Промени тема
Контакт

Ширењето на еболата може да ја чини Африка 3,6 милијарди долари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
ebola-703x422

Обединетите нации (ОН) предупредија дека актуелната епидемија на ебола во Африка би можела да предизвика економски загуби до 3,6 милијарди американски долари и да доведе до губење на стотици илјади работни места, со ризик здравствената криза да прерасне во поширока развојна криза.

Според податоците на Владата на Демократската Република Конго, од прогласувањето на епидемијата на 15 мај досега се регистрирани 1.307 заразени лица, а 377 лица починале.

Станува збор за ебола предизвикана од сојот Бундибуџо, за кој засега не постои докажано ефикасна вакцина или терапија.

— реклама —

Помал број случаи веќе се регистрирани и во Уганда, а здравствените експерти предупредуваат дека постои опасност болеста да се прошири и во соседните држави, меѓу кои и Јужен Судан.

— реклама —

„Ако ги обезбедиме потребните средства и ги засилиме напорите, можеме да ја ставиме епидемијата под контрола и да спречиме дополнителни загуби“, изјави постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации во Конго, Дамиен Мама.

Од Програмата за развој на ОН предупредуваат дека, доколку не се преземат соодветни мерки, здравствената криза би можела да прерасне во долгорочна развојна криза не само во регионот, туку и на целиот африкански континент.

— реклама —

Според најлошото сценарио на ОН, доколку еболата се прошири во земји како Руанда и Ангола, африканскиот бруто-домашен производ би можел да биде намален за 3,6 милијарди долари, а би можеле да бидат изгубени околу 328.000 работни места.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

ebola-703x422

Ебола беснее во Конго: Бројот на потврдени случаи надмина 5.000, над 2.300 починати

Свет | пред 12 часа

ebola-kongo

СЗО со надеж: Епидемијата на ебола во Конго може да биде ставена под контрола за три месеци

Свет | пред 1 ден

media-libraryrmm7u1og4gqh2Etpspm

Бројот на починати од ебола во Конго надмина 2.000

Свет | пред 1 седмица

media-libraryrmm7u1og4gqh2Etpspm

Еболата во Конго надмина 4.000 заразени, починаа 1.850 лица

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања