5YrPPiz

Антивладините протести во Иран, кои траат повеќе од две недели, влегуваат во нова, уште понапрегната фаза, сведочат граѓани од терен за CNN. И покрај строгата интернет-блокада воведена од властите, информации за состојбата успеваат да стигнат до странските медиуми и укажуваат на растечко насилство, физичка исцрпеност и страв меѓу демонстрантите.

Еден 35-годишен жител на Техеран, кој зборувал под услов на анонимност од безбедносни причини, изјавил дека демонстрантите се целосно исцрпени по ноќи поминати без сон, додека комуникацијата во земјата е сериозно ограничена.

„Полошо е отколку што можете да замислите и ќе стане уште понасилно. Луѓето се уморни од борбата, не спијат и не можат повеќе да издржат“, изјавил тој за CNN.

Според неговите зборови, мобилната мрежа и интернетот функционираат само неколку часа дневно, најчесто од пладне до вечерните часови, што дополнително ја отежнува организацијата и секојдневниот живот.

Тој предупредува дека иднината на протестите ќе зависи од тоа колку долго граѓаните ќе можат да го издржат насилството и економскиот притисок.

— реклама —

„Ако луѓето се исцрпат и ако веќе не можат да ги прехранат своите семејства затоа што не работат, протестите ќе згаснат. Веројатно токму на тоа сметаат властите“, додал соговорникот.

Друго лице, кое исто така зборувало анонимно од Иран, ја опишало атмосферата како исклучително тешка.

„Се чувствува мирис на солзавец насекаде, се слушаат истрели, има многу повредени“, изјавил соговорникот за CNN.

— реклама —

Во меѓувреме, генералниот секретар на иранскиот Совет за национална безбедност, Али Лариџани, утрово изјави дека е „неопходно да се направи разлика меѓу легитимни протести и немири“.

Тој оцени дека првичните демонстрации, предизвикани од растечките економски тешкотии, биле „целосно разбирливи“, но додаде дека подоцна се појавила „организирана и деструктивна струја“ која, според него, нема врска со економските барања на граѓаните.

— реклама —

Лариџани порача дека правосудните органи треба „одлучно да постапат“ против оние кои, како што рече, создаваат несигурност во државата.

Неговите изјави доаѓаат само ден откако иранскиот главен државен обвинител јавно се закани со смртна казна за дел од учесниците во протестите.

Според иранската активистка Негин Ширагаеи, која зборуваше за Sky News, ваквите поумерени изјави од страна на Лариџани укажуваат на постоење внатрешни пукнатини во иранскиот режим, кој не е монолитен, туку составен од повеќе различни центри на моќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Иран и Оман договорија привремен коридор за бродовите низ Ормускиот Теснец

Свет | пред 17 часа

iran

„Подготвени сме 100 отсто“: Иран тврди дека ги подобрил системите по последните судири

Свет | пред 20 часа

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран со жестоко предупредување: „Ниту една капка нафта нема да излезе од Персискиот Залив“

Свет | пред 2 дена

SeKXr-

Нафтата поевтинува, фокусот е на новите санкции на САД за Иран

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања