Промени тема
Контакт

Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Foto-1

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и годинава беше дел од „Галичка свадба“, проследувајќи ги свадбарските обичаи коишто ја отсликуваат македонската вековна народна традиција и култура, како неразделен дел од македонскиот национален идентитет.

Честитајќи им го бракот на годинешните младенци, Лилјана Михајлоска и Јован Филипоски, претседателката им посака среќен заеднички живот, полн со љубов, разбирање и деца и им подари „галичка пафта“ со мотив од мијачката носија, карактеристична за селото Галичник.

Сиљановска-Давкова изрази задоволство од континуитетот на „Галичка свадба“, истакнувајќи дека преку неа, не само што се негуваат македонските обичаи, туку истите се промовираат пред светот.

— реклама —

,,Нешто што е дел од нашиот идентитет, нешто што е единствено, нешто што никаде го нема, нешто што нѐ прави посебни треба да се негува. Радосна сум што мнозина млади го прифаќаат и ја продолжуваат оваа традиција", изјави претседателката Сиљановска-Давкова.

„Галичка свадба“ не случајно се одржува околу Петровден, кога во минатото печалбарите се враќале дома заради женидба и во еден ден се правеле повеќе венчавки.

— реклама —

Вчерашното поставување на свадбарскиот бајрак и симболичниот чин на „фрлање“ пушка од куќата на зетот и годинава го означија почетокот на свадбата. По венчавањето на младенците во храмот „Св. апостоли Петар и Павле“, продолжи одржувањето на свадбените обичаи.

— реклама —

Вгнезден во исклучителна природна убавина, со уникатна архитектура и древна историја, Галичник може да биде вистински магнет за сите кои сакаат на момент да избегаат од урбаниот хаос, во потрага по магијата на мирот, спокојот и неповторливата убавина на минатото. Претседателката истакна дека мора да вложиме повеќе, да направиме нешта што нема да се сведат само на доаѓање кога се склучува бракот, туку нешто што ќе го направи Галичник живо во текот на целата година.

Оваа уникатна културна манифестација со децении се одржува под покровителство на претседателот на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Vila-Vodno

Сиљановска-Давкова ќе ги прими талентираните ученици по повод 35 години независност

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarykqkk9dv389dnblcdXqz

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryncsau0cgb2rgbD77LPH

„Пензионирањето не е крај на активниот живот, туку нова можност за мудроста и искуството“, вели Сиљановска-Давкова

Македонија | пред 3 седмици

media-library1vjilcuthrnn5p0UpKV

Сиљановска-Давкова: Училиштето нека биде место каде што ќе стекнувате знаење, негувате почит, развивате другарство

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања