Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Поранешна шпанска министерка загина во железничката несреќа во Шпанија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-library5e1itph0ilhsbja7a8p

Поранешната шпанска министерка за труд и социјална сигурност Фатима Бањез загинала во тешката железничка несреќа кај Урда, во покраината Толедо, објави шпанскиот весник „АБЦ“, повикувајќи се на извори од раководството на Народната партија.

— реклама —

Бањез беше министерка во владата на Маријано Рахој од 2011 до 2018 година, а по повлекувањето од политиката ја презеде функцијата претседателка на фондацијата на шпанската конфедерација на работодавачи ЦЕОЕ. Родена е во 1967 година во Уелва и со години беше пратеничка во шпанскиот парламент.

— реклама —

Таа патувала кон Севиља, каде што требало да присуствува на одбележувањето на Денот на претприемништвото. Се наоѓала во еден од возовите што утрото се судриле на железничката линија Мадрид–Севиља кај Урда. Претходно, шпанските медиуми објавија дека нејзиното семејство се обидува да ја пронајде, а организацијата ЦЕОЕ потврди дека таа била меѓу патниците и дека се чекаат информации за нејзината судбина.

— реклама —

Во несреќата, што се случила околу 8:54 часот, се судриле брзиот воз на шпанскиот железнички оператор „Ренфе“ и воз на приватниот превозник „Ирио“, кој сообраќал на линијата Мадрид–Севиља.

Според најновите податоци на регионалните власти во Кастиља-Ла Манча, загинале најмалку 64 лица, а десетици се повредени. Во двата воза имало вкупно околу 544 патници. По судирот, неколку вагони на возот на „Ирио“ излетале од шините, а спасувачките екипи и војската продолжуваат со интервенцијата на местото на несреќата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7bhfilhab3q242gTs5q

Шпанија во жалост: одложени сите фудбалски натпревари

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-library5e1itph0ilhsbja7a8p

Дефект на сигнализацијата можеби довел до судирот на двата брзи воза во Шпанија, каде загинаа најмалку 50 лица

Свет | пред 3 часа

media-library5e1itph0ilhsbja7a8p

(Видео) Најмалку 46 загинати во судир на два брзи воза во Шпанија

Свет | пред 5 часа

media-libraryvelfnl5s3rd74iInIaZ

(Видео) Во куќа во Шпанија пронајдени 74 мигранти, меѓу нив и 10 малолетници без придружба

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања