Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Протече шокантен извештај: „Унгарска ЦИА“ шпионирала претставници на ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
1681455724_1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Објавен е бомбастичен извештај во кој се тврди дека унгарската разузнавачка агенција шпионирала претставници на ЕУ кои ја посетувале земјата, ги пребарувале нивните хотелски соби и снимале телефонски разговори, пишува Политико.

— реклама —

Заедничката истрага на Direkt36 и De Tijd откри дека Унгарскиот информативен кабинет (IH), еквивалент на ЦИА во Будимпешта, ги таргетирал иследниците на Европската канцеларија за борба против измами (OLAF), кои во еден момент истражувале унгарска фирма во сопственост на синот на премиерот Виктор Орбан.

Во извештајот се наведени случаи меѓу 2015 и 2017 година во кои функционери на ЕУ кои работеле за ОЛАФ кои патувале во Унгарија биле физички следени за време на патувања со автомобил и биле прислушувани нивните телефони.

— реклама —

Во извештајот се додава дека вообичаена практика е унгарската шпионска агенција да ги пребарува хотелските соби на делегациите на ЕУ кои ги посетуваат и да презема информации од нивните лаптопи.

— реклама —

Берталан Хаваси, портпаролот на кабинетот на Орбан, негираше сè за Политико: „Ние не се занимаваме со лажни вести“.

Будимпешта долго време беше под притисок поради обвинувањата за хакирање на телефоните на новинари, активисти и опозиционери. Според Политико, унгарски пратеник во 2021 година признал дека владата купила израелски шпионски софтвер. Претходно оваа година, европратеник кој ја критикуваше Унгарија беше цел на сајбер напад.

— реклама —

Политико контактираше со портпаролот на ОЛАФ за коментар, но сè уште не е добиен одговор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

1681455724_1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Се стеснува кругот околу Орбан, истрагите за корупција допрва почнуваат тврди хрватски аналитичар

Свет | пред 5 дена

— реклама —
1659117443-2022-07-25T155144Z_127246473_RC2PHT9BL7DP_RTRMADP_3_HUNGARY-ORBAN-JEWISH-GROUP-750x521

Братот на Виктор Орбан меѓу осомничените за трговија со луѓе, полицијата бара притвор

Свет | пред 1 седмица

viktor-orban

Орбан го обвини Туск за обид за државен удар против сопствениот народ

Свет | пред 2 седмици

orban-tramp1

Зошто Трамп сака Орбан да биде генерален секретар на ОН? Се појави нова теорија

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања