Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

„Сценарија за опстанок – крај на СДСМ доаѓа“: Пораката на Мицкоски за тајните коалиции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
filipce34

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Спортскиот центар Јане Сандански се осврна на договорот под маса на Венко Филипче и неговиот ментор од Струмица со градоначалник на црна листа за корупција на скопска општина и истакна дека ваквите непринципиелни коалиции ќе бидат поразени.

— реклама —

„Што се однесува до вториот договор под маса – тој на Венко, што го склучи со еден градоначалник што е на црната листа за криминал и корупција од една скопска општина дотолку се гледа тој таен договор за поддршка што се препознава од Месечината. Проформа, СДСМ извадија кандидат за градоначалник во Карпош, што ни самите не ја препознаваат, ниту ја поддржуваат ниту пак ја рекламираат. Да направат анкета – членовите на нивната партија ни името на жената не и го знаат. Ја пуштија низ вода, за да асот во Карпош на Венко мисли дека ќе победи. Истите луѓе, со истите вредности. Веднаш штом ја напушти коалицијата, Стевчо отрча да коленичи во Струмица да се разбере со тогашната влада на СДС и ДУИ, а со него е лесно да најде човек заеднички јазик. Кога станува збор за интерес тој прв е подготвен да склучи пакт. Ваквите непринципиелни коалиции нема да успеат и ќе бидат поразени Зошто? Зашто и првиот договор и вториот се рефлексија на безидејноста во која овие партии тонат. Не се реформираа. Останаа заглавени и верни на бизнисите и тендерите, и затоа се сојузуваат – за да ги спасат своите кариери. И овие сценарија се полесниот начин да избегаат од реалноста дека на овие избори ќе паднат уште повеќе и едвај ќе се држат на 120 до 130 илјади гласа поддршка. Некогаш големата и според нив државотворна СДСМ спадна на рамниште да прави пактови  под маса за да опстане. Но народот, овој пат – на овие избори – ќе им свири крај. Бидете сигурни“ истакна Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски посочи и на новото додворување на СДС и Филипче кон Бугарите на штета на Македонија.

— реклама —

Втората работа што сакам да ја посочам е оној подарок на Венко за нашиот источен сосед – нов „бонбона-бизнис“. На времето, неговиот ментор, кога беше во прашање името, ни го спакува во метафората „да не му ја чепкаме жицата на гитарата“. Демек, тој многу се грижел за името, кое на бездушен начин ни го промени. Сега гитарата се вика „црвените линии“ на Венко, спакувани во еден документ кој што тој го нарече, резолуција. Сте се запрашале ли зошто зборува за црвени линии, кога тој самиот нè убедуваше дека францускиот предлог е најдобриот што постои и не може подобар да биде? Па сега вели дека тој документ наречен резолуција, бил „најпатриотскиот документ“ било кога направен. Дојде време ова СДСМ да збори за патриотизам – верувале или не. А што била опцијата? Ако не сме го сменеле Уставот како што сака Венко – да не сме преговарале веќе за ЕУ? Добро, во ред – но кое е решението што ни го дава Венко? Кому треба сега овој негов предлог да служи? Јасно е дека ова е некое ново додворување на СДС кон нашиот источен сосед, на штета на Македонија. Но сакам да им биде јасно и на нив и на оние од кај нашиот источен сосед, тоа јас нема да го дозволам, за мене и за оваа македонска влада, постојат само македонски црвени линии, треба тоа да ви е јасно. А тоа се македонските државни и национални интереси истакна Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryg7nvdb6p6g4e1ZP9Tjs

Пленковиќ по средбата со Мицкоски: Северна Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Македонија | пред 1 ден

media-libraryqlb7mrfnpo75fHGOOS9

Мицкоски од Брисел: Проширувањето на ЕУ ќе биде наш главен фокус на Самитот на ЕПП

Македонија | пред 2 дена

media-librarydbqs2k4uvoas01oeKjt

Мицкоски во Брисел на Конгресот на ЕНП: средби со европски лидери и порака за интеграција

Македонија | пред 2 дена

media-library1h2kddc4bbmt0ZVXbwR

Мицкоски: Македонскиот систем и институциите реагираа подобро во трагедијата во Кочани од швајцарските во Кран Монтана

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања