Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Ројтерс: Тактиката на Трамп со закани и притисоци не успеа против Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-librarylacsaq24tqi36JiUMlR
unsplash javad-esmaeili

Остриот преговарачки стил на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во изминатата година му донесе отстапки од повеќе држави, во случајот со Иран засега не дава резултати, оценува Ројтерс во анализа.

Според агенцијата, политиката на јавни закани, ултиматуми и навреди кон Техеран наишла на силен отпор и дополнително ги отежнала напорите за ставање крај на кризата што веќе 11 недели ја потресува светската економија.

— реклама —

Аналитичарите сметаат дека иранското раководство не може да си дозволи да изгледа како да капитулира, особено по американско-израелските напади во кои беа убиени високи ирански функционери.

— реклама —

„Ниту една влада не може да прифати да биде перцепирана како поразена“, изјави Роб Мали, поранешен американски преговарач за Иран.

Трамп во повеќе наврати испрати остри пораки до Техеран, заканувајќи се со уништување на иранската инфраструктура и користејќи навредлив речник за иранските лидери.

— реклама —

Во исто време, Иран продолжува да го контролира Ормускиот теснец, низ кој минува голем дел од светската трговија со нафта и гас, што му дава силна преговарачка позиција.

Ројтерс наведува дека дел од експертите предупредуваат оти агресивниот пристап на Трамп може да има спротивен ефект и да го поттикне Иран дополнително да ги засили своите нуклеарни амбиции.

И покрај тензиите, Белата куќа тврди дека американскиот претседател останува фокусиран на постигнување договор со Техеран.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3lp5aqc3s2v192BIUrY

Арагчи со предупредување: „Иран го нападнаа двапати, ако се обидат повторно, резултатот ќе биде ист“

Свет | пред 18 часа

— реклама —
media-libraryp4td1q8uuucqamn57JJ

„Ќе ги кренат рацете и ќе се предадат“ – Трамп со остра порака до Куба

Свет | пред 1 ден

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

Иран се закани дека ќе ги нападне американските бази ако продолжи придружувањето на бродови

Свет | пред 3 дена

media-libraryjkf1kip65pc7cmRzgab

(Видео) Пожар на нафтен танкер во Ормускиот Теснец, Иран тврди дека удрил во мина

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања