Промени тема
Контакт

Сиљановска-Давкова: Посакувам 2025-та година да биде година на успеси, стабилност, радости и остварени соништа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
siljanovska-davkova-novagodina

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод новогодишните празници.

„Драги сограѓани, драги сопатници во заедничкото македонско патување и патешествие, во нашето споделување на арното и лошото, денеска е тој ден, најден, со заслужени суперлативи – најдолг, најсреќен, најубав, ден кога нешто оставаме како спомен од минатото и со себе ја земаме надежта за поубава година.

Во годинава што изминува бевме сведоци на многу порази и падови, но и на успеси, хуманост, меѓусебна помош и поддршка.

Новата година е момент да се направат многу нешта во пријатна атмосфера, но и момент да се потсетиме дека некои храбри луѓе бдеат над нашата благосостојба.

— реклама —

Новата година секогаш буди оптимизам, надеж и раѓа нови можности.

Како и во вашите животи, и во мојот, има и подеми и падови, но и стотици причини и мотиви да не се откажуваме. Ние секогаш имаме обврска да чекориме напред и кон подобро, заради нас самите, заради нашите деца и за општото добро. Мудриот рекол една гранка лесно се крши, но кога десет гранки ќе се сплотат, тоа е невозможно.

Живеејќи во свет на искривени вредности, да испратиме пораки дека заедно сме посилни и посреќни. Да им подадеме рака и на немоќните, на лицата коишто живеат на маргините, потребни сме им, но и тие нам. Да изградиме општество во кое секој ќе има шанса за пристоен и достоинствен живот, ранливите ̶ поддршка, а младите ̶ инспирација, мотив и иднина. Имаме насушна потреба од еколошка правда и договор со природата, но не како наметната обврска, туку како предуслов за извесна иднина.

— реклама —

Како нација имаме право да го покажеме пред светот нашето вистинско лице, да ја кажеме нашата долговековна приказна, да веруваме во нашиот македонски сон.

И како човек и како претседателка верувам дека вреди да се бориме за правото, правдата и моралот. Држејќи се до овие начела, малите земји имаат шанса да ги пребродат големите бури во меѓународните води.

— реклама —

Да го чуваме како добри домаќини нашиот заеднички дом. Посакувам 2025-та година да биде година на успеси, стабилност, радости и остварени соништа. Да живееме во мир, спокој и хармонија со оние што ги сакаме и што нѐ сакаат.

Среќна Нова година!“, се наведува во честитката на Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Vila-Vodno

Сиљановска-Давкова ќе ги прими талентираните ученици по повод 35 години независност

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarykqkk9dv389dnblcdXqz

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryncsau0cgb2rgbD77LPH

„Пензионирањето не е крај на активниот живот, туку нова можност за мудроста и искуството“, вели Сиљановска-Давкова

Македонија | пред 3 седмици

media-library1vjilcuthrnn5p0UpKV

Сиљановска-Давкова: Училиштето нека биде место каде што ќе стекнувате знаење, негувате почит, развивате другарство

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања