Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Републикански сенатор бара нови американски удари врз Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryvecnb6revjju8SB8AkT

Републиканскиот сенатор Линдзи Греам повика на засилени американски воени акции против Иран, оценувајќи дека преговорите со Техеран „удриле во ѕид“.

Во интервју за „Ен-би-си“, Греам изјави дека продолженото затворање на Ормускиот Теснец и неуспешните преговори само го прават Иран посилен.

— реклама —

„Ништо не покажува дека сегашниот режим е поинаков кога станува збор за тероризмот, уништувањето на Израел и нападите врз САД“, изјави сенаторот од Јужна Каролина.

Тој го повика американскиот претседател Доналд Трамп дополнително да го ослабне Иран, додавајќи дека постојат уште цели што можат да бидат нападнати.

— реклама —

Изјавите на Греам доаѓаат во момент кога преговорите меѓу Вашингтон и Техеран се во застој, а затворањето на Ормускиот Теснец предизвика раст на светските цени на нафтата и горивата.

— реклама —

Според Греам, цените на горивата ќе паднат кога Иран ќе биде „ставен под контрола“.

Во меѓувреме, иранскиот министер за надворешни работи изјави дека Техеран нема доверба во американските преговарачи.

Трамп, кој неодамна се врати од самитот во Кина, изјави дека не побарал помош од кинескиот претседател Си Џинпинг околу Иран, додавајќи дека на САД не им е потребна ничија помош.

Американскиот претседател истовремено се соочи со критики поради изјавата дека изборите нема да влијаат врз неговите одлуки поврзани со Иран и дека Техеран не смее да дојде до нуклеарно оружје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 1 ден

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 3 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања