Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Расте бројот на жртвите во Шпанија: 41 загинат по железничката несреќа кај Адамус

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-library81tbag8qod2mdmLDWAv

Бројот на жртвите во тешката железничка несреќа што се случи кај Адамус, во близина на Кордоба, се искачи на 41, откако спасувачките екипи пронајдоа уште едно тело во возот на релација Малага – Мадрид, кој првично излета од шините, а потоа во него удри друг воз. Информацијата ја соопшти андалузиската служба за итни интервенции 112.

— реклама —

Според надлежните, во болниците низ Андалузија и понатаму се хоспитализирани 39 лица, од кои 35 се возрасни, а четири се деца. Од вкупниот број повредени, 13 пациенти се наоѓаат на одделите за интензивна нега и сите се возрасни лица.

— реклама —

Министерот за сообраќај на Шпанија, Оскар Пуенте, ги отфрли тврдењата дека несреќата е поврзана со недоволни вложувања во железничката инфраструктура, истакнувајќи дека делницата на која се случи трагедијата била обновена во мај минатата година. Тој како „чиста шпекулација“ ги оцени и наводите дека несреќата била предизвикана од пукање на шината, нагласувајќи дека е прерано да се извлечат заклучоци за причините.

Во интервју за радиото „Онда Серо“, Пуенте појасни дека првиот вагон кој излетал од шините бил шести по ред во составот на возот од Малага, но дека сè уште не бил детално испитан од научниците и техничките експерти. Тој нагласи дека вагонот е под истрага и не може да се отстрани сè додека Цивилната гарда не ја заврши документацијата и земањето примероци.

— реклама —

Во однос на инвестициите, Пуенте нагласи дека конкретната линија била целосно модернизирана со вложување од околу 700 милиони евра, а во последните осум години во железничката мрежа на Шпанија биле инвестирани повеќе од шест милијарди евра, што, како што рече, претставува највисоко ниво на вложувања уште од периодот на економскиот подем.

— реклама —

Министерот истакна и дека во вакви моменти е потребна одговорност и соработка меѓу институциите, додавајќи дека трагедијата не смее да се користи за лична или политичка промоција, додека трае процесот на утврдување на фактите и одговорноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvcjhvpm1ppcnaO2r4ln

(Видео) Генералниот штрајк во Шпанија заврши со судири, пожари и ограбени продавници

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-librarygsta2uk90qan3gvYwnl

(Видео) Шпанија парализирана: Четири милиони работници на генерален штрајк, судири со полицијата и десетици приведени

Свет | пред 5 дена

media-libraryaul2tl106a902NwdXGY

Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во Шпанија, можеби било скриено повеќе од 20 години

Свет | пред 1 седмица

media-libraryp5vijcf63f2b8Nf9qT8

Трагедија во Шпанија: Фудбалерот Хесус де Мигел почина по судир со противничкиот голман

Спорт | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања