Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Премиерот може да ја менува реториката но, сметката за струја ја кажува вистината“, велат од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица преку соопштение обвини дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги исполнила ветувањата за поевтина електрична енергија и дека граѓаните и натаму се соочуваат со високи сметки за струја.

— реклама —

Од партијата потсетуваат дека во 2020 година ВМРО-ДПМНЕ организираше протести против поскапувањето на струјата од 7,4 проценти, обвинувајќи ја тогашната власт и Регулаторната комисија за енергетика за лошите политики во енергетскиот сектор.

— реклама —

Според Левица, една година подоцна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ветувал поевтина струја, модернизација на РЕК Битола и РЕК Осломеј, како и постабилно домашно производство на електрична енергија.

„Денес сме далеку од тоа ветување. Наместо поевтина струја, граѓаните гледаат ист систем, исти монополи, иста регулаторна логика и префрлање на товарот врз домаќинствата“, наведуваат од Левица.

— реклама —

Партијата смета дека проблемот е во целиот енергетски модел и предлага повеќе мерки, меѓу кои ЕЛЕМ Продажба да стане постојан универзален снабдувач, реорганизација на енергетските компании, оптимизација на производството, воведување повеќетарифен систем, гасификација на ТЕЦ Неготино и поголема транспарентност во работењето на енергетските институции.

— реклама —

Од Левица предупредуваат дека секое одложување на реформите значи дополнителен товар за граѓаните преку идните сметки за електрична енергија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Има пари за службени возила, нема за мајките земјоделки - демографски загриженото ДПМНЕ против Предлог-законот за платено породилно отсуство за 38.000 жени земјоделки

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето - го преземаат и граѓанскиот надзор

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 2 дена

media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања