Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Силна бура предизвика штети и хаос во Грција: поплави, паднати дрвја и урнато скеле во Атина и Пиреја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryug00e6m5eb049KqLKPo
Фото: Екатимерини

Силно невреме кое во петокот ја зафати Грција предизвика материјална штета и нарушувања во сообраќајот, но засега нема пријавени повредени лица.

— реклама —

Бурата кратко ја погоди Атина во вечерните часови, по што се придвижи кон источните делови на земјата. Силниот ветер и градот предизвикаа пад на дрвја во Атина и Пиреја, додека на градилиште во Пиреја се урна скеле, што доведе до отежнато одвивање на сообраќајот.

— реклама —

Проблеми имало и во патниот сообраќај поради поплавени делови од улиците.

Трамвајскиот сообраќај во Пиреја бил нарушен откако невремето ги оштетило надземните електрични водови на улицата Григорис Ламбраки.

— реклама —

До петокот вечерта, грчката противпожарна служба примила повеќе од 150 повици за интервенција. Најголем дел од пријавите се однесувале на паднати дрвја и гранки, испумпување вода од поплавени објекти и отстранување опасни предмети.

— реклама —

Речиси половина од повиците биле од подрачјето на Атина, главно од централните делови на градот и западните предградија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryflied4nfjmu68Ot24Gg

Поради уривање на надвозник затворен дел од грчкиот автопат А1: Изменет режим на сообраќај кон Солун и Евзони

Балкан | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryps059ejijq8m5YYYZAi

Мајка во Грција го продала новороденчето за 3.500 евра и со парите купила автомобил

Балкан | пред 13 часа

media-library573u51i2j3g86Z8x3NP

Трагедија при гаснење пожар во Грција: Загинаа двајца пожарникари, еден е повреден

Балкан | пред 4 дена

struja-4

Грција ѝ продава струја на Бугарија преку ден, а навечер ја купува назад

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања