Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Рајна пресушува, Франција останува без гориво: Танкерите сега превезуваат петпати помалку

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
reka-Italija
Илустрација

Историски нискиот водостој на Рајна предизвика сериозни проблеми со снабдувањето со гориво во источна Франција, при што дел од бензинските станици останаа без најмалку еден вид гориво.

Поради сушата, нивото на реката е толку ниско што товарните бродови не можат нормално да стигнат до пристаништето во Стразбур. Со тоа е нарушен еден од клучните правци за снабдување на регионот со гориво од пристаништата и рафинериите во северна Европа.

— реклама —

Според официјалните податоци од француската владина страница за следење на цените и снабдувањето со гориво, во петокот наутро проблеми со снабдувањето имале 14 отсто од бензинските станици во регионот Гранд Ест. На ниво на цела Франција, уделот изнесувал три отсто.

— реклама —

Најтешка е состојбата во Алзас и Вогези. Во департманите От-Рен и соседниот Теритоар де Белфор, проблеми биле регистрирани кај меѓу 25 и 50 отсто од бензинските станици, при што недостигот на бензин бил поголем од оној на дизелот.

Проблемите се дополнително зголемени поради намалената пловност на Рајна. Кај германскиот град Кауб, водостојот во понеделникот паднал на рекордно ниски 130 сантиметри.

— реклама —

Жан-Лоран Кистлер, директор за развој во француската Управа за пловни патишта во Стразбур, објаснува дека танкерите сега можат да превезуваат само околу 350 тони гориво, во споредба со повеќе од 1.500 тони во нормални услови.

— реклама —

„Слични нарушувања имаше во 2018 и 2023 година, но не во вакви размери“, изјави Кистлер, додавајќи дека недостигот на врнежи започнал невообичаено рано оваа година.

Иако на почетокот на следната недела се очекуваат врнежи, надлежните не очекуваат значително подобрување. Според прогнозите, водостојот на Рајна би можел да порасне за само околу 20 сантиметри, по што повторно би почнал да опаѓа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycmfa5mp90egg49V1eMu

Франција се сомнева дека Иран стои зад кибер-нападите врз повеќе од 700 супермаркети

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library345tj8faiv8b5mfXgGf

Странски мрежи ги искористиле немирите во Франција за ширење дезинформации, откриваат документи на ЕУ

Свет | пред 1 ден

media-library0v6p24f891jg2oUcojA

Франција се подготвува за четврти викенд на масовни протести

Свет | пред 3 дена

media-librarymtnbenpn4oq44rih8qD

Објавени нови детали за хакерските напади врз фрижидерите во продавниците: „Лозинката била 12345“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања