„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Се појавија морбили: Андоновска со апел до матичните, суспектен случај на морбили да биде пратен на Инфективна или во ИЈЗ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Andonovska-16.02

Кај 12-годишно дете, од село Долно Коњари се потврдени морбили, соопшти директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска. Андоновска информираше дека според епидемиолошката анкета, болеста е донесена од Нови Пазар, Србија. Детето не е вакцинирано против оваа заразна болест.

— реклама —

„Ова е втор докажан позитивен случај оваа година во Македонија. Првиот е регистриран во јуни, во Лабуништа, Струга. Се работи за невакцинирано дете. На 3 септември од инфективната клиника е препратено до Институтот за јавно здравје, 12 годишно дете, коешто било сомнително на морбили и после направените анализи констатирано е дека детето е позитивно. Се работи за импортиран случај од Србија, во Нови Пазар, каде што веќе има појава на морбили“, рече Андоновска.

Андоновска апелираше матичните лекари штом забележат суспектен случај, да биде препратен или на Инфективната клиника, па оттаму да го препратат кај нив на анализи, или директно да дојде на тестирање во Институтот.

— реклама —

,,Нашата обврска и наша работа е по констатирањето на позитивен случај, да дадеме препораки на семејството за изолација.", вели Андоновска.

За морбилите нема изолација пропишана со закон и останува на добра волја на семејството дали ќе ги почитува препораките или не.

Таа повтори дека и во двата случаја годинава, децата не биле вакцинирани со вакцина против мали сипаници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Нема фотографија

Морбилите можат да бидат смртоносни, вакцините единствена превенција од заразување

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања