Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Пожарот во Жиронд би можел да трае и неколку месеци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library0qv8oe8tcf9b7humwHb

Борбата со големиот шумски пожар во францускиот регион Жиронд би можела да трае уште со недели, па дури и со месеци, предупреди потполковникот Давид Анотел, портпарол на Француската национална федерација на пожарникари.

— реклама —

Тој изјави дека најголемиот предизвик во моментов е издржливоста на пожарникарските екипи, кои ќе мора постојано да се ротираат за да се справат со огнената стихија.

Анотел потсети на големиот пожар кај Ландирас во 2022 година, кој официјално беше прогласен за целосно изгаснат дури во октомври 2025 година.

— реклама —

„Сега сме соочени со слична ситуација. Во наредните недели и месеци ќе биде потребно ангажирање и смена на пожарникари од цела Франција“, изјави тој.

— реклама —

Дополнителен проблем претставува најавениот топлотен бран во Жиронд, каде што температурите во наредните денови би можеле да достигнат и до 38 Целзиусови степени.

Според Анотел, следните два до три дена се клучни за забавување на ширењето на пожарот, додека временските услови сè уште се релативно поволни.

— реклама —

Тој предупреди дека со порастот на температурите условите за гаснење ќе станат уште потешки, а интервенциите ќе бидат значително поопасни и преку ден и во текот на ноќта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycmfa5mp90egg49V1eMu

Франција се сомнева дека Иран стои зад кибер-нападите врз повеќе од 700 супермаркети

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-library345tj8faiv8b5mfXgGf

Странски мрежи ги искористиле немирите во Франција за ширење дезинформации, откриваат документи на ЕУ

Свет | пред 2 дена

media-library0v6p24f891jg2oUcojA

Франција се подготвува за четврти викенд на масовни протести

Свет | пред 4 дена

media-librarymtnbenpn4oq44rih8qD

Објавени нови детали за хакерските напади врз фрижидерите во продавниците: „Лозинката била 12345“

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања