Промени тема
Контакт

Претседателот на помладокот на Левица пуштен од станица и доби казна од 550 евра за истакнување на палестинско знаме, Левица обвинува за двојни стандарди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryfd5ds3ec48gnbucnUfF

Левица со објава на социјалните мрежи ја извести јавноста дека претседателот на помладокот на партијата – Црвена младина, Андреј Куцуловски, е пуштен од полициска станица со изречена глоба од 550 евра за поттикнување насилство и омраза, поради внесување на палестинско знаме.

Од партијата во објавата наведуваат дека за овој „прекршок“ била ангажирана поголема група полициски службеници, кои привеле млад човек кој, како што тврдат, не пружил никаков отпор и не предизвикал инцидент. Според Левица, тој бил спроведен со лисици и без претходно јасно образложение за основот на приведувањето.

— реклама —

Тие додаваат дека, истовремено, полицијата под раководство на министерот Панче Тошковски не постапува со иста ефикасност во случаи на сериозни кривични дела, вклучително и насилство и семејно насилство.

„Државата казнува солидарност, а премолчува насилство“, стои во реакцијата.

— реклама —

Левица во објавата оценува дека станува збор за селективен пристап и политички мотивирано постапување на институциите, при што, според нив, државата се става во функција на дневнополитички и надворешни агенди.

— реклама —

Во објавата се наведува и дека Македонија историски стоела на страната на угнетените и правдата, додека денес, како што велат, се оддалечува од тие вредности.

Од партијата порачуваат дека ваквите случаи претставуваат предупредување за состојбата во општеството и односот кон граѓаните со различни ставови, стои во објавата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3ft7rc4dl6t51mNsGBk

Левица предлага нова државна служба: Војниците над 45 години да ја чуваат критичната инфраструктура

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
pratenici-sobranie-levica

Левица застана зад жителите на Шупли Камен: Стоп за вадењето песок од Пчиња

Македонија | пред 22 часа

media-librarycq2hp0esfe8p6RRsRKO

Левица: „Фон дер Лајен го деблокира процесот, а Мицкоски кима со главата“

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: Струјата е „евтина“ само на хартија, но најмногу тежи на џебот на народот - Левица бара реформа на тарифниот систем

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања