Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Револуционерен пробив: мозочни имунолошки клетки можат да ја запрат Алцхајмеровата болест

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
alchajmer-2

Ново научно истражување објавено во „Nature“ открива потенцијално пресвртно сознание во борбата против Алцхајмеровата болест. Меѓународен тим научници идентификуваше специфичен „прекинувач“ во мозокот кој активира заштитничко однесување кај микро глијата – имунолошките клетки задолжени за одбрана на мозочното ткиво. Овој механизам би можел да отвори пат кон развој на нова генерација терапии за една од најразорните невродегенеративни болести.

Микро глијата, способни и да заштитуваат и да предизвикаат штета преку воспалителни реакции – покажале дека во контакт со амилоид-бета протеинските наслаги преминуваат во специфична, невропротективна состојба. Тимот предводен од невронаучничката Пинар Ајат од Медицинскиот факултет Icahn утврдил дека кога овие клетки се активирани на „заштитен начин“, тие забавуваат акумулација на амилоид-бета плакови и го ограничуваат појавувањето на токсичните тау-протеини.

— реклама —

Истражувањето покажало дека овој корисен подтип на микро глија се одликува со пониски нивоа на протеинот PU.1 – одамна поврзуван со зголемен ризик од Алцхајмер – и повисоки нивоа на имуниот протеин CD28. Кога научниците го блокирале CD28 кај тестирани животни, бројот на штетни, воспалителни микро глијални клетки драматично се зголемил, а амилоидните наслаги станале уште почести.

— реклама —

Овие податоци се совпаѓаат со претходни генетски откритија кои укажуваат дека луѓето со природно пониски нивоа на PU.1 почесто ја развиваат болеста подоцна во животот.

„Ова откритие нуди важно објаснување зошто намаленото присуство на PU.1 е поврзано со помал ризик“, вели генетичарката Елисон Гоут од Icahn School of Medicine.

— реклама —

Иако мозокот очигледно поседува сопствен одбранбен механизам против Алцхајмер, научниците нагласуваат дека тој не е доволно силен да го запре прогресот на болеста. Затоа се верува дека идните терапии би можеле да се насочат кон засилување на ова заштитно, имунолошко „вклучување“ кај микро глијата – чекор што би можел да создаде нова генерација имунотерапии за невродегенеративни заболувања.

— реклама —

Истражувачите исто така посочуваат дека ова откритие го продлабочува разбирањето за врската помеѓу Алцхајмеровата болест и поширокиот имунолошки систем, покажувајќи дека микро глијата можеби функционираат слично на Т-клетките – клучни регулатори на имунитетот во остатокот од телото.

Научната заедница го оценува откритието како значаен напредок, но последниот и најкритичен тест останува: да се утврди дали истиот механизам функционира и кај луѓето. Ако резултатите се потврдат, тоа би можело да значи почеток на сосема нова ера во третманот на Алцхајмер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0ullmib7cbpp1UvZSbQ

Мајка му донираше бубрег на своето дете со ретка генетска болест – прва ваква трансплантација во Македонија

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library6h2iule0tmrtb6FbQrv

ФЗО за барањето на Паскалов: Децата имаат право на магнетна резонанца и компјутерска томографија без приватно плаќање

Македонија | пред 2 седмици

media-library5m3hsnkd2vcl83WZHn6

Јосифоска тврди дека била одбиена, ФЗО одговара дека немало барање – кој одлучил дека може да се оперира во Македонија?

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykffqnq3ipf45c3LrMa8

„На 34 години ќе ме оставевте во количка“ – пациентка од Скопје со обвинувања кон здравствениот систем

Коментари | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања