Промени тема
Контакт

Путин со остро предупредување до САД: „Ако нè нападнат, одговорот ќе биде застрашувачки“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
putin

Рускиот претседател Владимир Путин испрати остро предупредување до САД, реагирајќи на новите санкции што американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе против руските енергетски гиганти „Лукоил“ и „Росњефт“. Како што пренесуваат руските државни медиуми, Путин порача дека Русија ќе одговори „силно и одлучно“ доколку САД употребат ракети Tomahawk против нејзина територија.

— реклама —

„Ако со такво оружје се изведат удари врз рускиот територијa, одговорот ќе биде многу силен — да не речам застрашувачки. Нека размислат за тоа“, изјави Путин, додавајќи дека разговорите за можната испорака на вакви ракети на Украина претставуваат „обид за намерна ескалација на конфликтот“.

Рускиот лидер се осврна и на неодамнешната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да го откаже планираниот билатерален состанок во Будимпешта. „Мислам дека тој не го откажа, туку само го одложи. Ми предложи сам да организираме самит во Будимпешта, но таков настан мора внимателно да се подготви“, рече Путин, нагласувајќи дека Русија и понатаму останува отворена за дијалог.

— реклама —

Во однос на новиот бран санкции, Путин изјави дека тие се „непријателски чин“ кој не придонесува за стабилност во односите меѓу Москва и Вашингтон. Според него, иако санкциите ќе предизвикаат одредени економски загуби, руската економија и енергетскиот сектор остануваат стабилни. „Ќе има одредени последици, но не драматични. Нашата енергетика е сигурна и отпорна. Ова е обид за притисок, но Русија не носи одлуки под туѓ диктат“, изјави Путин.

— реклама —

Тој додаде дека Русија припаѓа на државите кои „си го почитуваат својот интегритет и достоинство“ и дека нема намера да попушта под надворешни влијанија. „Ниту една земја што се почитува себеси не решава проблеми на таков начин. Русија има таа привилегија – да стои цврсто зад своите принципи“, нагласи Путин.

Рускиот претседател изјави и дека со Трамп разговарал за влијанието на нафтената политика врз глобалниот раст на цените, вклучувајќи ги и ефектите врз американската економија.

— реклама —

Путин се обрати пред новинарите по завршувањето на XVII конгрес на Руското географско друштво, нагласувајќи дека Русија „ќе продолжи да се брани, но и да нуди разговор – сè додека има кој да слуша“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

putin-2

Путин предупреди дека Русија е подготвена да го употреби целиот арсенал доколку биде нападнат Калининград

Свет | пред 2 дена

— реклама —
putin-5190

Путин тврди дека по бомбардирањето на Југославија од страна на НАТО почнала да преовладува политиката на сила

Свет | пред 2 дена

media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

Путин предупреди: „Ескалацијата води кон катастрофа“

Свет | пред 2 дена

putin-094091

Украински генерал тврди: Путин се потпира на пророштва и совети од „старци“

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања