Промени тема
Контакт

Продолжуваат судирите во Иран: Загинати припадници на безбедносни сили, стотици приведени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-library2m7k45smt8iu1XctHUG

Најмалку шест припадници на безбедносните сили се убиени, а десетици демонстранти се приведени во судири поврзани со антивладините протести што и натаму го потресуваат Иран, јавуваат локалните медиуми. Протестите се поттикнати од влошените економски услови, растечката инфлација и наглиот пад на вредноста на иранскиот ријал.

Државната телевизија IRIB, повикувајќи се на главниот државен обвинител Мохамад Моваеди-Азад, објави дека шест припадници на безбедносните сили загинале за време на немирите во западната иранска покраина Керманшах.

— реклама —

Телевизијата Press TV, пак, информира дека иранските безбедносни служби уапсиле околу 200 лица кои ги опишуваат како „водачи на протестите“, при што биле спроведени рации во нивните домови и било запленето оружје.

— реклама —

Началникот на иранската полиција, Ахмад Реза Радан, изјави дека координацијата меѓу безбедносните и полициските структури значително е зајакната, што, според него, довело до поинтензивни операции против лицата кои властите ги квалификуваат како извршители на немири.

Тој наведе дека „клучните елементи“ зад протестите биле приведени во текот на ноќта и дека по завршување на правните постапки ќе се соочат со соодветни санкции. Радан тврди дека, според наодите на судската медицина, најголем дел од жртвите во актуелниот бран протести починале од убодни рани со нож, а не од дејствување на безбедносните сили.

— реклама —

„Растојанието од кое било пукано било многу мало, што укажува дека делата не ги извршиле безбедносните сили, туку обучени и насочени групи“, изјави Радан, без да изнесе дополнителни докази.

— реклама —

Иран е зафатен од бран протести од крајот на минатиот месец, кои започнаа на 28 декември на Големиот базар во Техеран, како реакција на економската криза и падот на животниот стандард. Демонстрациите брзо се проширија и во други градови низ земјата.

Иако нема официјална бројка за вкупниот број на жртви, медицински извори од Иран во саботата пријавија стотици починати. Еден лекар од Техеран, кој зборуваше анонимно за списанието Time, изјави дека најмалку шест болници во главниот град евидентирале „минимум 217 загинати демонстранти, најголем дел од нив погодени со боева муниција“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR

Иран го доби одговорот од САД на предлогот за прекин на војната

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-library6crepiukitpr8lAKRxC

Иран во сè подлабока криза: Лековите поскапеле и повеќе од трипати

Свет | пред 3 дена

media-librarylkgnpc0p5rhp2N8GVwd

Иранска пејачка осудена на 74 удари со камшик по настап без хиџаб

Свет | пред 4 дена

media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Нова порака од Техеран: Хамнеи тврди дека и Арапското Море ќе биде „ослободено“

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања