Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Пожарите се шират на југот на Франција, стотици пожарникари на терен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryd7f52r3d33chbTiVT7m
Фото: Илустрација

Пожарите и натаму се шират во неколку француски департмани, особено на југот од земјата, каде што стотици пожарникари продолжуваат да се борат со огнената стихија.

— реклама —

Во департманот Буш ди Рон околу 150 пожарникари и денес интервенираат на повеќе локации, а противпожарната служба предупреди дека ризикот од нови пожари останува исклучително висок.

Поради сериозната опасност, властите целосно го забранија пристапот, движењето и работата во 11 шумски подрачја. Префектот на регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег соопшти дека мерката е воведена поради „многу висок ризик“ од избувнување и ширење на пожари.

— реклама —

Ситуацијата дополнително ја отежнува силниот ветер, кој во областите Алпи, Камарг и Кро достигнува брзина до 65 километри на час.

— реклама —

Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нунјез, изрази сериозна загриженост, истакнувајќи дека сезоната на пожари започнала околу еден месец порано од вообичаено.

„Многу сме загрижени бидејќи сме еден месец пред вообичаениот период за вакви пожари“, изјави Нунјез, додавајќи дека само во четвртокот низ континентална Франција биле регистрирани 26 пожари во исто време.

— реклама —

Тој нагласи дека земјата располага со доволно капацитети за справување со огнената стихија, меѓу кои 12 авиони „Канадер“, осум противпожарни авиони „Даш“, 10 противпожарни хеликоптери и шест лесни воздушни танкери, изнајмени за тековната сезона.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycmfa5mp90egg49V1eMu

Франција се сомнева дека Иран стои зад кибер-нападите врз повеќе од 700 супермаркети

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-library345tj8faiv8b5mfXgGf

Странски мрежи ги искористиле немирите во Франција за ширење дезинформации, откриваат документи на ЕУ

Свет | пред 3 дена

media-library0v6p24f891jg2oUcojA

Франција се подготвува за четврти викенд на масовни протести

Свет | пред 5 дена

media-librarymtnbenpn4oq44rih8qD

Објавени нови детали за хакерските напади врз фрижидерите во продавниците: „Лозинката била 12345“

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања